Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Буквите на Раби Амнон Саба“ - Дел 2

07.03.2010

Добар ден драги пријатели, денес сме пак присутни на нашиот виртуелен час. Денес ја продолжуваме статијата „Букви".

Т.25, буквите Куф и Рејш. Многу интересни букви, затоа што ние знаеме дека вишата светлина, кој произлегува од светот на Бесконечноста, поминува преку системот на световите, кој се нарекува Адам Кадмон и влегува во системот Ацилут. Во Ацилут постои систем, граница која се нарекува Табур и под него се наоѓа светот Ацилут. Значи, Атик, Арих Анпин; две структури кои немаат со нас никаква врска, и потоа веќе постои дел, кој се нарекува Аба ве Има – татко и мајка, таканаречени. Во него има горен и долен дел, во овој систем Аба ве Има. Горниот дел исто така се однесува кон недостижниот дел за нас, фактички, ова се се нарекува Рош – дел на главата на светот Ацилут,додека долниот дел на Аба ве Има,таа веќе се наоѓа во границите на нашето достигнување и во него се наоѓаат првите девет букви. Јас ќе ги обележам, од првата до деветтата буква. Или од Алеф до Тет. Потоа следува, под делот Аба ве Има, делот кој се нарекува З'А, во него се наоѓаат следните девет букви, од десетата до осумнаесетата. Тоа се буквите од буквата Јуд до буквата Цади. Едната од нив можеби денес со вас ќе ја изучуваме, Цади ќе ја изучуваме.

А потоа следи Малхут, најважниот наш дел.Во него постојат четири букви, од деветнаесетата до дваесет и втората. Или буквите Куф, Рејш, Шин и Тав, четири букви. И потоа постои уште уште Парса, како овој Табур, така и Парса доле.Постои таква работа – Парса.На таа Парса има пет видови на екран, но не само екрани со чија помош ние ја добиваме светлината, туку екран кој ја задржува светлината. Постои бел екран како во киносалите, каде што ние ја гледаме сликата на киното, а постои и завеса, која ја затвора од нас сликата. Токму Парса ја затвора сликата од нас ако ние не сме подготвени.Но во случај да сме подготвени, тогаш ние ја поминуваме. Таа се претвора од задржувачки екран во одразувачки. И на таа Парса постојат исто пет вида букви. Тоа не се посебни букви, нови, туку тоа се стари букви од овие што веќе постојат од овие 22 букви.Но тие букви имаат тука посебен облик и затоа се нарекуваат Манцепах. Тоа се пет вида букви, или пет видови на задржувачки екран кој се состои од пет букви. И за да се искачиме нагоре нам ни е потребно да ги добиеме особините на овие пет завршни букви. Овие букви секогаш се пишуваат на крајот од зборот. Ако ние ги добиваме новите особини, тогаш ја поминуваме Парса, оваа граница, и дури потоа во тој облик или последователност, или во таа форма во која ние ги добиваме останатите букви, ние се искачуваме. Од сите букви постојат букви кои излегуваат со своето ноџе подоле од Парса.

Еве буквата Куф, јас направив од неа стреличка. Таа ја спроведува светлината во световите кои тука се наоѓаат. Тоа се световите А''К, целиот овој свет Ацилут, а тука световите Брија, Јецира и Асија. Во овие светови постојат душите. Светлината поминува во овие души и предизвукува кај нив желба да се искачат во светот Ацилут, и тогаш душите се креваат во светот Ацилут, поминуваат преку Манцепах и се искачуваат нагоре. Цртежот излезе не многу веродостоен, но ништо не може да се направи, така јас цртам. Значи сега ние ќе почнеме да ги изучуваме буквите Куф и Рејш. Гледајте , ги имаме тука, Куф и Рејш. Ова е буквата Куф, така се пишува, и Рејш...веднаш можете да погодите – (ова е буквата Рејш) дека во буквата Рејш има елемент од буквата Куф. А по што се разликува – по ова стапче, кое доаѓа од буквата Нун. Тоа ќе го изучуваме понатаму. Во принцип, во сите овие букви има само неколку елементи кои постојано на некој начин меѓусебно се преместуваат и се соединуваат и образуваат нови облици, нови букви. Да речеме буквата Алеф, првата буква на азбуката. Постои буквата Вав, такво стапче со главче, а ако го цртаме стапчето под 45 степени тоа за нас означува одделување помеѓу горниот дел и долниот дел.Но тоа е условно одделување, кое може да се помине.Затоа стапчето не е ниту хоризонтално ниту вертикално, туку под агол. И тогаш буквата која е одозгора, т.нар.буква Јуд и иста таква буква Јуд одоздола, означуваат дека светлината поминува одозгора преку оваа Парса, надолу.

Овој услов, особината која се наоѓа во буквата Алеф, аналогно на руската буква а, таа е основоположник, затоа што ни кажува нам за најважната особина – проаѓањето на светлината од Вишиот свет (од оваа буква Јуд) до нижиот свет. Тоа во случај светлината да проаѓа. А во случај светлината да не проаѓа, тогаш буквата се означува со друг облик. Истото навалено стапче, одозгора буквата Јуд, која ја означува светлината Хохма која постои, а одоздола може да е буквата Далет( таква буква). Таа се додава наместо буквата Јуд кон оваа структура и означува дека одоздола нема светлина. Ова означува дека светлината поминува, а ова дека не поминува.Доаѓа до оваа препрека, Парса, и не поминува надолу.

Односно од една страна буквите претставуваат обично буквено писмо, од друга страна претставуваат некои хиероглифски цртежи, кои изразуваат особини, комбинации, чувства. Т.е. самата буква претставува огромен сетилен шаблон. Кога човекот почнува да ги чувствува со своите особини, особините на буквата, тогаш таа во него непосредно "свири". Тоа е како да слушаш некој музички инструмент, иако тоа не го сакаш, но звукот ти влегува во уво и ти слушаш. Истото е со буквата – ти ја гледаш, таа почнува внатре во тебе да "свири". Така тоа се случува. Затоа што таа носи во себе таква информација, непосредно, директно влијае врз тебе. Така што буквите се многу интересна работа, многу длабока, осетлива...Ние не знаеме како нив наеднаш човештвото "ги изуми". За тоа некој друг пат ќе позборуваме, а сега одиме поблиску до нас, значи буквите Куф и Рејш.

Овие букви – Куф, Рејш, Шин и Тав, тие се букви кои ја составуваат Малхут. Зошто во Малхут има само четири букви? Ние со вас тоа некогаш веќе го поминувавме. Но очигледно го заборавивме, јас ќе ви напомнам. Работата е во тоа, дека светот Ацилут е изграден на таков начин (нам најважен ни е светот Ацилут, овој свет од Табур до Парса, затоа што во овој свет Ацилут се случува се', што потоа ќе се случува со нас. Во него се наоѓа целата наша иднина, целото наше управување, целото управување со нас).Значи така е изграден, да најглавниот негов парцуф ,таканаречен, системот кој со него управува се нарекува Аба ве Има ( јас ќе го земам само долниот негов дел, во кој се наоѓаат првите девет букви, од 1-та до 9-та). Потоа под него се наоѓа З'А ( во него се наоѓаат од 10-та буква до 18-та, како што рековме, ова е З'А; а ова е Аба ве Има).А Малхут се "навлекува" на З'А, на последните четири негови сфироти, од хазе на З'А па надолу. Еве тука се наоѓа границата на З'А, на која Малхут се навлекува.Таа добива од З'А токму на овој начин светлина. И бидејки во неа постојат само Нецах, Ход, Јесод, Малхут – четири сфироти, затоа постојат само четири букви кои се одредуваат со овие сфироти. Односно Куф, Рејш,Шин, Tав.


Во почетокот, при создавањето на овој систем буквата Тав имаше вакво обележување – како буквата Рејш и уште вакво искривување, но притоа, бидејки е последната буква, тогаш премногу светлина, т.е. симболот сила, тогаш премногу сила одеше надолу, во световите на Брија кај нечистите сили ( Клипот) и затоа беа создадени посебни исправувања.Сега нема да изучуваме зошто е направено на ваков начин, за оваа буква да стане со кратко ноџе, т.е. да не пропушта од себе надолу светлина, туку само оваа прва буква, најоддалечената од Малхут.Токму таа да е поврзана со оваа наша состојба, со нашиот свет со душите. За од неа, а не од буквата Тав да поминува светлината врз нас.

Т.25. "Од горе кажаното следува, дека ако некој сака да каже лага ( тоа се заснова на претходниот параграф) ќе успее во тоа, ако во почеток ја каже вистината како основа врз која после ќе порасне и почне да делува лагата". Тоа ние го знаеме од нашиот свет, дека со тоа се користат многу секакви политичари и воопшто сите кои сакаат да ги излажат луѓето. Тие во почетокот се обидуваат да ни објаснат дека се вистинити, исправни, ни ги спомнуваат своите добри дела, а потоа ни сервираат некоја одредена лага или ни кажуваат некоја непријатност. Зошто тој го кажува тоа тука? Т.е. во почетокот на секое случување треба да следи нешто добро, за ние да се поврземе егоистички, а потоа со тоа не' лажат – на таков начин е изградено целото вишо управување. За да не' научи нас да не се фаќаме на лагата.

Односно за да ние целосно го поништиме целиот свој егоизам. Ако одозгора поминува врз мене нешто пријатно, позитивно, и јас сакам тоа да го "голтнам", - значи после тоа позитивно ќе следи задолжително негативното. За да се предизвика кај мене правилна реакција, да не го воспримам позитивното и негативното затоа што е позитивно или негативно, туку за тоа, треба ли со тоа да се користам или не. Ако јас на таков начин со екранот ќе воспримам, тогаш за мене нема да биде важно што кај мене ќе доаѓа – вистината или лагата. Јас секогаш ќе ја воспримам над својот егоизам и тогаш нема да се фаќам на јадица. Така што тоа што доаѓа на почетокот – пријатно, правилно, а потоа лажно – тоа е само во моја корист, за да ме научи. "Тоа е затоа што буквата Шин е буква на вистината во која се обединуваат Прататковците, т.е. основните особини.Затоа што трите линии во обележувањето на буквата Шин ги означуваат тројцата Прататковци кои се сфироти, особини- Хесед, Гвура, Тиферет". Т.е. оваа буква, која тој сега ја објаснува, Шин, таа е изградена на таков начин – одозгора доаѓа особината на Создателот, која потоа се одвојува на два дела, на десна и лева линија, кои слегуваат во нашиот свет.А јас во нашиот свет морам да ги соединам заедно овие две особини во себе.Потоа да станам сличен на Создателот во тоа, што јас се искачувам во оваа средна линија се погоре и погоре, се додека не го достигнам Неговото ниво. Во средната линија. Ова добивање на двете линии одозгора, а потоа нивното соединување во себе, и создавањето во себе на средната линија ја означува токму оваа буква, Шин. И на руски се нарекува ш, од таму потекнува. Тоа ни е уште од древниот Вавилон, нашите букви, и од таму тие се расширија за потребите на целата писменост. Еве од каде оваа буква така потекна. И затоа " буквата Шин е буква на вистината во која се обединуваат Прататковците. Т.е. основните особини, затоа што трите линии во обележувањето на буквата Шин ги означуваат тројцата Прататковци кои се сфироти, особини - Хесед, Гвура, Тиферет". Хесед е десната линија, Гвура е левата линија и Тиферет е средната линија. Така наречени ХАГАТ. Тоа и е буквата Шин, или ш како ние ја изговараме.

Има прашања? Во врска со оваа буква?

-Во врска со различни букви.
-За разни нема да можам, но да пробам.
-Прашањето е такво, го поставува Семјон од Москва :" дали е правилно да се постави такво прашање – во кое место на духовното, буквите се поделени на зборови, и во кое место празнините помеѓу буквите отсуствуваат?"

- Драг мој! Тоа е страшно прашање. Работата е во тоа, што општо земено не постои поимот "зборови". Збор е тоа што ние со вас го исекуваме од низата на букви. Ако ја земете во оригиналниот облик Тора, како што беше запишана,- немало празнини помеѓу зборовите. Тоа беше целосна низа на букви, во која потоа, за тие што помалку разбираат, беа поделени тие букви на зборови.Но знаци на интерпункција не постојат ниту денес, ниту точка, ниту запирка, ништо. И дури многу од зборовите се пишуваат фактички споени меѓу себе и до ден денешен. Затоа што Тора претставува комплет на букви, односно комплет на состојби, од првата буква се до последната буква.

Првата буква Алеф, за која што зборувавме, а последната буква е Ламет ( исто како да се состои од Алеф, еве таква буква- тоа е буквата Хаф и над неа Јуд) л, а оваа а или е. Значи, целата Тора е запишана помеѓу овие букви, и запишана е едноставно со букви. А тоа што ние читаме зборови и од нив правиме реченици, и тие реченици ги читаме веќе по смислата – Берешит Бара Елоким Ет...т.е. Во почеток ги создал Бог небото и земјата и т.н. и слично – тоа ние со вас читаме, а реално тоа не се чита, тоа е веќе апсолутно дополнително и многу надворешно, наше, да речеме, запознавање на таа внатрешна вистинска смисла, силна, векторска, информациска, духовна, која постои во овој запис. И затоа кабалата е многу против вакво надворешно читање, потоа на тоа да се прават коментари – зошто тој така го создал, зошто така го сплеткал – ништо не направил, ништо не создал, ништо не сплеткал.Нам ни е потребно да навлегуваме во буквите, во нивната сила, да ги прилагодуваме на себеси. И тогаш ќе почувствуваме каков е навистина чинот на создавањето. Затоа, да зборуваме за тоа како е напишана оваа книга, Тора, тоа е ....ние постепено со вас тоа ќе го правиме. Сега ние само ги изучуваме елементите на буквите, кои ни кажуваат за духовните особини на душата, во духовниот свет, кои ние на таков начин надворешно ги обележуваме. Не повеќе од тоа. Уште?

-Алексеј од Троецк, прашува: "Зошто кај буквата Шин средното ноџе како да произлегува од левото. Како да не се симетрични?"

-Браво! Од каде е тој? Од Троецк, Московска област...- Гледај го ти него, изгледа во манастирот го научиле...таму е манастирот, нели? Троецки манастир, знам дека таму има. Тој е во право, зошто ако ја пишуваме буквата Шин на ваков начин, или на таков начин, таа се пишува со лев наклон, вака, таканаречен, вака или така...

-За истото прашува и еден студент од Америка...

-Работата е во тоа што средната линија, иако на крај претставува средна линија, но зависи од која особина таа произлегува. Затоа што сите букви не се исти. Тоа што јас го нацртав- дека одозгора надолу одат две линии – тоа е така, но во секоја од буквите овие линии не се исти. И затоа Шин обично, гледајте каде таа се наоѓа многу блиску до крајот на буквите, блиску до Парса – тука е Парса. Односно таа е веќе многу блиску до клипот и затоа има многу силен лев наклон. Но таа е многу силна буква. Замислете си, ако ние правиме на Шин такво исправување. Воопшто, Шин се смета за многу силна буква, многу сериозна духовна исправена челична особина. Постои, не само само со три, постои Шин со четири такви стапчиња, односно со уште едно дополнително. Но така се обележува обично само во тфилин, знаете тоа е такво кутивче, се облекува на главата, затоа што таму се наоѓаат четири вида на сеќавање Јуд – Хеј – Вав- Хеј, таканаречени. Многу што уште постои. Понатаму?

– Валентин од Минск прашува: "Што значи да се спознае или да се постигне буквата?"
- Да се спознае или да се постигне буква?

-Тоа е добро прашање, Валентин! Тоа значи, дека мојата желба која во мене постои, јас посакувам да ја обликувам во себе на таков начин да таа работи како буква. Во мене постои како купче на песок или глина, таква е мојата желба, а јас сакам од нив да излепам букви. И тогаш,со помош на тие букви, јас можам да сложувам зборови, можам по овие букви да се движам како по особини и на таков начи да изразувам од себе некои духовни дејства. Еве една буква – јас така се изразувам, еве друга...секоја буква продуцира дејство во светот, а мојата необликувана желба дејство во светот не продуцира. Затоа се вели, дека Создателот со буквите го создал светот. И ние, правејки од себе, од својата првобитна егоистична желба, која нема никаков облик, едноставно "сакам".Ако ние од него излепуваме букви, ние после тоа со буквите го создаваме светот. Така е и речено, дека праведниците го создаваат светот исто како Создателот.

-Уште прашања. Михаил од Москва: "Некогаш зборувавте дека знаците, или буквите ние ги "печеме" внатре во себе. Можете ли тоа малку подетално да го објасните?"

-Ги "печеме", односно под дејство на светлината . Ние сега со вас ја изучуваме Книгата Зохар. Книгата Зохар е огромен, најсилен извор на светлината. Ако јас за време на изучувањето на Книгата Зохар размислувам за тоа, дека оваа светлина делува врз мене, тогаш таа во мене продуцира такви дејства, што таа едноставно свети врз мене и од мојот огромен безличен егоизам создава букви. И потоа јас можам да делувам со помош на тие букви. Како да составуваш книга, составувајки ги тие букви една по друга - јас правам духовно дејство, токму од тие букви. Т.е. од моите исправени, во минатото егоистичните особини. Во тоа и се состои нашето духовно дејство, нашата сличност на Создателот. Што значи- јас станувам сличен на Создателот? Јас треба да ги соберам во себе тие 600 или 700 илјади букви, не.Буквите ги има многу повеќе, изгледа зборови се 600 или 700 илјади, во Тора, и целосно да ги изразам од себеси. Тогаш ќе се вели дека јас станав сличен на Тора, т.е. ја создадов од својот егоизам Неа, а што значи Неа? Т.е. целокупната духовна структура, целиот систем на Вселената, односно јас на таков начин во себе го спроведов моделот на светот на Бесконечноста. И во тоа јас целосно станав сличен на Создателот.

-Уште прашање од Израел: "Што означуваат акцентите и зошто Зохар е напишан без акценти?"

-Не, тоа веќе прашуваат паметните, од Израел, секогаш се такви. Не, тоа нема смисла. Тогаш да продолжиме засега. Тоа беше буквата Шин и исто така буквата Рејш. Буквата Рејш е буква за која што зборувавме, таа е првата буква на Малхут.Најслаба од овие букви затоа што е најоддалечена од егоизмот, од клипот кој тука постои.Ова е веќе област на егоизмот и затоа буквата Куф која е најоддалечена од нив, кај неа продолженото стапче претставува извор на светлина за клипот за да ги поддржи. Ним треба да им свети, затоа што сите овие егоисти, сите овие како за нив пристојно да се изразам, - недобри луѓе – тие имаат потреба за потхранување за постепено да го осознаат својот егоизам и да се исправат. Затоа потребно е да ги "оживуваме". Треба да им се даваат некои ситни егоистички задоволства за да има поради што да живеат, инаку ќе се убијат. На таков начин оваа буква Куф е цел систем, не е само едноставно така некоја си буква. Тоа цел духовен систем кој управува со нас во нашиот свет. Оваа буква Куф му дава на нашиот свет, оваа мала елипса – тоа е нашиот свет, и тој целиот се "храни" од буквата Куф. Со една мала искричка која свети во нашиот свет, која се нарекува НЕР ДАКИК. Нер – тоа е свеќа, а дакик – тоа е мала, тенка свеќичка. Сето ова произлегува од буквата Куф.

Следната буква – Цади. Многу сериозна буква, многу горда буква. Таа е претходна на буквата Куф. Воопшто ние со вас изучуваме буквите по обратен редослед. Односно ние ја изучуваме буквата Тав, Шин, Рејш, Коф или Куф и потоа Цади. Значи вака се пишуваат Тав, Шин, Рејш, Куф, Цади, грубо кажано. Нормално дека се пишува поинаку, но шаблонски подобро е така да се обележи. Во реалност таа се состои од елементи, таа се состои од таков елемент како буквата Нун, лежечка во таква состојба.Ова е буквата Нун, имаме и таква буква Нун, но тука ни е искривена.Но зошто е така искривена во оваа насока ,ние со вас ќе изучуваме.Ова стапче е буквата Јуд, само во обратна насока, во таква. Исто е интересно зошто се завртени една кон друга со главите. Тука е главата свртена на оваа страна, а тука главата е свртена на оваа страна. И оваа буква се нарекува Цади и од ова произлегува зборот Цадик, што значи праведник. Таа има многу интересна градба.За неа е речено: " застана буквата Цади пред Создателот и рече : Создателу на светот, вреди со мене да се создаде свет". Т.е. што сака таа да каже? Јас имам такви особини, подготвени, во принцип јас сум подготвена да бидам основа на светот. Зошто подготвена? Затоа што Куф, Рејш, Шин, Тав, тие спаѓаат како што кажавме во Малхут на светот Ацилут, кои почнувајки од својата прва буква Куф , веќе се поврзани со светот клипот. А буквата Цади стои погоре, таа е последна буква на парцуфот З'А. т.е. најсилната, која на крај ја добива целата светлина од парцуфот З'А за да ја спроведе во Малхут. И затоа таа има право, таа е целата во давање, затоа се нарекува "праведник" – Цадик. И зошто да не создаде свет? Таа и зборува за тоа – вреди со мене да се создаде свет, затоа што со мене се обележуваат Цедиким – праведниците. Исто и Ти, Создателу, се нарекуваш Праведник и ти самиот си запишан во мене. Затоа што си Праведник и ја сакаш праведноста. Затоа соодветни се особините мои за да се создаде со нив свет. Еве што и одговара Создателот: " Ти си праведница, но треба да останеш скриена, да не се откриваш толку , за со тебе да се започне создавањето на светот, за да не му даваш повод на светот." Зошто? Затоа што оваа буква стои премногу близу кон другите букви и ако со неа се создаде свет, тогаш може од неа да се земе премногу светлина за овие нижи сфироти, и тогаш тие не ќе можат да се исправат. Тие ќе бидат егоистички, во својата егоистичка состојба ќе добиваат добра "прихрана". Тоа е премногу близок систем до нечистите сили. И затоа, иако е силна, цврста, сама по себе, но ако од неа свети светлина во многу послабите души кои се наоѓаат тука, во клипот, тогаш душите нема да можат себе да се исправат. Затоа Создателот не го создава со неа светот. Тука следува објаснувањето на две страници дури и повеќе.Јас ви советувам да го прочитате. Тука има многу објаснување, дека оваа буква Цади , во неа исто има и особината на Јесод (Јесод е тој дел каде што се случува спојување, соединување, спoјување на З'А како машки дел и Малхут како женски дел, тука се случува во буквата Цади. Буквата Цади од своја страна претставува таканаречен машки почеток, а Малхут женски почеток. Значи премногу близу се наоѓаат тие до клипот, до нечистите сили, за да таа нивна состојба, иако е исправна, света, потребна за исправување на светот, биде сигурна во сите случаи за неговото исправување, да се создаде на таа основа светот. Значи ова е машкиот дел, а ова е женскиот дел, и тука се случува нивното соединување.

Следна е буквата Пеј. Има прашања по оваа тема? Повели!

-Има општи прашања за буквите...
-Добро.
-Прашање на Вјачеслав од Украина: "Корисно ли е да се гледа оригиналниот текст на Зохар на предавањата, или е доволно само да се слуша?"

-Општо земено, треба да се навикнуваме кон обликот на буквите, затоа што вие дури ќе ги гледате. Бидејки тоа не се букви, тоа се комбинации на вектори, на сили, кои во нас постојат. Тоа не се буквите од азбуките, затоа што хебрејската азбука се појавила заедно со појавувањето на кабалата, заедно со појавувањето на луѓето, кои почнаа да го достигнуваат вишиот свет. Хебрејскиот потекнува од првиот човек, од Адам. Значи минус 5770 години претходно постоел Адам, така го нарекувале. И тој прв го достигнал Создателот. И ја напишал книгата "Тајниот ангел"-" Разиељ Малах". Тој ја напишал на хебрејски. Оваа книга можете да ја купите во секоја продавница, мала книга, ефтина.Обично ја купуваат и ја држат дома како сигурна заштита од пожар. Така тоа се прави во текот на многу илјадници години. Никој не ја разбира, никој не ја чита, само ќе ја купи за некаде околу долар пресметано во наши пари,ќе ја стави дома и таа стои. Напишана пред 5770 години. Многу оригинално дело. Значи, таа веќе беше напишана на хебрејски, тоа е прва книга напишана на хебрејски. А потоа од Вавилон тргна сериозен развој на овој јазик. Јазикот сам не е јазик, туку тој ни раскажува за распределувањето на светлината Хасадим.Тоа е светлината на давањето, или особина на давање, надесно или налево.И особината на примање одозгора надолу или одоздола нагоре, особината Хохма- примање.Нивна меѓусебна комбинација, на Хохма и Хасадим, или нивна комбинација кога тие се претвораат во вакво стапче, во едно, или кога како на осцилограф – линија, кругче, елипса, и т.н.Тука постојат вакви елипси, постојат затворени букви секакви. Тие образуваат одредена комбинација, сите тие имаат своја точно одреденo постоење, како да ви речам, облик. Затоа што секоја од буквите, секое опавче што тука постои, или некоја линија или уште едно опавче, или нешто друго, како крајче некое штчи.Тоа не е случајно, туку затоа што постои одредена комбинација на силите на примање и давање, меѓусебна, која образува таков систем.

Фактички тоа се само две плочи, да речеме плус и минус, и уште две плочи минус плус, како на екранот од осцилографот, кои меѓусебно образуваат некоја фигура. И толку.Сигурно сте го учеле во школо, на факултет, каде и да е. Тоа е тоа, од тука произлегуваат сите наши букви. Така што тоа не се букви, туку графичка комбинација на двете сили кои постојат во природата. И така ние ги гледаме, така нив, во принцип, ги читаме. Затоа не е важно дали вие го читате Зохар на хебрејски или не,- да се гледаат тие букви е корисно.Затоа што вие ги впивате, потсвесно работи добивањето на информацијата со помош на овие букви. Тие се многу незгодни, не се воспримаат од наша страна зошто сме егоисти, ние не ги воспримаме овие букви. Јас дури ги мразев, ги отфрлав од себе.Но потоа ,постепено, тие наеднаш стануваат за тебе говоречки. Говоречки со тебе, тие стануваат во тебе, а не надвор од тебе.Ти не ги гледаш однадвор, туку ги чувствуваш внатре. Ајде прашање.

-Ари од Окаратон, САД, прашува ( предвод од шпански) : "Буквите се наоѓаат внатре во телото на мојата душа?"

-Буквите се особини на исправената душа. Исправената душа има 22 и уште 5 значи 27 изрази, или 27 шаблони, како да се изразам, симболи на своето изразување, кои се нарекуваат букви. Воопшто буквите во превод значат симбол. Тоа не е буква. Буквата е ОТ на хебрејски, а От е симбол, знак. Тоа не е едноставно буква во зборот, т.е. за било што да речете, да речеме сообраќајни знаци, исто се нарекуваат ОТ. Понатаму.
- Од Торонто пристигна интересно прашање, Светлана прашува: "Сега луѓето не чувствуваат задоволство, затоа што системот Куф почна да пропушта помалку светлина во клипот, за да не доведе сите кон духовното?"

-Системот ја пропушта светлината во нашиот свет. Работата е во тоа дека нашиот свет, нашите души, насобрале во себе толку егоизам, и секоја секунда во нив толку се крева егоизмот, што никаква мала свеќичка не е во состојба да го наполни тој егоизам, барем малку да го осветли. И затоа нашиот свет станува така катастрофално празен. Но работата е уште и во тоа дека тој не е само празен, туку станува глобално затворен. И таа глобалност ние ја чувствуваме како голем проблем. Затоа што, ако порано јас можев нешто да правам, и се' зависеше од моите сили, напори, од мене самиот, јас можев некаде да заминам, да изградам куќа, да живеам, да создавам нешто.Денес веќе човекот не е способен за тоа и не може. Светот стана толку затворен.Јас не можам од него да се отргнам, јас целосно сум зависен од него. Јас сум закачен за него како за инфузија, и не можам ништо да сторам, светот стана глобален. И затоа тој стана непредвидлив, и затоа тој стана за нас невозможен за насладувања, наполнувања, за реализирање на некои планови. Ништо од тоа денес го нема. Се тоа поминува набрзина покрај секој човек. Затоа што оваа глобализација на светот не ми дава можности лично да успеам. Ако јас се наоѓам во глобален систем, значи јас морам да се сврзувам со целиот глобален систем – јас тоа не го можам, не знам што е тоа: да се поврзам со некој партнер, да заработиме заедно на сметка на некој трет – тоа може. Но денес светот така веќе не функционира. И затоа завршуваат нашите претходни, во текот на милениумите, парадигми. Понатаму.

Има многу прашања, претежно од групата од Мадрид, Шпанија: "Каква е врската помеѓу буквите на хебрејската азбука и буквите на другите јазици?"

-Тоа се симболи од кои произлегоа останатите азбуки. Јас веќе ја споменував книгата на Истрин, тоа е руски научник, -"Создавањето на писменоста". Тој таму тоа многу добро го опишува, сигурно има по оваа тема и други книги, нив ги има многу, тие можат за тоа да дознаат. Хебрејската азбука послужи како основа. Тоа не е хебрејска азбука, фактички, тоа е древно вавилонски, или од уште порано...од Адам, но во принцип од тука може да се проследи настанувањето на сите други азбуки. Можете да се запрашате а што е со индиските букви, со кинеските хиероглифи и т.н. – сепак ќе видите дека сето произлегува од древниот Вавилон, од тоа нема каде да се бега, се потекнува од таму.

Прашање на Џес од Детроит, САД, таа бара да појасните: " Ако во реалноста постојат само два состојки - Создателот и суштеството, тогаш кон кој дел припаѓаат буквите, или кај двата дела истовремено?"

-Буквите припаѓаат на суштеството.Суштеството мора да ги добие тие особини кои се нарекуваат букви или симболи, а воопшто овие симболи произлегуваат, како што веќе зборувавме, од половината на Бина, З'А и Малхут. Т.е. во Ацилут се наоѓаат овие 22 букви, како примери,на таков начин душите доле, овие 22 букви кои тука се наоѓаат, тие се во вид на шаблони. Светлината свети преку нив, да речеме тука постои некоја буква, да речеме Цади.Еве ја овде.Светлината свети низ неа, тука постои изрез, низ тој изрез поминува светлина, и свети надолу врз душите. И душата, ако сака да ја добие оваа светлина, таа ја добива оваа светлина во облик на оваа буква.Оваа светлина паѓајки врз желбата, врз обично купче, како да го исекува од оваа желба обликот на оваа буква. Желбата добива духовна особина – особина на давање во облик на буквата Цади. На таков начин дејствуваат буквите. Тоа се само 22 и уште пет дополнителни, 27 шаблони, преку кои поминува светлината. Како исечени, јасно е, нели? Исечени облици. Ќе одиме понатаму, или? Ќе стигнеме или не? Да пробаме.

Уште една буква. Буква Пеј. Многу интересна буква, личи на змија. Се пишува многу интересно. Тоа е таква завиткана буква. Ние обично ја пишуваме поинаку, ракописно ние ја пишуваме на ваков начин. Интересна буква сама за себе. Главата на змијата е скриена навнатре. Змија можеби и не ми излезе, но не е важно, ова е опашка. Интересна буква, нели? Жените ја сакаат. "Влезе буквата Пеј и рекла: " добро е со мене да се создаде свет, затоа што идното ослободување на светот е запишано во мене, затоа што зборот ПДУТ, Пеј е прва буква, значи ослободување, избавување, започнува од мене. Т.е. ослободување е избавување од сите страдања и затоа вреди со мене да се создаде светот". Тогаш зошто е таква завиткана, ако е тоа ослободување, ослободување...И одговорил Создателот: "Иако си убава, но од тебе започнува и со тебе тајно се означува зборот ПЕША= грев. Слично на змија што каса и ја крие главата во своето тело. Исто така и грешникот ја наведнува главата криејки се од околните погледи. Гледајте како убаво Зохар објаснува, поетски. "А рацете ги протега тој што греши со нив. Така и изгледот на буквата Пеј, чија што глава е скриена во себе Исто така, одговорил Создателот на буквата...тука има уште друга буква до неа...Т.е. со тоа завршува неговиот разговор со буквата Пеј, тој не сака да има со неа работа.Но во принцип, тоа е многу потребна буква.Гледајте колку две спротивни сили – од едната страна ослободувањето – што може да биде подобро од тоа, ослободување од сето зло, сите страдања, од се'. А од другата страна – Преша, односно грев, грешење,тоа не е само грешење, тоа е престап, како тоа може да биде?Но затоа што во духовното тоа токму така се случува. Една те иста сила – да се искористи поради себе, или за давање. Така таа може да биде или грешење или ослободување. Освен тоа тука постојат и ...ние со вас, не се сеќавам точно во нашиот Зохар или во обичниот изучувавме.. дека не е возможно раѓање на ново скалило, ако не те касне змија. Не е можно раѓање на новото скалило ако змијата не касне на излезот од матката. Само тогаш се отвора преминот и излегува, се раѓа човек. Така Зохар тоа го опишува. Значи задолжително треба да се случи егоистички удар и тогаш се случува ново раѓање, ослободување. И затоа од едната страна престап, од друга страна тоа истото преминува во ослободување. Ние за тоа многу учевме во Зохар и уште ќе го поминуваме тоа.Бидете со нас на овие часови и ќе видите.

"Исто и одговорил Создателот на буквата Ајн" Има буква која се нарекува...значи, ова е буквата Пеј или п, тоа е исто буква која е нарекува Ф, зависно од тоа како таа се пишува. Односно таа се изговора во различни зборови поинаку, и Ф и П. И веднаш тој кажува за буквата Ајн. Буквата Ајн е таква буква, многу интересна, таква убава буква, како некој канделабр. Или таа се пишува на таков начин како продолжена буква У или ракописно се пишува на ваков начин, таква недовршена осмица. Што одговорил Создателот? Дека "неупотребливи се нејзините особини за да се создаде со неа свет, бидејки во неа има особина АВОН – тоа е грешење. Авон – тоа е грев. Тука е сепак престап, а овде грев. Односно тоа е следната буква. Ние со вас кои букви ги поминавме? Тав, Шин, Рејш, Куф, Цади, Пеј и сега Ајн. Гледајте колку букви веќе поминавме. Одоздола нагоре ние одиме, од најблиската до нас до најоддалечената. Затоа Пеј е престап, а Ајн е грев. Различни особини. "Иако се обидуваше да противречи, таа буква, Ајн, дека има нејзина особина во зборот АНАВА = скромност, но и откажал Создателот." Затоа што гревот и скромноста се поврзани меѓусебно со тајна внатрешна врска – скромен се прави тој кој чувствува дека има некој свој грев. Така ни кажува книгата Зохар. Тука има многу психологија во оваа работа, ајде уште некое прашање, Саша.

Прашањето го поставува Ник од Шведска: "Јас имам 14 години, би сакал да ве прашам што се менува при менувањето во пишувањето на буквите. Ако ние ги завртуваме, превртуваме – дали притоа се менуваат дејствата на Созадателот?"

-Постојат лице и опачина на буквите, кога се зборува за светлината – тоа е лицето на буквите, кога се зборува за материјалот на суштеството – желбата - тоа е опачината на буквите.За тоа се пишува многу во книгата Зохар, ние тоа ќе го поминуваме. Дури не си замислувам како да се вклучам во оваа тема.

– Уште едно кратко прашање...- Тоа пишување кое кај нас постои, односно ракописно пишување,- тоа не е правилно пишување. Реално буквите мора да се исекуваат, да се делкааат, тие мора да се строго коцкасти, односно тие треба да бидат многу одредено испишани. Затоа ова пишување во ваков облик со пенкало на хартија го искривува обликот на буквата.Додека тоа што го читате во книгата Зохар, таму е правилно исцртано. Јас, за жал, морам да се простам од вас, ни остана само една и пол минута. До средба на нашето следно предавање, многу се радувам дека сте со нас.Останете со здравје, пишувајте, читајте го блогот, до гледање!

Лекција 16 „буквите на Раби Амнон Саба“ дел 3

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica