Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Еколошката криза е само симптом

Еколошките проблеми со кои се сретнуваме се само симптоми кои укажуваат дека не сме во равнотежа со Природата. За да ја решиме еколошката криза, треба да ги научиме законите кои делуваат во Природата и истите начела да ги вметнеме во нашето друштво.

Со други зборови,трба да го спроведуваме општиот Природен закон, на човечко ниво. Тоа значи да ги усвоиме природните начела на меѓусебна взаемност и грижа еден за друг.

Значи ли тоа дека луѓето треба да се грижат за потребите на другита? Да тоа навистина звучи утопистички. Всушност, во денешниов свет се освен љубовта помеѓу човечките суштества има смисла: насилство, криминал, злоупотреба на дрога, депресија, самоубиство, сиромаштво и сегрегацијата се сметаат за рутина и возможно случување. Иако нити едно од овие зла не подржуваме, ги гледама како неизбежни нус појави на нашите животи, зар не е така?

Погрешно. Всушност се што горе набројавме во целост е неприродно. Природата е беспрекорна и дејствува во потполна складност. Сите проблеми во светот произлегуваат од нашиот несклад со законите на Природата. Како не разбираме дека сме составен дел од Природата, мислиме како егоистичните ставови кои ги имаме едни кон други не се поврзани со проблеми како еколошка криза. Во пракса, што и да направиме влијае на секое ниво на Природата, вкључувајќи ја и екологијата.

Нашето занемарување на околината иде паралелно со нашето меѓусебно занемарување. Па одтука, не можеме вистински да се обидеме да го исправиме нашиот однос кон околината занемарувајќи го при тоа односот помеѓу нас самите. Ал Гореов искрено го повика светот на будење и соочување со предизвикот на нашата околина кој е исто така важен. Но да можеме тоа да го разбереме нам ни треба метода со чија помош ќе ја откриеме потполната слика на Природата и која ќе ни овозможи да стапиме во равнотежа со сите нејзини елементи, вкључувајќи не и нас самите.

Кабалистите во своите книги ни прикажуваат токму таква метода. Тие опишуваат пат кој чекор по чекор доведува до вистинска, позитивна промена. Таа промена започнува со исравување на нашите меѓусебни односи и води кон совршенство во сите подрачја на нашиот живот.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica