Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Екологијата и ние

„Се среќаваме со вистинска планетарна криза. Таа е морален и духовен предизвик на севкупното човештво", драматично изјавил поранешниот председател Ал Горе кога ја примаил Нобеловата награда. Но, кога се спуштила завесата на сјајната церемонија доделување на наградата, се појави прашањето: Дали нашата зголемена свесност за околината ќе не заштити од еколошка криза?

За да ја преземеме контролата врз еколошката криза, мораме најпрвин да ги разбереме причините, преку набљудување на природата и нејзините системи. Истражувачите на природните системи во физиката, биологијата, хемијата и другите науки, утврдиле дека сите делови на Природата се наоѓаат во постојана равнотежа. Тие елементи меѓусобно се поврзани и зависни до толкава мера да нанесување штета само и на најмал дел ќе доведе до исфрлање на целокупниот систем од равнотежа.

Мајмуните знаат најдобро

Тајната на природната равнотежа се базира врз взаемна грижа на сите нејзини делови. Оваа взаемна грижа е највоочлива во животинското царство: од инсекти до цицачи кои јасно ја покажуваат грижата за другите, како мравките, пчелите, мајмуните и слоновите од наједноставните микроби во нашето тело кои си помагаат едни на други во пронаоѓањето феритни (железни) врски. Истражувачите откриле дека делење не постои помеѓу растителните врсти, па дури и неживите честички извршуваат разно-разни акции како би го одржале објектот кого го создаваат.

Др. Џени Гудал, која својот живот го посветила на проучување шимпанзи во нивно природно место на живеење, има сопствено големо искуство за живеење во Природа: „Го пронајдов она што се нарекува мир над секакво разбирање и кога денеска би сме живееле да го осетиме мирот во светот, треба да тежнееме да носиме таков мир во себе".

Човекот наспроти Природата

За разлика од сите други суштества, луѓето постојано ја реметат совршената равнотежа на природните системи. Ја искористуваат околината, уживаат во туѓата мака и се издигаат себе си на туѓи рушевини. Вистина, не сме секогаш свесни за сопствените постапки. Но во Природата непознавањето на законите не го ослободува поединецот од казна.

Дали ние тоа го разбираме или не ние сме составен дел на Природата. Според тоа, кога се однесуваме егоистично кон сопствената околина, обидувајќи се да ја искористиме, предизвикуваме неравнотежа во целиот систем.

Како резултат на тоа Природата прави се како би ја вратила равнотежата на системот. Нејзиниот одговор е автоматски, исто како кога притисокот на земјината кора ќе се зголеми до тој степен да надворешниот слој на земјата повеќе не може да го задржи, па имаме ерупција на вулкан.

Минералите, растенијата и животните инстинктивно се потикнати да одржуваат природна равнотежа, човекот има единствена можност да се доведе во равнотежа со Природата по пат на слободна воља. Тоа е човековата посебна улога во Природата. Ако независно одлучиме да се доведеме себе си во равнотежа со Природата, ќе се издигнеме на ново ниво на постоење и искуство на совршенство со кое Природата е надарена

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica