Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалистичко толкување на економската криза

laitman 2012-06-07_5956_wМихаел Лајтман - Егото нè присилува да ја зголемуваме добивката на штета на другите, што е спротивно од равнотежата помеѓу елементите во природата, кои се витални за да постои хармонија.

Случувањата околу американска и глобална економија докажуваат дека овој пат е сериозно – глобалното стопанство е во длабока криза. Што е тоа што ја создава оваа луда турбуленција и како може да се закочи? Кабала дава објаснување, како и сугестиите за решавање на кризата.

Па како во секој општествен систсем, така и овде, работата е во заемноста. Кризи во кои еден елемент ги „инфицира" другите и го доведува пазарот до работ на пропастта, се дел од знаците на економска глобализација. Поради тоа сме сведоци на пукање на кредитните и имотните меури во САД, што доведува до заразен колапс на берзата, во банките, фирмите и осигурителните куќи низ целиот свет.

Обидот на решавање на стопанските кризи по пат на познати модели е осуден на пропаст. Се испоставува дека економскиот систем не може да биде контролиран ниту прецизно да се  пресмета, така што едно движење на едно место во светот предизвикува озбилни последици на друго место

Науката кабала тврди дека, доколку ги разбираме законите кои управуват со природата и ги следиме, можеме да утврдиме лично разбирање на она што го содржи иднината, како и  предвидувањата на следниот пад (колапс).

Проф.д-р. Гинтер Блобел, награден со Нобеловата награда за филозофија и медицина, инаку постар истражувач на Рокфелеровиот Институт во Њу Јорк,неодамна беше вака цитиран: „Дури и и науката верува дека принципот на меѓузависност е клуч на постоење на целиот систем во природата." Најдобар е примерот на клетките во човечкото тело.Тие се поврзуваат едни со други со меѓусебно давање во корист на целото тело. Секоја клетка прима она што ѝ е потребно за да опстане, а остатокот од својата сила го употребува во телото како целина.

Bо своите написи, кабалистички мудреци исто така ја опишуваат „повисоката природа" како сила која ја обзема сета стварност со љубов, и објаснуваат дека нејзина задача е да ги доведува сите елементи на стварност во склад и рамномерност. И кога добро ќе ги погледнеме односите во природата, ќе видиме дека се во рамномерност и склад-тоа што овозможува живот.

Од друга страна, во вештачките системи кои ги изградило човештвото за себе, на сила се спротивните закони. Во самиот темел на човечкото однесување, кое управува со сите економски и општествени системи, стои егото, кое секогаш дава предност личните интереси на инвеститори и акционери, над општото добро на јавноста. Трка за богатството, слава и контрола на штетата на другите е врвен приоритет на сопственикот на фирмата.

И тоа е прав ќош во кој се сместиле себе си: што повеќе сакаат да се раздвојат едните од другите, сè повеќе согледуваат дека сите сме поврзани. Како резултат на тоа, се гледаме дека сме заглавени помеѓу каменот и тврдото тло. Егото нè бутка да се разделиме едни од други, а од друга страна, глобализација нè притиска да сфатиме дека сме поврзани и дека мораме да се сооединиме, како клетките во телото. Оваа сложена состојба прави внатрешен конфликт, кој нам ни е тешко разбирлив.

За да може општествени систем да опстои, мора да се изедначи со законите на природата. Решение е во образование. Представници на пазарот треба да се занимаваат со коренот на болестта, наместо што привремено ги делат аналгетиците.

А за да се случи тоа,кабала тврди дека предходно мора да се превземат   одредени чекори:

* Користење на разни медиски канали: за да луѓето се освестат за фактот дека сите сме едно повеќеклеточно тело, и дека сме поврзани едни со други. Секој поединечна клетка (секоја поединечна личност), ќе мора да разбере дека е за неа најпрофитабилен модел – неговата среќа , на ближните. Тоа е еиднствнеиот начин за да било кој  би можел да гарантира сопстевена стабилност.
* Направете сè за да јавноста стане свесна за причината на кризата. Луѓето на тој начин ќе сфатат дека постои закон кој дејствува на целиот систем во природата, и дека сите тешкотии кои сега ги преживуваме се резултат од нашето дејствување кое е спротивно на тој закон. Примери на тоа можат да се земат од системите во природата и од меѓусебните добробитни односи помеѓу нив.
* Тие кои одллучуват ќе мора да научат како работи општиот систем на природата, кои импликации ги имаат во однос на потребните промени во човековите системи кои мораат така да се направат за да се доведат во рамномерност.

И така, кога тие што влијаат на нашите животи ќе почнат да дејствуваат во овој смер, ќе успееме да го извлечеме светот од калта во кој е сега до гуша, и да се изведе на сигурно тло.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica