Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Со кого сме партнери?“

 

13.12.2009

Со кого сме партнери? Ќе ви нацртам. Тука постои Создател, со задача да создаде создание, за да го доведе тoa создание до состојба во која што се наоѓа Тој. Затоа што таа состојба е единствена, совршена, вечна, хармонична. Ние дури не знаеме за таква состојба, не фантазираме и не ја познаваме. Ги немаме ни основните желби, страдања и стремежи во однос на тоа. И помеѓу Создателот и созданието постои своевидна нишка на поврзување, комуникатор, кој го нарекуваме Свет на Ацилут.

Значи, Малхут во светот Ацилут, и Зеир Анпин на светот Ацилут. З"А на светот Ацилут е претставник на Создателот, а Малхут на светот Ацилут е претставник на созданието, т.е. нас. Созданието не се нарекуваме ние самите, нашите животни тела, туку душите кои се воздигаат и можат да се приклучат во Малхут. Душите се извишуваат во Малхут во таа мера, во која постои кај нив желбата за меѓусебно соединување. Да го поништат својот егоизам и да се приклучат во Малхут. Во таа мера, во која Малхут ги собира во себе тие души (нормално таа нив не ги собира, туку душите доброволно, без притисок, поттикнати од страдањата на нашиот свет, желбата да се бара смислата на животот, на страдањата, да се биде над нив, да се воздигне). Значи, во таа мера, во која душите можат да се воздигнат во Малхут, т.е. да се соединат со неа (во тоа е целта на воздигнувањето), во таа мера тие контактираат со З"А. И Малхут и З"А. Тогаш влегуваат во состојба која се нарекува Зивуг.

Тоа е меѓусебно соединување по сличноста на особините. Како во нашиот свет половиот акт, т.е. соединувањето помеѓу машкото и женското. Но се мисли во духовна смисла. Не како последица на нашите животни желби, побуди и хормони. Зивуг се нарекува соединението по сличноста на особините меѓу З"А (особина на давање) и Малхут (особина на примање). Ако меѓу овие особини на давање и примање постои врска, а врската се случува само ако примањето на Малхут биде поради давање (затоа што желбата за примање не се менува. Но заради што тоа се користи, ја менува целата смисла на дејството обратно.

Значи, ако ние, душите, во однос на Создателот сме, да речеме, женски дел, ако меѓусебно се соединуваме, собирајќи се во една целина, желбата да се прима од Создателот (ние само тоа и го можеме, примаме од Него) но, да се прима за да се предизвика кај Него задоволство, тогаш нашето примање ќе биде еквивалентно на давањето.Тогаш ние го правиме Зивуг соединувањето, спојувањето на Зеир Анпин и Малхут, т.е. претставникот на Создателот и претставникот на созданието. Тоа соединување претставува сè што воопшто можеме да достигнеме.

Тое е цел на нашата работа, учење , напори, распространувања итн. Зивуг ја претставува нашата цел. Душите се воздигнуваат кон Малхут, се спојуваат со неа и предизвикуваат Зивуг. Сè додека целосно Создателот не се прикаже во З"А, и З"А стане огромен. Значи,З"А „мало лице", мало прикажување на светлината Хохма, Светлина на мудроста, задоволството, исполнувањето. Мала, затоа што толку е нашата способност во него нешто да предизвикаме.

Но, конечно, кога Малхут целосно ќе ги воздигне кон себе сите души, тоа се нарекува целосна поправка на душите, тогаш З"А, т.е. мало лице се претвора во АрихАнпин-големо лице. Целата светлина на созданието се прелива во З"А, и тој станува голем. Малхут притоа станува голема и настанува огромен Зивуг, огромно вечно совршено спојување на Создателот со творбата.

Тоа спојување помеѓу созданието и Создателот во тој систем, кој се нарекува ЗОН (Зеир Анпин и Нуква) на светот Ацилут. Тоа претставува се: нашата цел, напор, притисок, фантазија, сè кон што се стремиме. Кон ништо повеќе. Само што ќе произлегува од нашите дејствија во тој систем на соединување на Зеир Анпин и Малхут на светот Ацилут, Создателот и созданието.

И сите имиња, кои ќе ги сретнеме на објектите, дејствијата, боите, звуците, планетите, сè што се случува на Земјата, во Космосот, во Духовниот Свет, во нашиот свет, сè е во зависност од меѓусебната врска помеѓу овие два објекти. Едниот, претставник на Создателот (Зеир Анпин) и другиот, претставник на творбата, душите (Малхут). Малхут го нарекуваме Нуква. ЗОН (Зеир Анпин и Нуква). И З"А и Нуква добиваат секакви имиња, затоа што ништо освен тоа не постои.

И денешниот свет, и себеси, и сè што нè опкружува, ние го чувствуваме како производ на соединувањето на созданието со Создателот. Кога тоа соединување не би постоело, дури и најминималното, ние не би се чувствувале ниту себеси, ниту околината, ништо не би постоело. Поради постоењето на мал контакт помеѓу З"А и Малхут, мало соединување, микроскопско, и поминува мала светлина од З"А до Малхут.

Таа Светлина се нарекува Нер Дакик-мала свеќа. Таа мала свеќа предизвикува во нас, во Малхут (иако не сме обединети, не тежнееме кон соединување, кон давање, кон примање поради давање, или давање кон сличноста со З"А),тој мал зрак светлина поминува од З"А во Малхут, ни дава некој аванс за да ние постоиме. Да го почнеме од нешто нашето постоење, да напредуваме.

Затоа З"А, освен ова мало чувство на постоење, не поттикнува со секакви недостатоци на задоволства. Предизвикува кај нас секакви побуди, ни свети оддалеку, а ние тоа во себе го чувствуваме како немање на исполнувања, задоволства, познавања, чувства на сите нивоа. Односно, сè што се случува во нас, се случува поради делувањето на З"А во Малхут.

Создателот постојано ни свети, но ние или спротивно ја доживуваме таа Светлина, што е согласно на нашите особини спротивни на неговите. Неговите особини се давање, љубов. Нашите особини се спротивни - желба сето тоа да се впие, да се задоволи на туѓа сметка итн.

И затоа ние ги чувствуваме неговите големи Светлини, како наша најмирна состојба. Нам ни се чини дека Тој не свети, делува против нас. Обратно, тој сака да нè привлече, но со што?

Покажувајќи се малку, а ние тоа го чувствуваме како апсолутно спротивно. Затоа што по нашата природа сме спротивни на него. И неговата светлина за нас изгледа како мрак.Затоа што е светлина на давање, на љубов, од произлегувањето од внатре. Нам таквата љубов не ни треба, за нас таа претставува мрачна состојба. Така да, З"А секогаш го поттикнува Малхут, ги поттикнува душите, сакајќи притоа да ги привлече кон себе во вид на партнер, соработник. А каде има партнерство меѓу овие два објекта кои што единствено постојат во природата?

Сè што има до Зеир Анпин-таа област се нарекува Создател, и сè што се наоѓа под него е област на созданието. Така сè е поделено на две области. И З"А постојано нè поттикнува нас, за да станеме со Него партнери. Оттаму е и називот на статијата „Со кого сте партнери?" И затоа почнува Раби Шимон, тој вели: „Стави ги моите зборови во устата твоја". Уста-тоа е место каде што се наоѓа екранот кај духовниот парцуф, т.е. отвори ме со својот екран.

Колку треба да прави напори човекот во Тора, т.е. во методот на достигнувањето. Ден и ноќ, т.е. и во време кога му свети и во време кога не му свети Вишата Светлина. Кога се наоѓа во неговото точно разбирање, и во спротивното. Затоа што Создателот е внимателен кон тие што ја изучуваат методата на воздигнувањето. Што значи внимателен?

Вишата Светлина свети според закон, тука нема од страна на Создателот внимание, невнимание, пренебрегнување или посебни односи, не. Работата е во тоа што човекот го предизвикува кон себе тоа внимание со своите напори. И со секој збор кој човекот го осознава во Тора со својот напор, тој гради за себе еден небесен свод, т.е. секојпат кога човекот открива нешто, со своето подобрување тој создава екран (небесен свод). На тој екран тој ја открива новата врска, нијанса на врската меѓу себе и Создателот.

Точка.62.Учевме дека истовремено со обновувањето на Тора со устата на човекот, т.е. Создателот постојано свети со иста светлина, но човекот се менува со своите напори и затоа му се чини дека на него делуваат различни светлини. Тоа се нарекува обновување на Тора со устата на човекот, т.е. екранот, со неговата желба да го открие Создателот.

Повторувам. Постојано зборуваме за уста. Ние ја нарекуваме Рош, Тох и Соф на духовниот парцуф (душа во кабала). Тука се наоѓа екранот. Колку од целокупната светлина може да се прими внатре во Рош, горниот дел, а колку не може да се прими, да се одбие. Тоа место го нарекуваме Пе, или Уста или Рош. Да претпоставиме дека во Рош постои 100% светлина, Тох добива 20% и не добива 80% од светлината Соф. Местото каде се случува престанувањето на добивањето на светлина, се нарекува Табур (папок). На таков начин се дели душата на делови.

Кога зборуваме за уста, зборуваме за екранот (Масах) кој одредува колку светлина ќе прими во себе душата на созданието, за притоа да го задоволи Создателот. Како кога гостинот решава дека ќе прими храна само поради домаќинот. Тогаш кога Тора се обновува преку устата на човекот, т.е. целата светлина која сака да допре дотука,(неа исто ја нарекуваме Тора) се обновува преку екранот на човекот, и тој добива мала количина на светлина. Создателот ја зема таа мудрост, тој дел на светлина што ја добил човекот, ја бакнува, се допира до неа. Бакнежот се случува преку уста.

Постојат два вида на духовно соединување.Како што во нашиот свет постојат два вида на допирање меѓу машкиот и женскиот дел. Дел што дава и дел што прима. Тоа се бакнежот Зивуг Де На Шекин, кој се случува во горниот дел на парцуфот, од уста во уста, или Зивуг Де Ис Одот, кога се допираат со долниот дел на парцуфот. Како што во нашиот свет се случува половото соединување. Тука се случува прво (има соединување со дух и соединување со тело) соединување со дух, од уста. Затоа што дух се нарекува слабиот дел на соединувањето. Постои кај нас Нефеш Роах, има светлини. Како на пример светлината Роах се нарекува дух. Малото соединување се случува преку уста, соодветно и во нашиот свет така се смета, а големото соединување се случува преку нивниот долен дел на парцуфот (Зивуг Деис Одот).

Соединување со основите, затоа што таму се наоѓаат машката и женската основа, и таа што прима и таа што дава. Создателот ја зема таа мудрост, таа Светлина која душата може да ја собере во себе, ја бакнува и ја украсува со 70 украси.

Зеир Анпин се состои од 7 делови, од кои секој содржи 10 сефирот, вкупно 70 сеферот. Тоа се 70 негови особини, преку кои Тој се прикажува себеси во сооднос со Малхут. Создателот ја украсува таа Светлина со 70 украси, ја обвиткува во 70 варијанти на делување на Малхут. И таа обновена мудрост се воздигнува и седнува на главата на праведниот, кој ги оживува световите.

Целата таа Светлина не слегува во Кегр, не слегува во Рош, во горниот дел на оваа душа која го предизвикува тоа спојување, а потоа лета, лебди до 70.000 светови. Односно, се воздигнува на следното ниво, таму каде што 70 сеферот на З"А се зголемуваат на 70.000. Тоа е следното ниво. Секое ниво се разликува од претходното, рамно е по моќ со претходното, помножено по 1000. На таков начин се зголемува моќта меѓу нивоата. Затоа оваа светлина влегува во душата, душата се воздигнува на следното ниво и наместо да добие светлина во 70 варијанти, го зголемува слабото полнење 1000 пати. Се воздигнува наместо во ЗА и Арих Анпин (А"А) во многу повисок парцуф, наречен Атик. (од зборот Неј Так-оддалечен, отсечен, оттуѓен, т.е. некој што ние одоздола не можеме никако да го достигнеме).

Неј Так-значи недостижно за мене. Таму потоа се воздигнува душата, на тоа ниво наречено Атик или Сферат Кетер (круна) т.е. на највисокото ниво. Во Атик се наоѓа скриената Висока Мудрост. Таа скриена мудрост која се обновува во нашиот свет кога се воздигнува, се обединува со Атик, се воздига, се спушта и влегува во уште 18 светови.

Во Атик постои посебна состојба. Малхут заедно со З"А, се воздигнува во состојба што се вика Аба Ве Има (татко и мајка). Потоа во состојба што се вика Арих Анпин, (А"А) а потоа во состојба Атик. Постои и машко име Атик. Во Атик постојат уште 18 светови, односно 18 посебни прикажувања на Вишата Светлина во душата, каде ничие око не го видело Создателот, освен тебе. Само тој, што се воздигнува до таму почнува да разбира што се случува со него, каде се наоѓа, за што станува збор. Затоа што тој добива нови инструменти за осознавање и разбирање на тоа, што порано не постоело.

Како новороденчето кога се раѓа доаѓа во сосема друг свет, не знае каде, како, зошто. Така и ние доаѓаме во таква состојба каде што ни се променува апсолутно сè, не се губи претходното, туку на него се додава таква состојба на достигнување, осознавање и разбирање, која што не е последница од претходните состојби. Поразвиено, пошироко, подлабоко разбирање, сосема различни од нашето. Затоа се вели „ничие око не го гледа ова освен тебе." Освен тој, што влегува таму. Излегуваат оттаму и доаѓаат само исполнетите и совршените, целосно подобрените души, со особина на давање. Застануваат пред Атик.

Истовремено Атик ја испитува секоја душа, пожелна ли е за него, повеќе од другите. И таа, која е најпожелна од сите ја зема, ја украсува со 370 украси. Кај З"А имаше 70, се зголемува на 70.000 кога почнува да се воздигнува, а сега се воздигнува и се украсува со 370.000 украси. И таа обновена душа, обвиткана во Тора, се воздигнува, спушта и се создава од неа еден небесен свод.

Порано имало многу мали небесни сводови, сега се создава еден заеднички небесен свод. Еден заеднички екран, односно заедничка глобална врска меѓу созданието и Создателот, едно целосно спојување. На таков начин доаѓа до спојување на созданието со Создателот, и таа станува негов партнер. И така секое дејствие на душата што сака да се воздигне и соедини со З"А создава небесни сводови, претставени пред парцуфот Атик и ги нарекува нови небеса. Поточно обновените небесни сводови, затворени во вишата мудрост.

Вишата Светлина -Светлина на Бесконечноста, на таков начин слабее за да стигне до нас тука, да се прикаже некако за да нè поттикне нас кон Него, кон воздигнување.

Тие обновени небесни сводови затворени со Вишата мудрост и нескриената Виша Светлина и сите останати делови на Тора (Виша Светлина). Тора го нарекуваме и методот на воздигнување. Тој кај нас се појавува не со помош на книга, туку со делување на Вишата Светлина врз нас. Ние читаме, книгата што се нарекува Тора, но со нејзина помош ја поттикнуваме Вишата Светлина. А сите останати делови на Тора кои се обновуваат без посредство на Вишата мудрост, застануваат пред Создателот, се воздигнуваат и се претвораат во Земји на животот, „И се спушта и ја украсува Земјата и се обновува, никнува од ништо, обновено во Тора, Нова Земја".

Што сака со тоа да каже? Дека Светлината која делува одозгора делува во две насоки. Во едната го поттикнува нашиот егоизам, го зголемува, а потоа го проширува и го подобрува. Како што го проширува и подобрува, така го исполнува со Светлина. Значи Вишата Светлина која слегува врз нас ги врши сите функции и дејства врз нас. Предизвикува во нас егоизам, истиот го подобрува, го исполнува, ни дава состојба на заедничко совршено вишо постоење.

Само тоа се случува до таа мера, во која малото човече од нашиот мизерен свет се труди врз себе да ја предизвика Вишата Светлина, не е важно на кој начин. Со мали желби, дејства без многу во нив логика, сила и мудрост, важно е кога ќе се воздигнат проаѓаат низ овој систем и го достигнуваат Атик. Тогаш стануваат разумни, моќни, насочени кон целта, затоа што така функционира тој систем.

Во нашиот свет, кога малото дете плаче, вика, системот Аба ве Има (татко и мајка) одлично го разбираат, му обезбедуваат сè што е неопходно за неговиот развиток. Така и кај нас. Важно е да разбереме, дека се наоѓаме во таква мрачна состојба и треба да сториме сè што прави детето, да бараме, се стремиме да станеме големи на секој можен начин.

Тој стремеж кај нас се случува автоматски, инстинктивно, поврзано со нашите гени кои постојано предизвикуваат и не поттикнуваат. А во духовниот свет да нè поттикне кон духовниот раст може само делувањето врз нас на исправната околина. Затоа во неа е целата наша слобода на волјата.

Точка.65. Речено е понатаму: „Кога новата Земја и новите небеса, кои ги создавам Јас (зборува во сегашно време). Затоа што тие постојано се создаваат и се обновуваат со дејствата на човекот во Тора. Односно со тие дејства, со кои можеме нешто да сториме со нас самите-да распространуваме, да се обучуваме, не е важно. Ако притоа имаме желба да напредуваме барем малку, таа желба се воздигнува и го предизвикува обновувањето на Вишата Светлина.

И затоа е кажано: „И ќе го ставам тоа во устата твоја и во сенката на делата на рацете твои, земајќи небо и создавајќи Земја".

Се мисли на обновено со Тора, небо, односно Светлина која доаѓа одозгора, како одговор на нашите мали детски молби, напори, на Светлина која доаѓа одозгора и создава во нас екран и им се открива полека. Како детето-расте и наеднаш почнува да разбира, да ги поврзува работите од каде, што, како. Почнува да реагира, учи од возрасните автоматски, како мајмунче. Така и ние во духовниот свет, ни доаѓа Вишата Светлина и од нас прави на почеток мајмун, потоа човек. Така и се нарекува нашиот духовен раст: неживо, растително, животна состојба и потоа човек. На таков начин ние растеме во духовниот свет. Не разбирајќи од почеток, апсолутно, што ние правиме. Но ние треба да разбереме дека имено во тоа се состои процесот на растење.

Прашал рабин Елизар: “А што означува-во сенка на делата на рацете твои“? И му одговорил рабин Шимон: “Кога се предаваше Тора, се појавиле илјада ангели.“ Ангелите се вишите сили, Тора е средство за духовно подобрување на човекот, т.е. метод, упатство во кое се објаснува за овие илјадници сили. Да го изгорат ова упатство, оваа особина која што го добила Тора, со пламенот на устата своја. Но го заштити Создателот (особина на Создателот-особина на давање) доаѓа до нас, нè обвиткува, нè заштитува ,т.н. свет Хасадим. Ние во тој свет Хасадим почнуваме правилно да гледаме: особина давање, особина на Создателот), ние можеме да ја добиеме Светлината на мудроста.

Проблемот е во тоа што Светлината која нас нè исполнува, која ни дава чувство на изобилство, исполнетост, или во сите наши сетила, во срцето, или во сите наши празнини на достигнувањата во разумот. Оваа Светлина се нарекува Светлина на мудроста (светлина Хохма).

Светлината Хохма може да ја добиеме само во таа мерка, во која ние претходно ќе бидеме исполнети со светлината Хасадим. Ние и сега се наоѓаме со вас во простор потполно исполнет со светлината Хохма. Како да се наоѓаме во длабочина на океанот, во вода, околу нас е светлината Хохма. Притоа таа е многу растеглива, набиена, но ние воопшто не ја чувствуваме, таа за нас е сосема неосетна.

Ние поминуваме низ неа, како да ја нема. Само во таа мерка, во која ние можеме во себе да ја поттикнеме светлината Хасадим, особина на давање, особина на љубов, излегување од себе, само во таа мера ние ќе почнеме да ја чувствуваме постоечката, околу нас, светлината Хохма. Одеднаш ќе увидиме дека се наоѓаме во неа, во таа Светлина, во некој друг свет, во некој друг простор. Светлината Хасадим е услов за да ни се разоткрие постоечкиот, околу нас, свет на бесконечност. Но тој не се открива наеднаш цел, туку по делови.

Затоа малку Светлина Хасадим со која ние во себе можеме да создадеме особина на давање, предизвикува во нас чувство. Наместо свет на бесконечност, некој пригушен, но сепак духовен свет, наречен свет Асија.

Ако можеме да создадеме повеќе Светлина на давањето, особина на давање, љубов, излегување од себе, да се воздигнеме над себе, ние почнуваме да го чувствуваме, наместо светот Асија светот Јецира, т.е. повеќесилна Светлина. Светот на бесконечноста се појавува во нас малку поблиску, во посилно појавување. И понатаму светот Брија, Јецира, Ацилут, Адам Кадмон. Потоа целиот свет на бесконечност веќе во несокриена од нас состојба.

Ние и сега постоиме во светот на бесконечноста, само за нас тој не постои. Ние самите го сокриваме од себеси, со своите егоистични желби. Целата метода се состои во тоа да се кренеме над нашите егоистични желби. Да почнеме да чувствуваме дека околу нас нешто постои. Како ние тоа не го чувствуваме. Како новороденче кое влегува во нашиот свет. А понатаму сè во него почнува да се развива.

Значи, ние треба прво да се родиме, да го поминеме Махсом, да добиеме минимална особина на давање. За да ние постоиме во тој Виш Свет и понатаму да ја развиваме таа особина на давање во себе. Во таа мерка да добиваме, чувствуваме, постоиме во оваа бесконечна Светлина на мудроста Хохма. Секоја наша активност создава екрани, небесни сводови, кои ни помагаат сè повеќе да ја чувствуаме Светлината Хохма.

Во тоа се состои и подемот по духовните скалила, т.е. никаде не се качувам, туку само повеќе го проширувам своето сетило за тоа во кој простор се наоѓам, што постои околу мене, какви мерила уште постојат.

Кажано е: „Кога нова земја и нови небеса кои ги создавам Јас“ (кажано во сегашно време). Затоа што тие постојано се создаваат од обновувањето на Тора. Кога човекот постојано создава во себе особина на давање, поголемо од сопствениот егоизам, кој постојано се возбудува намерно заради ова. Тогаш и се добиваат во него постојано растечки, обновувачки небеса.

И затоа е кажано „И ќе го ставам тоа во устата твоја и во сенката на делата на рацете твои". Во твоите екрани, кога можеш правилно да пресметаш во главата на примање поради давање, и во раце (тоа е желба на човекот за добивање, кога може да прима поради давање). Да се земе од небото и да основа Земја. Небо-особина на давање, Земја-особина на примање. Кога се меѓусебни, овие особини контактираат. Кога З"А и Малхут, особина на давање и особина на примање (З"А е небо, Малхут е земја).Тие меѓусебно создаваат веќе таков контакт, што човекот меѓу небото и земјата, во таа атмосфера, постои.

Кажано е едноставно небо, затоа што се мисли на обновено со Тора, со помош на методата на подобрување-небо. Рече рабин Елизар:,,а што значи во сенката на делата на рацете твои?"Му одговорил рабин Шимон :,,Кога се предаваше Тора, Мојсеј, човекот со својата особина, ја примаше оваа инструкција, метод“. Почнувал во себе да ја обработува, прима и реализира. Му се појавиле илјади ангели, пронајде илјади нови духовни сили, неоткриени дотогаш во неговиот живот. Да го изгорат со пламенот на устата своја,т.е. да го уништат неговиот стремеж кон Создателот. Стремежот се вика Моше - Мојсеј. Од зборот мушех - да се извлекува. Мојсеј, согласно на Тора, името го добил од ќерката на фараонот, која го извадила од вода.

Значи, таа особина во нас, што нè извлекува од нашиот свет, наидува на огромна пречка. Намерно, и како што гледаме по овој расказ, Мојсеј требал да стои пред фараонот, да војува со него, за да му дозволи да излезе од Египет. На крај тие побегнале.

Сето тоа кажува за нашите внатрешни побуди и метаморфозата, која ја поминуваме, за да се откинеме од нашиот егоизам и да се воздигнеме над него. Илјадниците проблеми излегуваат пред нашата особина; желбата да се воздигнеме и да влеземе во духовниот свет.

Но, сите тие пречки не се за да нè втурнат назад во нашето мизерно постоење, туку затоа, да со нивна помош, совладувајки ги, се воздигнеме над нив, за да има на што да се поткачиме. Да се искачиш можеш, ако пред тебе има пречка и ти на неа се поткачиш. Затоа сега, кога обновувањето на Тора се искачува и се појавува пред Создателот, тој го заштитува Мојсеј.

Како во расказот, човекот заедно со овие илјадници пречки, илјадниците ангели што ги гледа пред себе. Кај него се појавува можност да го фати за рака Создателот. Да почне да контактира со Вишата сила.Тој чувствува дека му е неопходна, до тогаш немал потреба од неа, затоа и не ја приметувал. Таа била скриена од него, а сега обратно.Тој има потреба од неа и соодветно со своите потреби ја открива. Како мало дете, ја наоѓа и се фаќа за својата мајка.Таа го заштитува, го крие од илјадниците ангели, кои ги праќа Создателот за да го принуди човекот да најде контакт со Него. Тоа се прави така да пред човекот се прави спектакл. Како демек, има тука завидливци, непријатели, помошници и т.н. Како има многу луѓе, животни, цел свет, а во реалноста ништо нема.

На таков начин кај нас настанува проекција на нашите сопствени особини. И од сето тоа; неживо, растително, животно, човек и Создател, се создава во во вид на круна. Ново небо и земја. И затоа е кажано: ,,Во сенка на делата на рацете твои да се земе небо и да се основа земја". Следува заклучок, дека сè што е скриено од очите, го постигнува највдобриот резултат. Да произлезат од ова скриените, и откриени нови небо и земја. Потоа следна состојба од небото и земјата, и така до конечната поправка.

Сега одиме на прашањата:

Игор од Јужно Сахалинск: Како може да се задоволи Создателот ако не е жив? Излегува, дека ние никого не можеме да задоволиме. Се задоволуваме само себе си, својот егоизам?

-Разбирам зошто е прашањето поставено, но сето тоа е само претпоставка. Постои Виша Сила која претходи на сè останато.Така ние осознаваме, ние не знаеме надвор од себе. Знаеме само од нашето спознавање, тоа што ни го раскажуваат луѓето што достигнуваат. И од ова ја започнуваме науката кабала.

Пред сè постоела Виша Сила, која намислила да создаде создание, за да го задоволи, т.е. да го направи рамно на себе. Затоа го создаде со спротивна особина од својата, и т.н. Не смееме да зборуваме за непостоење на Вишата сила. Таа го формира сето внатре во нас, го определува. Проблемот е само како ние ја чувствуваме, во која мера. Како новороденче кое не ги чувствува родителите, светот што го опкружува. Ништо не спознава, лежи, плаче. И ние така во нашиот свет. Не го чувствуваме воопшто Вишиот свет, што не значи дека тој не постои. Создателот се наоѓа во мене, надвор од мене, сето тоа е претпоставка. Кога ќе почнете сè да чувствувате, што ќе зборувате само за своите чувства, достигнувања.

Како новороденчето после неколку недели ја чувствува својата мајка итн. И така расте, како и ние. Ние не ја знаеме таа мајка, само ја знаеме во однос со нас, голема, топла, се грижи за нас итн. На таков начин го чувствуваме Создателот. Не се говори дека Тој е баш таков, Создателот кон нас се нарекува со особината Има-мајка, Бина. А реално, тоа е неговото појавување кон нас, како на цртежот. Создателот и неговото постепено слегување кон нас до контактот со нас. А ние го достигаме одоздола нагоре. И затоа додека целосно не станеме рамни на Него, поминува низ различни етапи, и во нас сите тие етапи постојат.

Кога стануваме рамни на него, таму постои посебна состојба. Кога ние почнуваме да ја чувствуваме вистинската замисла, вистинскиот корен на создаденото, притоа искачувајќи се повисоко од точката на своето создавање, повисоко од точката од каде што зачнавме и понатаму. Заедно со Создателот ние не почнуваме од таа точка, од горе надолу и потоа се качуваме да го постигнеме, туку од точката каде сме создадени одиме заедно некаде нагоре. За таа состојба науката Кабала не пишува. Затоа што тоа се наоѓа надвор од рамките на нашето поправување. Таму постојат сосема други сфери, состојби, сили. За тоа ние ништо не знаеме. Тоа не е само тајна.Тајна е тоа што ние не сме во состојба да го достигнеме и да го опишеме со зборови.

Затоа ние зборуваме само за тоа што влегува во нашите сетила, во сетилата на обичните луѓе од нашиот свет, или кабалистите во светот каде тие го достигнуваат Создателот, при искачувањето одоздолу нагоре. И само толку. Засега ни е доволно. Кабалистите, за да не се збуниме, многу внимателно ја раскриваат последователноста на нашето подобрување. За да не ни наштетат. Исто како што ние правиме со малите деца. Постојат книги за година, две, три, игри за секоја возраст итн. Ние го проверуваме детето по тие критериуми. Непожелно е да му се дава повеќе отколку што му е потребно според возраста. Освен ако самото не се поттикне кон нешто повеќе. Затоа засега доволно откривме.

Сираел од Флорида: Како и децата гледам колку чуда постојат и колку сум оддалечен од Создателот. Колку повеќе учам, толку помалку знам. Што треба да направам да станам подобен за Светлината Хохма. Да ме исполни мене и другите?

-Тоа не зависи од знаењето, апсолутно. Зависи само од тоа во која мера ти ќе можеш да откриеш во себе, да ја добиеш од надвор силата која во тебе би створила особина на давање. А колку ќе ја знаеш материјата ништо не ти помага.

Како пример: Се занимавам со кабала повеќе од 30 години, 33 години. Пред 30 години го најдов својот учител и од тогаш се занимавам сериозно, последователно. Пред тоа бев во потрага со други кабалисти. Нашето проникнување во вишиот свет не зависи од знаењето, туку само од особината на давање, која човекот може кај себе да ја произведе. Никој нема да знае што се наоѓа внатре во тебе. Затоа останатите тоа не го разбираат, не знаат, не го откриваат, тие немаат за тоа сетила, затоа е кажано тоа што ти ќе го видиш. Го гледаш само ти. Само особината на давање го отвара патот до светлината на мудроста, до душата.

Максим од Днепропетровск:-Дали тоа што го имаме во Зохар, се наоѓа на следното ниво од нас, или се наоѓа на многу повисоки нивоа?

- Не. Сè се наоѓа на следното ниво, апсолутно сè. Кога би се наоѓало на многу повисоки нивоа, ние не би можеле тоа да го протолкуваме. Не сакам да навлегувам во мистика, но ние едноствно не би ги гледале тие зборови, поими, не би можеле да зборуваме за нив, да ги слушаме. Сето се наоѓа на најблиското ниво од нас а кога ќе се искачиме на него ќе видиме во книгата сосема други зборови. Дополнителни знаци, букви, и на сосема друг начин сето ќе го чувствуваме. Значи сето е кажано за нас, тука и денес.

Џес од Детроит:- Како на најдобар начин да се припремам за лекцијата од Зохар?

- Прво, не треба да се ограничуваме со Зохар, со материјата која сега ја изучуваме. Го изучуваме Зохар секој ден и сметам дека човек треба да го слуша секој ден барем тој час, кој го одделуваме за изучување на Зохар. Јас лично му посветувам на изучувањето на Зохар од 8 до 10 часа дневно, несметајќи ги предавањата, снимањата. Ако човекот ги пропушта секојдневните лекции, не може да го достигне подобрувањето. Секој ден барем еден час треба да се занимаваме со кабала. Може да се слуша во секое слободно време.

-Шахин од Баку:-Особината на давање сами ја создаваме или тоа ни е дадено одозгора?

-Човекот не може сам да создава ништо. Ние се наоѓаме на нивото Малхут, на најниското ниво, како последица на Вишата Светлина. Таа ја створи и само таа може да ја промени.Затоа целиот метод на кабалистите е како да ја предизвикаме врз нас Вишата Светлина која ќе нè промени. Ние сами ништо не сме достигнале.

Така само ни се причинува, кога си го олеснуваме животот во една сфера, во другата се случуваат лоши работи. Па сè се сведува на замена на лошото со полошо. Затоа што нашиот свет постои за да ја привлече врз себе Вишата Светлина. Додека тоа не го правиме, нашиот свет ќе потонува во темнина. Вишата Светлина постојано ќе се доближува до нас, но ние ќе ја чувстуваме како поголема темнина. Затоа што кај нас ќе отсуствува Светлината Хасадим, светлината на давањето, особината на давањето за да го видиме и впиеме.

Илмаз од Турција: Зошто многу се заморувам за време и после лекцијата?

- Тоа е нормално. Се трошат големи духовни сили за тоа време. Мозокот ја троши огромната енергија што ја имаме. Затоа човекот што се занимава со Кабала постојано се обновува. И физички исто. Треба сериозно да се занимаваме со Кабалата, но и да се грижиме за тоа да имаме доволно енергија. Сите потреби на телото треба да се задоволат.

Лекција бр.7 - „Терач на магариња“ Дел.1

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica