Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од личниот блог на М.Лајтман - laitman.com

Еколошко описменување

30.01.2011 -
Слушајќи ги еколошките вести на радио и телевизијата ние треба да разбереме дека луѓето ги мешаат причината и последицата, не ја гледаат целта. За нив целта е: да се доведе во рамнотежа сé, за да се вратат во удобната состојба. Но тоа не е така, во кабалата тоа е сосема поинаку.

Зборувајќи за враќање на светот во добра состојба ние не ја следиме истата цел која ја следи целиот свет. Ние сфаќаме дека надворешната сила на Природата намерно ја создала тековната состојба согласно со одредениот програм. Кабалистите тоа го претскажувале и ни давале рокови со точност до една година. Во Книгата Зохар приближно за 1800 години било напишано кога и што ќе се случи. Причината не е во загадувањето на околната средина од наша страна. Од каде кабалистите можеле точно да го знаат тоа? Програмот на Природата не е наменет за да ние нешто загадуваме или чистиме. И затоа вложувањето на пари во чистењето нема да помогне.

Тоа е исто како да се создаваат нови закони против крадењето и наркоманијата. Ние знаеме дека тоа не помага. Затворајќи го човекот во затвор го оддалечуваме од општеството, но никогаш со тоа нема да го воспитаме. Токму затоа ние ги разгледуваме природните настани не како поучни предупредувања, туку само како причина за самите внатре во себе да се менуваме во односот еден кон друг.

Запирајќи го загадувањето ние со тоа во никој случај не можеме да направиме нешто добро и корисно – ниту за Природата ниту за себе. Првично сé е така наредено, не за да направи од нас добри егоисти во овој свет, туку за да нè крене во следниот свет. Во тоа се состои најсериозната разлика меѓу нашиот однос кон случувањата и односот на целиот свет. Светот дури осознавајќи ја претстојната катастрофа ќе посака само да се врати назад, "да ја избрише саѓата" од Природата.

А ние го воспримаме сето тоа како причина, поттик за да се поправаме, да се искачуваме нагоре и да создаваме рамнотежа не со околната природа, туку меѓусебно, на човечко ниво. Затоа, за да се сфати за што зборува кабалата потребно е одредено време. Брзо и едноставно да му се објасни тоа на човештвото нема да ни успее.

Од 2рата лекција на берлинскиот конгрес - 28.01.2011

 

Опасен наклон

30.01.2011 - Од говорот на Третиот Светски Духовен Форум "Соработката во областа на сознанието" во градот Ароса (Швајцарија), 23 јануати 2006 г.: Сите сили на Природата, со исклучок на човековиот егоизам се наоѓаат во рамнотежа образувајќи единствен систем, и само човекот ја нарушува општата хармонија. Сé во Природата е меѓусебно поврзано и тежнее кон согласност со себе и околината. При слабеење на внатрешните врски се руши рамнотежата, надвор од која започнува уништување на организмот. Способноста да се врати рамнотежата е услов за живот.

Денес за тоа се зборува во многу медиуми. Сé се базира на рамнотежата на силите. Тоа ни е јасно, но сепак ние не разбираме колку е важно нашето учество во овој процес. Целата Природа на сите нивоа на развојот се наоѓа во многу кревка состојба на рамнотежа. Затоа човекот мора да осознае дека тој е причината за нарушување на таа рамнотежа. Нестабилната околна Природа целосно зависи од нас а ние сме единствениот елемент во создавањето кој престојува во неурамнотежена состојба.

Човекот се наоѓа насред природната рамнотежа и неговите варирања се одразуваат врз целата природа. На неживото, растителното и животинското ниво сé е избалансирано автоматски, инстинктивно –така функционира целата Природа. Само човекот е под знак прашалник. Дадена му е слобода на вољата која за жал се решава егоистично, многу страшно: ние цело време "се наклонуваме" на страната на минусот. Со милениуми се акумулираат грешките и постепено ние ја нарушуваме рамнотежата на Природата.

Денес за тоа зборуваат сите: точката од која нема враќање е веќе помината и ние не можеме да сториме ништо со екологијата, со загадувањето на светскиот океан, со ефектот на стаклена градина и т.н.

Накратко, "опуштете се, излез нема". Но всушност тоа не е така. Напротив кабалата вели дека тоа е во наша моќ. Сегашниот наклон е предизвикан само од човекот. Проблемот е тоа да се сфати. Зошто и денес многумина "сезнајковци" сé уште велат: "Не е важно, во Природата се одвиваат циклични повторливи процеси". Се разбира ние не се наоѓаме на конгрес за екологија и не се бориме за заштита на околната средина. Ние треба да сфатиме дека сето ова функционира сосема поинаку.

Во оваа форма Природата специјално нè учи како да се надмине нерамнотежата, да се сврти трендот во спротивна насока. Зошто? За да живееме во чист свет? За да ни биде добро во семејството, со децата? За спокоен, здрав и долг живот? Апсолутно не е така.

Промената која треба да ја извршиме не е потребна за тоа. Потребна е за да почнеме да управуваме со себе, со своето влијание врз Природата и на таков начин да излеземе во надворешно чувствување на истата, од внатрешниот свет да се искачиме во светот на човекот, духовниот, вечниот и совршениот свет.

Од 2рата лекција на Берлинскиот конгрес 28.01.2011

 

Еден чекор до хоризонтот

30.01.2011 -

Ние не можеме егоистично да се развиваме понатаму. Денес егоизмот ненадејно станува наш непријател. Некој би помислил, зошто? Нека продолжи да се развива технологијата, културата, науката, преселбата на други планети... Може бесконечно да се бараат други далечини.

Проблемот е во тоа дека задачата, целта, замислата на создавањето не е во тоа. Природата е така изградена што ние ја достигнуваме конечната егоистична состојба а потоа почнуваме неописливо да страдаме од нашиот егоизам, не сакајќи повеќе во него да се развиваме. Со други зборови, ние доаѓаме до некоја криза која ни кажува дека егоизмот е краен. Тука ти си завршил и понатаму нема што да правиш. Понатаму нема да можеш во него да се развиваш и да се наполнуваш, нема да можеш да достигнеш во него ниту една удобна состојба. Во сé ќе се чувствуваш празен и завршен, минлив. Тоа ни е дадено за да се кренеме на следното ниво – на нивото на Создателот, Вишата Природа.

Таа гранична ситуација се создава денес во светот според претскажувањата на сите кабалисти. Сакале или не, егоизмот ќе ни ја покаже целата своја ништожност, ќе стане "помошник против нас" и самиот ќе издемонстира дека е неспособен да ни обезбеди наполнување. Тој нема да ни го даде тоа што ние го посакуваме – ниту дома, ниту на работа, ниту во здравјето, ниту во безбедноста. Тој нема да помогне и во најважното – во одговорот на прашањето: "Зошто постоиш, ништожност?"

Ова прашање упатено до нас го брише цело наше "Јас". Тоа е најважно, најостро, ме уништува мене самиот, мојата гордост, моето битие, мојата суштина: "Кој сум, што сум, зошто сум?" Некоја бубачка или животно не прашуваат за тоа, тие само живеат и се наполнуваат, го извршуваат програмот што е вграден во нив. Додека јас не можам, јас сум понесреќен од нив. Кога не би постоел програм за повисок развој ние би продолжиле да егзистираме и понатаму на таков начин.

Америка со нејзиното потрошувачко општество и бескрајните холивудски далечини – сето тоа било природно, човештвото мислело дека токму тоа е нашата иднина, дека таму не постојат граници. Но, всушност се покажа многу брзо и конечно. Со тоа ние мораме да се согласиме, не можеме да го игнорираме: ние се соочуваме со сеопшта криза – криза на нашиот однос кон себеси и кон Природата. Таа не е привремена, и нема друга алтернатива.

Некогаш сме правеле револуции, социјални трансформации, се обидувавме да направивме нешто со себе и со околината, нешто да промениме, да подобриме. А сега нема каде да одиме. Ние чувствуваме дека немаме дури ни желба да менуваме што било. Токму тоа е вистинска криза. Но од друга страна токму од ова ниво започнува нашиот излез во Вишиот Свет. Човештвото слој по слој почнува да го осознава, да го чувствува тоа и полека се крева кон осознавањето и преминот во следната состојба. Во принцип, ние сме првите кои влегуваат во оваа состојба. По нас одат другите, и ние забележуваме дека секојдневно сé повеќе и повеќе луѓе почнуваат барем да го сфаќаат тоа кон што ние се стремиме, и ако не се согласуваат, барем го земаат предвид. Проблемот на светот и нашето решение се доближуваат така што решението станува сé појасно, слушано од луѓето.

И иако е потребна огромна внатрешна револуција во чувствата и во разумот за да се доведе човештвото кон новата состојба, процесот трае веќе неколку години, доста брзо. Никогаш човештвото немало такви острите свиоци како што ги има сега. Кабалата станала широко позната само пред десет години – и видете што веќе се случило до денес. Настаните брзо се развиваат. Сепак треба да поминат можеби и уште неколку години за да може да се зборува со светот а тој да слуша.

Од 2та лекција на Берлинскиот конгрес -28.01.2011

 

Подалеку од очајот

23.01.2011

Прашање: Дали радоста е критериум за напредувањето?

Одговор: Спојувајќи се со Создателот и ставајќи се под Неговите дејства јас чувствувам дека Му причинувам радост.

Прашање: Но зар ние не тргнуваме од очајот? Дали треба да се радувам јас самиот или само да знам дека Тој се радува?

Одговор: Да, понекогаш човекот очајува, но тоа не води кон напредување. Не. Јас не можам да се зближувам со Создателот во таква состојба. Пожелно е да се прави сé што е можно за да не се паѓа во очај.

Речено е: "Глупавиот седи со скрстени раце и се јаде себеси". Да се мисли дека напредуваме од очај – тоа е клипа. Кога јас неутешно уживам во своето зло во надеж за напредување, клипа ја крие од мене вистината. Јас не ја гледам Светлината, Создателот, светот полн со поправки, радост и наполнување. Престојувам во злото како црв во репката, и подалеку од тоа не можам да стигнам.

Ние никогаш не напредуваме од злото. Замисли си дете потопено во зло. Како тоа ќе расте? Одвај, а можеби и воопшто нема да расте. Ние растеме само тргнувајќи од радост, од наполнување, од доброто влијание. И затоа треба со сите сили да излегуваме од очајот, да бегаме од него напред. Секоја секунда повеќе во мрачно расположение – е лошо. Подобро поспиј, само не се навикнувај на очај.

Прашање: Што значи прво да се поздрави Создателот, а потоа да се поздравуваат луѓето?

Одговор:Тоа значи дека прво и основно во сите наши мисли треба да се воспостави контакт со целта на своето суштество, за што јас "тоа" го правам,мислам,одлучувам за да се открие во мене Создателот. Тоа значи дека јас го поздравив Него. Потоа јас се обраќам кон човекот во себе и го поздравувам за да го доведам до нивото на Создателот.

Од утринската лекција по статија на Рабаш /23/01/2011

 

Биди слушнат од Создателот

23.01.2011

Прашање: Дали ќе ја слушне Создателот молбата на човекот кој моли да биде кренат на следното скалило, посакувајќи да ги избегне страдањата?

Одговор: Се разбира! Создателот ги слуша сите молитви. Само обрати Му се! Но не Му се обраќај напразно, како обичните луѓе "од улица". Ние забележуваме дека нема одговор на тоа: со милениуми луѓето молат напразно!

Но ако сакаш да се искачиш на следното скалило од својата сегашна егоистична состојба, од егоистичната желба за насладување, од сите услови кои ти се дадени од Создателот, кои не се под твоја контрола, и ти молиш да се кренеш – Создателот задолжително те слуша и те менува. Постепено...

Се разбира дека ти молиш преку својата егоистична желба, стремејќи се да ги избегнеш страдањата, да владееш, да бидеш славен – не е важно какви ти се целите, - но ако ти во секој случај молиш за повисоко скалило, замислувајќи го во себе, во својата егоистична желба, во одредена, сé уште лажна форма – тоа се нарекува "ло лишма", и ти напредуваш.

Од утринската лекција за “Зохар“ 23.01.2011

 

Зошто сум Му потребен јас на Создателот

16.01.2011 -
Прашање: Целта на создавањето во суштина ми е јасна. Не разбирам зошто тоа Му било потребно на Создателот? Зошто сум Му потребен јас? Зошто Тој тоа го направил?

Одговор: Тој го направил тоа од две основни причини. Првата: затоа што Неговата природа е Добар и Тој кој прави добро, т.е. да ни даде бескрајно наполнување над времето, движењето, просторот и сите ограничувања.

Втората причина се состои во тоа што тоа наполнување треба да биде на исто ниво како кај Создателот, да се насладуваме со ист статус како Неговиот, да бидеме исти како што е Тој. Но да ја достигнеме таквата ситуација ние мораме самите, добивајќи независност и зголемувајќи го своето "јас" до Неговото ниво.

Сé уште ни е несфатливо како може да се порасне до таков статус, но ние ќе дојдеме до таа ситуација, кога ќе бидеме рамни на Создателот во сé. Силата на доброто, силата на љубовта, кои се всушност Создателот, Го обврзува да создаде суштество и да го доведе до совршенство.

Но всушност ние веќе сме во оваа совршена состојба, Тој првично такви нè создал. Тој не не создал во таква бедна форма во која постоиме сега, и ќе треба сега наводно да се градиме одново. Не, потребно ни е само да ја откриеме нашата вистинска ситуација, додека во споредба со Создателот ние сé уште се наоѓаме во совршена состојба.

Меѓутоа ако не го постигнеме тој статус самостојно, не ќе можеме да го почувствуваме Светот на бесконечноста и состојбата на бесконечноста. Ние и сега можеме да го почувствуваме, но бидејќи нашите келим не се развиени, наместо тоа ние го чувствуваме нашиот свет.

Од лекцијата во аудиториумот "Кабала на народот", 14.12.2010

 

Од утринската лекција  09.01.2011

 

Чекор по чекор - до насладување и љубов !

11.01.2011 -

Прашање: Што е насочено насладување?

Одговор: Насочено насладување – значи да се насладуваш од давањето. А да се насладуваш од давање можеш само во случај ако го сакаш тој кому му даваш.

Како да ја достигнам љубовта?

За сметка на поправката, менувајќи ја омразата во љубов. Кој ја извршува таа поправка?

Вишата Светлина. Кога?

Кога јас барам. И кога ќе побарам?

Кога групата ќе ме задолжи да побарам. Кога ќе ме задолжи да побарам?

Кога ќе се омаловажам пред групата и ќе најдам во неа сила која ќе ме обврзе. 

И кога конечно јас ќе се омаловажам пред групата?

Кога ќе работиме на сето тоа заедно со пријателите. И на тоа ние се сопнуваме...


Од утринската лекција за книгата Зохар “Предговор кон книгата Зохар“ 11.01.2011

 

Слатки пречки   од 04.01.2011

 

Европа - заеднички дом,заеднички проблем

09.01.2011 -
Прашање: Имаме неколку десетици луѓе во Холандија, кои се подготвуваат да земат учество на Европскиот конгрес во Берлин.
За повеќето тоа ќе биде прв конгрес и некои уште не ја сфатиле целта на конгресот и зошто навистина е неопходно да пристигнат на него. Како да ги подготвиме за Конгресот?

Одговор: Европјаните мора да сфатат, дека нивниот континент се наоѓа во најголема опасност во споредба со сите други. Од целиот свет, Европа е исправена пред најголемиот и сериозен проблем. Ако тој експлодира, тогаш може да резултира со трета светска војна.

Токму поради тоа дека европјаните одлучиле да се обединат, но од друга страна тоа обединување е егоистично, нивната состојба е многу кревка. Ако еден егоист се одвојува од другиот со граница, тие сé уште можат некако преку оваа граница да ја одржуваат врската според воспоставените правила.

Но, ако не постојат формални врски и сите излегуваат на заедничкиот пазар, со целокупната економија, со огромните проблематични резерви, кои ги има Европа, јас не гледам никаква можност таа да живее во мир и просперитет. Како е можно такво нешто?

Тоа би било спротивно на законите на Природата. Европа ја очекуваат многу посериозни проблеми ако европјаните не ја прифатат неопходноста на поправката на своето его. Тие се ставија во таква ситуација што едноставно немаат избор.

Токму Европа сега служи како експериментална лабораторија за примена на методот на кабалата, затоа што посака да се обедини врз основа на егоистична корист. И сега, секој ден таа ќе мора да открива дека ова е страшно зло - најлоша од сите варианти.

Затоа европјаните мораат да допатуваат на конгресот и сите ние заедно ќе се обединиме, привлекувајќи ја Вишата сила и посакувајќи таа да повлијае врз овој дел од земјата и да ја поправи. Бидејќи во спротивно, таа може да донесе страдање во целиот свет, а тоа ќе биде наш заеднички проблем. Јас ви се обраќам во име на целото светско кли, ние сме должни тоа да го направиме.

Европа е најпроблематично место во светот, со сите свои земји во распаѓање и заедничката валута. Јас не гледам никакви симптоми на нејзината добра иднина. Иако Европа има многу добра основа, меѓутоа односите меѓу сите земји се такви што токму тој моќен потенцијал кој таму постои, ќе доведе до огромна експлозија.

Освен општествените проблеми нас нé очекуваат природни катастрофи, пред кои сме сосема немоќни. Климатските проблеми се зголемуваат, а Европа е целосно зависна од Атлантскиот океан и ранлива од сите страни. Тоа е многу голем проблем.

Човештвото нема сили и методи да им се спротивстави на таквите ситуации кои сега почнуваат да се создаваат во Европа – освен да се придржуваат на методот на кабалата. Наша задача е да се донесе знаењето на овој метод до сите, и нејзина реализација. Затоа, ве очекувам сите на конгресот во Берлин! Немам ништо повеќе да додадам.

Од утринската лекциа “Кабалата и филозофијата“  /09/01/2011

 

Рав за Конгресот во Берлин !

 

Алтернатива постои !

07.01.2011 -

Прашање: Денес на часот се присутни многу почетници. Каков совет може да им се даде за промена на егоистичната намера во алтруистичка?

Одговор: Во нашиот свет ние постепено се доближуваме до моментот на вистината: немаме повеќе поради што да живееме. Со секој изминат ден светот открива дека неговиот живот е сосема празен. Вистина, ние не сме ни блиску до критичната точка, и луѓето сепак успеваат да се збунат, да ја кријат оваа вистина – зошто немаат никаква замена за сегашниот живот.

Ние треба да им покажеме дека постои алтернатива, дека ние поминуваме одреден процес кој е насочуван одозгора. Ние сме должни да го спроведеме. Ова е посебен, добар процес, извонреднен развој, кој нè воздигнува над живото во телото, кое од ден на ден се приближува до смртта. Ете што треба да им пренесуваме на новите ученици.

Ние треба да се кренеме кон друга перцепција на реалноста. Тоа не значи дека јас само "ја менувам сликата" која ја гледам од моето тело. Не, јас не го менувам надворешниот поглед, туку навистина излегувам во нова реалност, преминувам од еден свет во друг.

Јас во пракса го менувам својот однос, давајќи му нова насока од себе кон ближниот, или од себе кон Создателот. Зошто ближниот е помош, помошна врска, која ми помага да се насочам кон Создателот. Во принцип, јас можам да постојам во својата мала желба за примање, воспримајќи го во неа смртниот свет, или пак можам да излезам надвор и да го осетам вечното постоење, совршената Природа, каде што живеам без ограничувања во светот на Бесконечното.

Таква можност ни обезбедува науката кабала. Во минатите генерации, малкумина можеле да го остварат овој пресврт, овој премин од свет во свет. Но денес, секој кај кого се открива точката во срцето, т.е. духовна желба, може да проба да ја реализира.

Почнувајќи од нашето време па понатаму, целото човештво постепено, фаза по фаза ќе го извршува овој премин.

Од утринската лекција според статии на Рабаш /07/01/2011

“Царски рез“ од циклусот Во крупен план, Несакани деца од Тв 66

 

 

Свет на авантури во кој може да се влезе

07.01.2011 -

При читањето на Книгата Зохар, главна е намерата. Бидејќи, читајќи ја оваа книга, ние ја привлекуваме најголемата Светлина, ако сме способни тоа да го направиме. Во сето напишано од кабалистите нема појака Светлина од таа во Книгата Зохар. Затоа таа се стекна со таков углед, популарност и истовремено во текот на целата историја била скриена и доживеала толку многу случувања.

Дури сега таа се открива, бидејќи тоа е извор на Светлината која враќа кон Изворот. Затоа нема значење што точно ние читаме во Книгата Зохар, зошто во секој случај не разбираме правилно ниту еден збор. Но ние сакаме да продреме во истата слика, да ја почувстуваме, а не да ја сфатиме; затоа што таа не може да се сфати во нашиот овоземен разум. Ние тежнееме да влеземе во неа, да ја откриеме.

Затоа што станува збор за кабалистите кои го откриле духовниот свет и ни раскажуваат за тоа што таму го откривале, како во авантуристички роман за истражувачите, кои откриваат нови земји и острови. Така кабалистите ни раскажуваат за случувањата во духовното. Тие опишуваат со помош на какви внатрешни инструменти го откриваат духовното, и истовремено раскажуваат за тоа што гледаат и чувствуваат.

Односно тие зборуваат за дејствата кои ги извршуваат и што откриваат како резултат на тие дејства. Ние гледаме, читаме, слушаме – и ништо не сфаќаме. Но, ние се поттикнуваме себеси да ги почувствуваме тие состојби, да живееме во нив.

Во детството читајќи ги книгите за интересни авантури ние ги доживувавме заедно со ликовите – но сето тоа било само во нашата имагинација. Но, тука ние практично влегуваме во духовниот свет и го чувствуваме уште посилно отколку што сега се воспримаме себеси во овој свет. Токму сегашното наше воспримање на овој свет е најискривено и заматено во споредба со сè друго.

Во духовното е најверојатна јасност, транспарентност, кои не можат да се замислат, најдлабоко разбирање на сите настани и сили зад нив, причини и последици, изворот на сите настани и поврзаноста меѓу сé што постои. Кон тоа треба да тежнееме, читајќи ја Книгата Зохар, да престанеме да бидеме "старци" и да се почувствуваме како мали деца занесени од книгата за возбудливи авантури.

Од утринската лекција за Зохар 07/01/2011

Од утринската лекција за Зохар /02/01/2011

 

Како да се пробие оклопот на егоизмот

07.01.2011 -

Прашање: Некогаш кабалата се пренесувала по синџир од еден на друг, меѓу одбрани личности, посебни души. Но денешната состојба се променила, и кабалата треба да се прошири по целиот свет – како тоа да се направи?

Одговор: Во зависност од тоа како ние се оддалечуваме од првиот "човек"- Адам Ришон, кој прв го открил духовниот свет пред 5771 години, се јавува потреба за сé поголемо поедноставување на оваа наука, нејзино снижување заради доближување на луѓето. Зошто се случува таканаречен "пад на генерациите" кои стануваат сé повеќе "материјални" – т.е. нивната егоистична желба станува сé поголема?

Ние гледаме, дека од генерација во генерација егоизмот сé повеќе расте. Поради тоа во современите души има голем потенцијал кој овозможува подобро да се восприми, да се сфати и да се постигне, отколку во претходните души. Но од друга страна многу посложено е да се допре до нив – додека тие конечно воспримат и сфатат.

Затоа што денес во нас се содржи толку големо его, што нè облекува во оклоп на егоизмот со огромна дебелина (авијут). Затоа ние цело време се обидуваме сé повеќе да ја доближиме кабалата до луѓето. Колку што расте егоизмот – толку ние можеме да ја потспуштиме кабалата, за да на тоа ниво ја пренесеме на човекот. Во секој случај таа останува тајна за него.

Ние со тоа не му ја крадеме слободата на избор, тој сепак ќе мора да вложи напори. Зошто тогаш ако еден човек е оптоварен со желба за насладување со тежина од "100 кг", а другиот – од "500 кг" – му треба соодветна моќ на пренесување на оваа наука? Ќе биде потребен исто толкав напор за да се открие толку моќно скривање. Ние нема да му ја украдеме неговата слобода на вољата. Ние мораме да ја доведеме кабалата поблиску до човекот, во спротивно тој сé повеќе од неа ќе се оддалечува.

Нашето его сé повеќе нè оддалечува од тој поим: што е духовно, давање. Некогаш луѓето можеле тоа многу лесно да го воспримат – само за себе им било јасно дека тоа е токму така, поради структурата на нивната душа. Додека денес тоа му е сосема туѓо на човекот со неговиот егоизам. Тој не е способен да восприми ниту капка давање – дури ни со разумот, а да не зборуваме за чувството.

Затоа нашата работа се состои во приближувањето на кабалата до луѓето. Откривањето на науката кабала значи нејзина адаптација до такво ниво и состојби, за да може да продира во човекот слободно и лесно, да се чувствува од него колку што може поблиска. Бидејќи нашето его денес толку многу порасна, што луѓето се сосема глуви кон воспримање на духовното. И не е важно дека порано учеле само одбраните, криејќи се од сите, а денес се тоа милиони.
Пораснатиот егоизам ги изедначува сите услови. Денес можат да се купат книги за кабалата во секоја книжарница, да се дознае за неа од весниците и телевизијата – но луѓето сепак не слушаат...

Од утринската лекција според статија “Слобода на вољата“ 07/01/2011

 

Од средсвото - до причината

06.01.2011 -

Прашање: Што е помош на Создателот?

Одговор: Ако човекот се потруди и дојде до љубов и единство над омразата и одбивањето, тој ќе види дека тоа е невозможно. Добрите намери секој пат се претвораат во спротивното. Првично, вложувајќи неуспешни напори, човекот ќе почувствува дека тоа се случува со него поради него самиот. Потоа истите напори ќе му покажат дека причината е некоја надворешна сила.

Потоа, со собирање на нови искуства, човекот открива дека ова не е некоја надворешна сила туку Виша сила, која го насочува на таков начин и го манифестира во него лошиот однос кон другите, преку различни животни ситуации. Така човекот почнува да го открива Создателот како причинско-последичен фактор на негативното и позитивното. Откриваме дека Создателот е сила неопходна за комбинирање на спротивните страни. Без Неговата помош човекот нема да може да ги комбинира во себе овие две особини. Но, потоа и тоа се испоставува како недоволно. На човекот му е малку Создателот да му помогне во воспоставување на чувството и средувањето на животот.

До сега лошиот однос кон ближните ми бил непријатен на мене самиот, но сега јас напротив сакам сето да го искористам за поврзување со Создателот. Комбинацијата на спротивностите треба да се оствари во Создателот и да заврши токму таму. Така постепено човекот се искачува по навалената скала.

Отпрвин тој сака да ги среди своите келим, а потоа со нивна помош се обраќа кон Создателот и наоѓа со Него точна комбинација. Чекор по чекор во човекот се открива правилен однос кон создавањето: од средството – кон причината, од напорите да се поправат своите желби - до сфаќањето зошто тој тоа го прави, што со тоа постигнува. Зошто целта не е да се восхитувам на содржината на својот сад, туку преку својата работа да се постигне Вишиот корен.

Тогаш твојот однос се менува: во комбинацијата на Бина и Малхут ти го откриваш Кетер, крајот на буквата јуд( (י), од која започнува буквата алеф (א), која ја симболизира нашата работа и подемот по дијагоналата.

Од утринската лекција според статија на Рабаш /06.01.2011

 “Вратата на солзите“

 

Корисна вежба

06.01.2011 -

Книгата Зохар опишува духовни состојби кои ги чувствуваат тие кои го постигнуваат Вишиот свет. Но раскажува за духовните ликови со наши земни зборови. Тие зборови не потсетуваат на земните ликови. Тие зборови ни создаваат на нашата "желба за примање"- егоистичниот екран, со нашите земни особини – земни ликови.

За опишување на Вишиот свет кабалистите ги земале зборовите од овој свет, зошто во духовното не постојат зборови, постојат само чувства - и ги нарекле со тие зборови духовните особини, кои ги достигнале во своето постигнување.

Затоа читајќи ја Книгата Зохар ние треба да се трудиме да ги препознаваме духовните сили, состојби, односи, одделени од материјалните ликови кои ние навикнавме да ги чувствуваме зад тие земни зборови. Тоа е многу добра и корисна вежба.

Да речеме, ние ги читаме во текстот зборовите: "чело", "очи", "коса". Потребно е да се обидеме веднаш барем да помислиме за сфирот – Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин, Малхут, кои одговараат на деловите на парцуфот – "чело", "очи", "уши", "нос", "уста", Гаљгаљта Ејнаим и АХАП. "Коса" (сеарот) – тоа е вишокот на Одразената Светлина во која не може да се преслече Директната Светлина, и затоа таа одразена Светлина се излева надвор, создавајќи "коса" на парцуфот.

Тоа се Светлини кои на таков начин се шират одозгора надолу во Вишиот систем, во Рош на Арих Анпин, а потоа во З'А, и преку сите тие парцуфим кај нас доаѓаат сили за да нè пробудат, поправат и наполнат. И затоа во Книгата Зохар ние го изучуваме целиот тој систем на поправка на душите.

Од утринската лекција за книгата Зохар “Предговор кон книгата Зохар“ /06/01/2011

 

Кој прави мир во Вишото - Ќе направи мир во нас!

06.01.2011 -

Прашање: Ако во духовниот систем функционира принципот "нижиот го пробудува вишиот", дали нашата поправка зависи од желбата на новата генерација – нашите деца?

Одговор: Ние сме зависни од сите и мораме да им ги пренесеме нашите знаења од науката кабала – барем малку, во мера на нашето сфаќање. Бидејќи сега ние се наоѓаме во состојба кога целиот свет е должен да го пробуди Вишиот – тоа Вишо раководство.

Иако ние сега гледаме како цел свет е зафатен од глобални, сеопшти несреќи, незнаејќи што ќе донесе новиот ден – сето тоа е диктирано од фактот да почнеме во пракса да учиме што точно Вишиот бара од нас, и како ние можеме да Го пробудиме правилно, а не само да викаме и меѓусебно да се пресметуваме или да го бараме невозможното од Природата.

Ние се приближуваме до состојба кога Вишиот ќе побара од целото човештво свесна повратна реакција, за сите ние да се обратиме кон таа сила на Природата, кон Вишата сила, сфаќајќи какво однесување се бара од нас и каква молба треба од нас да произлегува. Се разбира дека самите ние не можеме ништо да достигнеме.

Но "кој прави мир во Вишото, ќе направи мир во нас". Вишиот може да нè доведе до совршенство и мир тука, меѓу нас. Барем за тоа треба најпрво да молиме. А веќе потоа од тоа заедничко "ло лишма" на целото човештво ние ќе го достигнеме "лишма".

Од утринската лекција “Учење на десетте сфирот“ /06/01/2011

 

Не сакам ништо, освен ..Светлината

05.01.2011 -

Сите ние сме производ на Светлината и затоа мораме да ја достигнеме.

Сите наши страсни желби, молитви, стремежи се насочени кон Светлината. Ние потсвесно ја посакуваме само Неа, и всушност целиот живот трчаме само по Неа. А сите тие наполнувања, сите извори на насладувањето: храната, облеката, новиот автомобил, - што и да е, - сето тоа доаѓа од Светлината!

Само кај нас тие се преслекуваат во некоја конкретна форма, веќе внатре во нас се воспримаат како одреден вид на насладување: автомобил, мало дете, семејство, топлина, мир, убав пејсаж и т.н.

Но во сето тоа јас ја чувствувам само Светлината која ги црта во мене тие предмети. Затоа човекот постепено ќе престане да се интересира за сите тие нешта, - тој ќе тежнее да го види нивниот Извор: самата Светлина, а не нејзините манифестирања.

Јас веќе нема да сакам да го поседувам тој автомобил, зошто што всушност тој ми дава? – Насладување. Значи јас посакувам насладување во "чиста форма", без тој автомобил. Зошто ми е тоа парче железо? Бидејќи тој ми причинува задоволство само кога се возам во него, додека кога не се возам – не постои ниту задоволство. И кога ќе ми здодее возењето, тој едноставно стои на паркинг.

Но јас барам насладувања! Понатаму...Развивајќи се во текот на историјата ние тежнеевме да откриеме некои посуптилни, таинствени работи, бранови. И затоа денес во светот сé станува поминиатурно, квантитетот се претвора во квалитет.

Истото се случува и со човекот: наместо изучувањето на материјалниот свет, тој почнува да се стреми кон духовни постигнувања. Луѓето сé уште тоа не го сфаќаат, но бројот на самоубиствата, терористичките акти, ширењето на наркотици, големиот број разводи – сé укажува на тоа дека човекот чувствува огромен недостиг на полнење, - до тој степен што не може да го надомести во својот живот.

И тоа е знак дека му е потребна Светлината, а не нејзината замена, која Светлината може да ја нацрта во човекот.

Од програмата "Кабала за почетници", 08.12.2010

 

Светот е во опасност

05.01.2011 -

Британскиот магазин "Економист"(The Economist), го презентираше "Индексот на демократијата во светот во 2010 година".

Во извештајот се забележува тенденција на забавување на демократските процеси во светот, зајакнување на авторитарните режими во светот, глобалниот тренд на демократизацијата застана, забележана е рецесија. Авторитаризмот пуштил корени на Блискиот исток, во поранешниот Советски Сојуз. Постои глобално разочарување од демократскиот процес.

Во Африка, демократизацијата престана целосно, во Латинска Америка се појави тенденција на популистички движења. Во западните земји се намали учеството на јавноста во политичкиот живот - двојните стандарди во надворешната политика и нападите врз граѓанските слободи доведоа до разочарување во демократскиот процес и обвинување во лицемерноста на своите влади.

Реплика: Согласно со Кабалата, ако светот не го сфати природниот план на сопствениот развој и не се обрати кон својата сличност со Природата, како замена на постоечкиот општествен поредок во сите земји ќе дојдат нацистичките и фундаменталистички режими и светот брзо ќе се лизне кон 3-та светска нуклеарна војна.


Види ја книгата "Последната генерација"("The Last Generation") и весникот "Народна".

Објавено на 05.01.2011

 

Влезница за книгата Зохар

05.01.2011 -
Книга Зохар. Предговор. Глава "Итро", статија " Погледни ја тајната на лицето", т.100: Во родот на Давид сликите на цвеќето(боите?) се менуваат во спротивни. И затоа згрешил Шмуел, како што напишано: "Не гледај на неговиот изглед". Бидејќи во Елиав постоела друга страна, која ја немало во Давид. Цртите на Давид се скриени, бидејќи цртите на другата страна се вклучени во неговите црти, и ликот на другата страна се гледа во него од почеток, и тој површно поминува пред очите, и срцето е исплашено и трепери.


Ние грешиме: вложуваме многу сили за да сфатиме за што зборува Зохар, а многу помалку – во намерата, во мислите за тоа дека треба да се соединиме и во нашата меѓусебна врска да го откриеме Зохар. Бидејќи само до степен на единството во нашето обединување ќе се открие ликот на Создателот, сосема поинаков од тој што ние си го замислуваме пред обединувањето.

Нашето соединување – е влезница, која ни овозможува да ги видиме и почувствуваме духовните ликови и особини, за кои зборува Зохар. Сите тие заедно ни го даваат ликот на Создателот. Ако пак ние без барање на врската меѓу нас сакаме да го сфатиме изучуваното – тоа се нарекува надворешно учење, клипа, смртоносен отров. Ако во учењето јас се трудам да го пронајдам ликот кој го изучувам, - тоа е клипа.

Ако пак пред сé јас сакам да го откријам тој лик низ призмата на соединувањето со групата, со опкружувањето, и само после соединувањето се обидувам да го пронајдам духовниот лик за кој зборува Зохар – тогаш тоа е светост, давање, духовност. Бидејќи на крајот на краиштата јас ја барам формата на соединувањето/давањето, и тоа е најважно.

Додека во првиот случај јас го барам ликот/формата на примањето. Затоа пред сé неопходно е да се погрижам за тоа како јас поминувам низ таа призма – намерата, соединувањето со групата, со опкружувањето. Тоа е многу важно! Без тоа не вреди да се отвора Книгата Зохар, бидејќи таа може да стане или смртоносен отров или еликсир на животот.

Од утринската лекција за книгата Зохар “Предговор кон книгата Зохар“ /05/01/2011

 

Во овој свет сé е релативно !

05.01.2011 -
Прашање: Во неговата статија "Науката кабала и филозофијата" Баал ХаСулам пишува, дека "сé додека науката не се развие до својата совршена форма, ние треба да ја земаме предвид само конкретната реалност". До каква "совршена форма" ќе се развие науката?

Одговор: Науката ќе се развие до состојба кога ќе се спои со науката кабала и ќе се приклучи кон истиот тој правец. Впрочем нашиот свет ќе се крене и ќе се преслече во Вишиот свет, станувајќи негов неразделив дел и вклучувајќи се во него со сите свои дејства, со сите наши напори вложени дури и во материјата на овој свет.

Ништо не се губи без трага, сé припаѓа на еден универзум, на една реалност. Затоа природните науки исто ќе се спојат и ќе се вклучат во науката кабала како нејзин органски дел. Науката кабала го покрива целиот универзум, така што исто ќе ги опфати сите науки на нашиот свет. Веќе и сега таа ги опфаќа, само ни се чини дека тие постојат одвоено.

Бидејќи сите закони на овој свет - се истите закони кои постојат во духовниот свет, само отпечатени во нашиот егоистичен материјал. Ако материјалот работи со намера да прима "поради себе" на скалилото Малхут де-Малхут на светот Асија, тогаш се добиваат такви закони.

Во духовниот свет намерата "поради себе" припаѓа на клипот, нечистите сили – и таму се тоа духовни закони. А тука тие излегуваат материјални, без сфаќање дека се во намера "поради себе". Ако ја достигнуваме Конечната поправена состојба (Гмар Тикун), тогаш цел овој свет постепено сé повеќе се поништува и исчезнува. Ние сé помалку го чувствуваме и сé поголем негов дел се губи од нашата перцепција.

Ние почнуваме да чувствуваме колку сето е минливо и привремено. Небаре трансформациите на материјалот од една состојба во друга, кога формите се враќаат во првобитна состојба и од "експлицитни состојби" на тврдата супстанција се претвораат во течност, но потоа во не многу јасно изразено – во гас, а потоа во сосема нејасно – во нула/празнина...Сето тоа се случува во нашите сетила, во нашата перцепција. И ако нашата перцепција се менува, тогаш нема место за обична физика, која, всушност, се занимава само со неживата материја.

Биологијата, зоологијата, медицината – се занимаваат со растителното и животинско ниво. Целокупната наша наука не се крева над тоа ниво: неживото, растителното, животинското. На човечкото ниво веќе не постои "наука" во строга смисла на зборот – само регистрирање на акумулираните согледувања од животот, фактите (психологија, психијатрија).

До степенот до кој овој свет ќе исчезнува од нашето чувствување во нивоата на неживо-растително- животинско, и сите овие нивоа ќе продолжат да се "згрутчуваат" искачувајќи се и вклучувајќи се во човечкото ниво, ние ќе престанеме да се занимаваме со овие науки, бидејќи ќе престанеме да ги чувствуваме овие појави и да ги сметаме за постоечки во тој облик, какви што сега ги замислуваме.

Целата оваа реалност постои само во однос на нас, ако сите наши особини и сетилни органи се менуваат, т.е. се менува реалноста која ја перцепираме во тие сетилни органи, тогаш каква наука може да има за непостоечка реалност? Сé е релативно...

Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата“ /05/01/2011

 

На пат кон планината Синај..

04.01.2011 -

Ние сé уште не сме дошле до чувство дека целиот проблем - е во врската меѓу нас. Сé уште секој сака сам да го "скине плодот од дрвото".

Ние треба да ја достигнеме состојбата под планината Синај за да разбереме оваа омраза за која ни раскажуваат авторите на Зохар.Тогаш ќе ја откриеш таа планина на омразата и ќе почнеш да ја поправаш.

Но, сé уште тоа е само личното его на секој човек, без неговиот однос кон другите. Тоа сé уште не е обратен отисок на Создателот. Сé уште не е секој насочен кон врска со другите.

Така растат бебињата. До 2-3 годишна возраст детето сé уште нема потреба за друштво на други деца, тој игра сам со своите играчки. Само после 2-3 години тој почнува да сфаќа дека може да игра со некој друг, дека уште некој освен него постои.

Исто така е со нашиот развој – сé уште не бараме врска со другите, сé уште не сакаме со нив "да играме". Колку и да зборуваме за тоа – сé е само на зборови, а не во нашата желба.

Од утринската лекција за книгата Зохар “Предговор кон книгата Зохар“ /04/01/2011

 

Според отисокот да се препознае печатот

04.01.2011 -

Прашање: Како да се измери сопственото напредување: според растот на егоизмот или според големината на давањето?

Одговор: Давањето никогаш не може да се измери. Тоа нема граници, нема форма и контури сé додека не навлезе во желбата за примање. Ние секогаш сме нурнати во своите егоистични мисли и импулси.

Но ако ги совладаме и над нив се насочиме кон Создателот, тогаш и даваме висина и форма на својата желба за давање. Според висина таа се споредува со големината на желбата за примање над која ние сакаме да живееме во давање.

Во согласност со својот егоистички импулс над него ние се обраќаме кон Создателот. Бидејќи Тој ја оформил во мене оваа егоистична желба, оваа туѓа мисла. И затоа, поткренувајќи се и обраќајќи се повторно кон него, јас небаре правам маска од лицето, ја копирам и ја стекнувам Неговата форма.

Создателот ја ископирал Својата форма во мојата желба за насладувања, а јас правам обратна копија од таа желба и се враќам кон првичната форма на Создателот – кон желбата за давање. Така јас доаѓам до спознавање, разбирање и чувствување на Создателот: од печатот кон отисокот – и наза кон печатот.

Од утринската лекција според статиите на Рабаш /04/01/2011

 
Повеќе Артикли...

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica