Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Митови за Кабалата

Кабала е обично поврзан со црвени конци, медитација, магија и многу други нешта. Оваа страница има за цел да се расчистат сите овие митови поврзани за Кабала

wrong_preview10 митови за кабалата

Мит # 1: Кабала е религија.
Факт: Кабала е наука - физика на целокупната реалност. Тоа е мудрост која ја открива целокупната реалност што е вообичаено скриено од нашите сетила.

Мит # 2: Кабала е поврзана со црвен конец и света вода.
Факт: Не постои никаква врска. Црвениот конец, светата вода и други производи се профитабилен и комерцијален пронајдок создадени во изминатите две децении.

Мит # 3: Кабала е резервирана за малцинство на лица и само на мажи над 40 години им е дозволено да ја изучуваат.
Факт: Во текот на прогонот кабала беше изучувана од страна на неколку избрани поединци. Меѓутоа, уште од времето на Ари (16 век), таа е достапна за сите.

Мит # 4: Кабала се занимава со магија.
Факт: Кабала не се занимава со магија или со било кое друго волшебство, туку се занимава со прагматично истражување на реалноста.

Мит # 5: Кабала е секта.
Факт: Кабала е мудрост и наука отворена за секој човек, без било какви ограничувања.

Мит # 6: Кабала е поврзана со "New age" и е  тренд -  минлив феномен.
Факт: Кабала е најстара мудрост на човештвото. Нејзините почетоци се од  пред околу 5.000 години.

Мит # 7: Кабала е поврзана со тарот карти, астрологија и нумерологија.
Факт: Тарот карти, астрологија и нумерологија, во нивните мистични искуства, биле погрешно поврзани со кабалата.

Мит # 8: Постоење амајлии во кабала.
Факт: Во нашиот свет, не постојат никакви физички објекти што носат било каква духовна содржина. Амајлиите можат на човек да му помогнат, само како психолошка поддршка.

Мит # 9: Кабала вклучува медитација.
Факт: Кабала не вклучува медитација. Медитација е уште еден елемент кој беше поврзан со зборот "Кабала" среде нејзината конфузија во последните неколку векови од не-кaбалистите.

Мит # 10: Треба да се изучува Талмуд и Тора пред да се пристапи на Кабала.
Факт: Без кабалата не може да се сфати духовното значење на овие текстови, и човек е заглавен мислејќи дека тие се однесуваат на физички случувања и активности

 

Што кабалата не е ?

Кабалата не е религија, мистицизам, магија, света вода, црвени кончиња, амајлии, и многу други работи, кои со популарноста асоцираат на неа.

Земено од “Кабала - Основно Запознавање,” првиот курс од 16 лекции, од курсот за почетници.  Вашиот прв курс по кабала.

 

Повеќе митови за Кабалата

Проследете ги видеата со одговори од др. Рав Михаел Лајтман, за следниве митови за кабалата 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica