Зохар е збирка на коментари на Тората, наменета за водење на луѓето кои веќе имаат достигнато висок духовен степен на коренот (потеклото) на нивните души.
Зохар ги содржи сите духовни состојби кои луѓето ги искусиле при процесот на развитокот на нивните души. На крајот од процесот, душите го досегнуваат тоа што Кабалистите го нарекуваат "крај на исправката", највисоко ниво на духовната целина.
Оние кои немаат духовно достигнување, Зохар го читаат како збирка алегории и легенди кои можат да се толкуваат и различно се третирани од страна на секоја индивидуа. Но, за оние со духовно достигнување, односно за Кабалистите, Зохар е практичен водач за внатрешните акции кои ги изведуваат, со цел да откријат подлабоки, повисоки состојби на согледување, и сензација.
Пријави се за бесплатен кабала курс кај Бнеј Барух -Институт за образование


