Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Мелодии од Вишите светови, Дел 2

                                                            

Опис

Др.Михаел Лајтман го опишува значењето на мелодиите на Јехуда Ашлаг

                                               Мелодии од Вишите светови - Дел 2

Пеењето ја повикува милоста одозгора, сè додека не се манифестира во сите пониски светови. Раби Елазар рекол: „Оние кои тежнеат, треба да пеат пофалбени песни за духовните височини,за Повисоките и пониските светови, спојувајќи ги сите светови со една врска на верба. Во ова дело се вели: „Оние кои тежнеат кон Создателот ќе ја пеат оваа песна." „Ќе пеат" особено, а не, „пеат", бид¬ејќи тоа ќе се случи во иднина. Затоа пеењето ќе одекнува во Малхут, со пеење на пофалбени песни за неговата височина, Зеир Анпин. И преку ова, Малхут самиот по себе се издигнува до Зеир Анпин. За ова ни раскажува книгата Зохар во тие времиња. (Ва Јелах, стр.15).


ЛаМенацеах Ал-Шошаним - До Лидерот преку Криновите


Крин,(Лили) е Малхут што ги содржи сите садови, сите желби, сè од човековиот живот. „Крин, меѓу трњето"значи достигнување на овие желби и нивно користење според Неговата природа, значи да се биде како Бог. Човекот мора да ја достигне оваа состојба преку трњето, преку многу мудрости, препреки и разјаснувања. Затоа, тој се нарекува победник. „Што значи победник за синовите на Корах?" Победникот ја достигнува и научува песната за љубовта.

Таа доаѓа само од Малхут, од највнатрешната точка во срцето, кога одредена личност започнува да го чувствува Создателот, чувство на обединување и вистинска љубов. Ова доаѓа на крајот на патот, но, сè до тогаш има откривање на омраза и страв, збунетост, и недостаток на самодоверба, зависност и секаков вид на поплаки, сè што можете да си замислите. Со сето ова, поединецот му се обраќа на Создателот и го обвинува Него за сè. И потоа сè додека не му стане јасно и сè додека не ја види целосната слика, го воздигнува, се поврзува со Него, се припојува кон Него, го сака.


Што му вели тој на Создателот? „Моето срце се здоби со нешто добро." Има само едно добро нешто при влегувањето во светот на Создателот, полн со дарување, со љубов. Човекот на почетокот е создаден во форма спротивна од формата на Создателот, како егоист што мисли само за себе, и само посакува да биде во предност пред целиот свет, и пред Божјата сила, и да ја искористи само за свои потреби. Во процесот на неговата работа, преку неговиот напредок, и неговата желба да осознае, тој подоцна открива до кој степен е различен во формата. Кога сите зли сили, Клипот, се откриени во него, и тој е способен да ги победи, тој дознава што е Добрина. „Моето срце се стекна со нешто добро." Во која смисла? „Велам дека моите дела се за Кралот," сè што е во мене сега е насочено кон Кралот. Тој не се возвишува самиот, туку го воздигнува Создателот, бидејќи открива дека со тоа што ќе се здобие со својствата на Создателот, со тоа што ќе ги разбере, тој самиот се воздигнува на истите нивоа.


„Ти си поубав од секој друг човек," тој станува херој и сите Битија се под него, и тој подзапира, со цел да работи во истата форма на подарување како Создателот. Ова е песна што може да ја пее само оној кој што навистина го достигнал крајот на патот.


Мојот учител, Рабаш, ја пееше сам понекогаш во Израел. Го слушав од соседната соба долго во зимските ноќи. Тој беше во посебна состојба, и видов како беше длабоко навлезен во себе, како беше одвоен од реалноста, и како беше внесен во оваа певлива песна, во силите, во нивоата, во состојбите за кои што зборува оваа песна, песна на пријателство, на единство со Создателот.


Пеењето е тајната на привлекување на Светлината на Големината и Мудроста, што доаѓаат од нејзините корени, од духовните височини, преку левата женска линија, линијата наречена „ноќ". Затоа „Оние кои пеат ноќе, пеат за оние во кои одекнува оваа песна," како што се вели за најголемиот поет на сите времиња Кралот Давид, авторот на Псалмите, кој што пишуваше ноќе: „И ссе воздигнуваше додека беше сè уште ноќ." Откривањето на Светлината на Мудроста во човекот е неговото духовно воздигнување, и такво возвишување е можно да се случи само од темнината; се пее само ноќе.
Книгата Зохар со коментар од Сулам (Скала), Шемот, стр 1¬03.

Криву Ли - Приближи ми се


„Приближи ми се" е повикување што понекогаш доаѓа од Создателот до личноста што се разбудува за да му се приближи. Ова разбудување доаѓа до човекот на повеќе начини. Понекогаш е откриена директно кога личноста го чувствува будењето. Друг пат, се чувствува на спротивен начин, како чувство на одбивање од целта. Еднаш е добро, прекрасно чувство, како светло среќно утро, а друг пат спротивното, како некој вид пад, опаѓање, некоја нејасна состојба, состојба што може дури да биде и критична. Ова е исто така будење. Сè додека личноста се чувствува како да е во некој вид на движење. Дури и ако се чувствува дека не е дел од Бог, од Боженственоста, од духовноста, таа сè уште чувствува некој вид на врска. Како што пишува во Торах, дека Фараох е единствениот кој што ги донесе луѓето од Израел поблиску до нашиот Татко во Рајот. Има случаи кога злите сили кај некого влијаат повеќе отколку добрите сили. Создателот кој што секогаш посакува да го приближи човекот до Себе, ја буди личноста според она за што таа личност е спремна. Затоа, човекот мора да го слуша Создателот во секој даден момент, кој што вели- „Приближи ми се," без оглед на тоа во која состојба се наоѓа.


Како што веќе рековме, оние кои ноќе пеат песни за возвишување, со своето пеење, ги возвишуваат сите оние чии што души ја пеат таа песна.
Кога оние од пониските светови ќе започнат да живеат со песна, Повисоките светови им помагаат со моќ, така што оние од пониските светови го остваруваат и го достигнуваат она што смртните луѓе не се во можност да го достигнат. Земјата и небата, Зеир Анпин и Нуква, се возвишуваат со оваа моќ, благодарение на ова пеење!
Книгата Зохар со коментар од Сулам (Скала), Шемот, стр 1¬03.

Хамол Ал Маасеиха- Имај сомилост за своето Битие


Некој бара прошка и се извинува. Како и вообичаено, во духовната работа има два спротивни услови. За оние кои се на ниво на ангел, во крајната фаза од Тиккум, има само една сила „Нема ништо друго зад Него." За оние кои се во несвесна состојба, на ниво на овој свет, светот на Еин Соф, двете сили се откриваат во одредено време, силата на Бититето, и силата на Создателот, кои заедно дејствуваат. Од една страна, Создателот видливо подредува сè, но, од друга страна тоа зависи од Битието. Кога кај одредена личност ќе ја достигне состојбата „Само јас за себе", и „Нема никој друг зад Него", тие состојби заемно се приближуваат, и стануваат едно во него, тогаш тој доживува вистинска молитва која што е составена од две спротивставувачки сознанија, и чувствува дека не може да одлучи.

Како е можно Создателот да контролира сè кај човекот, дека од една страна „Нема никој друг освен Него," додека, од друга страна, човекот сè уште има чувство дека тој постои надвор од контролата на Создателот, и може да се насочи кон Него, и може да го зацврсти својот став кон обединување со Него. Ова може да се спореди со состојбата во која човекот на возраст од 40 или 50 години сфаќа дека знае сè во врска со животот, или знае сè што треба да знае, додека во исто време се чувствува како фетус во утробата на својата мајка, кој не разбира, не знае, и не може да распознае ништо. Потоа, тој бара само едно нешто, после сите мои напори, целиот труд што го вложив во тоа, да ме тестира, и да види дали сум на вистинскиот пат.
Пеењето е песната, гласот на душата, што го содржи целата Тора, целата Виша Светлина.
Песната на која луѓето од Повисоките и пониските светови, во сите светови се будат.
Песната, како пролет одозгора, како спокојство од Вишиот свет, како Божествена милост.
Песната која го разубавува Светото небеско име, Малхут, садот на Создателот.
И затоа таа е Света над Светите песни.
Книгата Зохар со коментар од Сулам (Скала),Трума, стр. 103.

Јале Тахнунеину-(Возвишување на нашите молби)


Молбата означува молитви од повеќемина. Повеќемина ја означува состојбата кога некој ќе открие дека се состои од повеќе различни сили кои не се во состојба да се обединат со Создателот. Кога тој ќе ги процени, почувствува, и разјасни една по една, тој достигнува состојба во која го возвишува МАН, барање, молба, со која Вишата сила ќе дојде и ќе ги исправа овие различни, спротивни сили во него, и ќе им даде една желба и една намера. Тој се залага да почувствува една сила, една желба во нив, иако тие се толку различни и толку спротивни, така што ќе го доведат до неговиот извор.


Во утрински или ноќни состојби, кога Вишата сила сјае на него и кога не сјае, тој се моли, неговата молитва да биде целосна, сè додека не добие одговор и сите барања и желби не се обединат во него, и сите негови садови станат еден голем сад, во кој тој може да достигне единство со Создателот. Затоа пееме на Јом Кипур, состојба во која се откриваат празните садови. Со оваа молитва побаруваме исправка, добиваме Светлина која што исправа одозгора, и кога садот е исправен, тој достигнува состојба во која што е полн со целата светлина на љубовта и единството.


Кога оние од пониските светови го започнуваат својот живот со песна, нивното духовно возвишување кон корените на душата, Вишите светови им додаваат моќ со цел оние од пониските светови да ја достигнат Вишата Светлина на Мудроста, која достига и се разоткри во ЗОН од Светот на Ацилут, и кај ангелите што му претходат. На овој начин, пониските светови ја зголемуваат својата моќ и сјајот на мудроста во Вишите царства.
Книгата Зохар со коментар од Сулам (Скала), Шемот, стр 1¬03.

Исадер Ле-Сеудата-Ќе се подготвам за оброкот


„Ќе се подготвам за оброкот" не е мелодија, тоа е песна на одредена личност чија што точка во срцето се има разбудено и по долго подготвување за работа на Боженственоста, достигнува состојба во која таа личност го надминува Махсом и навлегува во духовниот свет. Таму таа поминува низ сите нивоа на светови БJА во Ацилут, и се здобива со садовите на дарежливост и ја достигнува Гадлут, така, возвишувајќи се до Рош де Ацилут, каде нејзината душа е подготвена и чека да ја прими Светлината од Еин Соф, и да ја прими со цел да дава. Сега таа личност е полна со светлина што се нарекува „оброк на правичноста".


Сега, кога личноста ги чувствува сите подготовки низ кои што помина и сите составни делови од работата до оваа висока состојба, таа ги возвишува сите сили што ги има почувствувано и што ги возвиши на ова високо ниво, и ги кани на оброк. Тоа значи дека сите тие имале учество во тоа. Сега и личноста ги чувствува составните делови во неа додека се стреми кон големата Зивуг за обединување со Создателот, каде што таа и Создателот се обединуваат во своите внатрешни садови. Таа ги кани повисоките нивоа кои што се грижеа за неа кога беше мала, и додека беше на патот. Зеир Анпин и Малхут де Ацилут кои и' дадоа живот на душата и кои ја контролираа личноста и и' помагаа да порасне.Кои ја водеа од една состојба во друга, од темнина во светлина, така што таа се здоби со сите сознанија и така стана помудра, сè додека порасна и стана голема. Таа порасна над нејзината желба да добива, и сега е способна да ја контролира и да работи со неа, со цел да дава.


Сега кога личноста е во состојба на најголемо, највисоко обединување со Создателот, таа ја пее оваа песна „Ќе се подготвам за оброкот". Сега за овој висок оброк на Шабат, еден вид следен свет, еден вид на Гмар Тикум, таа ги користи сите средства, сите елементи, сите сили, и внатрешни и надворешни.Таа заедно со својата цела душа и сите светови, кои ја донеле во оваа состојба. Сега кога дојде моментот на обединување со Создателот, обединување во едно, во еден сад, во оброкот на правичноста.


Славење на пеењето е Песната над Песните која јо содржи целата Тора, целата Виша Светлина, целата темнина, и целата Светлина, целото патување на сите души до целосно духовно спасение и воскреснување од мртвите, до тој ден, кој што е Шабат на Создателот. Што и да е, што и да биде потоа, на седмиот ден, кога ќе дојде Шабат на Создателот- сè е вклучено во Песната над Песните.
Книгата Зохар со коментар од Сулам (Скала),Трума, стр. 105.

Нигун-Мелодија


Оваа мелодија е изразување на емоции без зборови. Од една страна, е поапстрактна, а од друга страна е поостра и пофокусирана. Ако во една песна зборовите и мелодијата се во согласност и кажуваат како што кажуваат и самите зборови, што значат букви кои составуваат реченици во директна молитва, во одреден процес кој што започнува и завршува, додека звукот сам по себе што се додава на зборовите кои ги искажуваат Та'амим, (барањата) во молитвата. Така, во мелодијата без зборови личноста мора преку самиот звук исто така да ги искаже зборовите што недостасуваат. Знаеме дека има разлики во садовите на Та'амим, Некудот, Тагин, и буквите во самиот звук. Во пишана форма исто така ја гледаме Некудот, и буквите, но Та'амим и Тагин се употребуваат само во посебни околности. Тие се внатрешни додатоци кои ја искажуваат внатрешната состојба на садот.Го искажуваат чувството на личноста, тоа како одредена личност го гради својот став. Има звук кој што оди паралелно во позадина на зборовите, и во многу случаи звукот ја менува суштината на зборовите. Можам да ги пеам истите зборови среќно или можам да ги пеам тажно, и секој пат истите зборови ќе имаат сосема различно значење. Ова значи дека звукот го искажува мојот став кон она што е кажано преку зборовите. Затоа, постојат Та'амим, Некудот, Тагин и буквите од Та'амим го искажуваат ставот на личноста во врска со она што понатаму се пее.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica