Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Тајната во образованието на децата

DecaДецата секогаш ќе сакаат да бидат како возрасните. Така, ако сакаме да се однесуваат различно, треба да научиме прво ние да се однесуваме така.
Уште во првите денови од животот на децата, се обидуваме да ги научиме за уметноста на комуникацијата. Сакаме децата „да си играат на убав начин", така што организираме празници и родендени за нив. Се грижиме како да им го зголемиме слободното време, и трошиме значајни средства за игри и вежби за нивното образование.

Задоволни сме кога другите возрасни ќе ги забележат убавите особини на нашите деца и нивната интелигенција. Но, често забораваме дека скоро секој ден, додека децата се во училиштето, треба да го полагаат испитот „како да се преживее", меѓу своите врсници.

Возрасните се секогаш подготвени да најдат заеднички јазик со децата, да им простат, и да се смилуваат за нив, додека во односите со нив децата треба упорно да се борат за своите права: да бараат и да се предаваат, да напаѓаат и да се бранат, да се навикнат на непријателството што нивните врсници го имаат кон нив. И покрај тоа што трошиме многу напори да создадеме оаза за детската среќа и благосостојба, реалниот живот на децата се случува надвор од нашиот дом.

Таму, во големиот свет, детето веднаш треба да научи да игра според различни правила. Тоа може да види дека успехот и просперитетот се заработуваат со лаги, интриги и насилство. Но, ние самите ги напишавме тие правила. Без да водиме сметка за тоа, ние ги навикнуваме децата на политиката на двојни стандарди. Секој родител ги има во главно истите мисли: „Јас сум подготвен да сторам сè за доброто на моите деца. И не само да се чувствуваат добро, туку и подобро од другите."
Со изразот „подобро од другите", полека, но сигурно си ја сечеме гранката на која седиме. Децата прво потсвесно, а потоа свесно ги усвојуваат правилата на играта. Светот е поделен на „ние" и „тие", и доколку „тие" застанат на патот на нашите интереси, „тие“ веднаш се претвораат во „злосторници". Надвор од „нашите" закони. Нема потреба да се каже, но може да видиме катастрофални резултати од таквиот секојдневен живот.

Дали има алтернатива? Кабалата тврди дека има, дека алтернатива постои, и на овој начин интересите на сите ќе бидат земени предвид. Ова значи дека без разлика на припадноста на одредена група на луѓе врз социјална, национална, верска и друга основа, на секого му е гарантирано почитување на неговите интереси. Тоа ќе стане не само правило, напишано во уставот, туку исто така и внатрешен стремеж на многумина. Тоа е возможно, под услов секој човек, без исклучок, да го следи правилото „ако нешто мразиш, не го прави истото на твојот пријател". Едноставно со почитување на тоа правило, буквално, животот би се променил на подобро, и ние веднаш би го забележале тоа.

А децата? Децата секогаш ќе сакаат да бидат како возрасните. Ако ние возрасните, почнеме да се однесуваме на поинаков начин, децата веднаш ќе нè имитираат. Во детските градинки, училиштата и на улица, ќе се појават нови игри, во кои децата, едни од други, ќе учат да живеат во еден добар свет. Затоа, најдоброто што можеме да го сториме за нашите деца е да започнеме самите да се информираме.
Препорачуваме: Ако ви се допаднаа статиите за едукацијата во овој дел, тогаш ќе ви се допаднат и статиите во нашето Кабала издание.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica