Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „.. И ја создал Создателот жената“

06.06.2010

Добар ден драги пријатели. Денес ние со вас имаме посебен виртуелен час, женски, и во почеток ќе кажам неколку зборови за женската природа, женскиот дел на душата, за женските души и машките души.Потоа вие ќе поставувате прашања, ние ќе одговараме на нив, ќе се обидеме барем делумно да ја оттргнеме маглата, да ја расветлиме таа област, која цело време се чини како недоволно расветлена.

Разликата помеѓу машкиот дел и женскиот дел се манифестира веќе во првото, единствено дејство на Создателот – создавањето на желбата за насладување, која претставува женски дел. Т.е. "И ја создал Создателот жената" – тоа навистина е така. Навистина тој не го создал мажот, ја создал жената. А тоа што се вели дека во почетокот го создал Аврам, а потоа од него ја создал втората женска половина, ја извлекол од него, - сето тоа било после.Но во почетокот била создадена желбата.

Tаа желба ја преставува женската суштина на суштеството. Т.е. кога ние зборуваме за тоа, дека светлината ја создаде точката, и таа точка е од ништо, токму таа точка го претставува женскиот дел, тоа претставува желба. Потоа таа желба се проширува и добива секакви други особини,но ги вклучува во себе и машките исто така. Затоа што да се проширува значи, оваа фаза - светлина, а следната фаза е веќе желба, која добила од светлината некаков волумен, која чувствува дека сака да се наполни, т.е. таа се развила под влијанието на светлината.

Ако ова е точка, која кон ништо не припаѓа, тогаш ова е веќе женска желба, женски почеток. Тоа е веќе желба наполнета со светлина. А потоа следува желбата за давање.Тука веќе се пројавува машката особина, кога се превртува оваа женска желба во обратна на себеси-машка желба. Машко – давање. Женски почеток – примање. Тоа е веќе Бина, Бина затоа и се нарекува Ит Габрут, Гевер – маж, а ова е Хохма, - женски почеток. Се вели дека жените немаат разум, нема Хохма, ама има Хохма, и тука, точката почетна тоа е Кетер. А понатаму е З'А и Малхут, уште поголемо и поголемо пројавување. И во принцип, Малхут тоа е апсолутно женска желба, жена. И кога ние од нашиот свет почнуваме да се искачуваме и да се исправуваме, тогаш природно, иако како прв се кренал Адам, затоа што во почетокот на суштеството била собрана правилна душа, а потоа се случи шфира, нејзино кршење..Ние веќе претставуваме резултат на тоа разбивање на заедничката душа, мораме да ја составуваме од веќе разбиените делови, затоа се пројавува женскиот дел од машкиот дел, во почеток е машкиот дел. Но тоа не го претставува самото суштество, туку неговиот, да речеме, исправен дел. Т.е. мажот се смета за поисправена состојба од жената, во нејзиниот духовен облик, ако е тоа во духовен облик, а генерално женскиот почеток претставува основоположнички во нашиот свет, и врз него се гради се' во овој свет.

Значи, Создателот ја создал желбата, желбата е жената. А мажот е исправување. Ако ние со вас секогаш цртаме таков сад, кој претставува апсолутно се', ова е желбата, и врз него доаѓа екранот – тоа е машкиот дел. А ова е женски дел. Екранот е исправување. Така што жената – тоа е природа, а мажот – е степен на сличноста со Создателот. Не може да се зборува кој е подобар, а кој е полош, тука такво нешто не постои. Сето се состои во нивната правилна меѓусебна комбинација, во нашиот свет таква комбинација не е можно да се достигне.Затоа женскиот дел останува како желба, и затоа жената е поблиска до природата.Таа помалку греши, поприродна е, и нејзините животни желби се правилни, аргументирани. А мажот, бидејки тој произлегува од екранот, а во нашиот свет тој екран е разбиен, изобличен, тогаш се' што неправилно се случува во светот, се случува поради мажите. Но ако нашата цивилизација не би требало да се исправува, и ние би биле управувани од женскот дел, тогаш животот би бил многу помирен, и подобар. Затоа светот е така изграден, да децата повеќе се под покровителство на мајките, отколку на татковците. Затоа што тогаш можеме да сме сигурни дека ќе бидат згрижени. И правилно, блиско до нивната природа воспитание, а не откинатост од животот.

Затоа што екранот е разбиен, апсолутно неповрзан со Малхут. Т.е. од ова разбивање, кога екранот ја добил својата обратна особина, наместо давањето - примањето, тогаш мажот, станувајки во принцип егоист, не го опслужува женскот дел,туку едноставно некаде одлетува, во свои некакви игри. И тогаш излегува дека , ние го гледаме тоа и во природата, како машката особа.Таткото, кој зачнал дете, посебно кај многуте цицачи, тој многу бргу ги напушта, престојува некаде можеби во близина, а можеби и далеку од нив.Но децата секогаш остануваат со мајките. Тоа е програмирано во самата природа. Така што, бидејки мажот не е во состојба да биде блиску до исправувањето, тој премногу е откинат од него, со таа експлозија, тоа разбивање, кое се случи во нашите корени. Така што жената – е желба. Желба природна, непоколеблива, која сама од себе не може да се промени, затоа природата на жената не може да се промени, и тие се многу малку подложени на промени, во текот на целата историја на човештвото. Жената останува на своите желби – тоа се желби за дом, семејство, деца, обезбедување на своите блиски со сето неопходно.Таа е многу поприземна отколку мажот.Има базични, силни, неопходни за постоење потреби. И затоа во текот на целата историја женскиот дел многу малку се менува. А мажот, навистина, со тоа дека се откинати од природата, и во својот егоизам се спротивни на својата некогашна исправена состојба, кога ние со вас се уште се наоѓавме во своите духовни корени, затоа мажите ги фрла од страна на страна.Сите нивни постапки, сите нивни дејства во нашиот свет ги создаваат сите проблеми. Но од друга страна, пак, тие согласно со својата природа, екранот, претставуваат активен дел.Затоа тие го потиснуваат женскиот дел.И во принцип женскиот дел се согласува со тоа, затоа што во нашата природа ние произлегуваме од духовната наша состојба, кога женскиот дел бил потиснуван од машкиот дел на правилниот екран, и заедно тие го достигнувале спојувањето, и спојувањето со Создателот, со вишата светлина. Го достигнувале притоа совршенството, хармонијата.

Но тоа одамна веќе го нема во машиот дел.Затоа, иако овој машки дел е активен, и го потиснува женскиот дел, но од тоа потиснување, од тоа управување од страна на мажите, со нивните неисправени побуди на нашиот свет, ништо убаво не се случува, освен едно: дека на крај ние се убедуваме во тоа дека се доведуваме себеси во ќорсокак. Потребно е да се прави нешто со ова човештво, со овој наш свет, инаку ние едноставно ќе го изгубиме. Токму кон таква состојба ние со вас одиме. Така што ова е тоа, што се однесува на нашиот свет, мир во него ќе нема.Затоа што со него управуваат мажите, и токму благодарение на активниот машки дел, ние доаѓаме до тоа, дека се откриваме себеси како разбиени, опустошени, бесцелни. Преку сето ова го наоѓаме осознавањето на злото, реално потребната цел, потребниот пат, и тогаш веќе мажите активно се занимаваат со своето исправување, жените исто така истовремено.Дури можеби и во поголем број тука и таму, се искачуваат исто во своите желби кон тоа исправување, затоа што ја чувствуваат неговата неопходност.Затоа што разбираат, дека од мажите, во принцип, да се очекува правилно однесување како такво, е невозможно.И се создава таков сооднос помеѓу половите, каков што се создава во наше време, кога доаѓаат во кабала и мажите и жените, и се обидуваат себеси да се реализираат.

Тука кај нас исто така се создава одреден проблем: недоразбирањето на целата оваа природа, нашата посебна состојба, овој период, во кој сега ние со вас престојуваме, и конечната цел. Т.е. почетната, начелна состојба нам ни е јасна.Жената е едноставно егоистична во своите потреби, но тие потреби се приземни, диктирани од неопходноста на преживувањето, и затоа таа е постабилна и помалку неисправна од мажот. Таа има обичен, приземен, едноставен, во главно реален егоизам. Кај мажот егоизмот е нереален, тој е апсолутно неподложен на управување.Тој е на некој начин виртуелен, кон секакви игри, секакви страсти, тука уште е и гордоста, и некои обиди да се надвладува, и др. Го оттргнуваат мажот од обичното реално постоење – тоа е нашата појдовна состојба. И на таков начин, ние така постоиме двата пола, паралелно, во текот на целата наша историја.

Што вели за тоа кабалата? Дека на крај, кога ние доаѓаме до разочарувањето во нашето постоење, тоа што се случува во наше време, тука веќе треба ние да ја разбереме нашата правилна состојба. Не појдовната состојба, ова е појдовна позиција, а ова е крајна позиција. И ние со вас се наоѓаме тука некаде, поминавме пат на некој си историски развиток.Тука ние со вас се наоѓаме, во состојба, која можеме да ја прецизираме како разочарување, да речеме.И сега ние започнуваме од ова разочарување да се стремиме кон конечната состојба. Тука има женски дел и машки дел. На каков начин, каде тие треба да одат.За тоа ни е потребно да ја изучиме правилната состојба, во која ние треба да сме, и полека кон неа да се приближуваме. Правилната состојба – тоа е кога постои, повторно по истата слика, кога постои правилен сооднос, взаемно помагање помеѓу женскиот дел, каде што оваа желба женска се стреми кон тоа да влијае на екранот, да го предизвика неговото појавување, неговата одлука.И машки дел, кој се стреми веќе кон Создателот, произлезена од кој слегува светлина, и го создава овој екран. Ор Макиф. И на таков начин овој екран почнува да работи, и влегува во хармонија со женската желба. А О'М врз женската желба не влијае? Влијае, таа влијае и врз неа исто така, врз женската желба, за уште повеќе да ја возбуди, за уште повеќе да ја насочи кон машкиот дел. Во принцип се' започнува токму од тука: од женската желба.

Оваа женска желба, 1- го предизвикува обраќањето од страна на мажот кон Создателот, оттаму предизвикува виша светлина, пројавување на екранот.Заедно со пројавувањето на екранот предизвикува хармонија со женската желба, и истовремено оттука доаѓа влијание врз женската желба од вишата светлина, и преку екранот и директно оттаму, и потоа повторно ,6, следен циклус. Сето практички, започнува преку жената. И во нашиот свет ние знаеме дека сите дејства кои ги извршува мажот, тоа е затоа што жената на тоа го обврзува. Поинаку тој би се занимавал само со своите игри, и со ништо друго. Значи, правилната соодветност помеѓу женската и машката желба, како прво во секој од нас, и како второ помеѓу машкиот и женскиот дел, нам денес ни е тоа многу важно. Затоа што тоа правилно занимавање со кабалата ќе ни даде огромни сили. Како тоа да го направиме?

За тоа е потребно жените да разберат, дека главното кај нив е возбудувањето кај машкиот дел на стремежот кон Создателот.На секаков начин да се натераат.Воглавно тоа се прави со својот внатрешен притисок, внатрешниот свој стремеж, внатрешното свое барање кон мажите, за мажите да почнат да работат со светлината.Да почнат конечно да го добиваат екранот, за своите глупави овоземни желби, да се здобијат со екран, кој би ги насочил кон желбите за давање, кон желбите за откривање на Создателот. И тоа, во прв ред, женската желба треба да биде насочена одвнатре.Освен тоа треба да постојат некои организирани секакви надворешни притисоци, барања, кога мажите чувствуваат и гледаат, дека жените ги гледаат, проверуваат, ги контролираат, некако ги организираат. Исто како и во семејството, жената, речено е во Тора, дека "жената да го сочува својот маж".Кога жените некако ги чуваат, се грижат, ги организираат, не им дозволуваат на мажите премногу да забегаат некаде, во некои нивни фантастични пориви, дејства, туку пореално ги насочуваат кон животот. И освен тоа, огромно значење тука има воспитувањето на децата.Затоа што сега во нашето распространување во светот ние сакаме да му покажеме на целиот свет колку кабалата дава можност правилно да се воспита детето.Затоа што во светот што не' опкружува тоа е невозможно да се направи поинаку. Така што да се покаже, да се продемонстрира ова е неопходна многу сериозна женска работа. Т.е жените превземаат уште и огромна активност во распространувањето. И освен тоа - во помошта, во работата заедно со нас. Но најосновната нивна функција се состои во притисокот врз мажите, во тоа како жената очекува од мажот успеси во неговата работа.Во тоа дека тој ќе и донесе добивка, плата, и ќе ја обезбеди неа и нејзините деца, со дом, со сето неопходно, за развитокот на потомството.Тоа е програмирано во нас уште од животинската наша состојба. Исто така и во духовното. Тие потреби во иста таква форма постојат. Женскиот дел на нашата душа и женскиот дел на нашето цело светско кли, треба да ги предизвикува во машкиот дел тие потреби.

Ајде да преминеме на главното.

Да, прашања има многу, однапред жените ни ги испратиле.

Дај пократко, за јас да можам кратко да одговорам, и да одговорам на поголем број прашања. Дури не е важно од кого се.

Од сите земји, еве од Латинска Америка прашуваат: "Можат ли жените да ги чувствуваат другите, или другиот во своите желби? Што значи да се земе желбата на ближниот. Кој за жената претставува ближен?"

Не! Не можат, дури и не треба да се обидуваат тоа да го прават. Љубовта кон ближниот се постигнува потоа. Преку соединување. Машката група, машкиот дел ги соединува сите души помеѓу себе.Тоа се нарекува дејство на екранот.Женскиот дел им помага во тоа, и затоа ја достигнува истата особина. Учество во тоа, - жената може само пасивно да учествува во соединувањето "сакај го ближниот свој како себеси".

Мила, од градот Черкаск, Украина, прашува: "Постои ли кај жената осознавање на злото и ако постои, во што тоа се пројавува?"

Кај жената постои делумно осознавање на злото, но тоа се пројавува повторно само во тоа, да го принуди машкиот дел да обезбеди средство, за тоа зло да се исправи. Т.е. целото дејство на жените не е насочено непосредно кон Создателот. Таа можеби така чувствува, но во принцип тоа се одвива преку машкиот дел.

Има многу прашања за тоа како да се поддржи својот маж, прашање од Чиле: "Како јас можам да му помогнам на мојот маж во духовното опкружување?", прашање од форумот: "Kако максимално ефективно жената може да создаде услови за продвижување, и што таа од него да бара, а во што да помага?" Многу такви прашања има.

Активно да се влијае врз мажот е обврзана, мажот е обврзан да се споделува со жената со своите некои духовни прашања, тој треба да се занимава со жената. Мојот учител, великиот кабалист на минатиот век, последниот голем кабалист од целата низа на кабалисти, Рабаш, тој не тераше, своите ученици, ние да се занимаваме со своите жени.Да ги читаме заедно со нив тие статии, кои тој ги пишувал секоја недела. Во принцип, тој дури ги пишувал тие статии за нив. Тој почнал да ги пишува поради нас, но потоа нив почнале во прв ред да ги читаат во женската група. Женската група секогаш се собирала еднаш неделно и ги добивала статиите. Рабаш ми ја предавал неговата статија, јас ја отпечатував, ја копирав, и ја делев преку својата сопруга во женската група. И на таков начин тие таму ја изучуваа, ја читаа.Дури потоа таа статија на собирот на мажите ние ја изучувавме. И тој секогаш бараше отчет, најчесто преку мене, што таму се случува во женската група.Јас морав да дознавам какви проблеми има, или слично. Тој многу за тоа се интересираше, затоа што ние сите разбираме, дека од помошта на женската група многу зависи машкиот дел. Понатаму, тоа е тоа што се однесува на изучувањето на статиите, и работата на мажот со жената. Секако жената не мора да биде мажена, за да напредува, ако постои машка група, а кај нас таа постои, дури светска, не само локална.Постоела таа или не, тоа значи дека има со кого да контактира, кому да помага, има можност да се слушаат часовите наши, да се биде заедно со нас.Жената е обврзана да слуша, ако не сите, барем дел од лекциите.Не мора во истото време, кога ги слушаме ние.Жената напредува независно од времето. Т.е. таа може да ги слуша лекциите, кои ние ги изучувавме пред недела дена. За неа тоа не е така критично, како за мажот. Затоа што мажот ги собира сите, тој е обврзан така да дејствува, а жената сама по себе индивидуално се развива секоја, под заедничката машка капа. И затоа за неа не е така важно да не' следи во чекор.Т.е. нашиот секојдневен час за неа не е обрзувачки. Таа може да се занимава и во друго време, и дури не со таа лекција, коа ја учиме ние. Тоа не е толку критично, иако е пожелно.

Распространувањето претставува најглавноТ.е. да се земе учество во создавањето, раѓањето на новите души, новите луѓе, кои ќе ни се придружуваат во ова. Основниот товар треба да го сноси жената, јас би рекол. Мажите треба да се занимаваат повеќе со внатрешна работа, а жените повеќе со надворешна, помошна. И затоа ни е потребно да привлекуваме што повеќе жени за тоа.Жените самите мораат да гледаат каде тие можат да се приклучат, во оваа наша работа за распространување. И пожелно тие да учествуваат буквално во се', дури во пишувањето на некоја кабалистичка популарна литература, за децата, за новајлиите, да земаат учество во се'. Во обработката на секакви материјали, клипови, телевизијата, секаде каде што е можно.Пожелно е жените во тоа да учествуваат. И за нив и за нас тоа ќе биде добро. Понатаму!

Жените прашуваат: "Кој треба повеќе да учествува во воспитувањето на децата – мажот или жената?" –

Нормално дека жената! Така е насекаде, јас веќе го наведов примерот од животинскиот свет. Понатаму!

"Како жената може да ја зголеми својата желба за духовното?"

Само преку машката група. Ако таа ги слуша моите лекции и учествува во распространувањето, тогаш постепено преку тоа таа во себе ќе ја развива таа желба, која ја дал Создателот.Т.е. Создателот како и во мажите ја возбудува првата желба, основата во жената исто како и во мажот, а понатаму се' зависи само од нашите напори.

Елена од Полтава прашува: " Како мажот ја предава светлината на жената? Како таа може тоа да го почувствува?"

За тоа не се потребни никакви посебни дејства, затоа што таа така восприма.Ако таа посакува да восприма директно, без некакви свои егоистички побуди, туку тоа да е навистина светлина на Создателот, и напредување кон Создателот, тогаш таа тоа го восприма. И правилно напредува – тоа се гледа по неа. Но ако таа има некои овоземни егоистички потреби, тогаш таа сигурно со тоа го расипува својот духовен напредок.

Прашање: "Како жените можат да го надминат лошото расположение? Во тие состојби ние чувствуваме само мрак и безизлезност", тоа е прашање и од Јужна Америка.

Мракот и безизлезноста мажот ги чувствува дури и повеќе од жената, и тој е подложен на уште поголеми промени и влијанија врз себеси со своите внатрешни промени, и со надворешните. Жената е повеќе отпорна, постабилна, така што не постои некое посебно средство за жените посебно отколку за мажите.Треба да се принуди себеси постојано да учествува едноставно по распоред,- како мајката дома, таа знае, не е важно, таа не многу добро се чувствува, малку е заморена, или не, има деца, маж, семејство, треба да се вари, готви, чисти,- тоа никој наместо неа нема да го стори. Истиот таков однос треба да се примени и во духовното.

Жените од Москва и од Украина прашуват: "Како ефективно да се вклучиме во работата на обединетиот интернет систем, тоа е за нас, или само за мажите?"

Не, зошто? Тоа е обврзувачко и за жените и за децата! Тој систем ќе биде заеднички за целото човештво. Само дајте ни можност да го застанеме на нозе. Ако помеѓу жените постојат тие кои сакаат да земат во тоа учество активно, а не само да се обучуваат во овој систем, тогаш напишете таму дека имате таква можност. Тие кои можат да создаваат секакви игри, прашања, одговори, цртежи, слики, нам ни се потребни и за децата и за жените и за мажите.Да создаваме секакви блокови за игри, освен прашањата и одговорите. За да му се даде на човекот можност појасно да навлезе во таа тема за која зборува дадената статија.Или понатаму ние ќе изучуваме многу посложени материјали, понапредни, повеќе степенести, повеќеслојни состојби.За тоа ни се потребни многу луѓе, од кој секој на свој начин барем нешто на комичен начин да прави, не е важно што. Се', што се однесува на темата, земете ги статиите кои ние ги поминавме, пробувајте да правите за нив додатни видови на материјал – промотивен материјал, или општо, додатен паралелен.Во вид на игри, прашалници и т.н. а можеби и со самиот програм ќе можете да се занимавате. Обраќајте ни се нам.Тоа ни е многу важно! Но во принцип, кога овој систем ќе биде горе-долу завршен, барем почетната фаза, тогаш вие ќе видите, дека таму не постои разлика помеѓу машкиот и женскиот дел, и човекот може да се регистрира дури анонимно. Тоа нема некакво значење, затоа што внатрешното напредување е исто и за мажот и за жената. И разбирањето и знаењето на кабалистичкиот материјал, навистина неопходно им е и на едните и на другите.

Прашање од Сент Луис, цела група на прашања од групата од Сент Луис: "Кога ние зборуваме со новодојдена жена, дека таа влегува во составот на нашата група, што тоа значи? И како прашалник – дека таа учествува во чистењето на центарот, дека таа учествува во слушањето на емитуваните лекции, дека таа учествува во плаќањето за просторот на центарот, дека таа учествува во распространувањето..".Во сето тоа - да, и што понатаму? Ним не им е јасно што е привлечно и важно, и колку е важно да се влезе токму во некоја група, или човекот може и оддалечен да учествува во програмите? Т.е. непосредно во животот на кабалистичкиот центар?

Жената, бидејки е врзана со семејството е ослободена од многу активни учества, за разлика од мажот. Но ако таа има таква можност, тогаш е таа обврзана тоа да го извршува. Барем да го вклучи дома интернетот и секогаш да ти звучи нашата тема, тоа можеш да го направиш. Кога имаш слободно време тоа можеш некаде да го погледнеш или да го прочиташ. Ако има можност да се дојде во центарот и таму нешто да се помогне, барем еднаш во месецот или неколку пати во месецот, тогаш исто така тоа треба да се направи. Да се учествува на конгресот – тоа е навистина обврзувачки! Ако се одржува некој голем регионален конгрес, како тој што се одржал пред месец дена во Америка, тоа мора да се посети. Или тој во Аргентина.Сето тоа е неопходно. Т.е. постојат работи, од кои жената е ослободена поради обврските кон семејството, и таа не е толку слободна, но за сето друго патот за неа е отворен. Понатаму.

Прашања на жените: "Што да се прави во случај, ако мажот не го поддржува занимавањето?"

Е, тоа е проблем. Тука постои проблем, за разлика од кај мажите. Мажот во својот духовен пат може да не обрнува внимание на жената. Дали е таа против тоа или не е. Тој командува со својот духовен пат. Жената ништо не може да стори. А во случај со жената не е така. Ако мажот се противи на вашето занимавање, и вие не можете никако да го убедите, да го одоброволите, да ја купите за себе таа духовна слобода, тогаш вие, во принцип, на крај морате да му се потчините. Тоа е така. Пробувајте, тоа е ваша работа - на било каков начин, но генерално, жената мора да следува по мажот. Дури ако тој правец е спротивен на целта на суштеството. Јас ги разбирам таквите состојби, тие понекогаш ги има.Но од друга страна тие се многу ретки. Од мојата пракса, јас можам да кажам само едно.Мажот, генерално не е во состојба да ја прекрши жената, ако таа сака и ќе продолжи да се занимава.Можеби со помала ревносност, можеби со помало отсутство од домашните обврски, но тој не ќе може тоа да и го забрани. Барем споредно да се занимава. И на крај таа него ќе го преправи. Барем така ние гледаме дека тоа се случува. А обратно – не. Мажот да ја наговори, да ја натера жената да се занимава со кабала – е многу потешко. Но тоа на мажот не му е неопходно.Тој и онака напредува. И жената исто.Ако нејзиниот маж не сака, таа во никој случај не е обврзана да го принудува, и воопшто, никој не смее да се принудува - ниту едниот ниту другиот. Затоа што тоа е исправување на душата и треба да произлегува од душата доброволно. Вие само занимавајте се, и ќе видите како вашиот сопруг или сопруга, на некој начин се привлекуваат, на некој начин чувствуваат дека и ним тоа им е потребно. Преку вас тие ќе добијат – вие сепак живеете заедно, влијаете еден врз друг.

Прашање за женската група, продолжение на прашањето од Сент Луис: " Како да се привлечат нови жени, например, тие кои ги завршиле курсевите за обучување, во женската група. Што таа добива при влегувањето во женската група, каква корист има, и какви аргументи за тоа се потребни?"

Тоа навистина е многу посложено, отколку со мажите, затоа што мажите само во групата можат да напредуваат. И затоа, ако постои група, а тој е таму некаде сам, постои на страна, дома, тогаш веројатноста за неговиот успех е еднаков на нула. На апсолутна нула. Додека жената може да седи дома и во мера на своите занимавања, уште и праќајки маасер, ако таа тоа го прави.Тогаш, во принцип, понекогаш можеби таа некаде преведува, кај себе дома, и на таков начин работи за некоја заедничка група.За неа е тоа сосема доволно. Јас имам такви многу помошнички, кои работат како мои преведувачки, од јазик на јазик, и тие не одат никаде во група, сигурно тоа им е доволно. Така што да се привлечат жените за учество, за работа во групата тоа не е едноставно. Јас мислам, дека правиш заеднички некакви излети, собири, или и даваш на некоја жена, која е специјалист во некоја област посебна работа.Кога таа чувствува дека токму со својот интелект, со своите знаења таа може да помогне, тогаш таа нема да се откаже. Кај жените постои поголемо тежнеење, поголем стремеж кон таква помош, кон давање, отколку кај мажот.

Таквите процеси, како феминизам, велат така, зошто се повеќе жени се откажуваат од извршувањето на своите домашни обврски.можеби во корист на повеќе учење и распространување?

Не, тоа не е во корист на поголемо учење и распространување. Затоа што, како прво институцијата брак целосно во сегашна форма се искомпроментира.Не постои доверба, некакво заедничко живеење, взаемно, помеѓу мажот и жената.Ние излеговме од нашиот животински егоизам.А кога излегуваш од животинскиот егоизам, на следното ниво, на ниво на човек, тогаш ние треба едноставно да ја разбереме причината на сето што се случува во светот и со нас. Ние се развивавме на неживото ниво, растителното, и најглавно – животинското, и тоа животинско ниво сега завршува. Ова е нашиот 21-ви век. И ние сега се искачуваме над него. Значи, што е интересно? Кон животните, во принцип, ние веќе не припаѓаме.Т.е. да се биде во семејство, да се воспитуваат своите дечиња, и т.н.А уште повеќе и кон пониските нивоа не припаѓаме, кон духовното ние уште не почнавме да припаѓаме. Притоа, кога тоа би бил развиток насочен во еден правец, како во животнинското, така и на нивото на човек, тогаш тоа би било нормално.Ние не би почувствувале таков прелом во нашиот живот.Но "човек" – тоа е тој кој е сличен на Создателот. Т.е. ние излеговме на скалило, каде што треба да му се уподобиме на Создателот. Без сомневање. А да се уподобиш на Создателот – тоа значи да се уподобиш целосно на особината на давање. А тука, кај животните, се е изградено врз примањето. Затоа нашиот егоизам не само што порасна, туку тој се менува.Тој станува до тој степен егоистичен, за ние веќе да го промениме на давање. И излегува така, да целиот наш природен свет, целиот наш животински свет, тој се менува. Се менува сексуалната ориентација, се менуваат взаемните односи во семејството, се менуваат односите помеѓу половите, воопшто, се' се менува. И тоа е нормално за овој преод. Сега е прашањето само во тоа – што ние со тоа можеме да сториме? Ништо, само исправување! Да го разбереме ова ниво, на кое ние се искачивме, и да се адаптираме себеси на него. Затоа што егоизмот во нас постојано расте. Ако тука тој беше мал, и имал потреба ние на некаков начин само правилно да го организираме, во рамките на нашата животинска, семејна, општествената состојба, тогаш тука не е така..Тука егоизмот е огромен, и ние не можеме правилно да го организираме. Ние само можеме да го уподобиме на Создателот. Само да направиме екран за него. Ништо друго не може да се направи – само екран. Така што овој проблем и понатаму ќе продолжува.Потребно ни е само јасно да разбереме – дека со тоа не може ништо да се стори. Семејствата и понатака ќе се растураат, луѓето ќе се разведуваат, се помалку ќе има деца.Тие ќе ги напуштаат семејствата се порано, и ќе живеат посебно.Нема да можат да живеат заедно, ќе има проблеми. И на крај тие ќе видат, дека само кога ќе се здобијат со особината на взаемно давање, тогаш ќе имаат потреба еден за друг.И на крај ќе дојдат до поврзаност, сосема поинаква. Врската ќе постои на духовно ниво.

Т.е. ние со вас изучуваме во науката Кабала, дека ако некогаш постоела егоистичка врска, таа потоа го поминува цимцум и целосно растварање, разбивање, осознавање на злото, тоа оди заедно со цимцум, и потоа се создава сосема нова врска, во која внатре како да постои егоизам, а однадвор постои особината на давање, екран. Помеѓу овие две состојби, првата и втората, постои раскин. И ништо нема да се стори, тоа е како - ако јас сакам од нешто да се откажам, или да преминам на некој друг вид ...Да речеме помалку да јадам.Тогаш јас морам да се отсечам себеси, да му дадам на својот организам целосно отсекување од храната.Неколку дена да гладувам, и после тоа ќе можам да си направам сосема поинаква диета, сосема поинакво воспримање на храната. Т.е. секогаш во центарот стои целосно откажување од претходното, а потоа делумно враќање кон него. Притоа, тоа враќање се гради веќе врз нулата, врз целосното откажување. Затоа разбивањето ќе продолжи се дотогаш, додека ние не го осетиме злото во оваа состојба. И тоа треба да се восприма сосема спокојно.Ако ние со нашиот развиток, со распространувањето на кабалата ќе можеме да ја донесеме до луѓето причината на таквата состојба на човештвото, тогаш, во принцип, бргу ќе дојдеме до втората состојба. Ќе постои семејство, ќе има деца, се'ќе биде хармонично, убаво, а најглавно- заедно сето тоа ќе постои на духовно ниво.
Прашања за промени на желбите. Пишува една од жените, Олга од Оренбург: "Кај мене постојат многу малку женски желби – јас сакам автомобили, компјутери и т.н. Ќе доведе ли изучувањето на Кабалата во мене до возобновување на жената?" Има и такви спротивни прашања.

Јас разбирам. Не, јас не можам за тоа ништо да кажам.Тоа е толку индивидуално во нашиот преоден период, така што немојте од ништо да се плашите. И освен тоа, каква е разликата? Јас мислам воопшто не треба да поставувате прашања за понатака.Ние треба да го правиме тоа, што не' приближува барем за милиметар кон целта. Правете го тоа, и ништо повеќе. Што е важно што ќе биде утре, задутре? Ако јас денес можам уште малку на напреднам кон целта, доволно е.Немам потреба да гледам ништо друго.Од каде јас да знам што ќе биде задутре? Ако јас не го гледам се уште ниту "утре". Тој милиметар, за кој јас сега ќе напреднам, тој малку ќе ми го осветли понатамошното. Затоа, што ќе се случи со мене ако јас почнам да се занимавам со кабала и ќе бидам поблиску до Создателот? Ќе се случи добро.Но што точно, во каква форма, јас не знам. А и не ме интересира, во каква форма. Дали јас ќе бидам сам, или со семејство, или со ваква професија, или во таква земја?Мене тоа не ме интересира, што е тоа важно? Затоа што единственото добро и кон што треба да се стремиме,е тоа да се биде поблиску до Создателот. А нашите состојби притоа ќе да бидат диктирани со тоа наше движење кон Него. Ќе произлегуваат од тоа, тие со тоа ќе се одредуваат. Понатаму.

Може ли жената да се согласи мажот да има две жени, материјална и духовна?

Жената по својата природа може со тоа лесно да се согласи, но тоа зависи од воспитувањето. Ние знаеме дека во природата, а така биле и речеси во сите цивилизации, кога постоеле неколку жени кај мажите.Тој можел да ги менува, да ги приближува и оддалечува една од друга...жените биле на поинакво ниво. Не во својот развиток, туку едноставно на друго ниво на воспримање на семејството и мажот. Тоа зависи од воспитувањето, не повеќе од тоа. Само се чини, дека жената е голема индивидуалистка и егоистка, дека таа со никого не може да го споделува својот маж. Тоа апсолутно не е така. Тоа е само општествено мислење, притисок и т.н. Но јас не мислам дека ние треба да правиме некои такви експерименти.Затоа што ако човекот во главата е посветен на Создателот, тогаш сето останато тој го прави за да биде многу поефективен неговиот духовен пат. И затоа, соодветно на тоа тој и постапува. Тој не прави никакви други пресметки, само во соодветност со тоа што му е потребно за напредувањето.

Прашањата за семејните односи: "Треба ли жената да се понижува пред својот маж, со кој таа живее, ако таа е мажена, ако не, само да живеат заедно? Дали има некоја разлика во тоа?

Кабалата говори за тоа, дека додека ние не се исправиме себеси, ние сепак ќе бидеме духовно неисправни, и сите тие прашања нема да имаат резултат. Не обрнувајте внимание на вашите семејни или било кои други односи.Ако вие и двајцата се занимавате со кабала, трудете се само во тоа да се вклучите и да живеете. А сето останото ќе се одредува според вашиот духовен пат. Кабалата не дава никакви рецепти за да го направи нашиот живот добар.Таа зборува дека животот наш е одреден со силите кои произлегуваат одозгора. Ние треба да ги направиме тие сили, кои слегуваат врз нас, подобри. За тоа е потребно да сме поблиску до нив, да се искачиме поблиску до нив.Тогаш ние ќе можеме врз нив да влијаеме. А во нашиот свет нема никакви рецепти за да го промениме нашиот живот. Ниту економската криза, ниту еколошката...никаква. На нивото на нашиот свет ние нема ништо да промениме. Искачете се погоре – ќе можете да го промените. Истото се однесува и на семејниот живот.

Жените ги интересира прашањето: "Во што од страната на мажот треба да се состои работата во однос кон жената, ако тие двајцата се занимаваат со кабала, и дали таа треба да го бара тоа од мажите?"

Ако тие и двајцата се занимаваат со кабала, тие можат за тоа воопшто да не зборуваат меѓу себе.Таа се занимава кога има слободно време, го вклучува интернетот, ги слуша лекциите, истовремено мие садови или работи нешто друго. Тој, пак во автомобилот, или во слободно време, или при посетата на часовите, активно учествува. Тие можат речиси и да не зборуваат за тоа. И воопшто, можеби нема ниту да имаат време за разговори. Никој не треба да се принудува на ништо.Ако вие имате приклучување кон нас, и го има вашиот сопруг – одлично! А колку време вие притоа ќе комуницирате помеѓу себе – нема значење. Комуницирањето на материјалното ниво е многу релативно. Затоа јас не сметам дека тоа е толку неопходно, но понекој збор, 10-15 минути дневно, кога вие можете за нешто да позборувате. Ама и кога вие зборувате, вие зборувате за материјално:техничките состојби во вашата група, или во нашето светско здружение. А не за своите духовни состојби – за нив на човекот нема што со никого да зборува. Во тоа жените и мажите се индивидуални.
Прашање од Јужна Америка: "Дали на мажите им помага тоа, кога жените меѓусебно се сретнуваат, се обединуваат меѓусебно?"

Ако добро се обединуваат – тогаш да. Ако лошо – тогаш не. Тоа е јасно.Женската организација може да биде многу силна, таа може да влијае, да ги поддржува жените и со тоа истовремено да влијае со својата многу голема заедничка сила врз мажите. Нормално дека да.

Прашање од Москва: " Речено е, дека работата помеѓу мажите е обединување во љубовта, а обединувањето на жените е во работата по распространувањето, во помагање и поддршка на мажите во напредувањето кон целта. Што е тоа – обединување со срцето?Потребно ли и е на жената, исто како и на мажот, да се обединуваат со срцата со сите други жени?

Не со другите жени, туку генерално со целиот свет. Да се обидуваат тоа да го направат. Не конкретно со жената, туку општо да се сфати дека во тоа се состои исправувањето на светот. Заедничката добра состојба. Не повеќе од тоа, никакви практични движења. Тоа нема да даде никаков резултат. Ние гледаме, дека ако ние дозволиме – да, дејствувајте – тоа нема да помоге. Тоа природата нема да го дозволи, нема потреба од тоа, тоа не е движење кон исправувањето. Понатаму.

Прашање: "Зошто во светот има толку осамени жени? Постои ли во тоа некој духовен корен, или закон?

Ќе има уште повеќе. Разберете, дека ние се доближуваме до тоа што Кина, Индија, Азија, Африка, полека ќе започнат да се будат. И ќе се појави се поголем број, без оглед на источните природни закони за однесување на жените во семејството, бракот и т.н. Сето тоа исто така на крај ќе се сруши. Тоа на крај исто ќе се менува. И ние ќе видиме уште такви проблеми со таа осаменост, и женска и машка. Но во принцип, од друга страна ние ќе видиме дека тие со тоа ќе се чувствуваат задоволни. Затоа што тоа е многу подобро, отколку да се живее во семејство. Се' кај човештвото ќе биде изградено така, што ќе нема потреба за семејство. Повторно јас се враќам кон тоа, дека ние мораме да го поминеме овој раскин, цимцум алеф. Не ни треба семејство, кое е изградено врз поранешните животински принципи. Потребно ни е семејство, кое ќе биде изградено врз духовни принципи. И затоа овој раскин, кога не се гледаат во семејството воопшто мажите и жените, денес е тоа присутно во повеќето семејства. Т.е. јас не ја забележувам својата сопруга, таа не ме забележува мене. Ние се судруваме во заедничкиот простор.Кај нас постојат деца, кујна, дури заеднички кревет, но сето тоа е , како заеднички простор. Бидејки ние внатре станавме такви егоисти,кога ние веќе сме одделени еден од друг. И не ја чувствуваме неопходноста во тоа.Ние не чувствуваме взаемност во тоа, постојана грижа, како што тоа било порано.Луѓето порано живееле во огромни градови, кога градот претставуваше една заедничка целина, кога сите биле како едно семејство.Склучувале бракови помеѓу себе, и сето тоа се варело во едно тенџере.Денес тоа е невозможно да си го претставиме.Селата, какви што беа, да речеме во Русија, во други места. Така што ние и понатаму ќе се движиме кон разединувањето, разделувањето. Човекот има свој стан, одлично е обезбеден материјално, со се' готово.Индустријата не снабдува со се' готово.И секој може да опстои. Во тоа нема никакви проблеми. И тоа е неопходен раскин, така што бројот на разводите ќе расте, бројот и оддалеченоста помеѓу половите повеќе ќе се издвојува.Тука човекот има голема фантазија.Тој ќе си создава комфор на разни други начини. Понатаму.

Прашање од Шпанија:"Зошто кога ние се собираме, ги разгледуваме прашањата во вска со распространувањето, кај нас се случуваат експлозии на егоизмот, а кога ние доаѓаме за учење, или читаме кабалистички текст, такво чувство не се создава?"

Кога вие доаѓате за обучување, вие се наоѓате под моето влијание, вашиот егоизам заспива. И вие се согласувате, дека треба да се обединуваме, и како да се наоѓате апсолутно надвор од себе, во мене. Истото тоа се случува кога вие ги читате книгите.Тогаш вие се наоѓате во авторот, под него, под неговото влијание. А кога вие меѓусебно разговарате – вие сте секој во себе.Оттаму е таквиот резултат. Каков е излезот? Помалку да комуницирате во врска со темите, кои можат вас да ве разединат.

Прашање за организацијата за взаемното дејствување на мажите и жените во групата, посебно виртуелната: "Како правилно да се организира тоа взаемно дејствување, кој со кој раководи, како тоа се одвива? Средбите, поредокот на комуницирањето?"

Кај нас постојат оддели.Дури и кај нас, каде што жените се основна работна сила, и дури основна раководечка сила. Да речеме нашиот оддел за распространувањето во Израел, со него раководи жена, со мојот блог раководат жени, со цензурирање не раководи, но воглавно, таму е исто така жена, на хебрејски. Понатаму...огромен број на луѓе во обработката, во создавањето, во редакциска работа, во пишувањето. Т.е., ако жената е специјалист, тогаш таа може да работи на исто ниво со мажот. Јас не гледам во тоа никакви проблеми, само да биде специјалист.И да не се создаваат во колективот никакви проблеми помеѓу мажите и жените.Целото дејство да биде усогласено и нормално,да не ги расипува односите во колективот.Тоа е неопходно. Уште прашања.

Прашање од московската женска група: "Потребни ли се заеднички вежби за жените од сеопштото светско кли и за поголемото обединување на женската желба насочена на мажите и кои точно?

Обрвзувачки е потребно, а што треба, јас не знам. Собирајте се заедно, виртуелно, прашувајте се меѓусебно, споделувајте се меѓусебно, прашувајте ме мене.Јас со вас со задоволство ќе учествувам. Јас многу ќе се радувам, ако жените, но правилно, т.е. реално, креативно вршат притисок врз мене,за да ние заеднички да работиме. Јас на тоа многу ќе се радувам. Затоа што јас навистина знам колку напредувањето зависи од нив. Ајде заедно поплодотворно да работиме, насочено, и да не се расфрламе себеси на некои надворешни, ситни, сплетки и пресметување и останати работи. Тоа постои во секој од нас, особено, сепак, во жените, така што да се кренеме погоре. Дајте им пример на мажите. Јас сите ве прегрнувам, срдечно ве поздравувам, ве сакам.Ние уште ќе спроведуваме такви прашалници,јас со задоволство ќе одговарам на нив.Ви пожелувам среќа во сите области. Воглавно,во движењето кон напред, кон Создателот, и во нашето заедничко спојување. Останете со здравје!

Лекција бр.26 „Терач на магариња“ дел 7 ми

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica