Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Слобода

Опис
Која е таа сила што не обврзува постојано да напредуваме во несигурната иднина ? Овој документарец поставува прашања на кои големите умови на човештвото се бореле да најдат одговор .

Превод

Слобода

Слобода. Овој единствен сладок збор подбуцнал бунтови и претворил места во урнатини. Доведувал луѓе до лудило , одврзувал раце на вчерашните робови пијани од овој сон за слободата , кои што не запирале пред ништо само да ги отфрлат нивните окови да се ослободат себеси од тиранијата , кои би прешле преку се , само поради тоа што поседувале само една аспирација – слободата.

Што е оваа Слобода што тие ја барале ? Што таа значи , и дали е навистина возможно да се постигне ?

Слобода на избор

Секој може да ја достигне дадената слобода и со тоа да се ограничи и открие себеси.
-Јохан Волфганг Гете

Секој ја разбира слободата на свој начин. Некои бараат финансиска слобода ; други ја перцепираат како моќ – можност да се донесуваат независни одлуки , да се влијае на судбините на луѓето и државите.

Има и такви кои ја ценат познатоста повеќе од се – слободата на креативноста и самоизразување. За многумина имањето време за гледање ТВ и пиењето пиво е ултимативен атрибут на слободата, добиено ,секако ако програмата е интересна а пивото го има во изобилие.

Кога општеството ги исполнува нашите потреби , ние се чувствуваме слободни . Во спротивно , се трудиме да го смениме , така да ги задоволува нашите желби поефикасно. Ова е причината за бунтови , револуции , војни , солзи , разурнувања и страдања.

Социолошко – политичките структури се менуваат. Нови луѓе ја превземаат власта , парите преминуваат во други раце , нови идоли се појавуваат , и заедно со нив нови ТВ програми и нови брандови на пиво.

Само оние кои што можат да се борат за слободата ја заслужуваат.
Чарлс Будиер

Се движиме напред. Нашата цел е слободата : идеални услови за реализација на нашите желби . Вака ние го разбираме тоа.

Зошто работиме толку напорно за ова ? Зошто страдаме и внесуваме толку многу енергија во овој напор. Со цел да уживаме во животот навистина. Како може вечното , задоволство што никогаш не исчезнува да постои во нашиот свет? Не , порано или подоцна стануваме презаситени.

Имаме пари. Сме купиле се во дуќанот , меѓутоа сега ни се потребни се повеќе и повеќе продавници каде што ќе одиме во набавка. Имаме моќ . Но тоа е моќ само над милион луѓе . А постојат уште толку многу луѓе и ние сакаме да доминираме над сите нив. Имаме големо знаење , а сепак се стремиме да знаеме се. Имаме телевизор , но нашиот сосед има поголем . Се што сакаме е да имаме повеќе и повеќе ; Ние само сакаме да примаме и да уживаме .

И што ако не примаме , тогаш што ? Тогаш страдаме и во првата прилика одвејуваме од оваа болка во потрага по ново задоволство . Нашиот целокупен живот е потрошен трчајќи назад и напред помеѓу задоволството и болката . Кога ќе примиме задоволство , среќни сме ; кога ќе почнеме да чувствуваме страдање, одиме во потрага по ново задоволство.

Да бидеш слободен значи да бидеш во можност да го правиш она во кое што уживаш. - Волтер

Што е оваа сила што постојано не принудува да бараме повеќе и повеќе ? Одговорот е едноставен : тоа е генераторот на бескрајните желби – егоизмот . Тој го диктира нашето однесување , буткајќи не напред.

Сите наши дејствувања се базирани на внатрешен програм инсталиран и активиран со нашето доаѓање на овој свет. Не присилува да се однесуваме на одреден начин што го дефинираме како " егоизам ".

Целта е слободата ; движечката сила е егоизмот .

Под дејство на егоизмот , примитивните општества станале робовладетелски систем , потоа феудализмот , капитализмот , социјализмот и комунизмот. Човекот се борел за слобода , ја уживал , и како егоизмот растел , повторно барал промена , што го водело општесвото во нова состојба.

Секое достигнување заробува. Не обврзува да постигнеме да постигнеме повеќе. – Алберт Ками

Во текот на историјата , слободата имала прифатлива цена . Уживањето било вредно за страдањата.

Дваесетиот век го променил балнсот : две светски војни и пропаднатиот обид за глобална промена на подобро со политичка револуција , сите тие се случиле во животното искуство на само една генерација.

Првата светска војна ги побарала животите на 10 милиони луѓе ; Руската револуција и што следело после неа убила уште 44 милиони повеќе ; Втората светска војна уништила 62 милиони животи. Таканаречениот период на мирно коегзистирање му ги донело на човештвото војните во Кореа , Виетнам , Средниот исток.

Бројот на жртвите од Кинеската Културна револуција , геноцидот во Камбоџа , од Социјалистичките реформи во СССР и Источна Европа се уште не се ни пребројани.

Во дваесетиот век Егоизмот го достигнал нивото каде што не бил повеќе конструктивен. ДА , егоизмот помогнал да се порази кугата , колерата и креирал бактериолошко оружје. ДА , благодарејќи му на Егоизмот ние извојувавме демократска слобода и највисока стапка на криминал во човечката историја.

ДА , со негова помош ние откривме иладници начини на користење на природните ресурси и со тоа полека но сигурно ја уништуваме Екологијата на планетава.

ДА , навлеговме длабоко во тајните на материјата и се наоружавме себеси со оружја кои што претставуваат закана за нашето постоење.

Проблемот на нашето време е дали човекот ќе биде во состојба да ги надживее своите сопствени изуми. – Луис де Броил

Денес , егоизмот го донел човештвото во состојба каде што тоа не може да се чувствува слободно. Се манифестира со страв без преседан од оваа полека забрзувачка фаза во животот која што само мал број на луѓе можат да ја издржат.

Стравот од неизлечиви болести кои што се појавуваат од никаде и веднаш се распространуваат по светот ; анксиозноста во врска со криминалот и насилствата ; заканата од тероризам кој што им прети на сите , без разлика на границите и националните разлики.

Стравот и очајувањето го подигаат нивото на стресот и депресијата , ја зголемуваат зависноста од алкохол и дроги – повеќе пациенти за терапеутите ; повеќе клиенти за дилерите со дрога. Бран на хорор и филмови за катастрофи ги засипуваат ТВ и кино екраните.

Што е сето ова ? Дали е само уште една манифестација на стравот кој што ги рефлектира нашите сегашни околности , или е тоа колективно лошо претчувство???

Го променивме нашето опкружување толку радикално, што сега ние мораме да се промениме себеси за да бидеме во можност да живееме во него.
-Норберт Винер

Егоизмот продолжува да не турка кон некоја нова реалност. Но што е таа?? Овој пат човештвото нема апсолутно никаква идеја.

Постои впечатливо чувство дека бескрајни секвенци на новa одвратна штета не очекуваат ; дека сме ги потрошиле сите наши опции и сме дошле до безизлезна состојба.

Штети и голем страв ќе паднат на човекот. Тој ќе посакува да умре , но тоа нема да му биде дозволено. Тој ќе живее во страшна болка. И нациите ќе ја бараат вистината и ќе ја пронајдат.
Книгата Зохар , главната книга на Кабалата, 3 тиот век од нашата ера.

Треба да осознаеме дека егоизмот е единственото објективно зло , и неговото влијание мора да се неутрализира. Треба да почнеме да живееме во согласност со законите на природата , од кои сме интегрален дел.

Модерната наука докажува дека природата е проткаена со една мисла и се развива во согласност со еден закон – законот на дарувањето , кој што гласи " Земај во согласност со твоите потреби и давај во согласност со твоите можности ".

Безизлезот што го достигнавме е подарок од природата. Во сегашните околности човештвото е спремно да го признае она што било негирано во текот на неговата целокупна историја.
-Кабалист Др.Михаел Лајтман

Ако живееме според законот на дарувањето , и ако сите наши постапки се стремат не да ја променат околината , туку да се промениме себеси , ако целиме кон спиритуалното и воспоставиме контакт со горниот свет , тогаш ќе бидеме во возможност да излеземе од овој ќорсокак.

Целта е слободата , движечката сила е алтризмот. Сите големи умови , во сите времиња , дошле до истиот закључок. Конвенционалната наука го разбира ова исто така. Се повеќе и повеќе , гледиштата на водечките модерни научници наликуваат на она што древните кабалистички книги го опишуваат.

Baal HaSulam , најголемиот Кабалист на дваесетиот век , го открил внатрешното значење на Книгата Зохар на нашата генерација. Баал ХаСулам напишал : Ако имаш желба да се промениш , постојат четири фактора од кои неможеш да избегаш.

Првиот е наречен " Основа " или " есенција " . Тоа значи дека поседуваш уникатни карактеристики кои се вметнати само во тебе и во никого друг. Тие се предавани од една генерација на друга и не можат да бидат изменети. Вооружен со нив , се движиш кон Целта на Постоењето.

Вториот фактор е програмата. Да , постои пред одреден план на развој , суштината што ја добиваме при раѓањето. Таа одредува се , од нашето раѓање до смртта.

Третиот фактор е опкружувањето. Живееме во општество , што ни наложува да живееме според неговите закони , норми , и традиции. Ви ги наметнува своите вредности . Вие можете да пружате отпор на ова влијание , меѓутоа нема бегање од тоа.

Правам нешто не бидејќи сакам да го направам тоа, но затоа што некое влијание ме принудува да се однесувам на овој начин.
Баал ХаЦулам

Но зошто е тогаш слободата на избор ? Што можете да наравите? Во состојба сте да наравите само едно нешто. –Баал ХаСулам пишува , " слободни сте да направите само едно нешто. Да се ставите себеси под влијание на околината , што се стреми кон спиритуалното исто како и вие. Ова опкружување се книгите, група , и учителот . "

Книгите , пишувани од Кабалисти кој веќе го поминале овој пат , служат како навигациона мапа, што ни помага да ги избегнеме сите плитки места , гребени , и подводни струи. Тие му овозможуваат на патникот да пристигне до својата дестинација навремено и безбедно.

Учителот е искусен навигатор , кој што знае да ја чита мапата и знае како да плови. Групата е екипажот што ги здружува силите и делува со едно срце да се постигне целта.

Стоите пред влезот на богатството. Примивте покана за влез во вечноста и перфекцијата.
-Баал ХаСулам

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica