Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Виша Мудрост“

18.04.2010
Добар ден, драги пријатели. Јас со радост ве поздравувам сите вас на нашиот редовен виртуелен час. Ние како и обично денес продолжуваме со Книгата Зохар, и статијата, мала статија, буквално на две страници, се нарекува "Виша мудрост", Т.40 од Книгата Зохар.

Јас добив неколку писма, обраќања, за тоа што денес се случува во светот, како јас на тоа гледам, како гледам на тие терористички акти, кои се случија во Москва и на југот од Русија, на Северниот Кавказ, ерупцијата на вулканот, и генерално сè, што денес така бурно се случува во светот. Не знам, ме замолија да се задржам на одговорите, односно да одговорам на тие прашања, но што можам јас да ви кажам?

Ние се наоѓаме наспроти апсолутно совршениот Создател, т.е.силата на природата која е совршена, вечна и непоколеблива. И во неа не може да се одвиваат никакви промени.Сите промени се случуваат само во нас, и "благодарение" на нам. Или благодарение во наводници, поточно речено.

Т.е. подобро или полошо може да се случи како резултат на тоа, како јас се менувам,ако се менувам кон сличноста со Создателот – значи подобро ќе се чувствувам, или ако заостанувам од своето движење кон сличноста со Создателот – значи јас ќе се чувствувам полошо. Движењата може да постојат само внатре во човекот и затоа може да се воспримаат само од нас. А Создателот, бидејки е апсолутен владетел, вечен, совршен, Тој не може да се менува. Тој во однос на нас има состојба на апсолутно мирување. Затоа сите наши повици, плачења, молитви, стенкања – сите тие како да се насочени кон ѕид. Како што можете да си замислите, вие едноставно се наоѓате пред апсолутен вечен непоколеблив закон на природата.

Ако ние му се прилагодиме – ќе ни биде добро, ако не – ќе ни станува се полошо. Затоа сите денешни и следни манифестации на нашата несоодветност на Создателот, тие ќе се пројавуваат не како во минатото – во посебни луѓе, посебни семејства, или во посебни народи, во судирите помеѓу себе, туку тие ќе се пројавуваат глобално. Сè повеќе и повеќе глобално, затоа што ние мораме да дојдеме сите заедно кон нашиот заеднички именител – кон Создателот, кон сличноста на Него. И затоа ние навлеговме во глобалниот свет, постои глобална криза, тогаш ќе постојат и други такви глобални манифестирања. Еколошки или социјални потреси, но тие ќе бидат големи, ќе бидат сериозни. Можеби тие ќе се создаваат некаде на одредено место, како например вулканот во Ирска, но тие ќе влијаат врз целиот свет. Така што, кон тоа што се случува, ние треба да се однесуваме со голема внимателност.

Некаде таму во Киргистан се случуваат некои проблеми, тоа не се киргиски проблеми, - преку него, овој мал, локален проблем ќе се развлекува, ќе се одрази во многуте свои бранови врз огромен број земји. И на крај врз целиот свет. Исто како и тој облак, тој ќе ја покрива уште долго време целата земјина топка и кратко речено, сè зависи само од нас.

Ние треба да сфатиме дека нашето време – е време на сеопшто глобално исправување. Исто како што ги гледаме манифестирањата на овие проблеми во Русија, кога воедно се спојуваат и власта и секакви национално патриотски, таканаречени сили, кои организираат секакви проблеми, и во јужните општини , фундаменталистички, и т.н., и се случуваат проблеми кои ќе се прошируваат по целиот свет. Тие и сега ни се чинат можеби локални, помеѓу Русија, Северот и Југот. Навистина тоа не е така – во тоа се вклучени сите арапски земји и сите бивши републики на Средната Азија. Јас не го кажувам ова за да дадам некој политички коментар, и јас имам за тоа некое свое мислење, не сум ниту за, ниту против ништо, само едноставно кажувам, дека проблемите се глобални.

Потребно ни е да сфатиме, дека за нив сме виновни сите ние, одговорни сите ние, и ние треба да ги решаваме токму од глобално гледиште.Дека само нашето заедничко исправување може да нè доведе до хармонија со општата сила на природата, која тогаш со добро ќе се пројави во однос кон нас. Така што, ќе се надеваме, дека ние со вас ќе успееме самите правилно да ја реализираме науката кабала, и освен тоа, ќе му раскажеме на целиот свет како тоа се прави, за да го доведеме целиот свет кон хармонија, кон спокој, кон рамнотежа, совршенство, безбедност.

Статија "Виша мудрост". Параграф 40, само еден параграф има во оваа статија.

" Прашал раби Јудај,( називот Јудај е од зборот знаење, така му е името). "Што означува зборот Берешит?"

Берешит е првиот збор, со кој започнува книгата Тора, Библијата, "во почеток" – така се преведува на руски јазик, :" Toa e мудрост, на која стои светот", зборот берешит ја олицетворува таа мудрост, таа сила, врз која стои светот. " З'А ,за да се влезе во вишите скриени тајни", т.е. во светот на Бина. Тука се наоѓаат шест виши особини ВАК де Бина, од кои произлегува сè. Од нив се создадоа и шест извори на реките ВАК на З'А, кои слегуваат во големото море, во Малхут".

Значи, што тој вели? Тој вели дека постои систем кој се нарекува Берешит. Тоа е систем, а не само една некоја особина, тоа ја карактеризира мудроста, (јас ќе напишам тука Хохма). Од оваа особина на мудроста слегува светлина, особина која се нарекува Бина, тоа е милосрдие, (ќе напишеме милосрдие – Бина), и од Бина слегува особина, шест реки, шест извори. Тоа е З'А, кои влегуваат во Малхут. А во Малхут се искачуваат одоздола душите. Овој цел систем се нарекува Берешит – Во почеток. Од ова започнува сè.

Зборот Берешит се состои од зборовите Бара и Шит. Бара значи создаде а Шит значи шест. Создаде шест особини – еве ги, шест извори. Освен ова, Берешит се нарекува Бе и Решит, Бе – тоа е сè, а Решит – тоа е Хохма, т.е. со мудрост. Односно, создаде со мудроста, создаде шест особини. Кој ги создал нив? Ги создаде тој, за кој ништо не е познато, кој се крие овде, и се нарекува Арих Анпин. Така е напишано за тоа?

Арих Анпин. Арих – тоа е долго, Анпин – лице. Не вакво долго лице, туку лице – се мисли на мудрост, или Хохма.Мислам дека знаете што е Хохма – разум, мудрост, а долго – значи големо. Затоа што ако е тоа светлина на мудроста, таа се распространува одозгора надолу, и колку што е помудра, толку повисоко се искачува одоздола нагоре, достигнувајки ги височините. Затоа се вели долго, високо. А ако е тоа милосрдие, тогаш колку пошироко се распространува – широко срце, широка рака, во тоа значи се состои Неговото величие – или во широкото срце или во високата мудрост. Значи, Арих Анпин се нарекува долго лице во превод, овој збор е на арамејски јазик, јазикот на кој говореа во древниот Вавилон.Така тој и останал во кабалата, затоа што Аврам таму ја открил оваа наука и на таков начин тој пишувал. И Книгата Зохар, генерално е напишана на арамејскиот јазик.

Значи уште еднаш: " Прашал раби Јудај – што значи зборот Берешит? – Тоа е мудрост на која стои светот, З'А" – овој систем, "за да се влезе во вишите скриени тајни".

Зошто тој вели да се влезе? Затоа што тој зборува за душите, кои се искачуваат во Малхут, и преку овие извори, кои тие ги добиваат одозгора, тие треба да ги има шест, можеме да ги нацртаме, шест парчиња, не е важно како. Овие шест извори слегуваат во З'А, тие слегуваат од Бина преку З'А во Малхут, или пак обратно. Душите, кои се искачуваат во Малхут можат со помош на овие извори да ја достигна Бина. И преку Бина, да добијат овде, кога тие влегуваат во Бина, да ја добијат одозгора светлината на мудроста, светлината Хохма. Значи тој вели: "за да се влезе во вишите скриени тајни", т.е. во светлината на Бина, - тоа е светлината Хасадим, мудроста е светлината Хохма.

Светлината Хасадим е Светлина на милосрдието, и тука тие треба да се соединат. Тука се наоѓаат шест виши големи особини – ВАК де Бина. Бина која влијае на З'А, таа влијае врз него со особината која се нарекува ВАК. Вак – тоа се шест делови на Бина, нижи делови. ВА''К де Бина. Де означува припадност – чие, кому. Како оф на англиски."кои слегуваат во големото море, во Малхут". Малхут тука се нарекува море, но има за неа повеќе називи. Зборот Берешит се состои од зборовите Бара Шит. Бара – шест, создаде шест особини и кој нив ги создал – Арих Анпин кој е недостижен, ние само знаеме, дека сето ова произлегува од него. И понатаму ни се објаснува, на кој начин сето ова е создадено. Создадено е на таков начин , ние мораме ова да го поминеме, затоа што многу често го сретнуваме во Книгата Зохар, во сите останати извори, тоа е систем кој со нас раководи. Иако се е многу високо од нас. А''А.

Ајде прво да нацртаме вака. Имаме Свет на Бесконечноста, ќе го нацртаме како осмица, од овој свет на Бесконечноста слегува светлина преку светот А'К. Потоа, во светот А'К вишата светлина се разложува на Нефеш, Руах, Нешама, Хаја и Јехида – НАРАНХАЈ – пет светлини, и на Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут, на пет делови од кли,(садот). Односно светот А'К само ја разложува светлината на Бесконечноста на такви пет дела. Таа се разбива на пет дела и секој дел, и секоја светлина се наоѓа во нејзин одреден дел. Понатаму постои таков праг, кој се нарекува табур, и светлината поминува преку него, и после табур, светлината доаѓа веќе во посебен систем, кој се нарекува светот Ацилут. Подолу од табур се наоѓа светот Ацилут. Во светот Ацилут се одвива многу интересен систем на разложување на светлината. Каков?

Во него постои парцуф кој се нарекува Атик.Тој како уште воопшто да не прапаѓа на светот Ацилут, тој само претставува поврзувачки систем, кој го поврзува тоа што се наоѓа над табур и тоа што се наоѓа подолу од него. Атик. А потоа постои посебен систем наречен Арих Анпин. Арих Анпин е многу сложена работа. Тоа е систем составен од Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут, како и обично, но што со нив се случува? Кетер се нарекува Китра, тоа се арамејски називи, Хохма се нарекува Моха Стима, стимаа во оригиналот. Моха – тоа е моах, т.е. Хохма, а Стима – е скриена, затворена, стисната, затоа што таа не се открива самата. Потоа постои таков оддел во главата, таканаречен Крум – тоа е како кај нас тенка обвивка, која го покрива мозочниот систем, или во оревот има исто тенка обвивка, како тенок најлон проѕирен.

Значи, постои таков Крум, постои “крума де авира“ – воздушна обвивка, специјално создадена за овие два дела – Моха и Китра , апсолутно да ги оддели од тоа што ќе постои доле. Т.е. тие се одделени, целосно откинати од нас, ние не ги постигнуваме.

Потоа постои Бина. Таа се наоѓа веќе под овој Крум. Особината на Бина е особина на давање, и затоа, иако неа ја одделиле од сите овие особини, таа тоа не го чувствува. Оваа Бина е најважна, затоа што таа ја спроведува целата светлина до сите останати суштества, системи, ги храни апсолутно сите преку себеси, поврзувајки се со Хохма.

Затоа, целото наше движење, каде и да се случува, се состои во тоа да се искачиме во Бина и да се принуди Бина да добие нешто од Хохма. И како резултат на тоа, што Хохма ќе го добие од нашите повици и нашите желби, - тоа ќе го добиеме ние. Бина самата за себе не ја чувствува потребата од светлината Хохма, таа е Хафец Хесед.Треба да се запомни овој назив, т.е. таа не посакува ништо – апсолутно милосрдие. Ништо за себе, но токму затоа што е апсолутно милосрдие, значи ако ние предизвикаме од душите...Душата, ако може да предизвика преку Малхут и З'А искачување во Бина на својата желба, своето барање, својата молитва, таканаречен МАН. МАН – тоа се два збора – Меј и Нуквин. Меј – тоа е маим – вода, и нуквин – тоа се женски води.

Ние нема сега да ја анализираме физиологијата и што се одвива во нашите организми, нам ни е интересен внатрешниот систем на светот Ацилут, а тоа како се нарекува градбата на нашите тела, за тоа – потоа, тоа не е толку важно. Значи, искачувањето на овие женски води, во што се состои? Женски – се мисли на Малхут,  желба да се наполни. Вода – тоа е особина на Бина, која ја има во Малхут.

Т.е. ако ние посакуваме со нашите желби да се искачиме во Бина, особината на давање, - тогаш тие наши желби се нарекуваат МАН, и тие се креваат во Бина. И тогаш Бина ги восприма нашите желби и ја спроведува назад врз нас оваа светлина, која ја добива од Хохма.Т.е. Бина притоа се крева во Хохма, ја зема од таму нејзината светлина, и ја спроведува до нас. Ние со овој систем, наречен Гар де Ацилут немаме никаква поврзаност,- само преку Бина.

Светлината Хохма, која слегува одозгора, слегува по 32 патишта. Тој пишува за тоа, да прочитаме, јас ќе ви објаснувам. Дури мислам, дека ќе стигнеме да прочитаме, и јас ќе можам попат да ви објаснам, што тука пишува.

"Во светот Ацилут има две светлини Хохма ( можете заедно со мене да читате, го читам текстот) 1) тоа е изворната светлина А'А, наречена скриена светлина Хохма ( која се наоѓа тука) оваа светлина се наоѓа само во парцуфот А'А и не се распространува од него кон пониските парцуфим".

Т.е. светлината Хохма не можеш никако поинаку да ја добиеш, освен ако се искачиш до неа, ја замолиш за малку, таа ќе ти даде надолу сила.Оваа молба е за тоа да се исправиш. Таа се искачува нагоре, се добива светлината на Хохма и Бина која доаѓа до душата.Таа и помага на душата да се крене нагоре, и кога душата се крева нагоре, таа, заедно со Бина, веќе се искачува во А'А. И кога таа се крева во А'А, тогаш таму таа може да ја добие целата светлина Хохма. Системот не е едноставен.Ти се обраќаш еднаш и ако твојата молба е правилна, ти доаѓа светлина на исправувањето,ти исправен се искачуваш нагоре и добиваш право да влезеш во овој систем.

2."Светлината Хохма, која слегува по 32 патишта од Бина, искачувајки се во главата А'А, за да ја добие таму светлината Хохма и да ја пренесе во З'А".Т.е. Бина се крева во Хохма, А'А, добива од него светлина Хохма, и ја пренесува долу преку З'А. "Затоа зборот Берешит означува с Хохма бе решит".

Ние тоа тука го нацртавме: бе решит с хохма. "но не скриена во А'А вистинска светлина Хохма, ( која постои тука, на ова ниво) туку слегувачка по 32 патишта, т.е. разбиена, која постои намалена по количина и квалитет и по разбивање. Како прво, овие се 32 патишта, по кои слегува светлината, а како второ- светлината која слегува, не слегува по непрекината патека, туку се разбива на капки, капе, кап-кап. Зошто?

За да ние можеме постојано на неа да се адаптираме. И таквите капки, кои ни капат, како ни капе светлината Хохма, светлината на мудроста, светлината на наполнувањето, светлина на просветлувањето, светлина на разбирањето.Тие се менуваат со темнината и повторно светлината. Тие на таков начин нас како да не изградуваат, лепат. Такви капки се нарекуваат Мазаљ, од зборот нозељ – течност, како да тече, капе. А од зборот мазаљ излегува зборот мазалут – тоа се знаци на среќата, знаци на Зодијак.

Затоа, луѓето кога неправилно ги преведуваа сите овие дефиниции на Зохар, тие мислеа дека тука се зборува за знаците на Зодијак, а не за капките на светлината Хохма, која на таков начин поминува до нас. И затоа, кога во Тора се вели дека сè зависи од знаците на среќата, тогаш се мисли дека се зависи од “мазал“, од тие капки на светлината Хохма, кои поминуваат до нас. Само неправилното толкување доведе до тоа, што луѓето се занимаваат со барањето на среќата на сосема друго место.

"Речено е, дека светот стои на вишите скриени тајни, затоа што, кога Малхут и З'А заедно се искачуваат во Бина, за да ја добијат светлината Хохма, тогаш притоа се постигнува ова скалило и на таков начин светлината Хохма ја спроведува до нив.

Освен поделбата на зборот берешит, зборот берешит се дели исто како ние веќе тука пишувавме – бара шит – создаде шест особини со овој збор, т.е. со ова духовно дејство. Што значи создаде шест особини?Тие шест особини се нарекуваат ВАК...еве ВАК де Бина, шест особини, шест конечни особини од кои произлегува целата светлина Хохма кон суштествата. А се' се случува, понатаму тој кажува, тоа што јас ви го раскажав, како последица на искачувањето на МАН од нижите, човекот, кои се наоѓаат тука ниско. Душите тука се наоѓаат во световите Брија,Јецира Асија, и душите, кои се наоѓаат во овие светови.Ние не чувствуваме дека нашите души се наоѓаат во овие светови, затоа што се уште се адаптираме, се асоциираме себеси со нашето животинско тело, кое тука никаде не е спомнато, тука го нема, тоа е само животно. Тука се зборува само за нашиот внатрешен духовен дел. Значи, душите кои се наоѓаат во световите БЕА, тие се креваат во Малхут, посакувајки да се кренат. Зошто да се кренат? Затоа што особината на Малхут, јас не го напишав тоа тука, нели?- тоа е особина на соединувањето.

Обединување на сите души, особина на заедништво, особина на давање – "сакај го ближниот свој како себеси". Тие души кои почнуваат да ја чувствуваат желбата за тоа, тие го почнуваат тој пат веќе од Малхут нагоре. Само штом започнат да се креваат во Малхут, предизвикувајки ја со тоа желбата на Бина, Бина се присоединува кон Хохма.Ја зема од неа светлината на мудроста, таа светлина во Бина влегува претворена во светлината Хасадим и потоа по шесте извори на светлината, и потоа по 32 патишта, слегува во Малхут и таму душите се наполнуваат целосно со светлината на Бина. Затоа, душите кои се наполнуваат со оваа особина исто така го поминуваат системот кој се нарекува Берешит: како прво – бара шит – создаде шест особини кои Бина ги пренесува во Малхут, бе решит – т.е. го создаде со светлината Хохма сето слегувачко исправување, и освен тоа бара, бар, тоа значи надвор,го создаде надвор од себе Создателот, целиот овој систем, за да им даде на душите можност да се соберат и да ја достигнат неговата состојба, т.е. состојбата на А'А.

Сега ни останува да објасниме само едно: на кој начин душите, од каде тие ја земаат желбата да се кренат во Малхут. Тука на таков начин ја имаме нашата кабала, група, книги и учител. Сето ова заедно ни е дадено во нашиот свет во уште неосознаена духовна состојба, за да ние со помош на сето ова можеме да го возбудиме во себе овој почетен МАН, желбата да се кренеме, да станеме слични на особината на давање, да се соединиме заедно, за овој систем да работи за нас. Мислам, дека ова е сè за оваа стаитја која се нарекува Виша мудрост. И тогаш, кога ние го возбудуваме целиот овој систем, целата мудрост, која се наоѓа во парцуфот А'А, во Моха Стима, во скриениот негов дел, како резултат, нè принудува да се искачиме до тоа ниво и да се наполниме со таа бесконечна светлина, таа виша мудрост, која тука постои.

И ни останува само Китра, Кетер – тоа е замислата на творбата која управува со сè.Него ние ќе го постигнеме тогаш, кога не секој од нас, туку сите целосно ќе се исправат, ќе се соединат сите заедно во една заедничка желба, кога нема да постои разлика помеѓу тие желби, кои ние тука меѓу себе ќе ги соединиме.Таа желба, која е создадена од светот на Бесконечноста, кога тие наши желби ќе бидат слични, тогаш ќе се соединат световите- светот на Бесконечноста, светот А'К, парцуфот Атик и Китра, а ние искачувајки се во Моха Стима на А'А ќе се соединиме заедно.И целата оваа творба на крај повторно ќе се претвори во свет на Бесконечноста, наполнет со апсолутна виша светлина. Притоа, таа светлина која не' наполнуваше овде нас, НАРАНХАЈ, како резултат на нашите напори, нашата работа, нашите стремежи - таа ќе биде 613 пати појака. Се извинувам, 620 пати појака.Тоа се нарекува тарах, така се чита 620 во гематријата. Затоа се вели дека светлината, која ќе биде, идната светлина.Таа е пи тарах појака отколку минатата светлина. Пи тарах – 620 пати појака. Сигурно сте слушнале за овој израз – пи тарах, пи – е знак за множење, а тарах е 620. Мислам дека тоа е целата статија за Вишата Мудрост.

Ако ние земеме со вас ТЕС, тоа за што ние сега зборувавме, тоа е најсложениот дел на ТЕС, таа се открива во нејзиниот 13-ти дел, мислам околу 400 страници минимум најсложен текст.Многу тежок, многу тешко совладлив текст, затоа што во секој раздел на овој систем – Китра, Моха Стима, Крума де Авира, Моха де Авира, Бина, која излезе надвор од Китра и Моха Стима.Целиот овој систем е многу сложен, во неа е фундаментиран целиот систем на замислата на творбата, кој ја реализира целокупното наше исправување. Притоа, како го реализира?

Од една страна тој ја реализира прикриено, позади нашиот грб, небаре поттурнувајки нè, со секакви дејства, секакви проблеми, секакви возбудувања во нас и надвор од нас, кон тоа, на крај да не доведе до желбата да се движиме напред со добро или не.Тоа е прво, второто, откога ние ќе изреагираме на тоа на некаков начин, тогаш тој систем почнува да работи во таканаречен јавен облик, да се манифестира преку нас. Ние сме затворени во него, одназади и однапред, како што се вели: "ти ме опфаќаш мене"Тоа е тоа што го прави со нас Создателот, поттурнувајки нè одзади, не разбирајки од каде и што се случува, ние на таков начин се движиме и од напред Тој работи врз нас. А ние, наоѓајки се помеѓу овие две взаемни дејства треба да почнеме да чувствуваме од каде сето тоа потекнува и да се трудиме да го споредиме тоа единствено со Него.

Дали сето тоа е негативно или позитивно, не е важно какво е, произлегува од еден корен, и само за тоа - јас да се поткренам кон Него. Значи, било какво влијание врз мене ( јас се наоѓам тука во средината) што и да се создава кај мене, јас го чувствувам тоа како влијание однадвор или одвнатре, создаденото во мене, мое или не, позитивно или негативно, нема значење што е и како, сето тоа јас мора на крај да го споредам со еден единствен извор. И тогаш јас, од тие две влијанија врз себе веќе почнувам да ги разделувам не на тајни или јавни влијанија, не одзади или однапред ти ме поттурнуваш, туку на влијанија во облик на давање и во облик на примање. Јас ги претворам тогаш во две линии, и од себе, кога сакам да ги соединам заедно, како да ги добивам од единствен добар извор, тогаш јас во себе ја градам средната линија. На таков начин овој систем на А'А ни го одредува целиот наш живот, постоењето во овој свет, и во нашата состојба кога ние не разбираме од каде ние ги добиваме сите влијанија, сè што со нас се случува.И веќе кога ние доаѓаме до состојбата кога чувствуваме кој на нас влијае, на каков начин и со која цел. Прашања, Саша!

Да, многу прашања добивме. Од Лондон, Тел Авив, САД поставија едно исто прашање: " Што е тоа правилен МАН, како правилно да се замоли, и како да се обратиме до А'А, некако поточно, подетално".

Постои апсолутен владетел, кој како прво е еден,единствен, обединет, и апсолутно добар. Тој апсолутен владетел се калибрира себеси во однос на нас, по одредени параметри – 125 скалила на слегувањето, така за да на крај ние се создадаме овде како негова апсолутна спротивност. Сите ние – тоа се наши седум милијарди, да речеме, и сите зли, егоистични. Секој од нас има можност, кај него се создава таа можност.Не треба таа само да се испушта, да почне да се уподобува себеси на таа состојба, која се наоѓа над нас. Таа состојба, која јас посакувам да станам соодветен, посакувам да се соединам, посакувам да се спојам со таа виша состојба – тоа е особина. Особина на давање, 1/125 дел од особината на Создателот. Ако јас посакувам да станам соодветен на Него, тогаш мојата молба ( оваа овде) се нарекува МАН. Зошто таа се нарекува МАН? Затоа што јас се состојам во мојата денешна состојба од две особини, јас сум како бипол, поделен на два дела: едниот дел – тоа е Малхут, а вториот дел – Бина. Во таквата состојба јас се наоѓам како последица на разбивањето на душата, како последица на подготовката која е направена уште пред мене.

Односно јас се состојам од егоистичката желба, која се нарекува срце, и покрај неа – точка во срцето. Ние велиме – точка во срцето, но тоа не е важно. Од такви две желби. Едната желба ме влече налево, а другата нагоре. Ете на таков начин ние постоиме. Ако јас со помош на книгата, правилна, групата, и учителот, нормално, од каде јас ќе знам, ги споредам во себе правилно овие два дела, Малхут и Бина, желбата нагоре, кон смислата на животот, кон чувствувањето, осознавањето, откривањето – за што сум, зошто сум, т.е. да направам од себе човек, или само да се потиснам себеси под своето животинско, под Малхут.

Значи, ако јас сепак правам така, да кај мене Бина се наоѓа горе, а Малхут ќе се наоѓа доле, т.е. главно е духовното развивање, тогаш јас како да се пренасочувам, како биполите во магнетното поле се постројуваат сите на една страна, така и јас се постројувам во однос на ова поле, кое слегува врз мене преку сите овие скалила. И тоа влијае врз мене, тоа поле. Тоа поле, кое влијае врз мене се нарекува О''М. Тоа врз мене делува правилно, преку Бина и до Малхут, и постепено гради во мене духовен парцуф, од Кетер до Малхут. И оваа моја желба, правилно насочена, се фаќа од оваа светлина.Таа ме влече мене постепено се додека јас не влезам овде, на ова прво ниво. И наоѓајки се на првото ниво, продолжувајки повторно со книги, група, учител, постојано работејки на зголемениот егоизам, затоа што јас имам егоизам 1/125 дел, јас влегувам на скалилото 2/125 дела. Значи мојот егоизам станува поголем, т.е. јас морам со него да работам понатаму, за повторно да го насочам својот бипол од неправилната насока во правилната насока, јас секогаш се превртувам. Или кај мене е Малхут доле а Бина горе, зошто е поважна, или после во поголемата состојба ми излегува Малхут горе, а Бина доле.

Јас морам повторно да го превртам ова, за да биде нормално – тука Бина, а тука Малхут. Да речеме, претходно јас имав неправилна насока, тука беше Малхут – главна, а Бина – неважна, потоа јас се пренасочив и се исправив, со помош на О''М, а потоа овој О''М влијаејки врз мене (ова како да е позитивно исправување) ми поттури фалсификат, што се вели.Што направил тој?Тој ми додаде уште повеќе егоизам, извршил негативно влијание врз мене, и мојата Малхут е сега поголема, таа е горе. Јас се наоѓам во паѓање. А сега јас морам повторно со помош на О''М правилно да се пренасочам, и т.н. И тогаш јас се кревам.

Ова беше мојот прв подем, а ова ќе биде мојот втор подем. И така ние функционираме цело време – Бина- Малхут, Малхут-Бина, Бина- Малхут, Малхут- Бина...Што тогаш претставува МАН? МАН – тоа е правилно насочување на Малхут и Бина, Маим Нуквин.Нуква – тоа е особина на Малхут, а Маим – тоа е особина на Бина. И излегува, дека правилното насочување на Бина и Малхут, кога е главна кај мене Бина, особината на давање, тогаш јас правилно се насочувам, предизвикувам притоа правилно влијание врз мене на вишата светлина. А ако сум неправилно насочен, оваа виша светлина врз мене ќе влијае спротивно.

Како да ме сместиле во некое електромагнетно, или не е важно какво поле, и јас неправилно сум во него насочен – полето мене ме одбива. А ако јас правилно сум во него насочен – полето ме привлекува кон својот извор. Во ова е суштината на целиот наш живот. Правилно да се насочиме. Каде е насочена твојата глава. Што е главно во главата? Бина или Малхут? И тогаш ти цело време правилно ќе пловиш. Затоа што О''М влијае постојано. Гледате што се случува во нашиот свет, ние денес со вас за тоа говоревме? Еруптираат вулкани, терористички акти огромни, и уште некакви проблеми пред нас, земјотреси, и т.н...Во Кина земјотрес и уште некаде...Сето ова се повеќе и повеќе ќе се зголемува, затоа што ние неправилно сме насочени во ова поле, ние сме биполи, но сме спротивни на него. И затоа полето така врз нас делува. Создателот – тоа е закон, тоа не е по моја желба, случајност.Тоа е закон, во кој ако ти се насочиш правилно – се ќе биде во ред, ако не – нема да биде. Затоа треба да се сфати.

Одозгора врз нас постојано слегува О''М, а ние треба под неа правилно да се прилагодиме. Да сфатиме, каде се наоѓа особината на давање, каква е, што таа навистина претставува, на кој начин и кому да му се дава, зошто да се дава, зошто е тоа потребно, кому тоа му е потребно и т.н.Кога човекот да ги избира во себе сите овие прашања, зошто, кому, поради што, што имам јас од тоа, а што другите, и т.н., тој почнува да анализира. Таа анализа е само за тоа потребна, сите наши особини да се насочат правилно, за да на крајот точно нашиот бипол биде насочен по тие силови линии на тоа поле. Затоа е создадена целата наука кабала – за правилно да се прими врз себе вишото влијание. Наука на примањето, примањето на оваа исправувачка светлина О''М.

Давид од Торонто Ве прашува: "Како јас можам да се убедам себеси, дека проникливоста и точноста на предвидувањата и одредувањата на древните кабалисти можат да се применат денес, во нашата современа реалност?"

Да се провери на сопствената кожа. Тоа е најдобро од се'. Зошто ништо друго тука нема. Кабалата ти ги открива структурите на световите, структурата на нашиот свет.Ти кажува какви последици има од вишите светови во нашиот свет, т.е. логично можеш да согледаш како се е изградено. Да или не? Кабалата ти раскажува за тоа како е изграден човекот, неговата градба, физиологија, психологија, иако во тој степен во кој треба тоа да ти го објаснува за да ти ги покаже корените, кон кои ти треба да се движиш. Сигурно дека таа не се занимава само со обична физиологија на човекот. Од ова ти можеш да видиш колку нејзините структури се логични.

Кабалата ти раскажува за историјата на човештвото, со што е таа одредена, со постојано растечкиот егоизам, и како да го совладаш. На таков начин таа ти ја објаснува целата историја – ти гледаш дека навистина е така. Таа ти раскажува за народите, за сегашноста, минатато и иднината, т.е. за слободата на вољата – во што таа се состои. На крај таа ти го објаснува откривањето на вселената, на кој начин ти ја чувствуваш.На кој начин си граден и како во тебе се отпечатуваат овие чувствувања внатрешни, кои ти ги сметаш за надворешни, небаре постоечки во овој привиден свет, кој всушност е твоја внатрешна насока, и ништо повеќе. Тоа што ти се причинува. Тебе сето тоа ти го објаснува. Односно на крај тоа е наука која се обидува да поврзе во тебе целата перцепција на реалноста, сè што се случува со човештвото, и со целата творба, од почетокот до крајот, последователно, логично, произлегувајки само од комбинацијата на двете сили – силата на желбата во секој од објектите, и влијание врз таа желба со насладувањето, со вишата сила, вишата светлина, или насладувањето. Како желбата се менува под влијанието на насладувањето, кое делува врз неа. Тоа е во принцип целата наука, ништо друго нема. Постои минус и плус, и тоа е се'. Притоа никакви богови, никакви простувања на гревовите, никакви асвасдам, ништо такво нема. Односно тоа е приод многу точен, трезвен – сакаш – да, не сакаш – не. Објаснува од каде и како, да речам ти можеш да ја достигнеш комфортната вистинска состојба. А понатаму – е твоја работа, да се реализира или не. Пробај да резлизираш – и ќе видиш колку е тоа реално. Притоа ти објаснува апсолутно се', ништо не крие, ти вели – ќе биде лошо. Ќе се занимаваш со кабала – ќе биде уште полошо, се додека не почнуваш навистина себеси да се исправуваш.Првата фаза е многу сложена, а потоа таква и таква, т.е. со ништо не те завлекува. Никакви медали не ти нуди, никаков иден свет на сигурно.Тоа што ќе го освоиш – ќе биде твое. Не те повикува на никакви ограничувања, т.е. сакаш да се занимаваш – занимавај се, не сакаш – не треба. Не поставува пред тебе никакви услови, дека се потребни некакви диети, или физички услови, т.е. се' е многу едноставно, слободно. Но проверките се твоја работа, и не верувај!
Самата кабала зборува за тоа – никому не верувај, вклучително и нејзе. Ти не треба да веруваш – треба врз себе да ја провериш, треба врз себе да ја реализираш. А тој кој доаѓа, и само така слуша и верува, - тој не напредува. Напредува токму човекот, кој до сето сака сам да се докопа. Така што приодот тука е многу трезвен, цврст.

Т.е. – работиш – ќе добиеш, не работиш – нема да добиеш, нема никакви протекции за никој. Влезот е слободен, но и излезот исто така. Така што јас сметам дека по својата достапност, по својата откриеност, денес, кабалата е едноставно цела и за сите. Материјалот се дава исто така апсолутно бесплатно, - влези на нашиот сајт, земи го, сите изворници, фактички на сите основни јазици на светот, повеќе од десет јазици. Се ти е напишано,- останатото е твоја работа. Затоа не треба да се верува во ништо.Зошто јас морам да знам?Ти ништо не мораш да знаеш, од почеток ти и така ништо не знаеш.Зошто јас сум должен?Ти никому ништо не си должен, - провери!. Тоа е многу добро дека тој прашува, но понатаму да го реши тоа прашање. Понатаму!

Имаме премногу прашања за тоа, како да го поврземе тоа што се случува денес во светот со законите или со нашето влијание.

Затоа јас со тоа го започнав денешниот час.Јас не сакам да навлегувам во политиката, во такви, да речам, деликатни прашања, кои сепак се однесуваат на взаемните односи помеѓу земјите, народите, да отворам живи рани, да ги тргам завоите.Јас сето тоа не би сакал да го правам. Јас никого не сакам да обвинувам, затоа што кабалата никогаш, никого и за ништо не го обвинува.Таа само го нуди начинот на нашето исправување.

Нема никаква вина ниту на чеченците, ниту русите, ниту украинците, ниту пољаците, ниту Сталин, ниту Ленин, на никој воопшто! Ние се наоѓаме сите со вас, во многу едноставна егоистичка животинска мала состојба, и треба да почнеме од неа да излегуваме. И затоа се' што се случувало, тоа се случило - затоа што требало да се случи. А се' што е пред нас – зависи од нас. Ајде тоа да го правиме. Ајде да ја распространуваме оваа наука, затоа што со нејзина помош ние можеме да ја достигнема навистина среќата. Овие мазалут, капките на вишата светлина, светлината Хохма, - тие ќе почнат врз нас да капат, на главата.Тоа се благотворни капки. Нека повеќе капат! А сето останато не е важно.

И нам не ни е потребно сето тоа да го анализираме,тоа нема ништо да даде. Кој е во право, кој е виновен, и дури ако почнеш за тоа да зборуваш, никој и така нема да те разбере, затоа што вишото управување е спротивно на нашето, и ние никогаш со него нема да се согласиме и нема да го сфатиме. Ние со него ќе се согласиме само тогаш, кога самите ќе почнеме да се искачуваме по тие скалила, по 125-те скалила. Тогаш ние ќе станеме праведници, кои го оправдуваат тоа, што се случува во светот. А дотогаш ништо нема да ни помогне. Само ајде да се зафатиме со распространувањето на кабалата насекаде и со сопственото исправување. Со тоа ние ќе го промениме светот. А сè што било до овој момент, оставете го, - така морало да се случи. Никој не е во право и никој не е виновен. Започнете од бел лист хартија. Ни пожелувам среќа на сите нас во тоа.

Триесет секунди, може? Сакам да кажам, дека сега, во врска со ова што сега го зборувате, активно се подготвува американскиот конгрес, и денес после групниот час, фактички сите наши американски групи се собираат за да се подготват, не' покануваат на својата средба, која ќе се емитува на сајтот на Лионин центар.Сите кои учествуваат во подготовката, сите кои сакаат таму да допатуваат, да постават прашања, да помогнат во организирањето..можеби ќе кажете два збора.

Јас сметам дека тоа е многу важно.Јас самиот таму ќе патувам, и веќе сум во очекување на тој момент, кога ќе бидам таму, и ќе се сретнам со моите ученици од Северна Америка, пријателите, со нивните наставници, раководители, и т.н. Јас сметам дека тоа е многу важен конгрес, екстремно важен конгрес, кој може нека допатува.Иако тоа можеби не е така едноставно денес, од разни земји, но треба да се потрудиме да бидеме заедно со нив, барем преку оваа наша виртуелна мрежа, интернет, бидете заедно со нас, ајде да им помогнеме правилно да се организираат – тоа е за сите нас! До гледање, среќно!

Лекција 21 „Клуч и катанец“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica