Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Детска депресија

Драги гледачи, со вас сме во емисијата " Во крупен план".Гостин во студиото е професорот кабалист Михаел Лајтман. Добар ден господине Лајтман.Јас сум водителката на програмата Елена Фридман. Темата на нашата денешна програма се детските депресии. Сакам да ви кажам дека подготвувајки се за оваа емисија дојдов до една информација.Последните 15-20 години многу распространета и честа појава е детската депресија .
-Да, во последно време е така.
-И лекарите апсолутно не знаат како да се справат со тоа. Тие не можат да ја најдат причината.
-А со возрасната депресија знаат како да се справат? Само ја потиснуваат
-Да, но знаете дека за возрасната депресија може да се најдат некои разумни објаснувања.
-Не е само во тоа работата. Возрасната депресија ние можеме да ја потиснеме. Можеме да го натераме човекот да биде понизен, поограничен, но децата – ние треба да ги развиваме. И тоа е во спротивност со онаа депресија која ние можеме да ја потиснеме. Кога човекот е во депресија ние му даваме лекови за смирување, транквилизатори, дури и малку дрога, било што, само да го заспиеме.
-Што правиме ние со тоа?
-А како можеме тоа да го правиме со децата? Ние тогаш ги откинуваме од нивното растење. Односно разбирате, дека манифестацијата на депресијата во децата се наоѓа во спротивност со тенденцијата која тие треба во себе да ја развиваат, да ја совладуваат, да растат. Т.е. ние тука се сретнуваме со таква појава која не можеме да ја совладаме.
-Најинтересно е, ако смеам да го употребам овој збор, дека пациенти стануваат деца на возраст од 5- 6 години. Од каде кај 6 годишно дете оваа депресија, сознанието дека ништо не го радува? Тоа е прашање за смислата на животот, за тоа пишуваше уште рав Кук, Баал ХаСулам - пишуваа големите кабалисти. А вие не се сеќавате на себеси во таа возраст, сте го немале тоа прашање? Точно знаевте што посакувате од животот, нели?
-Не..
-Јас се сеќавам, колку што можам да се сеќавам, кај мене постоеше тоа прашање. Не се манифестираше јавно, но на таа возраст тоа прашање кај мене постоеше. Зошто, заради што, и што е сето тоа потребно? И тоа прашање не ме оставаше мирно да се живее, не дозволуваше да се биде весел.Требаше да се бара оправдување, причина за да се повеселам, да се залажам, да се заинтересирам за нешто.Навидум да се избега од тоа прашање...тоа беше на таа возраст. Ќе ви кажам дека да тргнеме од тоа дека душата која ја поседуваме нема возраст. Тогаш ќе ни биде полесно. Нема да ги гледаме децата како деца. Душата нема возраст. Односно тоа што се случува со душата се случува само со неа. Ние ја добивме од претходниот циклус на животот во кој сме биле старци, да претпоставиме дека доживеавме старост, а сега ја добивме истата таа душа. И денес таа е во нас, во нашето младо ново тело живее стара душа, која проживеала многу поколенија на оваа земја, многу поминала. Вие гледате по малото тело, но гледајте по душата што се наоѓа во него..Таа веќе е стара, потребно и е да направи веќе нешто со себе. Таа е веќе мудра и разбира дека сево ова не чини.Таа проживеала толку што вие не можете да ја збуните. Што ќе правите со неа? Затоа таа и ви ја покажува својата надворешната празнина, неисполнетост, со манифестирање на депресија. Па што ако се појавува кај мало дете? А ако се појави кај 30 или 40 годишен тоа е поинаку? Ќе кажете дека тоа му се појавило поради животот, но тоа не е поради живеењето...апсолутно не. Ние гледаме дека луѓето кои имаат апсолутно се' во животот имаат поголем процент на депресии и самоубиства.
-Велиме дека имаат се' во животот и нема што да прават друго, па беснеат...
-Не, туку едноставно затоа што на човек му е потребно да знае зошто тој живее. И кога тој има се', навистина не гледа зошто уште треба да живее. Т.е. кај него не постои прашањето за обезбедување на егзистенција, ако малку се ослободиш од таа обврска, веднаш се прашуваш а зошто понатаму да се живее. До тогаш требаше да живее на животинско ниво, да го одржува своето тело.Твоето тело те принудуваше да се грижиш за него и ти немаше можност да се ослободиш за другите прашања. А кога си ги подмирил животинските обврски веднаш се поставува прашањето за смислата на животот. И тоа прашање се појавува кај децата, зошто да не? Не гледам голема разлика. Тоа дека се појавува кај децата зборува за тоа дека нашите души во текот на многу циклуси на животот во овој свет дојдоа до таква состојба кога навистина веќе мора да го добијат одговорот. Зошто ние постоиме? Тоа прашање тие го поттикнуваат кај нас.
-Сакате да кажете дека ние од самиот почеток погрешно пристапуваме кон човекот, ние се ориентираме кон човекот како кон биолошко тело.
-Сигурно! Тоа воопшто не е човек. Тоа е животинско тело, животно. По што се разликува од другите животни? А внатрешниот негов дел, тоа наше ЈАС никаква врска нема со тоа тело. Тоа поминува многу секакви свои усовршувања, навлегувајки во нашето тело, излегувајки од него, следејки го.Таквите преобразувања го доведуваат до таков развој, ние живееме веќе во такво поколение кога задолжително мораме да одговориме на прашањето "Зошто", "Зошто ние живееме?"
-Оваа внатрешна празнина таа се манифестира во веќе развиена душа
-Таа празнина не е празнина, тоа е побарување за повисоко ниво на постоење. За нивото на постоење – човек! Човекот не е животно, во нашиот свет ние се наоѓаме на животинско ниво. Постои природа нежива, растителна, животинска. А кој е човекот? Човекот не постои во нашиот свет, тој е сосема поинакво суштество, тоа не сме ние. Ние не можеме да се нарекуваме себе си луѓе, "човеци".Затоа што ние се грижиме за нашето тело, за тоа како да проживееме во рамките на нашето тело.
-Така е, зошто ние не знаеме ништо надвор од тоа.
-Не дека не знаеме, ние немаме побарување за тоа. Затоа и ние сме животни, само многу повисоко организирани, ако тоа може така да се каже.
-Тогаш тука постои проблемот на татковци- синови. Што сакам да кажам – децата се повеќе развиени души, родителите се да речеме помалку развиени и кај нив тоа побарување не постои.
-Сигурно.
-А во децата веќе постои.
-Да.
-Добро ако родителите некако се обидуваат да го разберат своето дете, да го слушнат.
-Не можат.
-А тие го потиснуваат, го водат кај психолог и му даваат риталин. За жал, тоа е голем проблем. Но со тоа тие нема ништо да постигнат. Ќе поминат уште едно-две поколенија додека и тоа ќе отпадне. Ќе видиме дека тоа не дава резултат. Како резултат ќе добиеме застрашувачка генерација, и сега веќе ја имаме, генерацијата на риталин, која за ништо не е способна и сама себе се убива. После риталин патот продолжува до дрогата. Иако и риталин делува како наркотично средство, смирува, го укочува човекот. Ние не сакаме да се занимаваме со тоа да им дадеме на нашите деца вистинска претстава за суштината на животот. Не сакаме да ги кршиме обичаите на нашата школа. Нашата школа е направена по тип на транспортна движечка лента. Колку години постои нашата школа? 100 години и малку повеќе. Кога е создадена таа школа? Кога се појави машинско производство, производсто по движечка лента.Требаше да се произведуваат што побргу, работници кои би умееле малку да читаат, малку да пишуваат, кои би ги разбирале наредбите, машините.Би стоеле крај лентата и би работеле. Затоа брзо, на ист таков начин како подвижна лента беше создадена современата школа за да се втеруваат во неа луѓе, брзо од нив да се прават работници и право кај машините...Од тоа се создал нашиот систем на образование, и до ден денешен е таков. Денес е светот поинаков – тоа е информациски свет, веќе не постои ништо од старото, а школата остана старата. Барањата на нашите деца се сосема поинакви. А школата остана истата. Децата не можат во неа да постојат, тие едноставно во неа умираат.

-Тие во неа умираат дека кај нив постои внатрешна несоодветност со школата?

-Кај нив постојат сосема други побарувања, школата во однос на тоа ништо не им дава. Школата не го воспитува човекот, школата не го прави човекот, школата ги наполнува со сосема непотребни знаења во однос на денешницата. Денес ни е потребна друга школа, друг систем на образование, инаква атмосфера во школата. Тогаш нема да ги гледаме нашите деца несоодветни на школата, ние треба да ја направиме школата соодветна на нашето поколение. И нема да постои проблем со риталинот. Можеби тие треба да трчаат од утро до вечер и во текот на тоа трчање да се организира некоја обука.Не таква обука каква што е сега од почеток до крај за оценка со најстрога дисциплина да се седи и да се гледа омразениот учител. Не треба да биде организирано на таков начин, кој рекол дека тоа е правилно?
Зошто така беше организирано пред 150 години кога имаше потреба да се создаваат работници за подвижните ленти, за производството? Тогаш, денес нам тоа не ни е потребно. колку луѓе денес ги работат тие работи, денес работата е сосема поинаку организирана, се' се реорганизира. И затоа ние треба да го правиме светот спрема нашите деца кои сега растат. А не да ги кршиме за да одговараат на нашите калапи.

-Од што произлегува тоа што го зборувате дека треба да се менува школата,образованието, пристапот.Треба да се разбере дека сме ние некое суштество во развој?

-Од кабалата, за мене основата е кабалата. Јас го гледам процесот што се случува, ги гледам неговите фази што следуваат, го знам и го разбирам целиот тој процес и неговата цел и затоа ако правиме нешто насилно многу лошо ќе ни се врати. Ние немаме право така да постапуваме со нашите деца. Немаме право. Ќе ви кажам во доверба , кога јас лично учев, ја напуштив обичната школа и заминав во вечерна школа. Неколкуте последни години. И на факултетот последните две години ги завршував вонредно, а не редовно.
-Зошто?
-Едноставно сакав да сум слободен, не можев да го поднесувам тој притисок, не бев во состојба. Знам по своите деца. Иако едната ќерка ми е доктор по биологија, и целата се движи по распоред, а другата подготвува докторат по филозофија. Јас никогаш во ниту еден случај не ги притискав.
-Кај мене се појави некоја внатрешна противречност, која сакам да ја разјасниме. Вие кажавте, дека од една страна на нашите деца не им се потребни сегашните знаења,кои им ги дава школата, факултетот, тоа е излишно, зошто имаат веќе други побарувања. Од друга страна пак велите дека вашите деца се многу успешни со тоа школување.
- Ја не ги притискав! Кога моите деца, го забележав тоа во осмо или деветто одделение кога беа, дека едната моја ќерка сака да стане задолжително генетичар, ја отпишав од школата каде што учеше и се согласив да се префрли во друга школа. Од чисто религиозна школа, каде што ништо не изучуваат, да оди во обична школа. Таа ја заврши таа школа, го зема свидетелството, се запиша на универзитет, и сега е управител на лабораторијата по генетика во израелската болница. Многу сериозна лабораторија.Сега прави испитувања за Филип Морис за истражување на ракот на градите. Од компанијата за цигари Филип Морис доби специјална задача. Јас им дозволив да се развиваат така како што тие сакаа. Втората ќерка во почеток имаше желба за нешто поврзано со модата, па заврши школа за дизајнери. Ги помнам убавите средновековни балски фустани кои таа ги шиееше како свои испитни работи. За потоа , буквално во последната година од школувањето да почне да се интересира за тоа со што се занимавам јас, кабалата.Се заинтересира, се појавија кај неа тие прашања. Дотогаш јас кај неа тоа не го предизвикував. И таа се запиша и го заврши на Тел Авивскиот универзитет факултетот по филозофија – кабала.

-Кажете ми, тоа дека вие не сте ги притискале своите деца..
-Но не смеат да се притискаат,речено е :"воспитувај го детето по неговиот пат"
- Јас сакав само да продолжам, тоа е разбирање на тоа дека не смее да се притиска врз децата...
-Секој има своја душа.Како можам јас да притискам?
-Но тоа го сфативте откога почнавте да се занимавате со кабала.Но кога вие не би се занимавале со кабала? -Сигурно дека ништо од ова не би било така. Јас гледам како ги воспитуваат децата.Гледам како децата на моите ученици кои се во школите – едноставно ги трујат. Ние организираме за нив овде вечерни часови, им објаснуваме, се обидуваме некако да го омекнеме тоа што го добиваат во школите, но нема што друго да сториме. Сите знаеме дека проблемот во образованието е навистина голем проблем.
Таа детска депресија, со која што го започнавте разговорот, таа нема да помине. Ние треба да им одговориме на побарувањата на децата. Депресијата што ја гледаме, таа е последица на нивниот внатрешен проблем. И ако тој проблем е голем, општествен, затоа што тоа не е во само едно дете – ние го забележуваме тоа кај сите деца од сите земји на светот. Знаете ли дека денес постои поим депресија кај животните? Посебно кај домашните животни, кои се наоѓаат покрај своите сопственици. Тие исто ја чувствуваат депресијата. Постојат лекови против депресија за животните:кучињата, мачките, кои живеат заедно со луѓето. И јас сум сигурен дека таа постои не само кај овие животни, ја има и кај дивите животни и кај растенијата. Т.е. депресија е чувствување на недостаток на сила на животот, која почнува да се чувствува во нашиот свет. И таа зависи од човекот.Човекот треба да се крене на друго ниво и преку човекот, таа духовна виша сила, силата на животот ќе помине преку сите други канали во нашиот свет. И тогаш ќе го снема проблемот со екологијата, со нашето здравје, со општествените односи, со се'.
-Како сето тоа е поврзано?
-Нам ни недостига силата на животот во нашиот свет. Ние гледаме дека се' секнува, некако старее, исчезнува, ја губи својата вредност, смисла и т.н. Ние се обидуваме со последни сили некако да се воодушевиме себе си со секакви моди, стремежи.Да се забавуваме со помош на целата техника и технологија.Но на крај треба да и се погледне на вистината во очиНам ни е потребно сосема поинакво ниво на постоење. Неопходно ни е некое следно скалило.Разбирање на тоа зошто сме, за каде сме? И тоа е проблем со кој е соочено целото човештво.Особено сега, за време на сеопштата криза. Затоа децата ни се потребни за да ја одиграат во овој случај големата корисна улога. Затоа што децата нема да ги запоставиме. Тие се наш проблем, нашата болка. За нас ќе се снајдеме некако, но ако му е на детето лошо – тука нема што да се стори.
И затоа кога јас ги гледам моите деца, тие се возрасни сега, имаат по 35 години.Кога ги гледам нив, а посебно моите внуци,тогаш во внуците веќе денес почнувам да ги осеќам тие побарувања. Имам и малечки внуци. Имам внук кој има 10-11 месеци и јас во него, лично јас, во него тоа го чувствувам. Ја прашував и мојата сопруга, и таа ми одговори дека исто го чувствува тоа. Постои внатрешно побарување кај тоа мало детенце, и по него се гледа, дека тоа нешто во својот живот, внатрешно, дури и на толку рана возраст- недоволно добива. Тешко ми е тоа да го објаснам. Јас го гледам тоа со свои очи од суштината на природата која сум ја открил за себе.Но тоа постои, и нема каде да бегаме од тоа. Затоа откажување од сериозна реформа на себеси, нашиот однос кон децата, не само реформа на системот на образованието или на предавање, воспитување, туку воошто на целото наше живеење, во кое децата разбираат, учат од нас.Ги примаат од нас различните примери и не можат да се согласат со нив, не можат да ги реализираат врз себе. Бидејки некогаш детето го гледаше-таткаси, девојчето – мајкаси. Таткото ако бил ковач или чевлар, шивач не е важно што е...и детето знаеше дека кога ќе порасне исто ќе биде чевлар или шивач.
-Не постоеше тоа внатрешно побарување?
-Не постоеше...Се' кружеше и се предаваше од поколение на поколение – облеката, занимањата.Децата живееја заедно со родителите и не се стремеа да бидат поинакви. Тогаш целиот тој поредок, сите примери што ги имаа од родителите;како да живеат, како да комуницираат – сето тоа било нормално.Сето тоа било соодветно на децата. Денес не е така. Денес децата не гледаат и не можат и немаат од каде да земат пример, тие се чувствуваат како во празен свет. Својот свет тие мора самите да го пронаоѓаат, измислуваат.А ние, глупави, не разбираме кога кај нив се појавуваат некои идиотски собири, празни зборувања, жестокост, наркотици и т.н. Јас не сум против ништо, не сум дволичен , лицемерен и не сакам така да се прикажам. Само сакам да кажам дека сето тоа се случува поради тоа што ние лично не сме им подготвиле поинакви примери – примери на правилно живеење. Ние не се согласуваме со тоа дека тие се поинакви. Тоа е нашата точка, најосновната .Ние треба да земеме предвид дека тие се поинакви, имаат поинакви души и ние треба да живееме за нив, а не за себе. Во тоа е проблемот. Живејќи за нив ние истовремено ќе се исправиме и себеси. Така е речено:" тој што ѓи враќа срцата на татковците на децата и срцата на децата на татковците". Т.е. децата треба да не' учат, вие самите знаете, мајка сте, кога добивате дете – вие станувате мајка. И детето како да бара од вас вие да пораснете, некако да созреете, нели? За да се појави кај вас сосема поинаков однос кон животот, кога станувате мајка. Истото се случува и тука.Мајки- деца ние мораме да бидеме многу поодговорни. Децата треба да ни диктираат какви треба да бидеме ние.
-Јас мислам дека ние, родителите, треба најпрво да го изучиме сето тоа што го кажувате...
-Сигурно! Ние треба да ја изучиме таа следна фаза во која нашите деца треба да постојат. Таа фаза која тие ја побаруваат, а ние тоа не го разбираме. Ние се наоѓаме во такво поколение – како во ножици.
-Тие треба веќе да постојат во таа фаза?
-И ние треба. Само ние ја изгубивме нашата генерацијата, не стигнавме на време. Ние се наоѓаме во таков преоден процес и затоа како да сме застанати помеѓу две епохи.
-Што значи ја изгубивме генерацијата, кога велите дека кај човекот во таа генерација немало такви внатрешни побарувања...
-Имаше, само ние не сметавме дека треба да ги сфатиме сериозно.Сметавме дека треба да ги потиснеме, поинаку да ги реализираме. Ние создадовме за нас секакви играчки – телевизија, мода, општествено мислење, секакви комјутерски работи и со тоа не се кренавме себеси на следното ниво. А децата воопшто...едноставно жално е за нив.
-Т.е. човекот ги прилагодуваше и развиваше сите средства за да ги направи соодветни за овој свет...
-Не само за овој, и духовниот свет е во нашиот свет, само човекот не сакаше да се промени. Тој не сакаше да разбере дека тој треба да се промени, а не технологијата околу него. А сега конечно со промените во технологијата ние почнавме да осознаваме дека тоа ништо не ни донесе.Дека целиот притисок, огромната светска криза во сите области од животот, здравствените проблеми, проблеми со екологијата и воопшто сето тоа што ни се заканува, дека сето тоа бара некоја кардинална реформа. И таа очигледно треба да се случува не во надворешниот свет, мислам дека ние веќе разбравме дека не можеме тоа да го совладаме, туку таа реформа треба да се случи внатре во нас.
-Изгледа во тоа е проблемот дека луѓето се уште не разбрале дека таа промена треба да биде внатре во нив.
-Да, но јас се надевам дека сепак нашето делување, распространување на кабалата, предавањата насекаде што ги организираме, 66-от канал, што е пуштен – сето ова на крај ќе делува врз луѓето и тие ќе се променат. Ние дури не можеме да си замислиме колку наше најмало движење во насока на нашата промена во соодветност и хармонија со природата – ќе го промени нашиот свет, нас, нашите деца.Ќе создаде внатрешна хармонија внатре во нашите семејства, со децата, меѓу нас, и сето ќе се промени.
-Вие зборувате за тоа со сигурност, со уверливост...
- Јас само го познавам овој систем кој дејствува во двата света, тоа не е мистика.Тоа е точен систем на управување, и затоа јас зборувам за тоа како човек што се занимавал со тоа веќе 35 години.
-Да, според вашиот карактер, кога во ова не би имало нешто вечно и постојано развивачко,вие немаше со тоа да се занимавате.
-Да, јас мислам дека сепак многу луѓе секојдневно доаѓаат и уште ќе доаѓаат кон тоа, и ние секако ќе го промениме нашето постоење. Кабалата е дадена за да овој свет го промениме, а не да летаме некаде во некои мистики. Во исто време ќе ги видиме и нашите деца среќни, радосни, без риталин, депресија и наргиле.
-Кажете, кога јас би ве запрашала што сакате да им кажете на родителите на овие деца, кои денес се соочени со овој проблем – детската депресија. Тие не знаат што да превземат.
-Прво:колку може помалку насилство над децата и второ, единствено што можеме да направиме е едноставно постојано да се гледа нашиот телевизиски канал. Мене не ми треба рејтинг, јас не добивам ништо од тоа, едноставно на таков начин ние ја распространуваме понатаму оваа позитивна енергија за сојузот, за соработката. Вишата енергија поминува преку нас во целиот свет.Вие ќе забележите како наеднаш вашите деца ќе ви станат поблиски, ќе почнат да се однесуваат со почит кон вас. Наеднаш, неразбирливо.Бидејќи и тие ќе почнат да се интересираат за истите работи преку вас, за тие вечни и виши особини и сили, и ќе се променат. Човекот се менува само одвнатре.
-Ви благодарам многу! Ние сигурно ќе продолжиме со оваа тема и во нашите наредни емисии. Се најдобро!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica