Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалистичка психологија Втор Дел

Здраво, драги пријатели!

Анатолиј Уљјанов – психолог, психотерапевт на Европската асоцијација Гешталт на Терапевтите (ЕАГП). Тренер на Меѓународната Академија на Лидерството (Санкт-Петербург). Научен консултант на меѓународните натпревари за убавината и телевизиските емисии: “Што сака жената” “ Цената на успехот” (РТР), “Големо перење” (ОРТ), “Куќа – 2”(ТНТ) и др.  

-Повторно гостуваме кај извонреден човек, кабалист, професор Михаел Лајтман.

Михаел Лајтман – научник, истражувач во областа на класичната кабала. Доктор по филозофија, професор по онтологија и теоријата на спознавањето. Основач и раководител на Меѓународната академија по кабала АРИ. Автор на повеќе од 30 книги преведени на 9 јазици. Член на “Светскиот совет на мудреци”.)

- Ја продолжуваме серијата на нашите емисии за фазите на животниот пат. Здраво професоре!

– Здраво!

– Повторно имаме уникатна можност да се сретнеме со Вас. Имаме можност да поставиме прашања. Минатата емисија застанавме на фазата од 6-9 годишна возраст. Имам неколку прашања кои се однесуваат на оваа фаза, и така да се вратиме назад...

– Убеден сум дека ќе ги има уште многу...

– Моите прашања се поврзани со казнувањето и наградувањето на таа возраст. Како да се изгради системот на казнување и наградување на децата, на таа возраст.

-Како прво треба да се учат децата. Ние луѓето, зошто треба така да се однесуваме кон нив, како кон нешто што сакаме од нив да израсне?  Треба да се однесуваме кон нив така да тие ја разбираат врската меѓу казнувањето, наградувањето и лошата постапка. Треба да разберат дека казнувањето не е казнување туку воспитување. А наградувањето не е наградување, туку природна, правилна последица на правилната постапка. Во секој случај односот на родителите или воспитувачите кон нив е само за нивна корист. Како тоа да се стори? Кабалата му советува на воспитувачот како треба да се постави. Детето не треба да биде казнето во моментот кога го прави престапот. Таа казна да биде правилно осознаена од него, да претставува влијание врз него кое ќе му помогне следниот пат да го избегне тој престап. Да не влегува повторно во истата грешка во однесувањето, или да направи некоја друга. Затоа е најдобро да се избере одредено време во неделата кога ќе се сумираат сите случки за изминатата недела, за кои се разговара со детето и му се вели дека сега заслужил ваква казна. Дали ќе биде правилно или не, ако те казниме на таков начин? Дали мислиш дека следниот пат таа казна ќе помогне да внимаваш и да не ги нарушуваш, да речеме границите на однесувањето, да станеш повеќе активен во нешто. Или ќе има потреба од друг вид на казна? Ајде заедно да размислиме. Ние заедно со тебе работиме врз твојот егоизам. Тука и ти си присутен, како човек од страна, во однос на својот егоизам. Ние го гледаме егоизмот оддалеку. Што сметаш дека треба да сториме со ова суштество кое се наоѓа во тебе? Да, на таков начин ние го воспитуваме човекот во него. Поинаку тоа само ќе се лути, нема да разбира. Ќе смета дека сето тоа е неисправно. Ќе бара изговори за да го избегне казнувањето. Во таквиот однос кон него и кон неговиот егоизам, во прв ред тоа што е човекот во него, ние започнуваме да го издигнуваме, да го возвишуваме и почитуваме. Тоа започнува да гледа дека ние го почитуваме, се однесуваме кон него како кон возрасен човек, се советуваме со него. Се обидуваме да најдеме правилно решение против злото кое е во него.

Тоа е прва работа, а втората е, тоа треба самото да го каже своето решение за казната. Поинаку тоа нема да биде воспитување, туку навистина само казна. Нам ни е потребно да го промениме казнувањето во воспитување. Никако не треба да донесуваме одлука под влијание на нервите, туку дури подоцна. Како во судот. Денес поднесуваш пријава, после половина година треба да одиш на претрес на предметот. На таков начин ние треба со него да постапуваме. Тоа треба едноставно да сфаќа, да осознава. Можеби треба заедно со него да го запишеме дејството кое се случило, а дури после ден или два ќе го разгледуваме. Притоа детето треба навистина да биде рамноправен партнер, во ова со нас. Човекот кој е во него и јас седнале, го разгледуваат и осудуваат егоизмот кој е во него, кој наеднаш како ѓаволче излегол и го натерал на некои лоши дејства. Значи такво заедничко дискутирање, заедничка работа врз она што се одвива во него, мора да постои.

-Каков сепак треба да е карактерот на овие казни? Ограничувања? На пример да не се пушта на прошетки или нешто друго?

-Мислам дека дискутирањето претставува воспитување. Зборот казнување треба воопшто да се исфрли од речникот. Додека дискутирањето истовремено ќе претставува негово воспитување и после тоа ништо не следи. Но, тоа е под услов ако тоа, самото направи правилни заклучоци со наше насочување и помош. На крај доаѓа до заклучок на осознавање на злото во себе и дека тоа зло треба на некој начин да го стави под контрола во себе, да го организира. Да не го отфрла од себе како да го нема, туку да владее со него. Тука има многу внатрешни финеси во приодот кон работата врз себеси и не е лошо возрасните да научат нешто од ова. На таков начин ние од детето правиме човек. Зошто Адам потекнува од зборот сличен на Создателот. Самиот збор Адам значи сличност. Сличност на што? На Создателот.

Значи човекот може како резултат на таква работа врз себе да ја достигне состојбата, кога тој се издига над својот егоизам, над сите свои особини со кои е роден. Тој не е виновен што се родил со некои одредени особини. Не е виновен дека поминува одредена фаза во својот развој и во него наеднаш се иницираат некои пориви и т.н. Тој мора да сфати дека освен тоа даден му е разумот, упатство за негово правилно внатрешно обликување. Тој мора од целиот комплет на апсурдни и хаотични особини, квалитети, мисли, желби, внатрешните и надворешните притисоци што ги чувствува врз себе, да изваја од себе мало човече и понатаму возрасен, но навистина хармоничен човек.

-Имам уште прашање во врска со казнувањето. Да речеме дали ќе биде прифатливо ако родителите или воспитувачите му кажат на детето, дека неговите дејства ги загрижиле.

-Да, во случај ако тоа навистина има значење за детето. Честопати децата намерно се поигруваат со чувствата на возрасните за да предизвикаат кај нив некои емоции на сочувство. Понекогаш само да ги разлутат, за да го привлечат нивното внимание, бидејќи на детето тоа му недостасува. Ние тоа го сфаќаме. Но, генерално тоа треба заемно да го користиме. Однапред да му се даде на детето таква поставеност на односите, во која неговиот однос кон нас нема да биде специјален, со скриена умисла.

-Дали постои некоја разлика во врска со казнувањето преку дискусија во воспитувањето на момчињата и девојчињата? Дали има разлика во дискусиите и т.н.?

-Најпрво девојчињата треба да бидат воспитувани од жени, а момчињата од мажи. Тоа е апсолутно јасно и разбирливо и тука не може да има никакви вкрстувања. Во никој случај не треба да се воспитуваат во некој антагонизам, туку напротив во разбирање на правилната природа на спротивниот пол. Природата нé создала такви за да добие хармонија. Хармонија на сите нивоа на нашите заемни односи. Тука спаѓаат личните, социјалните, семејните, општествените, половите и т.н. Достигнување на хармонијата претставува правилно воспитување на човекот во однос на спротивниот пол. Невозможно е како единка да се достигне тој хармоничен развој. Тоа е прво. Второто е, и кај момчињата и кај девојчињата се воспитуваат истите инсталации за борба со себеси, за анализа на сопствените внатрешни особини, за нивно откривање, класификација, за нивна корекција. Но, тоа се сосема различни особини и споредбено со одредени категории и вредности тие се сосема различни кај момчињата и девојчињата. Затоа всушност, иако задачите се исти, нивната внатрешна форма е различна.

-Кога ја допираме темата, прашањата испливуваат едно подруго...

-Ништо не можеме да сториме, тоа е целиот живот, целата природа...

-Ако сум разбрал добро, значи дискусиите во врска со грешките во текот на неделата со момчињата треба да ги одржуваат мажите, а со девојчињата – жените.

-Точно.

-А нешто заедничко, како на пример да седнат мајката и таткото, дали е прифатливо?

-Можеби е прифатливо во семејството, но за тоа треба да се воспитуваат и мајката и таткото. Мислам дека тоа е веќе следна фаза и многу е сложена. Јас би советувал да се воздржат од такво нешто. И самото дете ќе чувствува неудобност од влијанието на двајца родители. Многу е поедноставно еден да оствари директен контакт со детето “во четири очи”. Таткото со момчет,о а мајката со девојчето, отколку двајцата. Ние знаеме како децата гледаат на спротивниот пол, дури иако се работи за нивен родител. Се појавуваат голем број на секакви интеракции, незадоволства, натпревари, љубомора и др. Значи јас мислам дека не треба. Гледајќи ги пред себе истовремено и мајката и таткото против него, детето тоа многу лошо го восприма.

-Тоа е притисок како казна.

- Да.

-Тогаш друго прашање. Вие ја допревте темата дека момчињата и девојчињата треба различно да се воспитуваат. За какви грешки треба да се дискутира со момчињата и какви грешки прават девојчињата? За кои треба да се дискутира со нив?

-Во прв ред мислам дека тоа е односот кон околината, кон опкружуваето, кон пријателите, групата, класот и др. Кај момчињата треба да биде прилагодено така тие да бидат пријатели меѓу себе. Девојчињата не можат, тргнувајќи од нивната природа да бидат пријателки меѓу себе, другарки. Можеби една, две, но секогаш кај нив постои женско натпреварување и оддалечување. Нормално и природно. Затоа ние не треба да ја нарушуваме природната поставеност која постои кај жените. Благодарение на тоа дека една жена не е поврзана со другите, кај неа постојат одреден особини кои и помагаат во продолжувањето на родот. Во воспитувањето, посветувањето на децата, на потомството, на “обезбедувањето” и т.н. Кај мажот тоа не постои и затоа тој е повеќе општествено развиен елемент. Токму поради тие особини. Затоа соодветно на ова треба да биде и воспитувањето. Токму воспитувањето, а не казнуваањето кај девојчињата кое би било насочено кон развојот токму на правилниот контакт со опкружувањето. Не како дружење, заемна помош или спојување, туку заемна поддршка, заемно разбирање, заемно сочувствување. Односно, повеќе насочено кон надворешен контакт со опкружувањето. Додека кај момчињата напротив, треба да им се помага да ги отвораат срцата кон пријателите, да бидат другари, заемно да си помагаат. Да разбираат дека без другарите не можат да достигнат одредена цел. Чисто машко дружење како што велиме. Тоа е интересна категорија. Не се вели “женска дружба”, туку “машка дружба” . Тоа е нешто што навистина може да егзистира во природата. Така што механизмите треба да бидат такви. Лошите постапки треба да се оценуваат во прв ред и само од нивниот социјален аспект. Тоа се однесува и во однос на сестрите и браќата, родителите во семејството, групата, школото и т.н. Нормално државата или светот – тоа веќе зависи од човечето како што ќе расте и ќе влегува во контакт со другите.

Но, всушност овие нивоа треба да им се објаснува на сите. Уште од најмалата возраст. Иако тоа не знае сé уште што претставува целото човештво. Но, треба да му се кажува дека се наоѓа во однос со другите луѓе. Да му се воведе апстрактниот елемент, кој постепено ќе престане да биде “апстрактен“ за него и ќе се осознае од него. Социјалниот дел во него, човекот, ќе се развива. Да не се случи, кога ќе стане возрасен, да биде внатрешно способен да контактира само со неколкумина блиски луѓе. Тоа треба во него да се развива однапред и секогаш да се подготвува за следното скалило. Обраќајќи му се на нивото на детска градинка ти веќе му кажуваш за тоа што го очекува во школото. Со кажувањето на она што е во школото ти го подготвуваш за следната фаза, кога тој ќе биде веќе во универзитет, или во возрасниот живот – во армијата, во општествениот живот – кога ќе пораснеш ќе имаш деца и т.н. Секогаш треба да е вклучен во секој елемент. Согласно со кабалата секој наш елемент, секоја мала градба ги содржи во себе елементите на сите градби, на заедничката структура. Затоа ние треба за сé заедно да зборуваме на секое ниво. Кога на детето му даваме целосна слика, тоа сфаќа дека ние не сме лично поврзани со тоа. Дека не нè тера на тоа нашиот егоизам или некои наши интереси при тоа што ние му калемевме некои особини, го насочувавме, го ориентиравме. Туку благодарение на тоа што токму така функционира светот. Нема каде да се бега. Ние му покажуваме дека и ние на таков начин се однесуваме кон светот, дека и ние немаме избор. Така за тебе ќе биде подобро за правилно да се вклучиш во заедничкиот социум.

Сé е изградено врз дискусии, врз заедничко откривање, заедничка сомилост, заеднички заклучок, заедничките цели. Детето чувствува дека ти заедно со него се наоѓаш во барањето, откривањето, анализата на сé што се случува и во барањето на правичното решение и неговата реализација. Тоа постојано треба да го чувствува возрасниот човек како негов рамноправен партнер. Со право да спори со него, да поставува барања, задолжително да ја брани својата позиција. Ние тоа треба да го поттикнуваме. Во спротивно, ако тоа нема да биде откриено од него, тоа нормално нема да знае како да постапи следниот пат. Ќе згреши на истото и нема ниту да согледа дека греши.

-Кога ја раскажувате периодичноста, типологијата на фазите на животниот пат, во очи паѓа дека кабалата опишува дека детето од 3 до 6 годишна возраст треба веќе да го обучуваме на писменост. Тоа треба да учи да чита и пишува, додека во обичниот живот...

-Од 6 години одат веќе социјални, ние говоревме за тоа...

-Ние говоревме за тоа, само паѓа во очи заостанувањето. Вие раскажувате за одреден период и јасно паѓа во очи дека во нашиот свет се случува небаре заостанување за едно скалило. Со што е тоа поврзано?

-Кога говоревме за тоа дека од 3-годишна возраст треба да почнеме со систематска обука на децата – тоа е исто задоцнета возраст. Гледаме деца кои сакаат да ги обучат на странски јазици. Од првите денови со нив почнуваат да зборуваат на неколку странски јазици. И тие тоа го примаат многу мирно. Детето е способно да сфати наеднаш неколку јазици, да не ги меша меѓусебно и тоа е за него како заеднички јазик за комуникација. Што е уште интересно? Кај него, внатрешните асоцијации се поинакви. Тие се многу поосетливи, а потоа тоа ги претвора во надворешни, со зборови. Затоа тука зборуваме за сосема поинаков развој и адаптација кон светот, јазикот, општењето, комуникацијата, кога човекот почетно владее со неколку јазици. Затоа ако говориме за воспитување на децата, и образованието, генерално треба да говориме од 0-та возраст. Дури како што претходно говоревме, и во интраутерина состојба.

-Добро, ја разгледавме малку фазата од 6 до 9-годишна возраст, иако тоа е разговор кој бара бесконечно многу објаснувања и детали. Но, што се случува потоа, која е следната фаза, после 9-годишната возраст?

-Од 9 до 13 години треба повеќе внимание да обрнуваме на зреењето на човекот. Тука веќе се појавуваат хормонални проблеми, заемни односи со спротивниот пол, зошто, како и др. Кабалата вели дека, тука човекот не треба да биде со воспитувачот, или воспитувачката за девојчињата, туку да биде во група, со возрасните. Тогаш тој може правилно да ја восприма правилната социјално - полова ориентација. Тој не учи за тоа од еден човек, туку разбира дека тоа е во доменот на машкото или женското друштво. Таков е односот кон спротивниот пол, таков е односот кон зачнувањето, кон семејниот живот, и т.н. Тој не го гледа тоа само во своето семејство. Сфаќа дека тоа е норма на општествениот поредок, на егзистенцијата. Дека на таков начин ние сме создадени. Тука е потребно да му се објаснуваат корењата, од каде тоа потекнува. Дека Создателот и суштеството се спротивни еден на друг. Дека со правилна комбинација на нивните заемни особини, т.е. на желбите, намерите и мислите се достигнува највисоката точка – спојувањето помеѓу Создателот и суштеството. Реализацијата на тоа се случува во правилното спојување на нивото на нашиот свет, помеѓу неговата машка и женска компонента. Дополнување на едната со другата, заемното дополнување, заемното почитување, заемното разбирање и т.н. На човекот треба да му се откријат многу работи. Порано тоа било во многу подоцните фази на развојот. Но, во денешно време ние сé повеќе се доближуваме до кабалистичките мерки.  Кабалата вели дека тоа треба да се случува на возраст од 9-13 години кај момчињата, и од 9-12 години кај девојчињата.

-Постои разлика...

-Ние гледаме дека девојчињата созреваат порано, што навистина е така. Порано тоа не било така. Денес кога стигнавме до последната егоистичка фаза на развојот на човештвото, почнуваат да се совпаѓаат кабалистичките мерки и пристапи со нашите календарски мерки. Затоа се испоставува дека возраста од 9 до 13 години, или до 12 години, станува возраст за подготовка кон општествено- половиот, семејниот, правилниот заемен однос меѓу половите. Порано ни се чинело неверојатно. Како на таква возраст кај детето има потреба да се иницираат овие прашања? Сега се испоставува дека ние доцниме со овие прашања, бидејќи времето стаса. Егоизмот кај нас толку се развил што ги предизвикува овие секакви прашања и проблеми. Затоа, ниту треба да брзаме ниту да доцниме. Туку систематски да ги откриваме и дискутираме. Да ги разјаснуваме тие прашања и да ги решаваме меѓу нас.

Тука постои проблем, бидејќи таткото со синот, или мајката со ќерката; колку и да се отворени со нив, сепак детето поинаку ги восприма родителите. Сé уште не излегол од себеси, сé уште не е возрасен кога може отворено да зборува, со мајката или таткото, за секакви лични теми. Го гледа примерот кој не е насочен кон него од група мажи или група жени, ненасочен директно кон него. Гледа дека на таков начин меѓусебно заемно дејствуваат. Тоа за него претставува најголем пример за воспитувањето.

-Пак дојдовме до тоа дека не треба да се принудува, туку само со пример...

-Само така, и тоа со најдиректен пример. Филмовите, песните, вежбите, книгите – сé треба да биде избрано така да му се даде на човекот правилна, комфорна, урамнотежена состојба. Со себеси, со семејството, со околината која го опкружува, со спротивниот пол. За да тоа да биде природно за него. Да нема недоречености, односно сé да биде отворено и едноставно. Без секакви отстапувања на некоја страна, или кон лицемерие или кон преголемата искреност. Колку подалеку ќе одиме, сé повеќе ќе гледаме колку опсежна е оваа метода која допрва треба да ги најде тие кои ќе ја развијат и реализираат.

-Од друга страна, во овие фази се забележува заостанувањето на психологијата, бидејќи ако кабалата сé поблиску доаѓа до природните нешта...

-Кабалата го збива сето тоа во точно дефиниран временски период. После 13 години ние воопшто немаме влијание врз децата. Ако ние, до 13 години кај момчињата, а до12 кај девојчињата, не ги положиме сите овие основи, подоцна тоа е напразен труд. Согласно со кабалата после оваа возраст веќе е готово. Пред 13 годишна возраст ние треба да ја почнеме оваа работа. Од 9 години. И да ја завршиме на 12 или, 13 години кај обата пола. Потоа фактички нема што да правиме. После тој период тие се рамноправни, возрасни луѓе, кои имаат целосно право да постапуваат сами, самостојно. Ние гледаме колку тие не се послушни, имаат свој сопствен свет. Да не им бидеме пречка, туку да бидеме хармонично поврзани со нив во едно глобално општество, во кое генерациите не се целосно одделени една од друга. Не влегуваат во противречности една со друга. На таков начин ние треба да ги подготвиме.

-Имам локално прашање кое често се појавува. Луѓето не знаат како да постапат. Сега се појави техничка можност и многу лесен пристап кон порнографската продукција на интернет. Момчињата на 13 годишна возраст веќе активно ја користат, наоѓаат некои моменти да се приклучат на интернет. Како возрасниот треба да се однесува и како да разговара за тоа?

-Кој возрасен? Ние реално немаме возрасни. Сите се извитоперени несозреани деца. Ние можеме да фантазираме како да ја тргнеме таа порнографија, или како да го смениме општеството на возрасните. Но, всушност треба да тргнуваме од реалноста, од тоа што треба да го промениме. Јас сметам дека ништо од тоа не треба да се менува, да не се трга порнографијата. Сметам дека сето тоа треба да го правиме апсолутно слободно. Не се потребни апсолутно никакви скривања и недоречености. Напротив, сé треба да биде отворено и објаснето, да се покаже правилниот приод кон тоа. Тогаш кај децата ќе се појават неискривени претстави и тие ќе бидат отворени со нас.

Кога моите деца беа на мала возраст, јас намерно одев со нив во музеи и во биолошките музеи. Во Торонто имам многу роднини, ние поминувавме таму многу време. Таму има многу убави научни музеи и огромен број на добри филмови, за зачнувањето, за половиот однос, за раѓањето на децата. Јас намерно ги водев токму на таа возраст. Ние седевме заедно, ги гледавме тие слики и јас им објаснував, а тие сфаќаа дека јас им објаснувам за животот. Впрочем на тоа ме научи мајка ми, која е гинеколог и беше доста отворена со мене.

Се сеќавам кога, како студент, прв пат се најдовме во родилен дом. Тоа беше втората година на студии, кога имав 19 години. Јас сепак доживеав шок. Впрочем тоа беше тешко породување и намерно нé доведоа за да ни го покажат. И нам, на 19-годишни момчиња, тоа ни остави голем впечаток. Се сеќавам дека после тоа ние почнавме со почит да се однесуваме кон девојчињата од нашата генерација, што е зачудувачки. Тоа е многу комплициран акт, кој не е порнографија, и гледаш колку е тоа тешко, дека тоа навистина е раѓање. Освен тоа нè водеа во мртовечницата и на секакви операции, ни ги покажуваа основите на човечкиот живот. Мислам дека сето тоа треба на децата да им се покажува, не чекајќи ја таа возраст. Навистина со правилен пристап за да не ги шокираме, но тоа е неопходно.

-Ние сега зборуваме за возраст од 9 до 13 години?

-Да. Ако тогаш не ги положите сите основи на социјално – половиот развој, односно неговиот однос кон жените, кон сексот, кон сé... Тој треба да разбира дека тоа не му е дадено само за зачнување, ние не сме пуританци, и не само при стапувајќи во брак да прави деца, да се размножува и да мисли на следната генерација. Тоа за нас претставува огромно исфрлање на енергијата, претставува најголемо уживање во животот и т.н. Ние треба сето тоа да му го кажуваме на детето, но и тоа како истото треба да биде хармонично вклопено во нашиот целокупен живот. Токму таа хармонија во нашето објаснување недостасува. И нам самите. Тоа уште треба да се најде.

-Во една емисија на Каб Тв, Вие ја споменавте токму оваа тема и тогаш кажавте дека освен раѓањето и смртта многу е важно да се види како се лекуваат луѓе. За да се создаде почит кон човечкиот живот, кон природните нешта.

-Јас сум за тоа, на малото човече до 13 години, да му се покажува постепено. Зависно од степенот на неговиот развој, односно соодветно на тоа како ние го развиваме, не како во денешно време. Тоа што ви кажувам дека од 9 до 12, или 13години, од 6 до 9 години, мислам на тоа дека ние почнавме да го развиваме човекот од нула и продолжуваме да го развиваме, а не дека го земавме од некој момент од 7 годишна возраст и стартувавме...

-Почнавме да го тренираме...

-Да, тоа е невозможно, тој нема претходна подготовка. Тој треба да се однесе во затвор, во кланица, треба да му се покажува сé што се случува во светот. Постепено, за да ги види сите тие слики, дека лебот не расте на дрво. Како сé се произведува, како може да се добие. На кој начин е изграден светот, односот кон животните, односот на луѓето еден кон друг. Што се случува со луѓето кога прават општествено негативни постапки, какви се казните.  Да се водат во судница, нека гледаат како таму се одвива некој процес намерно направен за нив и т.н. Сето тоа треба да се прави со човекот, тоа е неопходно. Од телевизијата и интернетот тој гледа извитоперени, нагрдени слики на нашата божемна реалност, за потоа со тие лажни примери да го гради својот лажен живот. Тој постојано глуми во некои холивудски сцени – на работа, дома, надвор. Постојано си замислува некои сцени во односот со другите, кои ги видел како примери во кино, и така дејствува цело време. Забележувам по луѓето како тие зборуваат, како се вртат кон тебе, како работат. Тие се потсетуваат на овие примери и ги реализираат. Ние треба да му дадеме максимално природни примери за тоа да биде негов личен начин на однесување, наместо некои холивудски копии кои се вештачки создадени и нормално не нè водат кон правилни меѓусебни односи.

-Вие рековте дека тоа треба да се стори на некој поблаг начин, за детето да не се трауматизира...

-Тоа им успева природно на воспитувачите, кои заедно со децата го поминуваат овој пат. Тие постепено самите сфаќаат. Ние имаме работа со огромен број на апсолутно различни луѓе. Потребно е да ги класифицираме на некој начин, со воспитна метода, наместо да ги делиме. Тука игра улога и потеклото на човекот, социјалното потекло, националното потекло и т.н. Без оглед на тоа дека светот е толку глобален, сепак гледаме голема разлика помеѓу разни, можеме да речеме, цивилизации. Во денешно време сé уште постојат 6, 7, а можеби и 8 цивилизации кои егзистираат во светот, зависно од кој аспект ги разликуваме. Треба да развиеме посебен пристап за секој вид на опшеството.

-Се доближивме до границата на периодот од 9-12 за девојчињата и од 9-13 за момчињата. Кој период е следен, што понатаму се случува со човекот?

-Следниот период е до 20 годишна возраст. Тоа е фаза на целосно формирање на човекот, кога тој всушност треба да стекне професија, иако кај нас подоцна одат во универзитети и т.н. Тоа не е исправно. Човекот треба до 20 годишна возраст да добие професија, ако има потреба да отслужи и воен рок. Кабалата вели дека армијата треба да биде по договор, професионална. Во неа треба да одат луѓе кои чувствуваат дека на таков начин се реализираат. Тоа е начин добро да се заработи, да се добие добра професија. Генерално тоа е за луѓе кои имаат афинитети за тоа. Ние знаеме дека првично луѓето се делат на “атлети” и “мудреци”. Постојат силни физички, а постојат силни внатрешно, ментално, сензитивно развиени луѓе. Зависно од афинитетите на човекот, дел од нив со задоволство ќе оди во армијата, зошто ќе бидат добро обезбедени, ќе добијат професија. Другиот дел ќе добие професија во универзитетот и ќе се занимава со други проблеми. Или ќе бидат работници, сеедно. Важно е да му се даде на човекот таква можност за развој. Тоа е најповолно од гледна точка на кабалата, која говори за постоење на армијата. Реално говори за тоа. Дека во нашиот свет, мора постои сé додека целосно не се корегираме. Нашите пориви имаат потреба од ограничувања, правни и казнени институции и т.н. Значи на таков начин треба да дејствуваат луѓето и до 20-годишна возраст. Човекот треба да застане на свои нозе, да се ожени, да се омажи и дури да стане веќе родител. Кога ние правилно би работеле со децата, тие би имале за сето ова доволно време и правилен развој. Целиот школски програм, кој трае премногу долго, не им дава ништо. Тие не можат да го поднесат, се занимаваат со огромни пластови од непотребни знаења, кои всушност и не се знаења. Целата историја е заплеткана од луѓето. Треба да ги учиме децата на природата, на природните науки и на она за кое ние сега зборуваме, односно кабалата. Истите природни науки само во нивна меѓусебна интеракција. Понатаму – професијата. Универзитетот треба да дава професија. Таму образованието не треба да трае 5, 6 или 7 години ,или не знам колку години...

-12 години...

-Човекот во денешно време и така продолжува за учи цел живот. Тоа го диктира животот и потребно е да се учи цел живот, без оглед на тоа колку си добар специјалист. Затоа во универзитетот треба да се дава јасно одредена подготовка за професијата и притоа не треба да се полни со непотребни излишни нешта. Специјализацијата е многу ограничена и не дава некоја подготовка. Треба да се подготват специјалисти со поширок профил од секоја област, кои потоа ќе посетуваат дополнителни курсеви, откога ќе почнат да работат. Знаеме дека на курсевите им нема крај. Лекарите, биолозите, зоолозите, физичарите, хемичарите, сите треба континуирано да работат врз себе  и постојано да се развиваат, бидејќи во денешно време науката се развива многу брзо и постојано.

До 13-годишна возраст, развојот е таканаречен “школски”, а после 13 години развојот не е одеднаш. Но потоа, сепак високо образование, после година -две, воен рок, брак и целосно оформување на семејство. На 20 годишна возраст луѓето треба веќе да бидат мажи и жени внатре во себе, со деца. Да го започнат својот семеен и социјален живот целосно, независно. Ви велам дека децата навистина се подготвени за тоа, ние не сме подготвени. Само тоа. Но. децата се подготвени и го сакаат тоа. Ако тоа не им го дадете на време, понатаму тие остануваат деца.

На 40 години не сака да се жени, или ќе се ожени на 20 години, ќе поживее неколку години со жената во семејство и потоа ја остава и пак се враќа кај мајка си. Ете таков човек воспитавме.

-Сепак би сакал да се навратам на изборот на професијата, бидејќи тоа е исто така важна тема во денешно време и тоа од аспект, кон што треба да се ориентира човекот. Кон свои некои особености, кон заработувачката? Какво треба да е влијанието на опкружувањето на возрасните за да помогне на своето дете во правењето на изборот.

-Мое мислење е дека изборот на професијата треба да се одвива заеднички со воспитувачите и семејството на возраст до 13 години. Можат да се насетат наклоностите на детето. На пример, една од моите ќерки точно знаеше дека ќе биде биолог. И тоа не само биолог, туку биолог-генетичар. Не само тоа, туку дека ќе се занимава со ракот на дојката.

-До 13 годишна возраст?

-Таа знаеше уште од помала возраст. Имаше кај неа нешто – “Сакам тоа да го работам”. Сега таа токму тоа го работи. Втората ја влечеше тоа што има завршено – филозофијата и сл. прашања. Со ова сакам да кажам дека видов, од примерот на своите деца, колку рано може да се проследуваат нивните склоности. Мене ми се чини нормално да се гледа какви афинитети има човекот, така што тука нема проблеми. Но, мислам дека не треба да има ограничувачки испити во универзитетите. Луѓето треба да се обидат да се обидат секаде. Знаењата треба да ги добиваат во отворени аудиториуми, да посетуваат курсеви, какви што сакаат. Според потребата на специјалноста мораш да завршиш одредени курсеви. Меѓутоа ако сакаш да земеш паралелно некои други, или не го сакаш токму тоа, не ти треба таа професија, сакаш нешто друго... Ние треба да му обезбедиме на човекот бесплатна обука на одредена возраст. Да се испроба на сите курсеви, нека прави што сака. Навистина тоа треба на некој начин да биде организирано. Но всушност, ако некој сака да се испроба во цртање, музика, математика и бокс – тој има право да го проба тоа. Можеби не си разјаснил целосно и не знае каде да се најде себеси. Дајте му ја таа можност, да речеме од 13-15 години слободно нека разјаснува, бесплатно. Како во денешно време кај нас во универзитетите првите две години се многу општи, без насоченост кон јасно дефинирана специјалност. Но дајте му ја таа можност. Тоа треба да го направиме. Тогаш нема да гледаме незадоволни луѓе. Во најмала рака ќе имаат поголема можност да си ја изберат специјалноста. Тогаш се положуваат основите, кои треба да се обврзувачки. На таа возраст курсеви за водење на семејството...не знам како тоа да го наречам. Бидејќи не е доволно тоа што ќе му го дадеме до 13 години, и понатаму ние треба да го придружуваме како лични психолози. Но како човек со човек. Тоа треба да се предмети, кои секое од овие деца ги изучува и треба да се со максимален презентациски материјал, каде што човекот во секој момент е придружуван со разјаснувачка работа. На каков начин тој треба да се формира. На кој начин е структурирана државата, општеството, тој во него и т.н. Тоа сé уште не ни е дадено денес. Кој сака со тоа се занимава, кој не сака не. На човек треба да му се објасни. Тој треба да знае што се тоа правни, меѓусебни односи, односи во семејството, како работи тој систем. Треба да му се даде целосно сфаќање на основите на целокупното општество. на сите проблеми, сите заемни односи, сите решенија.Тоа го немаме и луѓето се како изгубени. Возрасен човек денес не знае како да се обрати во полиција, кај правник. Какви можности и права има, како работи целиот тој систем, и државниот систем. Тој не знае ништо. За жал подготвуваат луѓе кои се затворени во семејството, работата, комфорот. Нашиот свет станува толку глобален, што не дозволува таков човек удобно да се чувствува. Значи работата врз луѓето до 20 годишна возраст е сложена систематска работа, каде од човекот вајаш сериозно суштество. Правиш од него човек. И после 20 годишна возраст, откога претходно во текот на 20-те години и 9-месечниот интраутерин развој тој добил таква придружба, тогаш можеме да мислиме дека тој може конечно сам да стане воспитувач на следните генерации после него. Тогаш треба секој од нив постојано да ги вклучува да бидат воспитувачи, бидејќи тој самиот понатаму нема да може да се развива ако не ги воспитува помладите. Тоа ги опфаќа сите. На пример, ако си математичар и се разбираш само во математика. Добро, објаснувај ја математиката. Возрасниот треба да се занимава со воспитување на следната генерација, и тоа секој возрасен. Тоа ќе направи од него возрасен човек.

-Од која возраст треба да почнува?

-Од 20 години. Не, од 20 години тој е обврзан со тоа да се занимава, но генерално ние мораме да ја вклучуваме секоја следната фаза во воспитувањето на фазата што претходи. Ги земам момчињата од 9-13 години и тие ми помагаат да ги воспитувам момчињата од 3-6 години. Ако сакам да влијаам врз момчињата од 1-3 години, не можам тоа да го сторам со 20 годишници. Тие не ги сфаќаат, не ги воспримаат. Ги воспримаат како некои механизми. Ако кај деца од 1-3 години им доведам момчиња од 3-6 години, тогаш тие за нив се Господ и цар.

-Сега ние говориме токму за периодот од 13до 20 годишна возраст и тука постои многу сериозен проблем кој јас го забележувам како специјалист. Мене луѓето ми се обраќаат за помош и совет, дека постои многу голем расцеп меѓу луѓето, нерамноправност според социјални, религиозни разлики, според потеклото. Како треба да биде изграден колективот од тие луѓе? Ние говоревме дека луѓето треба да се рамноправни и дека таа рамноправност треба на некој начин да се изгради. Како тоа да се направи? Што треба да прават воспитувачите? Како треба да се однесуваат луѓето на таа возраст?

-За жал раководните лица не го сфаќаат целиот тој проблем, или го сфаќаат но, се разочарани од наводната нерешливост на тој проблем. Проблемот е навистина голем и треба да се решава само на државно-општествено ниво. Државата го вклучува целото општество и почнува одново себеси да се формира. Тука треба да биде вклучен целокупниот нов државен апарат, кој треба да биде насочен кон тоа. Ние сега, во текот на неколку децении, тука нема што да се прави, тоа е краток историски период, да го направиме своето општество подготвено за понатамошна егзистенција, наместо да се наоѓа под закана од уништување, заемно истребување. За тоа ни се потребни големи државни ресурси, чија намена би било токму тоа. Општествена работа – сите медиуми, сите можности за влијание врз човекот и општеството треба да бидат правилно корегирани. За жал ми се чини дека ниту во една држава во светот, не мислам само на Русија, никаде конкретно тоа не се восприма како можна варијанта на развојот.

-Тоа е точно.

-За жал го констатирам тоа после многу мои дискусии со многу значајни луѓе во државите на Русија, САД. Сега ми претстои средба со генералниот секретар на УНЕСКО – организација која се занимава со рамноправноста на луѓето, обучувањето, образованието, здравствената заштата. Имам закажано лична средба и ќе имам можност да дадам одреден документ, желби за да се реализира оздравувањето на општествената ситуација, обучувањето и воспитувањето. Да ви кажам искрено можеби човештвото уште не е созреано. Не знам, но ќе ги искористам сите мои можности за да зборувам со луѓето. Особено со значајни и влијателни луѓе, но засега резултатот е нула. Можеби тоа зависи од широката дисиминација на идеите на кабала и разјаснувачката работа, која преку вас или другите луѓе, социолози, психолози ќе може да се спроведе. Масата ќе ја открие потребата за тоа. Не само потребата, тоа сите го сфаќаат, туку можноста за решение. Но, сé уште тоа е голем проблем. Мислам дека тоа не е проблем во однос на ресурсите, ниту човечките ниту материјалните. Мислам дека тоа е само психолошки проблем, дека ние се тркаламе и не чувствуваме дека можеме да запреме. Сме кренале раце и ја препуштивме следната генерација на судбината. Ништо не можеме да сториме, а и тие за жал не може ништо да сторат. Функционираат водени од својата природа, под влијание на егоистички експлозии, кои секој во себе ги чувствува и сигурно дека сликата не е со розева перспектива.

-Се согласувам со Вас. Само ми останува прашањето. Јас предавам психологија во универзитет. Од што можам да започнам за да барем малку напреднам во таа насока?

-Раскажувајте им за заедничкиот систем, за тоа што говоревме сега и во претходните дискусии. Заедничкиот систем на човекот, општеството, интеракцијата, распоредот на правилното воспитување. Токму воспитувањето, а не казнувањето, на правилна возраст, одделно воспитување до 13 години. Од 13 години понатаму ние ништо не можеме да сториме и не треба ништо да правиме. Тогаш луѓето треба да стапуваат во секакви контакти. Согласно со нашето воспитување тие веќе ќе умеат правилно тоа да го користат. Не треба човекот да има правилен однос кон контрацепцијата, туку треба да има правилен однос кон себеси и кон спротивниот пол. Не сум за какво било негово ограничување во нешто, едноставно тоа треба да биде правилно прилагодено. Да сфати каде е местото за секоја негова манифестација во однос на себеси и другите.

-Застанавме на фазата до 20-годишна возраст. Времето за нашата емисија истекува, имаме само неколку минути. Ви благодарам за тоа што раскажувавте,  ја споделувате оваа мудрост. За можноста да се пренесе тоа знаење на широките маси, бидејќи многу луѓе денес ги поставуваат тие прашања но, невозможно е да се најдат одговори во традиционалните научни извори.

-Не е возможно. Најважен принцип овде е, ќе се вратам малку, многу едноставен... Следната фаза треба да работи врз претходната. Децата од 3-6 години претставуваат воспитувачи на оние од 1-3 години. Децата од 9-13 години претставуваат воспитувачи на оние од 3-6 и т.н. Тогаш навистина човечкото општество постепено, самото себе се воспитува, поддржува. Постои заемната поврзаност, наместо антагонизам меѓу татковците и децата.

-Ова е многу убава слика што ја опишавте, можам да ја замислам...

-Но секој мора да биде вклучен во воспитувачкиот процес.

-Многу Ви благодарам. Наш гостин беше извонреден човек, кабалист, научник, професор Михаел Лајтман. Ви благодарам и ги очекувам наредните средби со Вас!

-Ви пожелувам успех на сите!

– До гледање!

Редакција

Илја Винокур, Aнатолиј Улјанов

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica