Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ароса - Мудроста во акција

                

„Меѓународниот клуб од Будимпешта"
заедно со
„Светскиот совет на мудроста"
ни претставува
Мудрост во акција

Дел 1: Од Токио до Ароса, од план до акција

Имаме заедничка цел што ја развивме во Токио. Тоа е всушност „Создавање на нова цивилизација". Овде, секој збор е важен:
СОЗДАВАЊЕ- нешто што треба да го направиме; нешто што можеме да го направиме.
НОВО- бидејќи не е тој свет што го имавме до сега, и
ЦИВИЛИЗАЦИЈА- бидејќи не станува збор само за бизнис, само за политика, само за екологија... Тоа е една целина од сè ова. Тоа е начинот на кој живее човештвото на оваа планета.

Во Јужна Швајцарија има еден мал град кој се вика Ароса, и е познат како едно од најпосакуваните места за одмор и скијање во светот.
Ароса е сон на секој скијач. Нуди најмодерни услови, и привлекува илјадници скијачи и посетители секоја година. Но, во 2004 година, Ароса ја промени својата намена по која беше познат, со тоа што стана место за средби на Светскиот форум за духовност.

Втората средба на Светскиот форум за духовност се одржа на 22 јануари 2006 година. По тој повод, членовите на Светскиот форум за мудрост, беа негови гости.
Познати научници, филозофи, или духовни лидери од целиот свет, се на пат кон Ароса. Тие се среќаваат кога во исто време на другата страна од планината се одржува друга Конвенција во Давос. Исчекувањето расте.
На овој собир едно е јасно: Судбината на овој свет е во опасност.

Да, но, како го постигнуваме тоа?
– Со развивање на духот.

Се надевам дека овој собир ќе ни овозможи да ги здружиме идеите во врска со духот, со што ќе ни се отвори можност да се поврземе со светот на духовноста.

Само ако се здружиме, и дејствуваме заедно, без оглед на тоа колку мало ни изгледа ова, само тогаш може да очекуваме порив на позитивна надеж, која се надевам се јавува на време за да го спречи опаѓачкиот тек на случувањето на работите по надолна линија.

Не е важно само да зборуваме за ова, туку важно е да создадеме програми/планови и да се трудиме да ги реализираме и развиваме.

Овде дојдов со отворен ум и со отворено срце. Знам дека сум на вистинското место, и со големо нетрпение ги очекувам следните неколку дена.

Се трудам да ја замислам најдобрата можна иднина за човештвото, и какви чекори треба да преземеме во врска со тоа, како можеме да ги охрабриме луѓето на секое поле од животот, во секакви организации, да дојдеме до поимот вистинско глобално семејство, и како да го реализираме светот за којшто сите сонуваме.

Заврши нашиот живот на изолираност. Треба да научиме како да се поврземе со нашите браќа и сестри од целиот свет, како да навлеземе во период на духовна/спиритуална поврзаност и солидарност во нашето единствено семејство- човештвото.

Мислам дека ако се зголемува бројот на луѓето кои ќе најдат апсолутно сериозен предизвик, после овој собир, -не само да се преживувее, туку да се живее во благосостојба, тогаш имаме извонредна шанса!

Моја најголема надеж за собирот во Ароса, е дека ќе можеме да го осмислиме и реализираме тоа, и всушност да ја почувствуваме силната поврзаност меѓу нас, со што би создале врски што ќе ги сплотат луѓето од целата планета, на сите нивоа, од обични луѓе, до лидери, да ги поврземе во овој нов дух на понатамошно градење на една глобална цивилизација.

Дел 2: Мора да дејствуваме!

Мудрост во акција

По патувањето од Цирих, со познатиот воз Ориент Експрес, Конгресот започнува.

Ви посакувам топло добредојде повторно овде во Ароса, по трет пат. Три дена се пред нас. Нема да бидеме заедно цело време. Сега би сакала да ја најавам почетната церемонија.

Учесниците преминаа директно на темата за која сите дојдоа. Започнаа со дискусиите.

Д-р Гудал, можете ли да ја го отворите собирот?

Има две причини заради кои ми е многу мило што ме поканивте да го направам ова. Пред сè, бидејќи на многу собири од овој тип, се заборава гласот на животните. Зборуваме за нив како дел од животната средина, но, забораваме дека тие се индивидуални суштества со свој посебен живот.

Да го оставиме сега тоа на страна, да замислиме дека сме во шума. Мислам дека во шумата го открив она што се опишува како „мир над сите сознанија/ сфаќања/разбирања/ ". И ако можеме да почувствуваме мир во светот денес, тоа е отаде нашите сетила/сфаќања/разбирања/, и тоа е мир кој мора да се стремиме да го постигнеме, да го носиме во нас.

Знам сè за мирот, бидејќи никогаш не сум имал војна. Ако навистина сакате да знаете како изгледа мирот, дојдете, можам да ви кажам.

Сега целото внимание е насочено на предлозите. Обидувајќи се да не пропуштат ниеден збор, луѓето во салата ги обзема сериозна внимателност, и учесниците ги обедини чувството на поделена одговорност.

Браќа и сестри, сакам да се потсетиме дека се наоѓаме во трка со времето. Ние сме првата генерација што треба да одбере дали ќе биде последна. Она за што понатаму би сакал е да се потсетиме на нуклеарното оружје, тоа е почетно предупредување; аларм кој се активира воздухот; инструменти за уништување отаде имагинацијата; не шест милиони, туку шест милијарди луѓе се во опасност додека зборуваме; дваесет и три минути се доволни за да се активира цело нуклеарно оружје . Не можеме да дозволиме нашата анализа да биде сведена на естетика. Нашата анализа мора да има многубројни, моќни капацитети: 1- Мора да ги разбуди луѓето на внатрешен план за мистеријата во врска со човековото раѓање. Мистеријата, понизност пред неименуваното.

За мене тоа е како повеќе бротчиња што пловат во океан, и се обидуваат да одредат по кој пат да одат, кој правец да го заземат. И чувствувам дека Светскиот совет за мудроста првенствено има улога на куќа со светлина, и праќа светлина пред сите бротчиња, и станува водечко место; и дава светлина, и шири светлина, за да можат овие бротчиња да дознаат до каде да пловат.

Сакам да го споделам моето лично чувство и искуство кое е многу стимулирачко и ме покренува; а потекнува од класичниот кинески текст наречен „Доктрина на Злото". Само оние кои се најискрени, автентични, реални, вистински, можат во потполност да се реализираат. Ако можат потполно да се реализираат, можат да ја реализираат и природата на човечкиот род. Ако можат целосно да ја реализираат природата на човековиот род, можат да учествуваат во трансформирачкиот и корисен процес на небото и земјата. Ако можат да учествуваат во трансформирачкиот и корисен процес на небото и земјата, тогаш можат да формираат тројство со небото и земјата.

Најубавата работа во врска со тоа да се биде човечко суштество е тоа што секој од нас има апсолутно единствено гледиште во врска со универзумот. А од наша перспектива и наше сознание, и според нашите вредности и чувства, ние ги создаваме нашите реалности и тоа го правиме заедно. Но, исто така можеме да ја отстраниме од нашите тела, онаа перспектива што навистина потресува кога мислиме на неа. И така, кога ќе нè депримира она што ќе го прочитаме во весник, кога ќе помислиме дека навистина нема надеж, само да погледнеме од повисока гледна точка, ја надминеме/презираме човековата драма и да распознаеме со нашите критички способности што се случува, без да осудуваме, само да забележиме зошто сега се случува човековата драма, и која е најдобрата улога што можеме да ја одиграме во неа.

Нашата вистинска цел во животот е да го реализираме Бог. Да ја спознаеме реалноста, кои всушност сме. Ние сме совршени деца на Бог- бесмртни, вечни, и веќе во Божјата Светлина.
Една од темите кои се дискутираат на Светскиот економски форум оваа година, се миризбата во ноздрите на Бог. Во петок, тема за дискусија- „Топењето на арктичкиот мраз може да ги отвори огромните ресурси со нафта што лежат под него." Некој сака да профитира од катастрофата што доаѓа.

И тоа е проблемот на планетава. Не постои некој друг надвор од земјава што ни создава неволји, но, нема ни кој да ни помогне, така, ако погрешно постапиме, потоа ќе треба да живееме со тоа. Тоа е проблем на колапс.

Мислиме дека сакаме пари, моќ; имаме секакви желби. Во основа, она што го сакаме е да изгледаме добро во очите на општеството, и тоа е она што ги прави луѓето да се чувствуваат како личности. Така, ако ги промениме општествените вредности во врска со давањето, луѓето ќе треба само да го променат своето однесување. Ако вештачки ги промениме социјалните вредности, така што општеството ќе ја цени личноста само според тоа што тој или таа дава, тогаш луѓето ќе се засрамат од тоа што се егоисти и на некој начин ќе бидат принудени да даваат на општеството. И ако моите деца ме ценат според тоа колку давам на општеството; ако моите деца, соработниците, и сите, ме ценат според тоа колку давам на општеството, тогаш ќе немам избор, ќе морам да придонесувам; ќе мора да давам.

Мислам дека нашиот прв чекор треба да биде формирање еден постојан центар кој што ќе се занимава со сè што е поврзано со формулирањето на нашата порака и нејзино прикажување во светот.

Планови

Светот е во ризик. Ако тоа се промени, значи дека има суштествена трансформација. Оваа суштествена трансформација главно зависи од развојот на нашата свест; и таа мора да се прошири.

За да создадеме нова цивилизација, клучен елемент е да ги разбудиме луѓето.

Кој талент го има ова во умот и во срцето, за да може да го изведе целосно?

Ако мислите дека оваа состојба не може да се промени, тогаш, навистина се сложувате со изреката: „Таква е човековата природа; мора да се натпреварувате, и победникот зема сè."

Силно верувам дека оваа промена може да се направи во временска рамка од помалку од 10 години. Знаете, сега сме во криза, мора да дејствуваме брзо.

Дојдовме тука со очекување дека ќе го продолжиме проектот од Токио, ќе дојдеме до ниво на пракса- да направиме нешто.

Назад кон центарот на интерес

Зошто прво не ја проучиме реалната ситуација?

1. Проект за будење
2. Светска академија на мудроста
3. Институт на Светскиот совет на мудроста
4. Светски сојуз на мудроста
5. Канал на мудроста
6. Проект за спречување на катастрофи
7. Денот- Д -21.09 од секоја година (2006, 2007)
8. Проект за вклучување на младите
9. Спречување на конфликти

Добро, изгледа стигнавме до деветтата точка- проекти за „Мудрост во акција".

Се наоѓаме на раскрсница, и нема судбината да одлучува. Се наоѓаме во момент кога ќе се одлучува за иднината на човештвото, но како размислуваат луѓето за тоа денес, и како се однесуваат- свесност, будење; ова се клучните зборови. Имаме шанса да направиме промена. Едно нешто што треба да го сфатиме е дека промената мора да се случи. Промената доаѓа. Единственото прашање е дали таа доаѓа неочекувано и наеднаш, така што не можеме да направиме многу во врска со тоа, и стануваме нејзина жртва, или пак дали можеме да ја предвидиме, да направиме главни промени кои ќе донесат подобра иднина. Тоа е новата задача на генерацијата во денешно време. Претходно, беа потребни повеќе генерации што можеа да се адаптираат, да предвидуваат, и да го откријат начинот на живот кој го посакуваат. Денес, тоа треба да се направи во рамките на само една генерација.

Тогаш сето ова е за доброто на идната генерација. Таа ќе треба да го продолжи она што го започнале основачите. Во Ароса, тие дискутираат за спроведувањето на конкретни проекти, и членовите на Светскиот совет на мудроста ќе се сретнат пак во Токио, за да продолжат да го обединуваат светот кон промена, за доброто на новата генерација.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica