Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од личниот блог на М.Лајтман - laitman.com

Мултидимензионалното создание

 15.03.2011-Создателот создал една желба која отпрвин била сосема во единство со Светлината што ја создал, во спој одржуван од моќта на Светлината. Тоа е првобитната и, од страната на Создателот, апсолутно совршената состојба, но, создаденото суштество не ја чувствува.

Тоа е затоа што таа состојба е создадена од Создателот, и суштеството не е свесно за неа. Во суштина, во тоа сеуште нема создавање; има само нешто што е создадено и постои заради силата што го зачнала. Така создаденото суштество треба да помине низ долг процес за да добие самосвест, а на тој пат има неколку стадиуми.

Прво, се чини како воопшто да не постои, како „постоење на отсуство" (Јеш Ми Аин). Меѓутоа, на крај, суштеството ќе стане „постоење од постоење" (Јеш Ми Јеш), што значи како Создателот. Суштеството оваа несогласност, од Јеш Ми Аин до Јеш Ми Јеш ја надминува постепено, чекор по чекор, на крај добивајќи друга природа: природата на Создателот.

Меѓутоа, за да го постигне тоа, мора независно да делува за да се спознае себеси: што е созданието, Јеш Ми Аин, и Создателот, Јеш Ми Јеш, и како тие се разликуваат. Мора постојано да ги проценува тие две состојби така што ќе се согласува со нив или не, т.е. изразувајќи ги своите желби, откако добило слободна волја. Така, суштеството уште повеќе се доближува до обликот на Создателот и го прифаќа не затоа што е попријатен и покорисен (т.е. не заради своето природно егоистично тежнение), туку затоа што навистина ги стекнува својствата на Создателот, својствата на чистото давање.

Сè заедно, достигнувањето е возможно само со еднаквост во обликот. Инаку, ништо не може да се достигне, ниту Создателот, ниту Неговите одлики можат да се сфатат ако некој самиот ги нема. Затоа, за создаденото суштество во целост да го достигне Создателот и да му стане истоветно, Создателот ја дели состојбата која ја споделува со создаденото суштество на повеќе делови, последователни состојби, и разни желби и мисли. Тоа може да се визуализира како коцки за градење или сложувалка, но не со две или три димензии, туку со безброј димензии. Секој дел од оваа сложувалка има безброј страни и со секоја од нив се поврзува со сите други така што никој нема ниедна своја, туку горниот дел секогаш е поврзан со тие над него а долниот со тие под него.

Сите се поврзани на таков начин што никој нема нешто што му припаѓа освен едно: самата централна точка на Табур (папокот). Тоа е местото каде секој решава како ќе учествува независно, со своето лично сфаќање и свест, и ја достигнува оваа меѓусебна врска каде несакајќи ќе се најде за сета своја сила и желба да ја даде за одржување на таа врска.

Од 1от дел на Дневната лекција од Кабалата 15.03.2011, според статија на Рабаш

 

Ласерски проектор на душата

09.03.2011 -
Прашање: Јас не можам да се стремам кон давање, бидејќи воопшто не можам да замислам што е тоа. Што е давање?

Одговор: Секое духовно својство: давање, љубов - се открива од спротивната состојба. Затоа што ние не знаеме што е тоа. Бидејќи, ако знаев што е давање, јас веќе би го имал тоа својство.Но, јас го немам ... Тогаш, како ќе можам да го откријам? Само преку механички дејства: јас влијаам на групата, а групата - на мене. Сите овие активности воопшто не се поврзани со духовното, па затоа, ние чувствуваме дека сега се наоѓаме во овој свет.

Тоа е реалност која е замислена од мене, во која има некакви желби и дури физички тела, односно не се ниту желби, туку нешто што не пројавува сопствена волја. Бидејќи во духовниот свет дејствуваат желби, аспирации, сили: љубов, омраза, страст - појави на желбите на созданието. Но, без оваа појава на желбата - нема духовен свет, тој не постои.

Тоа е како некоја ласерска слика - јас го вклучувам ласерот, и таа се појавува во воздухот. Но, ако не го вклучам - нема да ја има. Така е и духовниот свет во нашето воспримање.

Но, материјалниот свет постои дури и без мојата желба. И во оваа реалност јас го поминувам животниот круг (реинкарнациите), и таа ме менува, практично случајно, не преку барањ за мое учество. Затоа оваа реалност ми се гледа како "материјална", бидејќи сите промени во неа стануваат без моето свесно учество, без мојот стремеж кон давање. Се развиваат само по природен пат, под управувањето на Вишата Сила, која нè турка сите кон развој.

Но, кога во материјалниот свет јас ќе достигнам таква состојба, кога сам сакам да учествувам во својот развој, тогаш се буди во мене во вид на прашање за значењето на животот. И од тој момент јас почнувам да барам.

Но, сето тоа е за да почнам сам да ја активирам оваа реалност. Во моментот кога ќе бидам подготвен за тоа, ќе ми се открие делот што сум го активирал. Тоа го претставува моето прво духовно ниво.

Затоа сите наши активности треба да започнат од материјалното - со тоа што јас се присилувам да влијаам на околината, а околината - на мене, во севозможни форми, користејќи ги сите сили и можности со кои располагам. Како што е напишано: "Направи сè што е во твојата моќ!" – Земи ја секоја можност, без оглед каква е таа.

Бидејќи, ако ги исполнуваш сите овие активности во материјална форма, т.е. без правилно и свесно учество, ти сепак ја будиш оваа реалност. Така е таа подготвена.

Од  лекцијата на тема "Што е молитва", од 09.03.2011

 

Бескрајната вселена во тебе

06.03.2011 -
Прашање: Што претставува времето на учење?

Одговор: Да учиш, значи да читаш за духовните активности. Јас не ги разбирам - за мене тоа се само зборови, но сакам да ги достигнам реално.

Сакам сите овие дејствија да се реализираат во мене: зголемувањето на МА "Н, спуштањето на сефирот и подемите - сето ова се случува некаде внатре во мене, во моите желби, во мојата душа. Внатре во мене се скриени сите светови, целиот свет на бесконечност, а јас сакам да го откријам тоа!

Но, ми недостасува чувство, чувствителност, сензибилност за да го откријам и почувствувам сето тоа. Не чувствувам ништо, но сакам да го почувствував! Духовниот свет е нашиот внатрешен свет - тој се наоѓа во мене, но, јас не чувствувам ништо!

Јас ја сакам неговата сила, силата на предавањето да ми помогне, да го привлече моето внимание, мојата желба, да го заземе целиот разум и срце, мојата перцепција; за да ме однесе на тоа место внатре, во мене, каде што се случуваат сите овие дејствија.

Како да продираме се подлабоко и подлабоко во материјата: влегуваме во материјалот, а потоа внатре во атомот, и во самиот атом сè понатаму и навнатре - и таму во нај централната точка, одеднаш ни се открива бескрајната вселена ... Не некаде далеку, во надворешниот свет, туку при продлабочувањето навнатре, во внатрешните сили.

Внатрешните сили се најмоќни и посебни. Ние го знаеме тоа дури од нашиот свет - на пример нанотехнологијата. Затоа, треба да ја концентрираме силата на нашата мисла и да се фокусираме во откривањето на дејствијата на Создателот.

Од утринската лекција според артикал на Рабаш, 06.03.2011

 

Како работи информативниот ген (решимо)

03.03.2011 -

Информативниот ген (решимо) - тоа е форма на состојба, постоело предходно, во кое имало полнење - светлината, внатре во желбата.

Истата вклучува информации за сите екрани и сите составни кои биле таму - и во Светлината, и во желбата: НАРАНХАЈ и АВАЈА, Директната и Рефлектирачката Светлина, стапалките на висина и ширина.

Но, сè, на некој начин се чува "во меморијата", но не е реализирано. Токму тоа се нарекува "решимо".

Односно јас преземам некакви податоци од архивата - како во компјутерот - и додека ги изведам на екранот и остварам во реалната слика, со помош на електрични сили и целата опрема, тоа сеуште се нарекува "решимо". Но, во внатрешноста на овој информативен ген, веќе постојат сите податоци, сите информации - не достигнуваат само силите за да се реализира.

Да претпоставиме дека немам таква сила, или ја имам, но уште не сум ја реализирал. Односно во "решимо" се наоѓаат сите детали и пединости, но само како потенцијал, а не во живо отелотворување.

Од лекцијата  "Учење за Десетте Сефирот", 03.03.2011

 

Минус е за сметка на човештвото

02.03.2011 -
Прашање: Ако погледнеме на интернет, повеќето луѓе бараат одговор на прашањето, како да се излезе од минусот на сметките во банката ....

Одговор: Пред сè, нас нарочно нè држат "во минус". Минус е вид на ропство, таков тип на поврзување помеѓу луѓето, кој го обврзува човекот и на тој начин го поробува. Ние не го разбираме тоа и сметаме дека сме слободни ..

Но ти во ништо не си слободен. Ако не можеш слободно да се нахраниш себе и своето семејство денес, до тој степен си врзан со окови. Згора на тоа, ако твојата банкарска сметка е "во минус", тогаш си целосно поробен.

Секакви кредити, разни плаќања, долговите што ги има секој - ова е вид на современа ропство. На прв поглед сè е во ред - можеш да земеш уште еден долг, нема ништо страшно ...

Овој нов период започна неодамна, кога луѓето почнаа да живеат со долгови. Цели земји живеат "во минус".Долгот на некои земји се проценува на стотици милијарди долари. Минус за сметка на земјата. И тогаш, не можеш да направиш многу. Може да ти ја "блокираат" сметката и додека не платиш, нема да добиеш.

Така, цела земја паѓа во ропство: "Подготвен сум да направам сè што ќе кажете, само дајте ми храна!" Како роб кој работи за храна. Токму тоа се случува со луѓето и со цели земји, но излез од минус нема! ...

Од лекцијата на тема пари, 01.03.2011

 

Првите обиди

28.02.2011 -
Прашање: Колку повеќе напори користиме поради успехот на групата, толку повеќе се чувствува дека ние работиме за својот егоизам ...

Одговор: Треба да се радувате - бидејќи тоа е откривање на злото. Без да го откриеме злото, нема да дојдеме до доброто.

И така, гледам дека од своите активности во групата; на крајот сакам да добијам само свои лични интереси. Потоа што?

Работата е во тоа што само таа "точка на увид" не е доволна, со неа ништо не можеш да направиш. Моето дејствување треба да биде насочено, треба да има вектор. Инаку мојата внатрешна сила останува само потенцијална, како пригушен мотор. Нека е тоа и убав мотор со моќност 200 КС - Но што понатаму?

Морам да ја "одведам" својата желба, да ја насочам кон одредена акција. Но, значи дека мене ми требаат две точки, од кои се состои векторот. Ова насочување на мојата сила дава разум. Бидејќи силата и разумот "соработуваат" добро меѓу себе. Ова е закономерно.

И така, иако сум очаен од својот однос кон групата, тоа сеуште не ми дава можност за дејствување. Сега треба да ја поврзам својата состојба со целта. Јас само што сум почувствувал дека сум спротивен сам на себе. Во моите активности или во некое дејство се појавил егоизам: јас сум го сторил тоа поради себе, не сум можел да го свртам кон другарите.

Пред сè, треба да паметиш дека нема никој освен Него. Работата не е во тоа што кај мене не се добила, туку во тоа што Создателот ја организирал за мене; оваа ситуација и нејзината анализа. Објаснува дека јас ништо не сум можел да направам со својот егоизам, од она на што Создателт сакаше да ме научи, да ми покаже дека се наоѓам под неговата власт.

Што треба да направам? Што побарал Тој, за да го почувствувам тоа? За да му се заблагодарам за тоа, јас ја сфаќам важноста на целта - својство на давање, спротивно од она што ми се открило сега.

Од каде ќе ја земам оваа важност? Од таа иста состојба. Зашто нема светлина без садови, нема чувство во кое не се комбинираат двете: светлината и кли. Во споредба со што јас се чувствувам лошо? Во споредба со тоа како го разбирам предавањето, претставувајќи дека би можело да се поврзувам подобро со другарите и да се однесувам на друг начин.

Ова веќе се двете точки!

Како сега да се пренесат од местото на сопствената презир и одвратност, кон местото на давање? Што е тоа што ми недостига? Ми недостигнуваат сили. Нив треба да ги побарам.

Но, тоа сеуште не е сè. Зошто да ги сакам? За да ги користам? За да не го хранам повеќе презирот кон себе? Бидејќи мојот егоизам страда од неодамнешното "откровение". Тогаш излегува дека јас по предходното сум егоист, само по втората "навртка", на следниот степен на самољубие.

Не, не сакам мојата работа или нејзините резултати да ги извршувам за свои лични интереси. Сакам да направам такво дејство, во кое ќе го откријам задоволство за Создателот. Тој ме поправа, и сакам тоа да Му причинува уживање.

Со тоа се обидувам да поминам уште малку напред, и уште, колку што е можно. Такви се моите први обиди, кога морам буквално да "џвакам", да "дегустирам" на јазикот, нодобро е да се "сомели" со заби.

Од утринската лекција по статија на Рабаш од 28/02/2011

 

Крај на аферата со материјалното опкружување

22.02.2011 -
Прашање: Егоизмот е многу итар. Како можеме да се убедиме дека играта со него навистина нè води напред и не е уште еден негов трик?

Одговор: Ако јас се вклучувам во опкружувањето и се исполнувам со тоа што за него е важно – значи дека одам со вербата над знаењето. Јас намерно се преклонувам пред групата и ги преземам нејзините вредности, бидејќи се духовни. Се ставам себеси пред нив така, за да ме издигнат. Јас никогаш немам сили за самостоен подем. Притоа секогаш се наоѓам во некое опкружување кое ме насочува кон одредени вредности.

Значи, вредностите на материјалното опкружување се исто вештачки и лажни. Општеството ме побудува да купам кола, куќа, интериер... Кој рекол дека тоа навистина ми е потребно?

Бидејќи телото – е животно кое само сака да одмора. Дај му одредена количина калории и удобно место за да прилегне. Тоа не сака ништо повеќе. Меѓутоа општеството ми кажува што треба јас да купувам и кон што да се стремам. Инаку нема да ме почитуваат.

И ете, подбуцнуван од опкружувањето јас цел живот се трудам да му се допаднам. Но сега, презаситен, јас повеќе не сакам да играм како што ми свират. Наместо тоа јас влегувам во ново опкружување, избирам средина која има духовна цел. Сега е потребно само да ги подигам во своите очи – тогаш ќе растам со нивна помош. Во тоа се состои мојата работа.

Колку повисоко ќе ги подигнам моите пријатели во своите очи, толку повисоко ќе се подигнам самиот.

Од утринската лекција според статија на Рабаш од 22.02.2011

 

Духовна инфузија на интернет

21.02.2011 -
Невозможно е да направиме нешто без Светлината, која враќа кон Изворот, која може да се привлече само со читање на кабалистички книги и учење во група, која сака да открие меѓу себе нова, внатрешна поврзаност. Ова одговара на духовната мрежа, каде што сите ние сме поврзани меѓу себе и исполнети со Светлина.

Затоа тука долу ние, отсечени едни од други, треба да сакаме да се соединиме да ја молиме Светлината да ја поправи нашата врска. Треба да постои адекватност на две паралелни нивоа: материјалното и духовното. Но заедно со нас во интернет мрежата ќе се наоѓаат и огромен број луѓе кои бараат иста таква повразност, кои бараат духовно, меѓутоа не знаат да учат и можеби немаат ниту слушнато за часовите.

Бидејќи сите ние ќе се наоѓаме во иста мрежа, тие наеднаш ќе почувствуваат дека присоединувањето кон нас им дава некое пријатно наполнување. Тие и самите нема да разберат од каде тоа доаѓа – но така ќе чувствуваат во својата желба. Бидејќи човекот е само надворешна обвивка, внатре во која е затворена желбата која го чувствува наполнувањето кое доаѓа до неа.

Тогаш, исто како што моите ученици ме пронашле мене, така и другите луѓе ќе ја најдат нашата група во светскот систем на интернет, ќе се поврзат со неа и ќе примаат од таму инфузија од која добро ќе се чувствуваат. Така ќе се приклучат сé повеќе и повеќе луѓе.

Затоа треба да се прошириме на интернет, на сите јазици, и да станеме колу што може попознати за да му дадеме на човекот можност да ни се приклучи. Можно е дека самото објаснување треба да добие таква своевидна "интернет – нианса" во својот израз и јазик, бидејќи човечкиот мозок, веќе научен на интернет може да восприма само во таков нов стил.

Од утринската лекција според статијата “Вовед во Паним Меирот“ од 21.02.2011

 

Facebook со “ново лице“

21.02.2011 -
Прашање: Ако интернетот постепено се исцрпи, тогаш какво ново наполнување треба да и се понуди на новата генерација на интернетот?

Одговор: Во интернетот треба да се понуди решение за новата желба, која се буди во младиот човек. Внатре во големото, светско, интернетно општество се буди желба за некое повисоко, внатрешно наполнување. И ако луѓето не го добиваат тоа на интернет, тогаш го губат интересот за него. Може да се стават уште илјадници видео клипови, филмови, новости – но никој нема да сака да ги гледа, не чувствувајќи во тоа наполнување. Но треба да им се покаже дека во оваа мрежа постои не само виртуелна, електронска поврзаност, испратени битови на информација – туку уште едно ниво на поврзаност, кое соединува над материјалното.

Исто како што на часот по кабала ние сакаме да ја дознаеме внатрешната мрежа која нè поврзува, поврзаноста на духовното ниво, да се почувствуваме внатре во неа и исполнети со Светлина – за да ни се открие Создателот. Истото треба да се направи со сите во интернетот.

Интернетот треба да им го открие на луѓето Создателот. Во следната фаза од неговиот развој, во согласност со потребата на човекот, интернетот треба да ни обезбеди основа за внатрешна мрежа која нè поврзува. Затоа ние треба да се преселиме на интернет и да го опфатиме целиот тој простор.

Човекот и сега сака да се соедини со другите, само според свои услови. Затоа тој зема учество во Twitter и Facebook – тој сака поврзаност! Само што тој сака да се скрие зад имиџот кој го измислил за себе, зад посебен интернет – сленг – но сето тоа постепено поминува и почнува да прима друга форма.

Само дајте и на желбата да се реализира и да порасне до ново ниво. Тогаш во човекот ќе се разбуди желба за повнатрешно соединување – такво решимо, внатрешен ген ќе се манифестира во него.

Од утринската лекција според статијата “Вовед во Паним Меирот“ од 21.02.2011

 

Виртуелиот простор за внатрешна поврзаност

21.02.2011 -
Прашање: Ние гледаме дека луѓето од новата генерација не сакаат да се зближуваат едни со други. Затоа толку и се развил интернетот,бидејќи му овозможува на човека да дејствува оддалеку, без да биде физички присутен во друштвото и да воспоставува контакти, не соединувајќи се вистински. Како тогаш да им се понуди метода која целата е заснована врз соединувањето и влијанието на опкружувањето?

Одговор: Тоа е многу добар знак – значи веќе постои осознавање на злото. Човекот не сака на никој да му се приближува ниту да го допре, се чувствува како индивидуалист, неповрзан со никој, на кој никој не му е потребен: ниту родители, ниту жена ниту деца. Тој сака да остане сам со себе. Сега секому му е потребен посебен стан. Во минатата генерација секој имал потреба од посебна соба. А уште порано воопшто немало таков проблем, луѓето живееле во една соба и не си пречеле едни на други.

Рабаш раскажувал дека кога се оженил се преселил да живее во домот на неговата жена, чие што семејство било познато во Ерусалим и поседувало двособен стан. Но сите тие, родителите и децата, живееле во една голема соба, додека другата ја издавале, сметајќи дека не им е потребна. Ноќта кога доаѓало време за спиење на подот простирале душеци а наутро ги собирале и ги ределе во аголот. Освен тие душеци и малечка масичка за јадење во собата немало ништо друго. Така живееле луѓето во Ерусалим во почетокот на 20 век.

Денес, пак, човек не може да ја трпи покрај себе во собата дури ни својата жена. Така се сменила нашата природа која ние треба да ја разбираме, и затоа сакаме да преминеме кон виртуелна поврзаност. Виртуелната поврзаност – е потрага по повисоко ниво на комуникација. Тоа не е само замена на еден тип на поврзаност со друг – тоа е поврзаност на повнатрешно ниво.

Кај нас се појавува стремеж да се поврземе со внатрешниот свет на човекот, на нивото на неговата психологија. Но, наскоро луѓето ќе се разочараат од интернетот и ќе сфатат дека тој не може да ја задоволи нивната потреба за вистинска внатрешна поврзаност. Сите СМС, е-маил, социјални мрежи – не можат да дадат одговор на барањето, кое сега се открива во нас и кое ние самите сé уште не го разбираме.

Ние чувствуваме дека треба се соединиме, да ја сфатиме Природата, светот, сé да почувствуваме и да разбереме на многу повисоко ниво отколку сегашното. Младата генерација сé уште е недоволно свесна за таа своја внатрешна потреба – но тоа не е потреба од виртуелна поврзаност која постои денес, туку од многу повнатрешна, сетилна поврзаност. Таа може да се постигне само ако преку виртуелната поврзаност се дојде до употреба на науката кабала. Наскоро тоа ќе ни се открие.

Од утринската лекција според статија “Вовед кон Паним Мериот“ од 21/02/2011

 

Над логиката на овој свет

20.02.2011 -
Прашање: Зошто духовната работа исто така се нарекува "бреме"?

Одговор: Затоа што човекот треба да ја прима со верба над знаењето. Бидејќи, секој пат пред поправката тој престојува во егоистична желба. Затоа, примајќи ја врз себе оваа работа насочена кон намерата поради давање, тој не гледа во неа никаква корист и ја восприма како бреме.

Мојата поправка не може да се заснова врз корист. Ако нешто ми носи корист, тогаш јас дејствувам егоистично. И обратно, ако во својата желба за насладувања јас ја примам особината на Бина, која е над Малхут, тогаш таа станува "бреме" за мене – нешто што е над разумот, чувствата и надвор од сите пресметки. Како тоа да го постигнам? Јас се вклучувам во опкружувањето и тоа влијае врз мене, покажувајќи дека тоа вреди да се направи. Корист сепак постои, но друг вид: таа не произлегува од моите замисли, туку е предизвикана од опкружувањето.

Тогаш, наоѓајќи се под влијание на опкружувањето јас од него добивам свест за важноста на целта. Без таа важност јас не би можел да работам, но таа се заснова на претпочитувањето на давањето над примањето. Со тоа јас не би се справил самиот. Само опкружувањето може да ме обврзе, така да ги промени моите вредности за да сепак јас го посакам тоа.

Токму тоа значи да се прими "бремето на царството небесно". При што работам над разумот, над рационалниот пристап, над логиката. Се чини, зошто да извршувам давање? Што тоа ми ветува? На мојата егоистична желба јас не можам да и објаснам дека тоа вреди да се направи. Во што ќе ми биде подобро?

Добро, кога би видел барем некоја потенцијалната корист, но овде зборуваме за вистинско"бреме", кога немам изговори за оваа работа на било кој начин. Меѓутоа групата ми помага да ја сфатам нејзината важност, и тогаш јас сепак работам. Без таа важност јас не би можел да работам, не би можел да му посветам на давањето ниту најмало внимание. Затоа групата како средство е важна за мене во иста мера како и целта.

Од утринската лекција според статија на Рабаш од 20.02.2011

 

Пред духовното сите се еднакви

18.02.2011 -

Прашање: Како малиот човек може да доведе многу луѓе до соединување, од кое зависи неговата поправка? Зарем тој има средства за тоа?

Одговор: Нема мали и големи луѓе. Ние се наоѓаме во систем кој се нарекува совршен, целосен организам – свет на Бесконечноста. Ако во целината има барем некоја повреда – тој веќе не е совршен и неговата целина е нарушена. Затоа секој има иста важност како и сите други. Замислете си дека тоа е систем кој има влез и излез, но патот преку него води преку сите, поврзани во една низа, без исклучок. Зарем во тој случај има значење колку елементи внатре се расипани и ја прекинуваат низата – илјада или само еден?

Јасно е дека колку помалку расипани елементи останале, толку полесно е да се поправат, и од таа гледна точка еден расипан е попожелно од илјада. Но ако погледнеме што сé случува на излезот поради тоа што системот е нецелосен и расипан – еден е доволен за да го искрши. Затоа е потребно да се разбере дека секој од нас е важен, нема мали и големи луѓе – сите се потребни и треба да се грижиме за сите. Од гледна точка на Создателот, пак, воошто нема никаква разлика меѓу луѓето, меѓу душите.

Од утринската лекција според статијата “Слобода на вољата“ од 18.020.2011

Инсерт од лекцијата од  24.01.2011 на  Каб.тв

 

 

Намалувајќи ја илузијата на разбивањето

16.02.2011 -

Невозможно е да се работи врз себеси без поддршка на правилното опкружување кое секој пат го води човекот до точна анализа, точна состојба. Впрочем, вечното прашање, на кое што треба да се одговора со "удар по заби" е прашањето кој е поважен: Создателот или јас? Ближниот или јас? Силата на давањето или силата на примањето?

Ако ова прашање јасно стои пред мене и јас разбирам дека од јасен одговор зависи мојот напредок или неуспех, тогаш потребата од постојана поддршка од опкружувањето станува очигледна за мене. Од друга страна пак, какво е тоа опкружување? Каква поддршка дава?

Всушност јас ги добивам моите лични келим, (желби), зависно од тоа колку сакам да ги приближам до себе. Бидејќи целата реалност – сум јас. Работејќи со опкружувањето јас го подигам во своите очи, ја наоѓам во него важноста на Создателот. Но, всушност, ми беше дадена сила на разбивање за да ми помага да работам на овој начин над самиот себе.

Моето "јас" кое ја вклучува целокупната реалност, се дели на два дела: дел кој јас го чувствувам како себеси и дел кој го чувствувам како свет, како ближниот, како сé што се наоѓа надвор од мене. Зошто Создателот ме поделил на два дела?

За да можам полесно да го поправам делот кој е однадвор. Јас ја подигнувам неговата важност за мене ако ја пробудувам важноста на пријателите и ги поттикнувам да работат на мене, како да имаат слобода на избор и повеќе самостојност отколку што јас им припишувам. Треба да се сфати дека силата на разбивање дејствува за наше добро.

Делот наречен "ближниот", т.е. сé што е надвор од мене ќе биде поправено од мене ако се однесувам кон него токму како кон ближниот. Јас ги поправам тие желби кои ми изгледаат туѓи, ставајќи се себеси пред нив и сакајќи да се соединам со нив. Моето "јас" е само точка во срцето, а "ближниот" е целото мое кли, целиот сад на душата.

Кога не би бил поделен на тие два дела, не би имал можност да ги поправам "надворешните" желби. Никогаш не би можел да ги изанализирам, да ги проверам, да ги сортирам, да побарам сили за работа со нив. Меѓутоа јас се наоѓам надвор од нив и го поправам својот однос кон нив. Кај мене се создава таква илузија – небаре јас го поправам својот однос кон ближниот според приципот "сакај го ближниот како себеси". Сé уште не сфаќам, не разбирам, не чувствувам дека всушност тоа е мојата душа.

Едноставно ми дале сила на разбивање која ја црта лажната слика на "ближните" во моите очи. Но токму така јас можам да почнам со поправка на своите келим, работејќи спротивно на силата на отфрлањето и нанесувајќи ѝ удари. На таков начин можеме да ја прикажеме нашата работа, поинаку: човекот првично го прима сето создание како негова душа и разбира дека сите сили на разделување се фантазија со цел да го збунат. Всушност реалноста воопшто не е одделена од него.

Затоа човекот нанесува удари, "ги затапува забите" на таа сила на разбивање, на таа илузија – и во тоа ја гледа целата работа која треба да ја заврши. И така сé додека не ги искрши сите заби, не ги искорне сите трња за розата, која расте сред нив, т.е. Малхут, да расцвета во својата вистинска форма, во полна сила. Бидејќи тоа е Шхина - заедничка душа. Така јас морам да го гледам и опкружувањето, пријателите, Создателот. Сé што ми изгледа надворешно, е неразделив дел од мене. Додека силата која ме одделува од заедничката мисла и желба, од Единствениот, - тоа е сила на поделбата, која морам да ја разбијам.

Од утринската лекција според Статија на Рабаш од 16.02.2011

 

Осознавајќи ја мудроста на создавањето

16.02.2011 -
Прашање: Целокупната реалност – е Светлината и кли, Создателот и суштеството, јас и ближниот. Зошто тогаш Зохар изгледа толку комплициран и збунувачки?

Одговор: Нам Зохар ни изгледа комплициран и збунувачки, затоа што сé уште не сме ја постигнале целосната слика. Кај нас "јас" и "светот", моите желби, моите мисли, силите кои дејствуваат во оваа реалност и наполнувањата во неа ни изгледаат оддалечени една од друга, разбиени. Затоа оваа сила на разбивањето ми дава извонредно комплицирана, збунувачка слика.

Сето тоа е така бидејќи јас не го гледам тоа во целина, а поделбата ми создава збунетост.
Колку што можеме – не во разумот (тој нема да помогне!) туку во чувствата, односно во повеќе поправените келим (желби) да ги видиме сите тие перцепирани детали соединети заедно; јас, ближниот, Создателот, групата, опкружувањето, сето постоечко, колку што ќе посакам да ги поврзам заедно, толку тие напори ќе ми донесат Светлина. Светлината пак, ќе ме доведе до воспримање на поцелосна слика, чии што елементи ќе почнат постепено да се соединуваат.

Од соединението на сите тие спротивности кои стануваат поддржувачки и меѓусебно поврзани, доаѓа целата мудрост. Колку подалечни и спротивни биле претходно сите тие детали од сликата на реалноста, кои сега ги гледам соединети заедно, поддржувачки и меѓусебно дополнувачки, - толку подлабоко ја осознавам Замислата на создавањето, програмата на создавањето, процесот кој ние го поминуваме.

Од тие спротивности јас почнувам да живеам, да ја чувствувам оваа огромна мудрост, да го соединувам во една целина Вишото управување, да го поврзувам со Единствената сила. Сето тоа – како резултат на влијанието на Светлината врз моите разбиени желби и мисли, кога јас сакам таа да ги соедини во една целина.

Од утринската лекција од “Вовед во Зохар“ од 16.02.2011

 

Да се застане пред Создателот, да сестане како Создателот

14.02.2011 -
Во светот, во реалноста постојат само две сили: силата на Создателот и "навидум" силата на суштеството која Создателот намерно му ја дал во обратна форма. Таа сила е спротивна на Создателот, поради тоа суштеството излегува надвор од границите на Неговото скалило и се здобива со своја реалност. Инаку тоа не би можело да постои.

Во нашиот свет "суштество" се нарекува тој кој има материјал на неживото, растителното или животинското ниво. Ако духовното битие, означува негова сопствена реалност надвор од Вишата сила, тогаш во нашиот свет Вишата сила не се манифестира пред нас отворено и затоа ние ја дефинираме реалноста само со постоењето на материјалот.

Во духовното не се зема предвид материјалот туку самостојноста. За да се биде суштество треба да се биде самостоен. Степенот на самостојност на суштеството одредува во кој степен тоа може да се смета за реално постоечко суштество.

Исто така и ние во нашиот свет не им придаваме значење на бебињата и децата затоа што тие сé уште не се здобиле со самостојност. Само во зрела возраст човекот станува самостоен и тогаш кон него соодветно се однесуваат. И во духовното, на кое ниво и да припаѓа суштеството – на неживото, растителното, животинското – важно е само едно: дали има сопствен статус пред Создателот.

Но, за да застане пред Создателот човекот треба пред сé да осознае дека Создателот постои – постои пред него, и дека се спротивни еден со друг. Тогаш во таа спротивност почнува работата.

Човекот ја дели целокупната реалност на два дела: Создателот и јас, реалноста што ми се прикажува. А потоа одлучува што е поважно. За да му даде на суштеството самостојност Создателот го изнел надвор, му дал осет дека тоа постои само за себе. Сега суштеството треба правилно да го употреби тоа што се открива себеси надвор од Создателот, како Тој воопшто да не постои, како Тој да излегува од неговото видно поле, од неговата желба. Со помош на силите и средствата кои ги дава Создателот, суштеството мора да најде правилен однос кон Него.

Тоа значи: врз себе, врз својата самостојност, без да ја поништи, да ја прими власта на Создателот. Тогаш од една страна суштеството ја зачувува својата положба надвор од Создателот, т.е. и понатаму прима насладување во желбата за примање без да се поништи пред Создателот, а од друга страна како самостојно во однос на применото насладување, над него, тоа добива сличност со Создателот. Така суштеството добива целосна, апсолутна независност.

Меѓутоа тоа може да се случи само ако суштеството се придржува на двата услови. Да е подготвено да го поништи својот однос кон Создателот, но, ако тоа не ги повредува неговите желби. Токму со тоа суштеството се движи во средната линија: од една страна ја зачувува желбата за насладувања, а од друга страна се здобива со форма на давање карактеристична за Создателот. Така во него се создава ликот на човекот, Адам.

Од утринската лекција според статија на Рабаш , од 14/02/2011

 

Чекори кон соединување со Создателот

14.02.2011 -
Прашање: Како да се достигне соединувањето?

Одговор: Соединување значи дека согласно со сите желби на Давателот и примателот, примателот и Давателот тие се израмнуваат еден со друг како гостинот со Домаќинот во познатиот пример на Баал ХаСулам. Гостинот нема што да му даде на Домаќинот освен својот однос, ако развива ист однос кон Домаќинот каков што има Домаќинот кон него.

Односно не се зема предвид дека гостинот го користи својот апетит, додека Домаќинот – својата сила. Тие првично се такви: едниот – Создател, а другиот – суштество. Но ако се тргнат првичните услови дека едниот е Создател а другиот – суштество, бидејќи тие треба да достигнат целосна рамноправност, тогаш во што можат да бидат рамноправни? Во својот однос кој ќе го изградат без секоја поврзаност со тоа што било порано.

Односно ние треба да се кренеме во односите меѓу нас така, за да нема значење за нас дека Тој е Создател , Тој е примарен, Тој ме создал во желбата да се наслади и прави со мене што ќе посака зошто сето тоа изворно доаѓа од Него како од Виш корен. Не е важно што јас, суштеството, не можам ништо повеќе да направам.

Но ако Тој и јас достигнуваме состојба кога имаме сосема еднакви можности, тогаш од нашите еднакви можности ние посакуваме да достигнеме спојување, соединување. Пред сé Создателот и суштеството мораат да достигнат состојба во која двајцата се целосно еднакви и независни еден од друг, суштестовото од Создателот и Создателот од суштеството. Откога ќе се изедначиме и имаме можност да создадеме секаква врска меѓу нас, која секој од нас слободно ќе ја посака, ние достигнуваме состојба кога посакуваме само љубов, спојување и меѓу нас.

Како што раскажува Баал ХаСулам, гостинот и Домаќинот доаѓаат до состојба кога во иста мера зависат еден од друг – Домаќинот од гостинот, а гостинот – од Домаќинот, како децата и родителите. Тогаш желбата за насладување затворена во суштеството и желбата за давање карактеристична за Создателот се освојуваат и се обврзуваат една со друга.

Иако од една страна Создателот може сé – тоа ништо не кажува, зошто Тој чувствува љубов кон суштеството, а љубовта Го ограничува дозволувајќи Му да го прави само тоа што таа го диктира, а не сé што Тој може. Односно силата на љубовта е сила на ограничувањето, обратна сила која дејствува во Создателот. Ти не можеш да го уништиш тој што го сакаш. Љубовта владее.


Затоа условот за соединување, спојувањето – е рамноправноста: во можностите, силите, способностите и слободата на изразување. Откако ќе се постигне рамноправноста, од сите тие можности ние ја активираме токму силата на љубовта – и го достигнуваме соединувањето.

Од тука се гледа колку е мала оддалеченоста меѓу животот и смртта, која веднаш го претвора животот во смрт. Сé зависи од тоа дали човекот разликува во себе присуство на Создателот или не. Ако Создателот е присутен и е горе – тоа е живот, ако не е присутен – тоа е смрт.

Од од лекцијата според “Предговор во Зохар“ од 14/02/2011

 

Не се наметнувај на Создателот

13.02.2011 -
Прашање: Како да се подобри квалитетот на нашата работа за да бидеме подготвени пред секој час да се концентрираме на поправката на светот преку нашето меѓусебно обединување?

Одговор: Силата на нашата молба е многу мала затоа што не ги обединуваме нашите желби. Во тоа е причината на неуспесите. Ние мораме да се обединиме во заедничка желба, во општ стремеж. Ако тоа се случи ние веднаш ќе добиеме одговор. Ако пак не успееме да се обединиме, ништо друго нема да ни помогне.

Затоа е речено: или обединувајте се, или тука ќе биде местото на вашиот погреб. Постои Светлина која е подготвена да нè поправи, - под услов да се постигне полната мерка на желбата. А полната мерка значи дека ние се обединуваме во една целина.

Нечија голема желба нема на ниту еден начин да му помогне – потребни ни се многу желби кои меѓусебно се обединуваат. Притоа не треба егоистично да се стремиме да го добиеме за себе Создателот и духовниот свет. Ако ти навистина го посакуваш духовното, значи сакаш да се обединиш со другите. Тогаш давајте го ваму вашето расипано единство за Создателот да го поправи. Но, ти наместо тоа се наметнуваш себеси. Но, Тој не те гледа зошто тоа не е местото на разбивањето, таму нема што да се поправа. Сакаш да го наполниш стомакот – сакај, но Создателот нема да ти го наполни.

Додека ако му ја покажеш разбиената врска со другите – Тој сигурно ќе ја поправи.

Од утринскта лекција по статија на Рабаш од 13/02/2011

 

Во очекување на Светлината на поправката

13.02.2011 -
Секогаш ни е многу тешко при изучувањето на сé што е поврзано со парцуфот Адам Ришон ("првиот човек") кој е составен од два дела Адам и Хава, машки и женски (захар и нуква).
Тоа можат да бидат наједноставни работи, но бидејќи сме со него различно уредени: тој има духовна градба а ние – материјална, тогаш кај нас 1+1=2, а кај него 1+1=3... (Како што е речено, "Маж и жена – Создател, Шхина меѓу нив"). Но, ние не можеме тоа да го сфатиме. Не ни требаат сите тие бескрајни детали кои се опишани во "Учењето на Десет Сефирот" – ние ги изучуваме за да ја привлечеме кон себе Светлината која враќа кон Изворот.

Внатре во целиот материјал кој го сфаќаме е присутна нашата намера – очекување на Светлината! Само за тоа станува збор. Но, треба да помниме дека станува збор за мене, за мојата структура на душата, за различните состојби кои таа ги поминува. Сé уште јас не ги чувствувам но, сите тие се дадени со една цел – за да ги откријам, секоја состојба – од почеток до крај. Нема да избегнам ниту една состојба опишана во книгата. Секој од нас ги поминува истите состојби на овој пат.

Затоа е должност на ученикот да се залепи за вишиот, за учителот. Зошто вишиот веќе ги поминал овие состојби и покрај него ти ќе ги поминеш по него. Ние ја привлекуваме кон себе Светлината токму со тоа што го изучуваме напишаното за својата душа.

Од утринската лекција според “Учење на десетте сефирот“ од 13/02/2011

 

Азбучни вистини

11.02.2011 -

Прашање: Илјадници години кабалистичката метода ја равивале посебни луѓе – кабалистите. Сега ние ја распространуваме во народот. Дали притоа ја губиме длабочината на оваа наука?

Одговор: Секако дека ја губиме. Ако е и така, сепак треба да се распространува. Преку нас таа се предава на другите. На пример твоите родители, со целосна почит кон нив, биле обични луѓе, а не свети праведници. Тие те родиле и те воспитале на своето ниво. Истото го правиме и ние. Се разбира дека распространувајќи ја кабалата меѓу народот ние ја "расипуваме". Тоа се нарекува снижување на скалилата кои слегуваат од светот на Бесконечноста. Но сепак не може поинаку.

Зар детето може веднаш да добие готова наука? Не, треба да му се даде адаптирана верзија, добро обработена согласно со неговото ниво. Што и да му објаснувам, што и да му покажувам, со што и да го хранам – сé мора да одговара на неговата сегашна состојба.

Пример за тоа е текстот "Зохар за народот". Ние земавме коментар на Баал ХаСулам кон Книгата Зохар и го очистивме од додатните материјали кои не се однесуваа на главната книга. Во суштина и тие се неопходни. Баал ХаСулам не направил ништо излишно. Но во дадената фаза тоа ни пречи нам, а уште повеќе на широките маси, да прејдеме на Зохар.

Отворајќи ја својата прва книга во животот ги видов зборовите испишани со големи букви: "МАМА, ДОМ, СОНЦЕ". Така и ние треба да им даваме на луѓето материјали кои им одговараат. Потоа, откога ќе научат тие ќе се искачат на високоте скалила. Духовната скала несомнено го "расипува" Вишиот свет кој многу губи на својот пат кон нижите. Таква е нејзината природа – зошто поинаку нижите не би можеле да апсорбираат ниту капка од Светлината.

Од утринската лекција по статија на Рабаш од 11.02.2011

 

Ако групата се дели на фракции

11.02.2011 -
Прашање: Сум направил избор и се вклучив во групата, но во неа понекогаш се случуваат тензии. Како да се ослободиме од нив?

Одговор: Пред сé ние треба да сфатиме дека во групата постојат проблеми. Да не ги прикриваме. На пример групата се состои од 30-40 луѓе и секој од нив влече на своја страна, или тие веќе создаваат фракции. Тука треба да се разбере: ние се наоѓаме под Вишо управување кое ни ги прави тие фракции и спорови. Зошто? За да се издигнеме над нашите проблеми кон Единствениот кој ни ги предизвикал во животот. Тој ги создава сите проблеми меѓу нас и потврдува :" Јас го создадов почетното зло". Но за што? За да ја побараш Тора како додаток, т.е. да ја посакаш скриената во неа Светлина, која води кон Изворот. Барајќи Светлина ти ќе се издигнеш над проблемите до единствениот Извор од кој произлегува и злото и доброто.

Прашање: Тоа е така, но после тоа проблемите се зголемуваат .

Одговор: Треба да ја постигнеш потребната моќ на желбата и Светлината која поправа за да се искачиш на првото духовно скалило. Затоа проблемите се зголемуваат и уште повеќе ќе се зголемуваат. Потпри се на Создателот, Тој се разбира во тоа. Токму затоа Тој зборува за создавањето на почетното зло – за да сфатиш: сé потекнува од еден Извор. Треба едноставно да се прифати тоа како основа за работа. Ние немаме ништо повеќе. Важно е да се придржуваме на тоа.

Нека некои пријатели станат противници, а другите ниту за, ниту против, нека во групата е хаос – но јас сето тоа го примам "во пакет" од Создателот. Тој тоа го направил, а јас сум обврзан заедно со пријателите или наспроти нив, во сите можни состојби постојано да се движам кон единството. Токму тоа значи да се биде " како еден човек со едно срце". Инаку, врз основа на што, над што ќе се обединиме.

Во основата на нашето обединување не се "послушни деца" туку насилници и тепачи. Ние се караме и мразиме – и над тоа се спојуваме во една целина. Токму над тоа се појавува љубов кон ближниот како кон себе. Тогаш ја добиваш Тора. Дали се согласуваш или не, тој принцип нема да се промени. Во групата мораме да одлучиме дека нема излез, дека сега ние со него се согласуваме на вештачки начин. Престануваме да се караме и почнуваме навидум да се сакаме еден со друг. Учиме во надеж дека Светлината која враќа кон Изворот ќе влијае врз нас и ќе воспостави врска меѓу нас.

На часот секој си мисли: "Нека помогне барем малку!" Зошто инаку ние ќе се изедеме еден со друг не можејќи да ја завршиме вежбата која ни ја дал Создателот. Токму Тој не "вовлекол" во ова како да нè сместил во комјутерска игра, во полигон ограничен со рамките на екранот. И ете сме внатре. Што да се прави сега?

Токму тука треба да воспоставиме нови односи кои сакаме да ги постигнеме. Што ни недостасува во оваа област на играта каде што сите ние меѓусебно се мразиме, расфрлани како точки на екранот? Што треба да правиме? Треба да ја откриеме Светлината која враќа кон Изворот.

Ајде да учиме и да бараме тоа да се случи. Со зборови - тоа е лесно, но во реалноста ... Проблемот е во тоа што мора да се открие целата моќ на скалилото а тоа бара време. Бидејќи првото скалило е особено високо, на него не е едноставно да се скокне. Во споредба со него другите скалила се веќе полесни.

Од лекцијата по статија на рабаш - 11.02.2011

 
Повеќе Артикли...

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica