Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Колапсот е заразен

Моменталниот пад на доларот повлекува сеќавања на ситуацијата која ја довело до колапс LTCM. Иако доларот паѓа веќе некор време, најдраматичен пад на вредноста е предизвикан со промените на кинеската политика. Кина која прагматично се занимава со својата сопствена економија почна да се одалечува од доларот и почнала да го пренасочува плаќањето на инвестициите со други монети.

Како ехото на оваа одлука одекнал низ светот, земји како Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Венецуела, Судан, Иран и Русија, почнале исто така да разгледуваат опции за исфрлање на доларот од пазарот како би ги сочувале сопствените имоти. Сличен тренд се случил за време на рецентне тн. суб-приме хипотекарна криза (хипотеки дадени со ризични позајмувања) која почнала во САД и се раширила по цел свет. Ефектите на тоа фијаско се далеку од завршени. Најголеми ударни бранови се почувствувале во Европа, Азија, Канада и Австралија. Кризата зафати многу корпорации, производители, маркетиншки компании па дури и фабрики кои се занимаваат со висока технологија.

Стално по малку на површина излегува чувството на глобалната економска криза. Сите обиди да се предвидат економските трендови се покажаа залудни. Денес прашање за милион долари: Како да се воспостави вистински, сигурен, стабилен економски систем?

Системи помеѓу нас

Одговорот е всушност прилично едноставен, говори Мудроста Кабала. Уште подобро е што неморате да бидете брилијантен економист за да разберете за што се работи. Но треба да разберете дека ние и се она што работиме, вклучувајќи ја и економијата, мора да ги пратат законите на универзалниот систем кого го нарекуваме Природа.

Кабалистите говорат дека крајниот план на Природата се состои во доведување на сите свои составни делови, вклучувајќи не и нас во совршено единство. Во рамките на човековото друштво тоа обединување значи дека работата на секој поединец и користи на целината. Најдобар пример за такво однесување се клетките на живото тело: меѓусебно се поврзани и си даваат едни на други и би му користеле на телото како целина. Во тој совршен систем, телото ги снабдува клетките со се што ним им е потребно, а клетката е посветена и ја осигурува добробита на целото тело. Во својата статија „градење на идното друштво" Кабалистот Баaл ХаСулам пишува како "...Природата го обврзува секој член да ја прими потребата од друштвото, и да со сопствената работа и допринесе на својата околина."

Вештачките системи кои сме ги воспоставиле внатре во друштвото стојат спротивно од Природниот план. Во основа на човековото однесување се наоѓа егото, кое ги движи тие системи. Нашето его преферира ограничен, личен интерес над добробита на целината и заговарува потреба за богатство, почасти и контрола па дури и на туѓа штета.

Сето ова повлекува, прави паралели со економијата. Во нашиот на его базиран економски систем, само интересот на капиталот и на вложувачите е главен приоритет на секоја фирма. Дури и во ситуации каде компаниите му даваат придонес на друштвото. Не можеме а да не се запрашаме нели е таквиот чин всушност едноставна желба да се величи нечие име по медиумите поради уште поголем публицитет и живописна репутација.

Глобализација + Его = Крај на слепата улица

После иљадници години егоистичен развој, коначно се наоѓаме стиснати в ќош: што повеќе сакаме да профитираме едни од други, се повеќе ја согледувам нашата взаемна поврзаност, како погоре опишаните клетки во живо тело.

LTCM-от колапс пред десет години, моменталната кредитна криза и актуалниот пад на доларот демонстрираат колку се нашите системи меѓусебно поврзани.

Најмал потрес на локален пазар може да предизвика потрес на глобалната економија. Уште повеќе секоја акција која ќе ја направиме како потрошувачи, делува на целата скала на останатите системи. Како „Ефект на пеперутка", метафора за математички хаос-„Потрошувачки ефект" делува на ист начин. Кога некоја тетка Марта од пазар иде да пазари во комшискиот трговски центар, она значајно влијае на животот на многу луѓе од дел на светот. Од производите кои ги купува може да зависи дали фабриката ќе продолжи со производство, дали некоја фамилија ќе треба да се пресели и дали некое дете ќе биде спасено од гладовање. Дедо Здравко дома ги менува програмите на телевизорот и така делува на целокупното гласачко тело. Само едно стискање на далечинскиот управувач може да влијае на вработувањето и животите на иљадници луѓе.

Глобализацијата го направи нашиот свет толку кршлив да и најмала пукнатина може да предизвика целосен распад. Локалните случувања како хипотекарна криза во САД, природни непогоди, терористички напад или звецкање на оружјето во Персискиот залив директно влијаат на цените во меѓународната размена и и претат со нестабилност на глобалната економија.

Кој е излезот?

„И чудно е како Природата, како прониклив судец, не казнува според нивото на нашиот развој. Нашите очи тоа можат да го видат: што повеќе човештвото се развива, поголема е болката и маката со кои го плаќаме самоодржувањето".
Баал ХаСулам, „Мир"

Мудроста Кабала и дава значајно поширока перспектива на нашата ситуација. Објаснува дека сме како деца во песочен часовник кој се нарекува Земја. Природата постепено не развива, како родител кој го учи своето дете: што повеќе растеме, повеќе од нас се очекува.

Кабала објаснува дека човештвото проаѓа низ два паралелни процеса. Од една страна Природата не турка кон обединување и делување на сите нас како едно тело. Од друга страна човечкиот егоизам постојано расте. Самиот факт што овие два процеса се случуваат истовремено воопшто не е случајна.На овој или оној начин човештвото ќе мора да го сврти својот егоизам и да делува како едно тело. Но на место Природата да не натера да ја направиме таа промена, кабалистите сугерираат на кој начин можеме сами да ја превземеме контролата над тој процес.

Тие објаснуваат да преку едукација можеме да ја подигнеме свеста кај луѓето за тоа дека човештвото е како повеќе клеточно тело и дека сме сите меѓусебно поврзани. Учејќи за севкупните Природни системи и нејзините принципи, луѓето точно ќе разберат кои промени треба да се исткаат во нашиот друштвен систем како би станале избалансирани со системите на Природата.

Делувајќи во склад со Природата, ќе просперираме во секој сегмент на нашите животи, вклучувајќи го тука и оној економскиот. На среќа веќе имаме наука која го објаснува вистинскиот план на Природата. Таа наука се нарекува Мудроста Кабала.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica