Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Оружје за масовно уништување

                                        


Сознавањето на реалноста ја објаснува клучната состојба на развојот на егото коешто сме го достигнале денес , и две патишта се разгрануваат од тука .

Превод

Оружје за масовно уништување

Постои само една цел во животот, и две патеки водат кон таа цел. Целта е комплетна совршеност и исполнување, но или ја достигнуваме таа цел бавно по пат на болка, или на забрзан и пријатен начин по пат на светлина и трансформација. Патот на болката не е воопшто пат туку акумулација на загадочни настани во нашиот живот, коишто ни се случуваат бидејќи не сме свесно вклучени во нашиот развој .Бавната и болна еволуција ја нарекуваме историја, којашто започнала којзнае кога и не води којзнае каде .

Патот на светлината и трансформацијата е патот по кој што ја дознаваме нашата природа и природата на силата којашто не води .Доаѓаме до нејзино разбирање и каде не носи . Се чуствувме привлечени кон нејзе и дури ја бараме. Но на патот на болката само сме поттурнати од нејзе во форма на физички настани коишто ни носат доволно страдање за несвесно да донесеме внатрешни промени коишто не носат напред. И бидејќи ние воопшто не сме како силата на развојот, истата ја доживуваме како болка.Патот на болката е всушност еволуцијата на егоизмот низ милениумите .

Како што развиваме се повеќе и повеќе начини за извлекување на задоволство од природата, тоа изгледа бескрајно, секогаш имало ветувања за нас -во следната генерација ке има поголемо богатство , сите ќе живееме како кралеви ,сите ќе можеме да ги преминеме морињата и да дознаеме што друго има во светот, ќе одиме во вселената и ќе видиме што има таму, ќе можеме да постигнеме политичка и лична слобода, ќе можеме да изградиме машини коишто ќе ја вршат нашата работа место нас, а ние само ќе уживаме -но всушност воопшто не е така,туку напротив - не ужуваме. Дојдовме до степен на комплетно оттуѓување еден од друг.

Значи оружјата за тотално уништување се само физичка индикација која што се појавува на патот на болката дека егото еволуирало ,во неговата конечна форма.Не можеме понатаму да го користиме .Доаѓаме до еден ќор-сокак на човечките напори бидејќи егозимот не може да не води понатаму , почнуваме да чуствуваме потреба за нешто друго од сосема различна категорија .Таа потреба е првата појава на духовна потреба на човештвото како целина.

Човештвото како целина сега мора свесно да еволуира користејќи го тој целосно различен повисок принцип на природата .На патот на Светлината наречен патот на Тората можеме да бидеме на чело на бранот и да започнеме духовно да го живееме нашето следно ниво по наш избор за да не биде потребна физичка иницијатива. Да се вратиме од каде што почнавме ...

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica