Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Потрошувачки ефект

Глобализација на економијата значи врзување на секој локален пазар за светскиот.Актуелниот пад на доларот, предизвикан со проблемите на кинескиот пазар, јасно покажува колку се локалните пазари независни.

 

Го откривме првиот начин на делување во поврзаниот систем – а има ли подобар пример за проучување од оној на Природата, Мајка на совршените, интегрирани системи.

Ја освоија главната награда (замалку)

Шолеш и Метрон биле сигурни дека играта на берза е како фрлање со коцки:на едноставен начин може да се измери можноста на секој резултат. Нивниот план се состоел од прецизно предвидување на пазарот преку статистички студии.

Двајцата научници составиле група од истакнати професори по математика и економија. Потоа заедно со својот амбициозен брокер формирале приватен инвестициски фонд, чија цел е профит под било кои услови на пазарот. Го нарекле Долгорочен Менанџмент на Капиталот (LTCM – Long-Term-Capital-Management). Фондот развил инвестициска политика базиран на математички модел,со седиште во престижното предградие покрај Wall Street и започнало со работа.

За само четири години, фондот станал предмет на завист на секој банкар и трговец на Wall Street. Ветерани од берзата па и оние сметани за прави ајкули не можеле да поверат дека фондот искористил неверојтани 40% годишен поврат без губитоци и флуктуации. Се чинеше дека научниците открија волшебна формула на начин да ги идентификуваат причините во светот на непредвидливото. Со други зборови нашле начин да заработат многу пари.

Биле импресионирани и инвеститорските банкари, инаку во бизнис светот познати како крајни скептици. Всушнност биле толку импресионирани да се понудиле да го зацврстат фондот со кредит од 100 милијарди американски долари, не барајќи ја притоа вообичаената гаранција. Фондот набрзо бил поврзан со сите банки на Wall Street и на тој начин го поставил комлицираниот ланец на врски каде секоја карика делува на целиот ланец.

LTCM се чинеше непобедлив се до една судбоносна ноќ, во септември 1998. Балонот изненадно пукна. Катастрофата започна со наизглед безопасна случка - пад на вредноста на тајландската валута бахт. Ова предизвикало распродажба на дел од азиската и источноевропската берза, и таа топка снег продолжила да се тркала се додека не дошла до LTCM. Фондот претрпел потполн колапс предизвикувајќи невиден потрес во сите светски економски системи. Се чинеше дека берзата иде право во точка без повраток. Со драматичен потег легендарниот Председател на Федералните Резерви на Соединетите Амерички Држави, Алан Греенспан кој ги наговорил водечките банкари на Wall Street и Европа да итно се состанат позади затворена врата. На крај само молитвите на економистите и многу скапа одлука да LTCM се спаси, го спасија светот од уште подлабока економска криза.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica