Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од личниот блог на М.Лајтман - laitman.com

Банкарска игра за еден милион долари

15.05.2011 -

Прашање: Денес човештвото е пред глобална опасност за своето постоење. Дали ова ќе ги мотивира силните да се променат?

Одговор: Не. Егоизмот решително ќе стои на своето. Освен тоа, претстави си што ќе се случи кога ќе се разјасни дека нивните пари ја изгубиле својата вредност. Порано парите биле од метал, а денес се хартиени и во нив нема ни злато ни сребро. Еден прекрасен ден ти ќе отидеш во банка и ќе ти речат:

- Убава хартија, но со неа не можеш да направиш ништо. Ние ги немаме десетте милијадри долари кои се нацртани на неа. Ако сакате почекајте, има нешто ситно и ќе добиеш, да речеме, десет грама сребро или дури злато. Затоа што хартиите од вредност ќе ги разнесе ветерот, нема да вредат ништо.

Каде се богатите и силните? Каде се сокрија? Кризата ќе доведе до тоа огромните капитали и долгови да се претворат во ништо, бидејќи немаат вистинска основа. Ние одамна повеќе тргуваме со пари за пари, отколку со стока за пари. Банките и нивните клиенти си менуваат хартии, си играат „професионални игри" кои со ништо не се поврзани со реалноста. Како страсните играчи на „Монопол" кои се гордеат со заштедените „активи", како тие да се нешто вистинско.

Сепак, не мислам дека ова ќе доведе до голема експлозија. Станува збор само за една гранка од кризата. Таков колапс не можеме да си дозволиме и затоа ќе го одолговлекуваме до последен. Затоа што жителите во градови, кои се во поголем процент во светот, останувајќи без пари нема да можат да се прехранат, тие немаат градини и стока. Затоа таков развој на настаните не можеме да си претставиме.

Според статијата “Мир во светот“ - 15.05.2011

 

На што мислиш додека учиш?

08.05.2011 -
Прашање: Ние ги гледаме зборовите напишани од кабалистите кои укажуваат на духовниот корен, н на кој начин во нашите земски сетила можеме да ги поврземе овие вообичаени зборови за нас со Вишата реалност?

Одговор: Според твојата желба за достигнување на духовното и според твојата намера, ти се наоѓаш во некаква согласност со Светлината. И според оваа согласност, таа почнува оддалеку да влијае врз тебе, на оваа твоја желба и намера. Тоа се нарекува „Светлина која те опкружува", која се враќа кон изворот.

Таа свети од далеку затоа што не може да контактира со твоите желби и намери кои сè уште не се чисти како Светлината. Како и да е, меѓу нив постои некаква врска затоа што ти од твојата ниска состојба се стремиш нагоре.

Но, намерата се појавува дури и ако некако си поврзан со опкружувањето и од него ја добиваш таа желба и намера за соединување меѓу себе. Само во степенот на заемното вклучување на овие намери, кон што се стремиме за време на читањето на кабалистичките текстови, ќе се удостоиш со зрак од Светлината која ќе повлијае врз тебе.

Ако ги обединиш своите желби и намери со другите кои се стремат кон истото соединување за време на учењето, ти ќе ја привлечеш Светлината која те опкружува. А сега помисли дали често мислиш на ова за време на учењето и дали посакуваш вакво соединување?

Инаку, ќе поминат години, а резултати нема да има...

Од лекцијата “ Десет Сефирот“ од 08.05.2011

 

 

Последната капка со Светлина

08.05.2011 -
Прашање: Вие велите дека Зохар е систем на врски меѓу нас. Како е означена оваа врска во Зохар, со форми на буквите или со смисла на зборови?

Одговор: Не можете да најдете симболи на оваа врска во буквите или зборовите, дури и без букви и зборови. Треба да го гледаме Зохар како направа за поврзување и ништо повеќе од тоа.

Јас не знам како работи. Јас знам дека ако моите желби се исправни и го читам Зохар со надеж дека тие желби ќе се остварат, тоа и ќе се случи. Имам некаков механизам кој го поправам, го вклучувам во струја, но недостига уште една капка, уште малку од моите мисли и желби ова да се случи, во овој механизам да почне да тече струја и тој да проработи. Треба да го почекам тоа и ништо повеќе.

Тоа се нарекува „да се чека спасение". Но ние сме обврзани, ако е тоа можно, да ги подготвиме нашите желби и потреби да бидат колку што е можно посоодветни за поправање. Желбата чие што време изминало и треба да искористи друга желба или пак истата, само на повисоко ниво, не е соодветна за поправање.

Сè треба да биде колку што е можно поточно и тогаш ќе дојде Светлината за поправање и ќе изврши слевање на нас со Создателот. Тоа е нашата работа.

Од лекцијата според книгата “Зохар“ од 08.05.2011

 

Меѓу два огна

08.05.2011 -
Баал ХаСулам, весник "Народ":

"Единствена надеж: на основен начин да се разработи за себе ново народно воспитување, одново да се открие и да се разгори природната народна љубов, која е изгасена однатре, одново да се оживеат тие народни мускули кои не функционираат веќе две илјади години, искористувајќи за ова секакви соодветни средства".

Прашање: Што е тоа „народна љубов"?

Одговор: Братска љубов. Во секој народ е поставена своја љубов, бидејќи народите произлегуваат од седумдесетте корени на Зеир Анпин. Во тие корени има место за секој народ и затоа луѓето чувствуваат припадност кон заеднички корен.

Без разлика на егоизмот и индивидуализмот кој силно се пројавува во секого, во секој човек има чувство за припадност кон определен народ. Ова чувство е присутно кај сите народи освен кај еврејскиот. Затоа што Израел – тоа не е народ, тој нема корен од седумдесетте корени. Од сите народи кои го населувале Древниот Вавилон, Израел бил составен од луѓе со точки во срцето.

Тие се одделиле од другите и се обединиле меѓу себе благодарение на таа искра. Кога гори искрата внатре и ги обединува, тие живеат на духовното ниво, поврзани со своите точки во едунствена душа. Кога пак, оваа душа се руши, нивниот сад исчезнува и тие паѓаат во обични желби – желби на народите. И тогаш Израел не е народ, затоа што нив ништо не ги обединува, освен омразата на другите. Само надворешниот притисок ги одржува заедно.

Ако притисокот попушти, тие истиот момент се расејуваат колку што можат подалеку еден од друг. Нив им е добро и удобно само кога нивната врска слабее. Тоа го гледаме по Евреите кои живеат меѓу други народи. Кога Израел пак ќе стане народ? Само тогаш кога ќе се обединат околу посланието кое Авраам им го оставил во нивната основа: „Сакај го ближниот како самиот себе".

Притоа, ова е потребно да се направи не за себе, туку за светот. Затоа што се наоѓаме на етапата на последното избавување, на последното поправање кое треба да го опфати целиот свет.

Баал хаСулам за тоа пишува во статиите „Дарување на Тората" и „Гаранција": Израел мора да бидат сплотени, за со нивно посредство Создателот да ги исправи сите. Посакувајќи да се поправат себеси, Израел го качуваат МАН, молба за целиот свет – и тогаш ја добиваат Вишата Светлина која се враќа кон Изворот.

Оваа Светлина поминува преку „шаблон" наречен Израел и добива правилна форма на единство. Целата Светлина сама по себе е апстрактна, без форма, а овде таа добива форма која се нарекува „Машиах" и тогаш ја поправа целата огромна желба на народите во светот. Ако дејствуваме на тој начин, тогаш ние сме Израел. А ако не, тогаш добиваме несреќи и удари, како од Вишата Светлина, така и од народите од светот. Затоа што ние сме на средина меѓу нив.

Или ќе ја исполниме задачата од координаторот или ќе бидеме полошо од сите и ќе страдаме од сите: од Создателот директно, а индиректно од другите.
Светлината мора да си најде сад, а додека не најде, нема да се смири.

Од лекцијата според весникот “Народ“ од 08.05,2011

 

Стравот кој не дава да се застане

05.05.2011 - Само оној кој може да се издигне повисоко од својата егоистичка желба, го достигнува чувството на страв. Тој гледа дека не може да се издигне, но секако дека мора, бидејќи над неговата желба за наслада се наоѓа духовниот простор, областа на Создателот, совршенството. Тогаш го фаќа страв, дали ќе добие помош за да се издигне над себе?

Тој страв може да биде егоистичен; кога се плашам дали ќе добијам духовно исполнување или не. Но, може да биде и корисен страв, да помислам на себе (што се нарекува „ло лишма"), но во крајна мерка, во насока на духовната цел, кон својството на давање („лишма"), сфаќајќи го како сопствена добивка.

Потоа доаѓаме до „совршениот страв", сфаќајќи дека и резултатите од промената во својство на давање треба да доведат до заедничка корист, а преку користа на заедницата и корист на Создателот. Сето тоа со човекот го прави Вишата Светлина и затоа целиот овој процес се нарекува „Тора".

Секогаш „ќе сретнеме по патот" грд човек кој живее во нас, кој не сака ништо освен лична корист. Тој секогаш се труди да измени сè за да се издигне над другите, да ја зголеми својата власт и гордост. И ако не успеам да се спротивставам на овој изрод, да се плашам од ова свое својство, но не уништувајќи го, осознавајќи го и заблагодарувајќи му за тоа што ми го откри моето зло, тогаш во мене ќе се развие страв кој ќе ми помогне да добијам желба, сад (кли) да откривање на Создателот.

Постепено сите сфаќања ќе добијат правилни определби и јас ќе почнам да осознавам дека духовното се наоѓа повисоко од мојата егоистичка желба. Ќе сфатам дека ќе Го откријам Создателот, совршенството, давањето, љубовта кон ближниот, духовниот свет, само ако се издигнам над своето „Јас".

Затоа сè е засновано само на силата на стравот и трепетот, било да се наоѓам во својот егоизам, но, не го забележувам тоа или всушност веќе сум се издигнал над него. При издигањето над својата желба има многу скалила кои постепено ќе ги објаснуваме. На секое скалило ми се чини дека сум се издигнал над својот егоизам, се радувам и Му благодарам на Создателот за тоа што Тој го направил со мене!

Потоа здогледувам – не, и тоа бил мојот егоизам, само што тој се криел од мене. И над него треба да се издигнам.

На почетокот на следното скалило јас пак се радувам дека најпосле сум успеал да се издигнам над своето его и сега сум настроен за давање. Но, и таму помалку откривам дека и тука не е крајот и дека во мене останале егоистички делови. И одново ја замразувам својата состојба и барам големо издигнување – и така до самиот крај на поправката (Гмар тикун)...

Бидејќи кажано е: "Она што за високото е заминување, тоа е храна за ниското". Така се издигаме по скалилата, секогаш благодарение на Светлината која се враќа кон Изворот. Таа Светлина се нарекува Тора, таа го открива стравот (ира) во човекот, каде тој може да го види (ире) Создателот, својството за давање, кое владее со сите и амбиентот на целата желба за наслада на битието.

Од лекцијата според статија од книгата “Шамати“ од 05.05.2011

 

Под крутата корка на егоизмот

05.05.2011 - Прашање: Создателот посакува да постигнеме независност. Ако не ја достигнеме по пат на Светлината, ќе дојдеме до неа по пат на страдања, по голем број поделби. Што ќе претставува тој независен човек после толку многу поделби?

Одговор: Од поделбите телото само се засилува, бидејќи се дели егото, а желбата останува. Нашата желба е обрасната со кора, како што е плодот на кокосот, во кој внатре има млеко, па бела месеста маса, а одозгора кафеава лушпа.

Така и нашата желба се наоѓа внатре, под кората на егоизмот. Треба да ја скршиш таа кора, да ја свртиш желбата за примање во желба за давање, да ја насочиш во каналот за давање на другите. Тогаш работиш со неа не заради добивање „во себе", туку заради давање „од себе". Затоа се крши кората, а не самата желба. Самата желба напротив, цело време расте.

Ти бараш како да ја искористиш егоистички, додека не се скршиш на неа. А тогаш, почнувајќи да работиш со Светлината, која ти покажува дека ништо нема да успееш да постигнеш со своето его, туку само со она што е поврзано со духовно придвижување, тогаш ќе почнеш да го менуваш искористувањето на желбата. Ти ќе посакаш Светлината да владее со неа.

Онолку колку што Светлината ќе работи на неа, ќе и ја дава својата форма, формата на Светлината, толку ќе бидеш спремен да ја искористиш таа желба. А ако Светлината не и даде никаква форма на желбата, ти ќе ја намалиш, откажувајќи се да ја користиш на тој начин – без помош на Светлината.

Од лекцијата според книгата “Зохар“ од 05.05.2011

 

Времето, како функција на перцепцијата

05.05.2011 - Прашање: На едно од предавањата Вие рековте дека треба да се промени сфаќањето на времето: да не се чека следниот момент, туку да се вовлече во тековниот. Што значи тоа?

Одговор: „Време" – тоа е количина на дејствија, состојби кои ни остануваат до крајот на поправката. Со правилна подготовка, можеме да ги поминеме со максимална брзина. Во спротивно, на секој премин ќе ни треба негативна сила за да нè поттурнува и тогаш ќе се развиваме многу споро. Се разбира, станува збор за нашите чувства. Всушност нема време.

Го знаеме тоа по себе: некогаш ни се чини дека времето лета како стрела. Ми текнува дека како мал и ветив на мајка ми дека ќе се вратам за еден час. Ми се чинеше дека еден час е многу, а јас се вратив дури после неколку часа. Но, се случува и за неколку минути да преживееш цели часови, горејќи од срам или тагувајќи. Времето зависи од нашите чувства.

Важно е како ќе ја исполниме низата на своите состојби, 125-те скалила кои се меѓу нас и правилната состојба. Ако интервалите помеѓу премините ги исполнуваш со стремеж кон добрина, патот за тебе ќе биде како авантура. За време на шетањето ќе се насладуваш со секој чекор. Ако пак одиш некаде по работа, се насладуваш само со пристигнувањето на местото. Во тоа е целата разлика.

Ти го правиш истото, но односот ти ја менува целата слика. Сега може да се почувствуваш во полна благосостојба: „Веќе ми е добро, а на крајната одредница ќе има и додаток. Одлично!"

Сè зависи од опкружувањето. Тоа определува како ќе се чувствуваме одејќи по духовниот пат. Ако сум поврзан со сите, ако немам сомнежи дека се движиме кон добрина, јас веќе сум исполнет и за мене нема време.

Од лекцијата според  “ Современата физика и науката кабала“ од 05.05.2011

 

Не викајте “Не“ на прагот на...

01.05.2011 -

Прашање: Добивајќи удар од Создателот, човек може да не разбере дека тоа е за негово добро. Но ние живееме со своите чувства и треба да преминеме од разумното сфаќање кон подлабокото чувство дека тоа навистина е за наше добро. Како се случува тој премин?

Одговор: Откриваш дека Создателот не ти праќа удари и дека тоа воопшто не е удар, туку Создателот едноставно те буди, бидејќи те сака и сака да те однесе во најдобрата состојба.

Ти откриваш дека Создателот го направил тоа со намера за да те издигне над егоизмот, во кој живееш и дека Тој нема друг избор. Тоа е како, да речеме дека лежиш во бессознание и треба да се освестиш. Се разбира, кога ќе си дојдеш при себе и ќе се вратиш во живот, ќе се чувствуваш лошо, ќе те болат раните бидејќи си изгубил свест во критична состојба. Почнуваат да те враќаат во живот.

Лекарите се радуваат: „Болниот се освести!" Но, во принцип, за што е радоста?.. Сега тој вика, се мачи, страда... Зарем немаше да му биде подобро во бессознание? – Не!

Сега ти сфаќаш каде те боли и зошто. Сега треба да создадеш во себе правилен однос кон тие страдања: „Ме боли таму кај што немам правилна врска со Создателот. Тој ме буди посакувајќи да се засакаме на првото ниво на зближување – моето прво духовно ниво.

Од ова ниво Тој го емитува врз мене Својот однос, свети со Својата Светлина. Но, јас го чувствувам ова прво духовно ниво во секакви можни појави; како лоша состојба бидејќи моето его не може да ја истрпи состојбата на давање, љубов кон ближниот, поврзаност надвор од мене. Јас чувствувам темница, зло, болка. Јас не го сакам ова!"

Точно! Јас осознавам дека не го сакам тоа, дека ми е лошо. Кој ми ја дава оваа состојба? Создателот. Зошто? Ми покажува дека ако сега се обидам да се кренам над своите чувства, ќе го променам својот однос кон посакување на Создателот, кое Тој ми го демонстрира и тогаш сврзуваме со Него. Тоа и треба да се случи!

Но, ти како да се откажуваш: „Не, мене ми е лошо! Тргни го тоа од мене! Не ми требаат ни страдања ни награди! Ништо не сакам!" Ако не сакаш, не мораш, тоа е тоа...

Што Му останува на Создателот? Во секој случај Тој има планови за тебе. Тој знае дека си глупав и затоа доаѓа „во обиколка": Ти дава секакви страдања и животни проблеми, надвор од секоја поврзаност со Него, а ти не сфаќаш и не чувствуваш дека Тој те буди. Те влече и те штипи од сите страни, ти прави несреќи и проблеми.

Така те преморува, а потоа ти дава пробудување, за да си спомнеш за Него: „А... Има Создател... Можеби има причина за сите мои несреќи... Можеби сето ова е за мое добро..." – веќе се однесуваш поинаку. Страдањата те омекнуваат и ти можеш да трпиш уште повеќе. Тогаш Тој ти ги дава истите услови на првото ниво за соединување со Него и ти се однесуваш поинаку. Точно е дека тоа не е многу удобно, не е така добро. Тоа е непријатно, но можно е да се истрпи.

Почнуваш да сфаќаш дека поврзувањето со Создателот е повисоко од пријатните чувства во твоето его и дека треба да се издигнеш над своите животни чувства. Ти веќе имаш можност за истрајност, готовност за страдање. Тогаш почнуваш да работиш со помош на група.

Веќе не викаш „Не!" уште на прагот. Знаеш дека имаш група, опкружување, гледаш дека Создателот сепак не те оставил, дека си поврзан со Него. Почнуваш да го користиш целото свое опкружување кое Тој го направил во твојот живот како средство за да се издигнеш над своето чувство и да почнеш да создаваш односи со помош на разумот, на основа на анализа „вистина и лага", наместо „горчливо и слатко".

Ова веќе е човечко објаснување наместо животинско: „Како да го изградам својот однос кон духовното ниво за да се кренам над лошото чувство и да не го восприемам како лошо? Ништо нема да направам, тоа ми е потребно за да бидам поврзан со Создателот."

Од лекцијата според писма на Баал ХаСулам од 01.05.2011

 

Што ќе стане со јаболкото?

01.05.2011 -

Прашање: Како пример за развој го даваме созревањето на јаболкото, кое поминува низ „горчливи" фази, пред да се претвори во прекрасен плод. Но, потоа јаболкото паѓа, гние и се претвора во семе. Излегува дека зборуваме само за преодни етапи?

Одговор: Не. Созревајќи, јаболкото преоѓа кон развој на следното поколение, следната етапа. Всушност, затоа тоа гние, умира и ги дава своите потомци, своите семки потребни за следните состојби. Сево ова е за да служи на повисокото ниво – животинското или човечкото.

Така и нашите тела се менуваат од поколение во поколение, живеат и умираат за да постепено во овој живот извлечеме од себе некаква димензија, некакво чувство, наше духовно раѓање на повисоко ниво на Човекот.

Без оглед на тоа што ние, слично на јаболкото, поминуваме циклуси од животот и смртта, за од тој живот да останат резултати за следно ниво, каде што ги собираме всушност човечки семиња: чувства, заемни односи, додека малку, над телата не дојдеме до потребата за соединување. Со тоа градиме уште еден природен систем, кој порано не постоел: единството кое не ги поврзува телата, туку сознанијата на луѓето.

Тоа и е вистинското човечко заедништво, а не нашите денешни односи кои се полоши отколку кај животните. Ќе се соединиме еден со друг во вистинско човечко заедништво, ќе го изградиме над себе како резултат на циклусите низ кои поминуваме.

Кога ќе ја оформиме таа структура, таа ќе стане човечкото ниво. Целата природа на неживото, растителното и животинското ниво и меѓу тие нивоа е споена во еден механизам од кој излегува само човекот. Додека не изградиме меѓу себе прекрасен, систем со цел, ќе бидеме пречка во природата.

Но, кога ќе се роди единството меѓу нас, ќе бидеме во хармонија со сите природни нивоа, а и со самите себе. Тогаш ќе почувствуваме колку е совршена и прекрасна целата природа. Мораме да дојдеме до тоа, тоа е крајот на нашиот развој.

Од поколение на поколение поминуваме низ фазите на разложување, како јаболкото, и го даваме својот живот заради следните поколенија. Сево ова се случува за во секој циклус да се исполни желбата која некогаш ќе стане единствена. Секој со своите несреќи и достигнувања, мисли и чувства, дава прилог за човечкото ниво кое ќе се изгради на крај. Тоа ниво се наоѓа во нашите сознанија, бидејќи човекот се разликува од животното со разумот, сфаќањата, достигнувањата и мудроста.

Од лекцијата според статијата “Мир во светот“ од 01.05.2011

 

Твојата почетна точка

28.04.2011 -

Прашање: Што значи да се замоли Создателот и како да Го молиме? Едноставно да се каже внатре во себе: поправи ги моите својства?

Одговор: Кога човек почнува, тој се обраќа кон Создателот како кон некоја личност, странична власт, надворешна сила, која се наоѓа надвор од него, како да се моли на „идол" или некаков измислен лик. Ништо нема да направиш, ако во почетокот си Го претставуваш Создателот.

Но потоа почнуваме да откриваме дека таа Сила се наоѓа внатре во нас, во согласност со заповедта: „да немаш други богови", односно кои се наоѓаат надвор од тебе. Се задлабочуваме сè повнатре и повнатре и откриваме дека најдлабоко во нас се наоѓа Создателот.

Исто како мајката која те родила, а потоа ја чувствуваш како најдлабока сила која те создала тебе, точката на твојот почеток, твојот извор. Така човек Го чувствува Создателот. Создателот почнува да се чувствува во тебе како најдлабокиот извор на сила, чувство, ум.

Од лекцијата според статија на Рабаш од 28.04.2011

 

Што е тоа духовна потреба?

28.04.2011 -
Прашање: Што е тоа духовна потреба?

Одговор: Духовната потреба е чувство во мене, стремежот што ми недостига, кон ближниот, кон Создателот. Чувство за тоа колку сè уште не сум соединет со тој внатрешен систем, кој јас си го претставувам како заедничка желба, соединето срце, како „еден човек со едно срце".

Ме мачи тоа што сум уште далеку од таа состојба и од откривањето внатре во тоа заедничко срце – Создателот. Всушност, за тоа треба да бидат сите мои стремежи. Јас треба цело време да се обидувам да се проверувам колку се стремам кон тоа и да посакувам побрзо да го достигнам.

Се разбира дека за тоа треба да ми помогне опкружувањето. Во него треба да владее атмосфера на заедничко духовно барање, кога сите ние едноставно се убиваме за таа цел. И тоа нема никаква врска со тоа што се случува со нас во обичниот живот во нашиот свет. Тоа е многу длабок внатрешен стремеж и внатрешна проверка на човекот и групата.

Од лекцијата според статијата на Рабаш од 28.04.2011

 

Така се откриваат страдањата од љубовта

28.04.2011 -

Прашање: Како да не се падне на патот кон целта на творбата и никогаш да не се заборави нејзината важност?

Одговор: За тоа е потребно човекот цело време да се засилува, да се зголемува важноста на целта, да се бара што уште е можно да се додаде во кој било мал детал, кон својот стремеж за давање. И тогаш тој веќе нема да паѓа. Тоа е можно само при услови на добро, силно опкружување. Тогаш имаш на што да се потпреш, со чија помош да се засили својот стремеж!

Опкружувањето ќе те држи, затоа што ти никогаш не можеш да бидеш сигурен дека ќе се одржиш на тој пат, дека нема да престанеш да ја осознаваш важноста на духовното, дека нема да го изгубиш сознанието во следниот момент.

Сè може да се случи на духовниот пат и тука може да ни помогне само опкружувањето, како што во нашиот свет луѓето му помагаат на човекот кој паднал во бессознание и го освестуваат. Тој сам не може да си помогне и му останува само да се надева само на луѓето околу него.
Исто така е и во духовното – сè зависи од опкружувањето. Но човекот е обврзан цело време да ги изострува, да ги прецизира своите насоки на духовниот пат, за да ги нарекува паѓања само оние состојби кога тој го губи чувството за важност на давањето и љубовта кон другите (вклучувајќи го и Создателот).

Сите останати состојби тој воопшто не треба да ги носи на духовниот пат, туку само во материјалниот живот кој исто така му носи разни впечатоци и промени, повеќе или помалку пријатни. Но својот живот мора јасно да го подели на две половини: една што се однесува на материјалното или друга што се однесува на духовното. И цело време да се грижи за духовното, односно сè што се нарекува духовно: давање повеќе од самиот себе, од својот интерес, стремеж кон ближниот, надвор од „својот круг". Тоа треба да ти е најважно.

Но, ако се исклучиш од овие сфаќања или некако изгубиле важност за тебе и ти се надвор од твојот поглед, ти излегле од срцето, тогаш тоа ќе го наречеш паѓање и ќе се грижиш да се зајакнеш за да не се повтори ова, во крајна линија, не во такви состојби. Се разбира дека ова ќе се случи пак и на повисоко ниво, но секојпат ти ќе се креваш уште повисоко.

Најважно е уште од порано да почнеш да бараш како да ја зголемиш својата чувствителност, важноста да се биде во духовен стремеж за достигнување на својството давање. Тогаш ќе страдаш, секој пат откривајќи дека треба уште да додаваш во тој твој стремеж. И тоа ќе бидат страдања од љубов, затоа што во нив ќе откриваш нови празнини каде што може да се додаде својот стремеж кон Создателот. Овде ќе сфатиш дека во тие страдања од љубов, Создателот оди до тебе и те просветлува со Светлина секој пат на ново место, откривајќи нови празнини, за да Му се доближиш и да ја засилиш својата врска со Него.

Затоа така и се нарекуваат – страдања од љубов, бидејќи се чини како Создателот да се оддалечува од човекот. Како мајката која го учи своето бебе да оди, отстапува од него на неколку чекори, а потоа ги пружа рацете и го вика, за тоа да направи уште еден и уште еден чекор до неа (тоа е пример Баал Шем Това). Така ни се откриваат страдањата од љубов...

Од лекцијата според статија од Рабаш од 28.04.2011

 

Имагинарен свет, без кој нема да издржите

28.04.2011 -
Прашање: Зошто ни е потребен целиот овој материјален свет, ако на крај јас треба да дојдам до внатрешната точка, која не е поврзана со целата реалност која мене ми е позната?

Одговор: Ти живееш во копија од духовниот свет за да добиеш можност да влезеш во духовната страна. Освен тоа, реалноста на нашиот свет прецизно и оптимално те подготвува за влез во духовниот свет. Овде ти учиш, исполнуваш секакви работи и се подготвуваш за духовната етапа. Духовната етапа се потпира на нашата реалност и не е одвоена од неа целосно. Ќе го видиме тоа со свои очи.

Невозможно е да се оцени целата важност на нашиот свет ако не се погледне на страна од него. Не е за џабе нашето постоење овде. Многу детали од воспримањето, добиени од овој свет, ќе ни требаат и во духовниот. Секако дека таму имаат друга форма, но со тоа не ни се помалку потребни.

Прашање: Може ли да се каже дека материјалното постоење треба да го поминам потсвесно, како бебе кое не е свесно за случувањата околу него?

Одговор: Не. Со помош на ова постоење ти имаш контакт со други души, се соединуваш со нив и ги исправаш, одржувајќи ја врската со останатите делови од реалноста. Овој свет е многу важен. Тој дозволува да се произведат многу исправувања и затоа тие не треба да се избегнуваат. Оваа надворешна обвивка не исчезнува до самиот крај на поправката.

Дури кога сите ќе се исправат и обединат, ќе се случи посебно дејство, по што материјалниот свет ќе исчезне од нашите чувства. Сè до тогаш ќе го викаме имагинарен. Ќе се покаже дека тој не постоел. Ќе се покаже дека сè се случувало во нашата фантазија и дека ние требало да живееме во оваа привидна слика за малку по малку да го изградиме духовниот свет на нејзино место. Секое духовно дејствие се оттурнува од овој свет.

Дури пред конечното искачување паѓаш на самото дно и стануваш „Шимон од пазарот", кој ја познава само својата тезга, фудбалот навечер и ништо повеќе. Всушност, оттаму се качуваш на последното ниво. Претстави си колку е важна таа длабока и тесна клисура, ако само преку неа можеш да се искачиш на врвот.

Од лекцијата според  статијата “Креативен Ум“ од 28.04.2011

 

Далечинско управување со сите души

27.04.2011 -

Прашање: Уште од кога почнавме да ја изучуваме статијата „Не постои никој освен Него", јас сум збунет што се однесува до намерата. Значи ако Вишата Светлина дејствува постојано, стопроцентно на сите, тогаш што е тоа „Светлина која се враќа кон изворот"? Каде да ја побарам? Од кого да ја барам за другите? Што прави овде, ако се се наоѓа во мене?

Одговор: Да речеме дека имам далечиски управувач. Притискам на копче и некаков механизам почнува да работи. Во денешно време има многу такви направи. Но, ако му го покажеш на човек тоа од пред сто години, тој би помислил дека ти си ангел кој прави чуда: притискаш на копче и наеднаш стаклото се претвора во слика..., односно со управувачот можам да пуштам да работат различни системи.

Да речеме, јас притискам на копче, а ти гледаш во стаклото (екранот) и кај тебе почнуваат да се јавуваат разни впечатоци: плачеш или се смееш, чувствуваш загриженост или радост. Излегува дека со едноставно притискање на копче јас предизвикувам кај тебе толку силна реакција. Јас имам влијание врз пријателот.

Кабалистите велат дека читајќи ја Книгата Зохар е исто како да држиш далечински управувач за сите души и тие зависат од тебе. Се мисли, ги будиш! Тоа се нарекува „притискање копче". Ако мислиш на тоа, ти „притискаш копче" и правиш такво дејство од кое тие почнуваат да се будат.

Сè зависи од тоа колку посакуваш тоа да се случи и уште колку луѓе како тебе се стремат да ги разбудат другите. Значи напорите треба да бидат и квалитетни и бројни. На тој начин се будиме еден со друг. И никој не може да се разбуди себеси сам.

Секој може да го достигне тоа духовно заедништво кое се нарекува „група" за да ги разбуди другите. На друг начин тој не може да се поврзе со групата. Значи групата е како Малхут на светот Ацилут.

Од лекцијата според книгата “Зохар“ од 27.04.2011

 

Каде е твоето место во толпата,бегајќи од Египет?

24.04.2011 -

Прашање: Ако религиозен човек ги чита Светите книги, кои биле напишани од кабалистите, дали ја привлекува кон себе Светлината која го опкружува?

Одговор: Светлината доаѓа само за поправање на егоистичката желба, како што е кажано: „Јас создадов лош почеток и Тора за негово поправање". Јас не сакам да судам кој и со каква цел ги отвара Светите книги.

Но ако човек во себе чувствува „лош почеток" и сака да го поправи, и всушност со таа цел ја отвара книгата која е наменета за привлекување на Светлината за поправање, односно Тора – значи тој ја привлекува Светлината која го опкружува. Тогаш тоа се нарекува „учење на Тора", а таквиот човек се нарекува „Израел" („јашар-ел" – кој се стреми „директно кон Создателот").

Ако сака да учи единствено за знаење и не се стреми да постигне поправање и љубов кон ближниот, како кон самиот себе, тогаш тоа не се нарекува учевање на Тора, туку изучување на одредени премудрости.

Два човека отвараат една иста книга, ги читаат истите зборови, но едниот ја учи Тора, а другиот добива „суво" знаење. Секој според својата желба. Цел свет ги чита овие книги, но како ги восприма, што прави со нив? Сè зависи од човекот.

И внатре во самиот човек се менува ту еден однос, ту друг. Дури и оној кој ја изучува кабалата некое време учи за да едноставно дознае што е напишано. Но ако човек од самиот почеток нема добиено потреба за поправка, тогаш нема за што да се прекорува. Тој не чувствува дека во него има егоистички почеток, дека е можно да се достигнат чувства за Создателот и дека без тоа нема живот.

Никој не треба да се потценува, затоа што секој е управуван одозгора, дури и оние кои ги движи точката со срцето. Но, како дополнување на оваа точка во срцето која ја буди Вишата Светлина во нив, тие работат и ја реализираат својата слободна волја, за да на сметка на опкружувањето го откријат Фараонот во себе.

Кога се развива точката во срцето во нас, откриваме дека таму се криел и Фараонот, вистинскиот лош почеток. Значи откриваме дека не сме способни и не сакаме да излеземе од таквото ропство, не посакуваме љубов кон ближниот.

Оваа точка почнува да се зголемува и се претвора во црна дупка, која ја мразиме затоа што ја гледаме во Светлината која доаѓа кон нас и не сме способни да се согласиме со неа. Така и се мачиме во тоа чувство на прогонетост, сè додека не се измолиме за спасение, значи подобро и смрт отколку таков живот!

Тогаш се открива огромна, силна Светлина и ја претвора нашата егоистичка желба, „лошиот почеток" во желба за давање. Затоа не може да има никаква предност на некои луѓе пред други – секој дејствува така како што е управуван од горе. Нема слободен избор, освен тој кога точката во срцето ќе ни дозволи да го додадеме кон нашите дејствија. Сите останати немаат никаква слобода и ја исполнуваат својата природна програма.

Но, сите ќе ги изнесе од Египет оној кој оди прв, кој е на чело на толпата.

Од лекцијата според статија на Рабаш од 24.04.2011

 

Отворајќи го патот кон Светлината

21.04.2011 -

Египетското ропство почнува кога Јосеф сака да се обедини со браќата, а меѓу нив се раѓа омраза. Тука се случува влегувањето во Египет, каде што тие го продаваат.

Јосеф (преведник, основата на светот) – тоа е како основа која ги обединува сите сфироти кои се наоѓаат пред неа – „Синовите на Јаков". Тој сакаше да ги обедини сите, но тие не сакаа – секој посака да биде сам.

Но, Јосеф говори: „Вие треба да се обедините во мене" – значи сфира Есод ги вклучува во себе сите други сфирот, таа нема ништо самата од себе. Но сите останати својства во човекот биле против тоа и затоа почнале да го чувствуваат Египетското прогонство. Односно, целата наша работа е во соединувањето, за што има светска група и локална група.

Секој од нас има можност за напредок – и во физичката група и виртуелно. Секој веќе има некаква подготовка за соединување, само што уште не можеме да донесеме конечно решение за него. Можеби секој миг ќе ни донесе решение дека ништо не може да нè спаси ако не се соединиме меѓу себе, надвор од сечиј егоизам.

Таму, во точката на нашето соединување се наоѓа духовното. Таа минијатурна темна точка наеднаш се отвара и во неа се наоѓа влезот во духовниот свет – низ тој тесен премин, каде што е невозможно да се поверува дека таму нешто ќе се отвори.

Тоа се случува како раѓањето. Најпрвин излезот надвор е затворен, ембрионот се наоѓа во матката, која се нарекува „Мем стума" (буквата „мем" означува својство на Бина, затворено од сите страни) и дури потоа, по огромната желба да се роди, таа буква „мем" се дели на две врати (две букви „далет" – врата, делет), на две оски (цирим/оски е истиот збор со породилни болки) и така се раѓа новороденчето.

Но, до последниот момент тоа нема никаква можност да дознае, да претпостави и почувствува во каква состојба е, каде се наоѓа и дали може да се отвори. Затоа е потребна силна средина наоколу, која постојано ќе врши притисок врз секој од нас и ќе ни обезбеди гаранција: силата на поддршка, силата на пробудување, сила која цело време ќе ме враќа кон намерата за соединување.

Од лекцијата според книгата на АРИ  “Порта на намери“ од 21.04.2011

 

Премин преку египетската граница

21.04.2011 -

Прашање: Што да правам, ако имам голема желба да се соединам со пријателите, но колку и да се трудам, не можам да се задржам повеќе од пет минути, а после тоа мислите ми одат на разни страни?

Одговор: Треба да се преместуваме себеси од една мисла во друга, одново и одново. Ништо не се прави, нашата работа напредува со мали чекори – како децата кои секој ден, по малку се развиваат. Но детето цел ден се труди да напредува, цело време ја следи средината околу него и самото себе: колку што може повеќе да биде присутно во средината и да ја искористи за да извлече поголема корист од неа.

Но, ние тоа не го правиме, не сме присутни во средината секој момент, па не можеме да ја искористиме и подобро да се поврземе со неа, не сакаме да се соединиме, да се провериме дали одговараме на средината. Зарем можеш да работиш на тоа секој миг, како детето? Тука е целиот наш проблем и затоа ние толку споро напредуваме.

Ништо друго не ни останува: дадени ни се сите средства, сè е напишано, сè е објаснето, треба само да се нафрлиме сите заедно и да исполниме! И тогаш секој, на која било точка од земјата и да се наоѓа ќе почувствува дека поинаку не може. Само заедничкиот внатрешен напор на целата група во светот ќе го разбуди срцето на секого.

За никого веќе нема повеќе други шанси да се задржи на патот, брзо да се разбуди и да продолжи со напредувањето. Тоа се нарекува взаемна гаранција – кога секој гарантира секому дека бргу ќе се разбуди и ќе достигне добра состојба. Египет не е непроодлив ако низ него се движиме заедно!

Создателот нè создава такви, за да можеме да ги издржиме тие страдања кои се нарекуваат „страдања од љубов", кога мечтаам за средба со некого што го љубам, кога се стремам кон Него, кон таа средба однапред. Се разбира дека јас страдам, што значи дека уште не сум ја достигнал средбата и дека ние сè уште не сме се соединиле, но живеам во нејзино очекување, со светло предвидување на иднината. Сите тешкотии по патот се од недостатокот од соединување меѓу нас. Освен тоа, нема друго.

Од утринската лекција според книгата на АРИ  “Порта на намери“ од 21.04.2011

 

Љубовта не може да помине во навика

18.04.2011 -
Прашање: Дали некогаш грижата за пријателите ќе ми стане навика?

Одговор: Не. Вообичаен може да биде само егоизмот, кој владее со мене. Сите други состојби се далеку од него и се достигнуваат со постојани напори. Излезот во духовното е исто како да се подигнеш над земјата во нашиот свет. Не можеш едноставно да лебдиш во воздухот. За тоа е потребна сила која ќе те држи, без разлика на силата на гравитацијата.

Силата на гравитацијата е силата на нашиот егоизам. Тој секогаш ме влече надолу и затоа, ако за момент заборавам на целта – веднаш треснувам на земјата. Ако сакам да се обединам со другите, пред сé, морам непрестајно да вложувам напори за да се одржувам „во воздухот", во намерата за единство. Тука нема попуштање – ако заборавам макар и на секунда – во истиот момент паѓам.

Еве зошто грижата за ближниот никогаш не може да стане навика. За тоа можеме да се заблагодариме на можноста во секоја секунда да имаме слободен избор. Ако ме придвижуваше навиката, јас ќе станев ангел. Ангелот и се потчинува на својата Природа – Природата на давање. Тој е во воздухот, затоа што е „полесен од воздухот", на него не дејствува силата на земната егоистичка гравитација. Но, на човекот дејствува.

Од лекцијата според писмо на Баал ХаСулам од 18.04.2011

 

Наслаги од моите желби

14.04.2011 - Прашање: Надворешниот свет создава многу пречки за внатрешната работа? Зошто тој е потребен?

Одговор: Ако не си поврзан со надворешното општество, ако не си меѓу луѓето, за твоето подобрување би требало многу време, стотици години. Надвор ти се откриваат купишта од твоите себични желби, кои се многу далеку од исправното. Луѓето со кои работиш и се среќаваш во животот, нивните желби и намери – сето тоа се пластови од твоите желби, кои го немаат достигнато нивото за исправање. Дали тие постојат надвор од тебе? Не. Ти се гледаш себеси.

Тие не се надворешни, ти ги имаш сите карактеристики кои ти изгледаат како да се на други луѓе. Нема ништо надвор од човекот. Тешко е да се спојат различните перспективи кои не се наоѓаат во една слика и така ќе биде се додека не влеземе во духовниот свет. Но сепак, кога се обидуваш да си го замислиш единството на спротивностите, тебе тоа ти помага на патот. Губењето само по себе е големо исправање. Не плаши се ако се изгубиш, сите делови ќе се совпаднат, а потоа Светлината ќе ги соедини.

Дупка во чамецот

Прашање: Што значи да се направи дупка во заедничкиот чамец?

Одговор: Значи дека јас намерно мислам не за заедничка, туку за лична добивка. Нашиот чамец се нашите заеднички мисли и желби, кои се обединуваат во една единствена мрежа. Ако јас не мислам за таа мрежа, ако по нешто се разликувам од другите, ако не се спојам, не се поврзам со нив, не исчезнам во нив, не се изгубам себе сосема пред нив, тоа значи дека правам дупка.

„Дупка" е кога туѓи мисли, желби и сметки преку мене се прилепуваат за целата група. Со други зборови, кога вода продира во нашиот чамец, може да потонеме сите.

Од лекцијата според статија за Песах од 14.04.2011

 

Египет е меѓу нас

13.04.2011 -
Прашање: Што може да се земе од целиот процес на излез од Египет за нашата секојдневна внатрашна работа?

Одговор : Ние треба да се стремиме само кон една состојба – кон соединување во група. Групата е човештво во мало. Не можеме веднаш да делуваме во вселенски размери, во целото човештво, но во групата можеме да ги разработуваме сите принципи на односите меѓу луѓето.

Таму ќе ги откриеме сите состојби: „спуштање во Египет", „потоп во Египет", „бегство од Египет". Ќе ја почувствуваме омразата од Фараонот – егоизмот, ударите од него, објаснување на нашата природа. Сето тоа се разјаснува на едно место – во мојата врска со пријателите. „Ближен" за мене се пријателите, затоа што јас не можам да го сакам целиот свет.

За мене групата е на некој начин целото човештво, во неа можам да ги разработам сите свои внатрешни карактеристики. Секогаш, обидувајќи се да се соединам со пријателите и откривајќи во себе поделба, омраза, отфрлање од другите, јас добивам нови внатрешни појаснувања.

Можно е тие појаснувања да се работа „од Египет" или дури „до него". Тоа не е важно. Ние сè уште не можеме точно да ги разликуваме тие етапи. И воопшто, сè до излезот од Египет немаме прецизни разлики.


Дури како последици почнуваме да сфаќаме што всушност сме поминале. Сето тоа се случува во темница, каде што владее егоистичката желба, каде што се обидувам да бидам во неа, со неа или против неа. И затоа тие појаснувања се нејасни.

Од утринската лекција според книгата “Зохар“ - 13.04.2011

 
Повеќе Артикли...

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica