Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Предговор кон Птиха

 1.Во книгата Зохар, (неделна глава „Тазрија”, стр.40) е запишано: „Сите светови, како Вишите, така и нижите, се наоѓаат во човекот. Сè што е создадено во светот, создадено е заради човекот, и сè живее и се развива благодарение на човекот. Но зарем не му е доволен на човекот целиот овој свет, што се наоѓа во него, и постои за да му служи и да го развива, па му се потребни уште и Вишите светови?

2. За да се објасни ова, би требало тука да се презентира целата наука кабала, но во таков општ и компримиран облик, за сите нешта, што ќе ни се откријат понатаму, да станат разбирливи. Суштината е во тоа, што намерата на Создателот при создавањето се состои во насладувањето на суштеството. Само што се појавила кај Него оваа мисла - да создаде души и да ги наслади, веднаш се појавиле тие пред Создателот во своето совршенство и величие, исполнети со бесконечно задоволство, со кое Создателот замислил да ги наслади. Затоа што кај Него самата мисла го заршува целото создавање, и нема потреба од некои физички дејства, како кај нас. Во врска со ова се наметнува прашањето: зошто Тој ги создал световите – скратување после скратувањето – сè до нашиот сив, ништожен свет, и ги сместил душите-суштества во ништожните тела од овој свет?

3. Одговорот се наоѓа во книгата „Eц Хаим” на Aри: „...Сè е создадено од Создателот на таков начин, за да се манифестира совршенството на Неговите дејства”. И сепак, неопходно е да се сфати: како е можно тоа: од совршениот Создател да произлегува дејство, толку несовршено? До таму, што суштествата треба самите да се дополнат, поправат, да се искачат духовно со помош на работата во овој свет. Работата е во тоа, што е потребно да разликуваме во душите два дела: Светлината и кли. Бидејќи суштината на душата е нејзиниот сад (кли), а изобилството, со кое Создателот замислил да ги наслади душите, е Светлината, која го исполнува садот. Бидејќи Создателот замислил да ги наслади душите, Тој морал да ги направи во облик на желба за примање на насладување. Затоа што големината на желбата за примање на насладување, ја одредува величината на добиеното насладување. Така што желбата за примање на насладување претставува суштина на самата душа, создадена од ништо, и се нарекува „кли” – сад на душата. Додека насладувањето – изобилството, кое го наполнува садот, се дефинира како Светлина на душата, која произлегува од самиот Создател.

4. Суштество е  појавување на она кли што не постоело претходно, односно појавување на нешто од ништо. Но како може да се замисли, дека постои нешто, што го нема во Создателот? Тој задолжително мора да содржи во Себе апсолутно сè. И дали е можно некој да создава нешто, што го нема во Него? Како што е речено, суштеството, создадено од Создателот не е повеќе од кли на душата, кое претставува желба за насладување, да прими насладување. Затоа е апсолутно јасно дека во Создателот таква желба не постои. Затоа желбата да се прима претставува апсолутно нова создание, она, што го немало претходно, и тоа се дефинира како произлезено од ништо.

5. Соединувањето и одделувањето, што се одвиваат во духовното, се сведуваат на совпаѓање (сличност) или различност на особините. Ако два духовни објекти имаат иста форма, т.е. исти особини, тогаш тие се соединети заедно и претставуваат една целина. Бидејќи, ако нема ништо што ги разликува двата објекти еден од друг, тогаш невозможно е тие да се поделат на два. Поделбата е можна, само ако најдеме разлика во особините помеѓу нив. Зависно од степенот на нивното разликување според особините, се дефинира големината на нивното заемно оддалечување, дотолку, што ако сите особини на двата духовни објекти се спротивни една на друга, тие се духовно бесконечно оддалечени еден од друг, т.е. се наоѓаат на толкава апсолутна оддалеченост, каква што само може да си замислиме.

6. Нашата човечка мисла не може да го достигне совршенството на Создателот. Не постои начин Тој да се изрази и да се опише. Но од чувствувањето на влијанието на Создателот врз нас, ние можеме да сфатиме, дека кај Него постои само желбата да ни даде насладување. Бидејќи Тој создал сè исклучиво само за да нè наслади нас – Своите суштества, да нè наполни со сè најдобро. Душите според своите особини се апсолутно спротивни на Создателот, бидејќи Тој е Давател и во Него нема апсолутно никаква желба да прими насладување. А душите создадени од Него, поседуваат само желба да се самонасладат, и не постои поголема спротивност на особините, поголемо оддалечување еден од друг. Затоа, ако душите навистина би останале во оваа своја егоистичка желба за самонасладување, тие би биле вечно и целосно одделени од Создателот.

7. Во првиот дел од книгата „Ец Хаим” е речено: „Причина за создавањето на сите светови е во тоа, што Создателот мора да биде совршен во сите Свои дејства. Ако Тој не би ги манифестирал Своите сили и дејства во самите суштества, тогаш не би можел да се нарече „Совршен”. На прв поглед е несфатливо, како е можно од совршениот Создател да произлегуваат исконски несовршени дејства, и тоа толку многу, што би имале потреба да се поправат од човекот? Но бидејќи основа на суштеството е само желбата да се прими насладување, тогаш, од една страна, суштеството (желбата за примање) е несовршено, бидејќи е дијаметрално спротивно на Создателот, и тоа значи дека е бесконечно оддалечено од Него со конфронтација на особините на едниот и другиот – Создателот и суштеството. А од друга страна, токму тоа го претставува она новото – што се појавило од ништо. Суштеството било создадено, за да ги прими целото насладување, со кое Создателот замислил да го наслади и да го исполни.

8. Само занимавајќи се со кабала, со намера да не се добие од тоа апсолутно никаква награда, туку само за да му се причини со тоа задоволство на Создателот, се создава посебна сила („Сгула”), која може да ја доведе душата до состојба на целосно спојување со Него. Постепено душата се движи напред и стекнува нови и нови особини на сличност со Создателот. Во тој подем, во спојувањето со Создателот, има пет последователни скалила: Нефеш, Руах, Нешама, Хаја и Јехида, - добиени од петте светови, наречени Адам Кадмон, Ацилут, Брија, Јецира, Асија. Секое од тие пет скалила, пак, има свои пет скалила, исто така наречени Нефеш, Руах, Нешама, Хаја и Јехида, кои добиваат Светлина од петте парцуфим, од кои се состои секој тие пет светови. Секое од тие потскалила исто така има свои НАРАНХАЈ, добиени од десетте сефирот, од кои се состои секој парцуф.

Занимавајќи се со кабала, со намера да му се причини задоволство на Создателот, суштествата постепено стекнуваат келим-желби од горенаведените скалила, сè додека не достигнат целосно спојување со Создателот. Токму тогаш во душите се случува остварување на замислата на Содавањето: да се добие целото насладување, што Создателот го подготвил за нив. Згора на тоа, бидејќи душите стекнале желба да даваат, тие достигнуваат целосно спојување со Создателот, што претставува совршено, вечно и неограничено насладување, многу поголемо од примањето на Светлината.

9. Сега е полесно да се сфати кажаното во книгата „Зохар”, дека сите светови, вишите и нижите, и сè што се наоѓа внатре во нив, се создадени само заради човекот. Сите овие скалила се создадени само за да се доведат душите кон совршенството, кон тој степен на спојување со Создателот, кој отсутствува во нив од моментот на замислата на суштеството. Во почетокот на творението се формирале скалилата на петте светови од Создателот до нашиот материјален свет, за да се смести душата во материјалното тело на нашиот свет. Материјално тело во нашиот свет се нарекува желбата за примање, без ништо да се даде за возврат. Токму тоа е конечната форма на желбата за самонасладување. Затоа човекот, кој се наоѓа во нашиот свет, според своите особини е апсолутно спротивен на Создателот.

Занимавајќи се со кабала, човекот постепено почнува да стекнува особина на давање, и соодветно на тоа да се искачува одоздола нагоре, добивајќи ги особините на скалилата, што слегуваат одозгора надолу, и се одликуваат со особината на давање, сè до давање без какво било примање за возврат за себе. Како резултат на тоа, човекот целосно се спојува со Создателот, т.е. ја достигнува состојбата, за која бил создаден. Токму затоа сите светови биле создадени заради човекот.

10. Сега, откога го сфативме сето ова, може да ја изучуваме кабала без стравувања, дека на некој начин ќе го материјализираме духовното. Почетниците во изучувањето на кабалата се збунуваат, бидејќи од една страна се вели дека сите 10 сефирот и парцуфим, почнувајќи од светот Ацилут и сè до 10 сефирот на светот Асија се манифестирања на Создателот и духовност, т.е. всушност се самиот Создател. А од друга страна е речено, дека сите овие светови биле создадени како резултат на скратувањето. Како тогаш можеме да тврдиме, дека сефирот, кои се однесуваат на Создателот, се појавиле после скратувањето? Освен тоа, како треба да се перцепираат такви поими како вредности, бројки, врв, дно, подем, слегување, духовни спојувања, поделби и т.н. Како сето тоа може да говори за Создателот, за совршеното? Затоа што е речено: „Јас не ги менувам Своите дејства, секаде сум само Јас, Еден, непроменлив Создател”. Како тогаш говориме за тоа, дека во духовното постојат некои промени, скратувања, како може да се говори за промени во совршеното, бидејќи секоја промена укажува на несовршенство?

11. Од сè што е кажано горе, можеме да донесеме заклучок, дека сите овие светови, парцуфим, и сите процеси што се случуваат во нив (подеми, слегувања, скратувања и т.н.) – сето тоа се внатрешните садови (келим) за примање на човекот, особини на неговата душа. Односно сè, за што ние читаме во кабалата се одвива внатре во душата на човекот, и сето тоа се дели на два типа: она, што се случува во замислата, и она што се случува во дејството. Аналогно на тоа, како кога човекот гради куќа – завршницата на неговото дејство е веќе утврдена во почетокот на замислата. Сликата на куќа, самиот поим „дом”, што постои во мислите на човекот, апсолутно не личи на вистински дом, бидејќи домот, кој постои сега засега само во замислата, се состои од „материјалот” на неговите мисли. Како што започнува изградбата на домот, замислата добива други квалитети, други особини, тој постепено се материјализира, претворајќи се во градба од дрво и камен.

Мислата сè повеќе се конкретизира, се заоблува, сè додека не дојде до својот конечен облик, отелотворена во материјализирана идеја - дом. Исто така и во душите неопходно е да разликуваме два дела: замисла и дејство. Состојбата на душите во светот на Бесконечноста, т.е. кога тие сè уште не се одделени од Создателот, кога скратувањата уште не се случиле, кога се споени со замислата на создавањето, се нарекува „души во замислата на суштеството”. Во замислата на создавањето, овие души се наоѓаат во Создателот, без каква било разлика меѓу Него и тие души. Таквата состојба се нарекува Свет на Бесконечноста. Слична состојба продолжува и во световите Адам Кадмон и Ацилут. Состојбата пак, кога душите се одделуваат од Создателот, се нарекува „души во дејството на суштеството”, ова одделување се случува на нивото на светот Брија.

Првото скратување е извршено токму на оваа централна точка, т.е. на таа нејзина особина и во таа мера, во која таа претставува замисла во однос на идните души. Во однос на Создателот нема никакво скратување во оваа точка - само во однос на оние души, кои излегуваат од оваа централна точка. Сите овие келим, сефирот и светови, сè до светот Брија, кои поради ударното соединување слегуваат надолу од оваа централна точка, и се нарекуваат Одразена Светлина - сите тие се сметаат за замисла на суштеството, без нивно одвојување во самостојни души. Но промените, кои веќе постојат во замислата, потоа се реализираат во дејство, во процесот на слегувањето на душите од светот Брија надолу, а до светот Брија тие сè уште се неодделиви од особините на Создателот.

12. На пример, во нашиот свет човекот може да се крие од љубопитните, користејќи за тоа секакви начини, така што никој нема да го види, но не може да се скрие од себеси. Така и десетте сефирот, кои ние ги нарекуваме Кетер, Хохма, Бина, Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод, Малхут, - тоа се само десет завеси, зад кои се крие светот на Бесконечноста, а душите во иднина ќе треба да примат во таа мера, во која овие десет сефирот им мерат од Бесконечноста. Душите стекнуваат особини на Светлината зависно од тоа, колку Светлина примаат и од кое скалило од десетте сефирот, и исто така зад која од „з” се наоѓавесите“ се наоѓаат. Но самата Светлина внатре во десетте сефирот е апсолутно единствена и непроменлива на сите скалила на сите светови, додека душите пак, кои ја примаат оваа Светлина, се делат на десет скалила, соодветни на особините на имињата на овие скалила.  Но сите овие прикривачки екрани, за кои сега говориме, дејствуваат само во светот Брија и подолу, бидејќи само во тие три света: Брија, Јецира, Асија, - се наоѓаат душите, кои ја примаат оваа Светлина.

Во световите Адам Кадмон и Ацилут душите постојат само во замислата, таму тие не се одделени од Создателот. И затоа десетте „завеси” дејствуваат само во десетте сефирот, кои се наоѓаат во трите светови – Брија, Јецира, Асија. Односно, нема апсолутно никаква разлика меѓу сефирот и Создателот, како до пред сите скратувања. Разликата е само во келим, од кои овие десет сефирот се составени. Во световите Адам Кадмон и Ацилут нема уште во доволна мера манифестирање на власта на десетте сефирот, бидејќи овие десет сефирот се наоѓаат таму во замислата. Само во световите Брија, Јецира, Асија, келим на десетте сефирот почнуваат да ја манифестираат својата прикривачка сила.

13. Но се појавува прашање: ако во световите Адам Кадмон и Ацилут уште нема никакво манифестирање на душите, коишто примаат Светлина, тогаш за која намена таму се наоѓаат тие десет сефирот, десет келим, зошто воопшто постојат световите Адам Кадмон и Ацилут, ако таму нема души? Ако овие светови ништо не прикриваат, не задржуваат, тогаш која е нивната улога? А ако ја задржуваат таму својата Светлина во различни степени, тогаш за кого? За ова има два одговори:

а) На таков начин треба да се развиваат сите светови и сефирот;

б) Душите во иднина треба да примат од десетте сефирот, кои се наоѓаат во световите Адам Кадмон и Ацилут, поради подемот на трите светови Брија, Јецира, Асија во светот Ацилут, а потоа – во светот Адам Кадмон, затоа во тие светови мора да постојат претходно подготвени скалила, места, за овие три светови: Брија, Јецира и Асија - да можат таму да се кренат, да се вклучат во нив, и да примат поголемо откривање на Создателот.

14. На таков начин, ние гледаме, дека кога во кабалата се спомнуваат световите, промените, скалилата и т.н., се зборува само во однос на келим, кои на душите им ги мерат состојбите на скривањето, за тие души потоа да можат да примат Светлина од светот на Бесконечноста, соодветно на нивниот подем по скалилата. Сите овие прикривачки завеси влијаат само врз оној, на кој треба да му спроведат Светлина, а не на Оној, што како Извор на Светлината се скрива зад нив, т.е. тие не влијаат врз Создателот.

15. Затоа ние можеме тие сефирот и парцуфим, во секое духовно место, да ги поделиме на три составни дела: суштина на Создателот, келим и Светлина. Ние на ниту еден начин не можеме ниту да го сфатиме Создателот, ниту да го почувствуваме: ниту со чувствата, ниту со разумот – со ништо. А во келим секогаш постојат две спротивни особини, наречени „скривање” и „откривање”. Во почетокот садот го скрива Создателот така, што тие 10 келим, наречени 10 сефирот, претставуваат скалила на скривањето, но кога душите ги примаат своите поправки (секоја својата, согласно со духовните услови, диктирани од десетте сефирот), тие скалила на скривањето се претвораат во скалила на откривањето, на достигнувањето на Создателот. На таков начин, садовите се состојат од две спротивни една на друга особини, и степенот на откривањето, што се наоѓа во самото кли, во човекот, во нашата душа, е иста на степенот на скривањето. И колку повеќе садови – душата е погруба, т.е. колку повеќе го скрива Создателот, колку по егоистична е во процесот на поправката, толку повеќе во неа се открива (по завршувањето на поправката) големата Светлина на Создателот. И затоа излегува, дека овие две спротивни особини – всушност се едно.

Светлината, којашто се наоѓа во сефирот, е мерката на Светлината на Создателот, која душите ја примаат согласно со своите поправени особини, бидејќи сè произлегува од Создателот – и самите келим, и Светлината, која ги исполнува. Така што секогаш има десет светлини во десетте келим, т.е. десет скалила на откривањето, согласно со особините на келим. Ние не можеме да ја разделиме Светлината на Создателот и Самиот Тој. Создателот надвор од кли е апсолутно неосетлив, ние никако не можеме да Го достигнеме Него. Ние го достигнуваме само она, што нам ни доаѓа од Него, она што се „преслекува” во нашите келим, т.е. во нашите особини, составени од десет сефирот. И затоа она, што ние го воспримаме од Создателот, го нарекуваме „Светлина”, но тоа е субјективно чувство внатре во поправените особини на нашите души.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели