Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

За Баал ХаСулам

Баал ХаСулам - Раби Јехуда Ашлаг

altРаби Јехуда Лајб ХаЛеви Ашлаг (1884-1954) е познат како Баал ХаСулам (Сопственик на Скалата) по „Сулам“ (Скала) коментари на Книгата Зохар.

Баал ХаСулам го посветил својот живот на интерпретации и иновации на мудроста Кабалата, ширејќи ја во Израел и низ целиот свет. Тој развил единствена метода за студирање на Кабалата, со која било која личност може да истражува во длабочините на реалноста и да ги открие неговите корени и целта на постоење.

Баал ХаСулам е роден во Варшава, Полска на 24 Септември, 1884. На деветнаесет годишна возраст бил поставен како рабин на најголемите рабини во Варшава, и шеснаесет години тој служел како Дајан (Еврејски ортодоксен судија) и како учител во Варшава.

Учител на Баал ХаСулам бил рабинот Јехошуа од Порсов. Во 1921, Баал ХаСулам  емигрирал во Израел и се сместил во Стариот Град на Ерусалим. Зборот за неговото доаѓање брзо се раширил помеѓу Евреите кои емигрирале од Полска, и тој наскоро станал познат како авторитет по Кабала. Постепено, група студенти се формирала околу него, посетувајќи лекции по Кабала во ситните саати. Подоцна Баал ХаСулам се преселил од Стариот Град и се сместил во Гиват Шаул, што тогаш било нова населба во Ерусалим, каде неколку години тој служел како комшиски Рабин.

Баал ХаСулам од 1926-1928 живеел во Лондон. За ова време во Лондон тој ги напишал коментарите на Ариевото Дрво на животот - Паним Мабериот уМазбирот, што го испечатил во 1927. За време на неговиот престој во Лондон, Баал ХаСулам воспоставил обемна соработка со неговите студенти во Израел,  што е  собрано во книгата наречена Игрот Кодеш (Писма на Светост) објавена 1985

Во 1933 Баал ХаСулам ги објавува трактатите Матан Тора (Давање на Тора), ХаАрвут (Заемна гаранција), и ХаШалом (Мир).

Најголемите дела на Баал ХаСуламови , резултат на многугодишна работа, се Талмут Есер Сефирот (Студијата на Десетте Сефирот), коментарите на пишувањата на Ари, и Перуш ХаСулам (Коментарите за Скалите)на книгата на Зохар. Публикациите на 16 делови (во шест книги) на Талмут Есер Сефирот започнале во 1937. Во 1940 тој ја објавил Беит Шаар ХаКаванот (Влезна куќа на намерите), со коментари на одредени пишувања од Ари. Першух ХаСулам на Зохар била печатена во 18 книги во годините 1945-1953.  Подоцна Баал ХаСулам напишал три дополнителни книшки што содржеле коментари за Новиот Зохар чие што печатење било комплетирано во 1955 , по неговата смрт.

Во неговата Претставување на Книгата на Зохар, Баал ХаСулам напишал, како што следи (предмет 58) : И јас ги нареков тие коментари Сулам, Скала, да покажам дека намената на тоа е, како со секоја скала, да го достигне таванот полн со добри работи, тогаш се што ви треба е скала за да ги досегнете,и тогаш сите добрини на светот се во вашите раце.

Баал ХаСулам напишал серија на претставувања што го припремаат студентот за соодветно студирање на Кабалистичките текстови. Некои од овие претставувања се Вовед во Книгата на Зохар, Претставување на Книгата на Зохар, Вовед во Мудроста на Кабалата, Вовед во Сулам коментарите, Генерален Вовед во Дрвото на Животот, и Претставување на Талмуд Есер Сфирот.

Во 1940, Баал ХаСулам го објавил првото, и како што излегло, последното издание на журналот ХаУма (Нацијата). Журналот бил затворен од тогашните Британските власти, по примањето на пакосна информација дека журналот пропагира комунизам.

Баал ХаСулам  искусил ексстремни потешкотии при печатењето на неговите книги. Ние можеме да учиме од важноста што тој ја опишал за печатењето и ширењето на Кабалата од описот на Израелскиот наградуван Лауреат за 2003 Професор Шломо Гиора Шохам, за неговиот состанок со Баал ХаСулам во раните 1950ти.

Го најдов како стои во трошна зграда, скоро колиба, во која имаше стара преса за печатење. Тој не можеше да си дозволи да плати сложувач на букви и го работеше самиот сложувањето, буква по буква, стоејќи над пресата за печатење со саати, навремено, и покрај фактот што тој беше во касни шеесетти. Ashlag беше очигледно Тzaddik (праведен човек)- скромен човек, со лице кое зрачи. Но тој беше апсолутно маргинална фигура и ужасно истоштен. Подоцна слушнав дека тој провел толку многу часови сложувајќи, така да оловото што се користи во печатачкиот процес го оштетило неговото здравје. Овој извадок бил објавен на Дек 17, 2004 во Haaretz  весникот, во сторијата од Миша Оденхајмер.

Баал ХаСулам не ги ставал често своите идеи на хартија; тој делувал активно да ги промовира. Тој се сретнал со многу водачи на Еврејски населби во Израел од тоа време, лидери на работничко движење и многу јавни личности. Меѓу тие личности се Давид Бен-Гурион, Цалман Шацар, Моше Садех, Хаим Арлоцоров, Моше Арам, Меир Јари, Јаков Хацан, Дов Садан и големиот поет Хаим Наман Биалик.

Според Бен Гурион, тој се сретнал со Јехуда Ашлаг повеќе пати, и бил видно изненаден: Јас сакав да зборувам со него за кабалата, а тој сакаше да зборува за Социјализмот (Архивот на Бен Гурион, дневници, Авг 11, 1958.)

Во неговиот есеј Три Состаноци и Помеѓу (Амот, Тел- Авив, 1963, п. 49), Дов Садан пишува: “Рабинот Јехуда Леиб Ашлаг, помеѓу најголемите Кабалисти на времето, се стреми да ги претвори фундаменталите на Кабалата во историски мотор на нашата генерација. Преку социјалистичката перцепција, што е базирано на горенаведеното, тој бара контакт со Кибуц движењето“.

Може да биде изненадувачки да се мисли дека Баал ХаСулам барал контакт со Еврејското Работничко Движење и неговите лидери, земајќи ја во предвид менталната и образовната бездна помеѓу нив. Како и да е, длабокото проучување на неговите пишувања открива фасцинантна и интригантна фигура  на Ерудит кој бил многу вмешан во случуваеата од неговото време, и двете во Израел и низ целиот свет, фигура чии идеи се сметаат за револуционерни и предизвикувачки дури до денес.

 

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели