Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од личниот блог на М.Лајтман - laitman.com

Нема да поверуваш каква е групата

04.09.2011 -
Прашање: Што да посакувам ако чувствувам дека недоволно давам на групата, како да немам сили?

Одговор:
Навистина, силите завршуваат и во секој момент ќе ги има сè помалку. И тоа е добро – човекот што чувствува дека силите му се при крај! Обично ние дури и не го осознаваме тоа, туку едноставно се помируваме и заспиваме, ја губиме желбата. Ова е од причина што не се грижиме за своето пробудување. Ние треба да си помагаме еден на друг – само така може да се разбудиме! Оној кој не се труди за другите за да може и тие да се погрижат за него, нема да добие сила.

Не е важно на кое ниво се наоѓаат другите, важно е ти сам да почнеш да дејствуваш и да вложуваш во нив и тогаш ќе видиш резултати. Ти не можеш ни да поверуваш колку групата и другарите можат да ти дадат! Сè зависи од влогот на самиот човек и неговата чувствителност. И ако тој вложува во групата, веднаш ќе открие дека тие исто така се пробудиле и дејствуваат во однос на него. Дури ако тој претходно не го забележувал тоа, сега ќе види благодарение на својот влог и тоа се нарекува меѓусебна гаранција.

Од утринската лекција според статија од книгата “Шамати“ - 04.09.2011
 

Држете го крадецот!

04.09.2011 -
Прашање: Во нашиот свет е пријатно да се потчинуваш пред оној кој мислиш дека е важен. Зошто во духовниот свет е толку тешко да се поклониш?

Одговор: Во нашиот свет ние се поклонуваме пред важниот човек затоа што со тоа добиваме. Нашиот егоизам секогаш врши дејствија кои му се корисни. Ако човекот е влијателен, силен, богат, мене ми е пријатно да се поклонам пред него и да бидам околу него, да му служам, затоа што знам дека малиот обично добива од големиот, па сметам дека и јас ќе добијам нешто. Обично така дејствуваме на овој свет. Ако не, добиваме удари кои нè запознаваат со тој принцип.

Да речеме дека не сакам да слушам што ми зборува полицаецот. Тогаш добивам казна или судска покана и казна, па следниот пат го слушам. Во нашиот свет егоистички корисно е да се слуша силниот, а ако не го сфаќам тоа, тогаш животот ќе ме научи со удари. Меѓутоа, во однос на Создателот тоа не функционира, бидејќи Тој е сокриен! Ако ти се открие Неговото својство на давање, ти би потрчал по него, како крадец кој трча пред толпата и вика на цел глас: „Држете го крадецот!". Тебе би ти се чинело дека Го сакаш Создателот со целото твое срце и душа, затоа што можеш да добиеш толку многу од Него. Кој нема да посака да биде до силата која владее со целиот свет? Се разбира дека секој би го направил истото. Затоа Создателот не може да ни се открие како голем, моќен и дарежлив. Тој може да се открие само како пример за својството за давање кое ние самите треба да го добиеме. Но тогаш нема да Го сакаш и ќе бегаш од Него.

Затоа Тој никако не може да ти се открие – ни од добрата, ни од лошата страна, ни од страната на исполнувањето, ни од страната на намерата. Единствено што ни останува е работата со опкружувањето. Создателот ни дава мала почетна желба за давање, но сè останато ние самите треба да го откриеме, од опкружувањето кое треба да нè инспирира за давање, да ја зголеми нашата желба за меѓусебна гаранција. Целата наша работа се одвива со опкружувањето и скоро и да не ја засега Вишата Сила. Онолку колку што ќе вложиме во учењето, во опкружувањето и распространувањето – толку ќе ни доаѓа помош, пробудување одозгора. Поинаку не е можно. Во спротивен случај, ние би се бркале по Него, посакувајќи да Го фатиме или пак би избегале од Неговото својство за давање, плашејќи се од потребата да станеме такви и ние.

Од утринската лекција по статијата “Шамати“ - 04.09.2011
 

Сакаш да управуваш со реалноста? – Повели!

29.08.2011 -
Прашање: Доволно ли е што, читајќи ја книгата Зохар, јас многу сакам да се наоѓам во намерата, но не успевам да почувствувам ништо?

Одговор:
Оној кој во учењето додава молитва – добива. Не е важно каква е таа молитва, доколку е јасна: денес повеќе, утре помалку или обратно. И така секој ден. Најважна е намерата – што сакам да постигнам, затоа што средството кое ни е дадено може да биде еликсир на животот, но и смртоносен отров – од една крајност до друга. Сè зависи исклучиво што сакаме да постигнеме со тоа. Дадена ти е Виша Сила. Како се подготвуваш да ја употребиш? Имаш можност да управуваш со реалноста, па повели!

Бидејќи реалноста е сè што се открива во човекот, во неговите желби. Одозгора ми даваат секакви будења – добри и лоши, заплеткани и јасни и на крај од мене се бара да реагирам на нив. Ми се праќаат секакви состојби, како по правило неразбирливи за да посакам да ги променам и ми даваат средство за нивна промена. Што сакаш да добиеш за време на учењето – на тоа мисли!

Сè изгледа едноставно: всушност таму јас можам да влијаам на силата која во мене ја формира целата реалност. Што сакам од таа сила? Сега, читајќи за неа во книгата Зохар, да додадам кон тоа своја желба, за да ја остварам. Управувај со таа сила! Како ќе управуваш со неа, за добро или за лошо, зависи од твоето сфаќање, осознавање. Ако бараш духовни подеми, посакувајќи да се доближиш кон таа сила, да се наоѓаш во давање (а за тоа треба да работиш во група, да работиш на распространувањето, да се подготвиш себеси за таа молитва, барање) тогаш вие со таа сила работите во една насока.

Ако не, тогаш обратно, сите страдања ги привлекуваш кон себе самиот, бидејќи од неа не ги бараш правилните работи. Тогаш таа те учи на спротивниот начин, како да бараш правилно. Всушност, таа ти покажува што бараш. И гледаш дека ти е лошо. И така, еднаш, два пати, според твоето барање. Додека си под влијание на ударот почнуваш да сфаќаш дека во тоа има причина и систем. Почнуваш да осознаваш дека тука има некој механизам и врска помеѓу она што го правиш и бараш и она што го добиваш и дека треба да се прекине таа врска, за да не се повтори пак и пак, кога барам нешто, што мислам дека е добро, а добивам лош резултат. Така и целото човештво се доближува до осознавање на злото.

Доаѓаат удари и луѓето почнуваат да сфаќаат дека, за да се спасат од нив, треба да ја разберат причината, механизмот – зошто доаѓаат, во каква форма, од која причина, можеби и од корист и така натаму. Од спротивност почнуваме да ја осознаваме Вишата Сила. За тоа е кажано, дека Фараонот ќе Го доближи Создателот до нас. Неколку пати тој ни упатува различни удари, ни причинува непријатни состојби, а од нив ние почнуваме да го сознаваме Создателот, затоа што тоа се две спротивни форми на една иста сила. Тоа го учиме и затоа сè зависи од намерата – како си ја објаснувам, како со нејзина помош сакам да ја променам својата состојба, дали едноставно да ја подобрам или пак да ја искористам лошата и добрата состојба за да се приближам до нешто повисоко, а не само да се чувствувам подобро. Тоа веќе зависи од свеста на човекот, затоа што свеста секогаш се издига над чувството, таа се гради врз основа на пресметките од лошите и добрите чувства. Мозокот се развива врз основа на спротивните појави во чувствата, тој може да ја види разликата помеѓу нив. Така напредуваме.

Целото царство е за тебе! Ние од самиот почеток се наоѓаме во светот на Бесконечноста во целото негово совршенство и убавина, но никој од нас не знае за тоа. Секој е како принц – наследник, поставен во темен подрум на прекрасен царски дворец. Иако царски син и целото царство е за него, тој тоа не го гледа и не го чувствува, не сфаќа дека се наоѓа во богат царски дворец! А му се чини дека седи во мрачен, црн подрум, околу проблеми и несреќи. Но кога ги поправаме своите сетила, тогаш гледаме дека она, што нам во извртена перцепција ни се чинело како темен подрум, се претворило во царски дворец и дека нашата состојба била совршена.

Треба да се помине преку сите тие искуства и впечатоци – и негативни и позитивни за да се оценат едни со други и, имајќи ги предвид сите нив, од нив да се изгради својата правилна перцепција, целосно испитувајќи ја состојбата во која се наоѓаш. Кажано е: „Ќе го јадете одамна зачуваното" – односно, ништо не се менува, се менуваш само ти, твојата перцепција. А според тоа ќе ја видиш својата вистинска состојба.

Од утринската лекција по книгата “Зохар“ - 29.08.2011
 

Земјата зад хоризонтот

29.08.2011 -
Прашање: Пред 70 години Баал ХаСулам предупредуваше за катастрофи но, ние не го послушавме. Денес исто така предупредуваме за тешки настани и можности за светски војни. Зошто не направиме јасна паралела со зборовите на Баал хаСулам за да докажеме дека сме во право?

Одговор:
Својството на човековиот егоизам е такво што не се гледа ова сценарио. Луѓето едноставно не можат да го видат. Сепак, денешната ситуација се разликува од претходниот век. Пред 70 години Баал ХаСулам работел со пет – шест свои постојани ученици, а денес ние сме илјадници и ги изучуваме неговите материјали, кои своевремено тој не можел да ги изнесе надвор од групата.

Луѓето од целиот свет почнуваат да ја прифаќаат таа порака и да се солидаризираат со него. Секако, секој во своја мерка. Ништо повеќе не можеш да направиш, такви се законите на развојот. Ако ја видите целата величина на Малхут која треба да се поправи, тоа би предизвикало прашања.

Претстави си дека пловиш од Европа до Америка без мапа. Дури и на пет километри од копното тоа не се гледа и тебе ти се чини дека си изгубен на средината на океанот. Твоето видно поле е ограничено од хоризонтот и ти гледаш вода сè до последниот момент, додека над неа не се појави работ на копното. Први ќе го видат оние кои гледаат напред, кои седат најгоре, ако, се разбира, на бродот има некој кој се кренал и гледа подалеку. „Копно!" – ќе извика тој. Но, ти уште ништо не гледаш. Ќе се согласиш со него?

Од утринската лекција според весникот “Народ“  - 29.08.2011
 

Може да се поправаме само себеси

29.08.2011 -
Прашање: Кога многу луѓе седат во топла просторија, ќе се најде некој на кого му е ладно и ќе ги натера другите да го вклучат клима-уредот. Да речеме, голем дел од човештвото е способен да се адаптира на промените кои настапуваат. Но, што ќе се случи со оние кои се заглавени и не се спремни да ја напуштат денешната ситуација?
Одговор: Важно е да се поправиме себеси, а не светот. Точно е дека јас сакам да предизвикам надворешни промени и се обидувам да им помогнам на луѓето во сфаќањето на процесот и методиките на самопоправање. Но, всушност, јас се грижам само за своето поправање. Јас не го поправам ближниот. Му ја предавам методиката, во колку што е можно поблага форма, но јас не го поттикнувам на дејствие – тоа веќе си е негов избор.

Затоа луѓето кои под никој услов не се спремни за промени, ги оставаме на мир. Тие уште не се созреани. Распространувајќи ја кабалистичката метода, ние ја оставаме на увид на секого. Не еднаш сум рекол дека не ми е важно како луѓето ќе ја сфатат нашата порака. Јас ги слушам нивните одѕиви само за да го подобрам давањето: да изложам нешто ново, да одговорам на некое прашање. Но, ако јас од себе давам сто проценти, а човек сепак ги отфрла и ги презира моите зборови, јас кон се однесувам со почит. За мене тоа е знак за успех, затоа што сум успеал да допрам до него и во него се појавил отпор. Тоа е неговата вистинска реакција денес и тука нема што да се прави.

Ние се обраќаме кон надворешниот свет само за да се подобриме себеси. Ако сме се подобриле, колку што е можно тоа, тогаш јас немам никакви барања кон луѓето поврзани со нивните одговори. Таква е денешната состојба на заедничката Малхут, на тој начин таа се појавува. Ќе почекаме уште една година, уште пет години. Ако, пак, ние го кренеме стапот, тоа ќе биде принудување, нема да му оставиме можност за слободен избор на човекот.

Од утринската лекција според весникот “Народ“ 29.08.2011
 

Мудрецот кој ја изучува Тора "лишма"

28.08.2011 -
Најважно е цело време да си претставувам себеси како стојам пред Вишата Сила, единствена и која дава, која е добра и која води кон целта. Ако се насочувам кон целта, секогаш ќе се чувствувам добро, со добар однос кон себе. Ако се насочувам кон целта, секогаш ќе гледам дека всушност сè е насочено кон неа за да ми помогне да го постигнам ликот кој треба да го изградам од себе. Сè е поставено така, да станам сличен на Него. И сè што се случува во мојот живот се само вежби кои секој миг стојат пред мене за да се оформам себеси со нивна помош.

Ако човек така се организира, тој ќе се радува дека се наоѓа во процес на формирање на својата личност да стане човек, Адам, што значи „сличен" на Создателот. Тогаш тој гледа дека нема сурови и непријателски сили во дворецот на Царот, туку дека сè се прави за негово добро. Создателот само го спроведува, „го прегрнува однапред и одзади", од сите страни. И сè е поставено само за соединување со Создателот, каква што е целта на битието.

Затоа, ако во некој момент човек се чувствува лошо, незгодно во однос на целта на битието, на Создателот, на реалноста околу него, тоа е знак дека тој сè уште не се довел себеси во рамнотежа со дадените услови, во согласност со Добриот и Кој прави добро, со „Нема никој освен Него" и не се соединил со своето својство за давање, тоа да завладее во него.

Така треба да се поставиме себеси и секој пат да се движиме кон целосно поправање. Ако пак, човекот ги прифаќа сите услови, причини, случајности, правилно го употребува опкружувањето – учителот, групата, учењето, се грижи за нив и за распространување во целиот свет, ако прифаќа сè само за да го постигне својството за давање и од него самиот да остане само точка напор, а сето останато во него да се исполни со давање, тоа значи дека тој ја учи Тора „лишма". Односно, секоја добиена сила, сите свои сили, карактеристики и способности тој ги претвора во форма на давање. Тој посакува така да се издигне над своето својство за примање, за да не го чувстува како тоа реално да постои – да владее само давањето.

Ако стремежот на човекот е ваков, тој се нарекува мудрец, „талмид хахам" (ученик на мудрецот) кој ја изучува Тора „лишма". Тој учи кај мудрецот, кај Создателот и од Него добива примери во секој момент од својот живот, стремејќи се да ги донесе во силата за давање, во единствената сила – Добрата и Која прави добро.

Од утринската лекција  - 28.08.2011  по статијата “Шамати“
 

Обезбедување со потпис на главниот Гарант

15.08.2011 -
Пред сè, јас треба да се обврзам себеси дека ќе се поврзувам со другите за да го откријам својството на давање за да дојдам до потребата која бара многу време и која се нарекува „време на подготовка". На таа етапа јас откривам колку не сум способен да се соединам со другите, колку не го сакам тоа и едноставно го мразам. Токму тука ја откривам омразата. Во суштина, тоа не е омраза кон друг човек, туку кон самото својство на давање.

Затоа си подготвувам поддршка од своето опкружување, од самиот другар со кого што сакам да се соединам, барајќи помош од него: „Јас те мразам тебе и потребна ми е твоја помош!".
Овде се наоѓа посебната сила која се нарекува „заемна гаранција", како што е кажано: „Човекот да помага на ближниот". На тој начин јас добивам поддршка, која оди на моја сметка, затоа што јас самиот ја повикувам од туѓ извор. И според степенот на заемната гаранција, кога јас го поддржувам него, а тој мене, се обидуваме да се доближиме еден до друг и не успеваме! Тогаш откриваме дека ни заемната гаранција не помага, затоа што Го нема Оној, кој ја поддржува таа гаранција.

Потребен ни е Создателот, како сведок, како гарант кој ќе го потпише нашиот договор. Како што без „директорот на банката" нашата гаранција нема важност. Таа треба да се поддржи со капитал, со сила. А силата која може да нè соедини е Светлината! Светлината се открива благодарение на нашата поврзаност. И тоа е она што нè одделува од останатите случаи на гаранција, на пример од престапниците кои се обединуваат за да крадат. Тие не се обединуваат за да остварат меѓусебно давање.

Тоа е многу длабока работа која покажува зошто ние можеме да се реализираме себеси на тој начин и зошто соединувањето не им помогнало на останатите луѓе кои имаат материјална цел и кај нив не била привлечена Светлината која се враќа кон изворот. Овде е потребна заемна гаранција, во која е присутна силата на Создателот, силата на Светлината. За тоа е кажано: „Израел (кој се стреми директно кон Создателот), Тора (Светлината на поправањето) и Создателот е една целина".

Само така можеме да се соединиме, кога сме сите заедно – јас, групата и Создателот. Поинаку нема да функционира, нема да има сила која ќе го движи моторот и тогаш ние едноставно ќе излетаме од патот. Нема да имаме никаква можност да се провериме, како во прекинато електрично коло, каде што нема струја. И ако работиме на тој начин, еден ќе го поддржува другиот, но со силата на Создателот, која ќе се открие помеѓу нас. Само така ќе дојдеме до правилниот систем во кој се открива Создателот, својството на давање ќе се открие меѓу битијата. Од себе ќе направиме духовни садови, а во нив се открива Светлината, Создателот.

Од утринската лекција “Ту Бе Ав“ - 15.08.2011
 

Најпрвин разјасни што треба да се поправи


-15.08.2011


Само при обидот за приближување кон ближниот и соединување со него, човекот ги открива своите 613 расипани желби. Само тогаш тој почнува да ја открива својата уништена душа и сфаќа дека треба да ја поправи. Поправајќи ги своите желби така што не му го правам на другиот, она што самиот го мразам, јас се поправам себеси до нивото Бина (хафет хесед) и се исполнувам со светлината Хасадим.

Тоа значи дека јас сосема се прочистувам од својот егоизам. А потоа, постепено го претворам тоа во служење на ближниот, што се нарекува „љубов кон ближниот како кон самиот себеси" – со поправањето на АХАП, 365-те желби. Овие две етапи од поправањето се однесуваат само кон желбите кои се откриваат при нашето соединување еден со друг.

Ако немам намера да се соединам со другите, тоа значи дека јас воопшто не сум открил дека ми е потребно да се поправам. Нашите обични, материјални желби: за храна, секс, семејство, пари, власт, знаења немаат потреба од поправање. Повели, можеш да ги користиш! Бидејќи ако се стремам кон знаење или власт, тоа не е желба која се открива при соединувањето со другите.

Работата започнува кога правам чекори напред за да се соединам со другите и во тоа соединување да го откријам својството за давање наместо својството за примање. Тогаш откривам колку не го сакам тоа! Тоа мое несакање се нарекува „зол почеток", кое ми се открива мене како битие. Всушност, таа желба која се чувствува како избегнување на соединувањето со друг човек при обидот да се открие својството за давање, се нарекува „зол почеток" и треба да се поправи во добрина. Значи, јас дејствувам согласно јасен распоред, определен со фразата: „Јас создадов зол почеток и како дополнение Тора, како средство за негово поправање, затоа што во неа е Светлината која се враќа кон изворот" и чекор по чекор ја реализирам таа формула.

Од утринската лекција “Ту Бе Ав“ - 15/08/2011
 

Издигање над сите разлики

12.08.2011 -
Ако човек посакува да постои не само во овој малечок дел од реалноста, туку и да продре во нејзиниот втор дел – вечната и совршената реалност, тој има неколку средства: учител, група и книги. Учителот му објаснува дека таквата можност постои, а може да се оствари само со помош на групата во која секој се стреми кон чувствување на вистинската, совршена реалност и книгите кои говорат за таа совршена реалност.

Ако ние се обидуваме да бидеме заедно, тогаш секој излегува од себе, од своето его, затоа што тој треба да почувствува што се случува во другите. Тогаш, ако се обидува да биде над себеси, во другите, во единство со нив и чита за перцепцијата на реалноста во давање, со тоа тој станува сличен на својата идна состојба, како веќе да се наоѓа таму. Според степенот на својот стремеж оттаму тој ја повикува втората сила која постои во реалноста – силата на давањето, покрај малата сила на примањето која му е дадена од природата. Тогаш кај него доаѓа силата на давањето и извршува промени во него.

Тие промени човекот може да ги почувстува не како добивка од силата на давањето која го менува, туку како дополнителна сила за примање која дошла кон него, што исто така е вистина. Но, покрај тоа, тој ја достигнува токму силата на давањето. Така човекот се движи, ту десно, ту лево, но се движи со помош на таа сила за давање. Тој треба да ја достигне силата на давање заедно со силата на примање. Тие две сили во човекот се откриваат како две линии – десна и лева.

И тогаш човекот се движи – ту паѓа, ту се издига, сè уште не знае што всушност се смета за подем, а што за пад и ги определува според своето сегашно чувство. Но, со текот на времето тој веќе почнува да чувстува дека тоа се две линии и тој треба да ги користи, додека се наоѓа на средина меѓу нив. Така тој „ги зема во раце" и почнува да управува со нив, соединувајќи ги во една средна линија. Но, целата наша работа всушност, е ние да учиме заедно, посакувајќи да се соединиме еден со друг во срцата, во стремежот кон единството – над сите противречности и разлики, бидејќи сите тие се однесуваат само на нашето животинско постоење кое останува овде, на овој свет, а ние над него сакаме да се соединиме меѓу себе во нашите желби, во нашите точки во срцата.

Ако го читаме Зохар со такви намери, книгата ќе ни говори за нашите поправени состојби, односно за тоа како во соединувањето меѓу нас го откриваме својството на давање или, што е едно исто – Создателот, Светлината, Духовниот свет, Вишиот Свет.

Затоа, читајќи го Зохар, секој треба да си ја претстави себеси таа состојба.

 

Од утринската лекција по лекцијата за Зохар - 12.08.2011

 

Пат кон совршената реалност

12.08.2011 -
Ако сакаме да се движиме кон вистинската перцепција на реалноста, тоа е можно само со нашите поправени својства. Затоа што во нашите сегашни својства ние ја чувствуваме само реалноста во која се раѓаме, живееме и умираме и одновно се раѓаме, живееме и умираме и тоа е сè што имаме.

Ако сакаме да добиеме поинаква, спротивна перцепција на реалноста, тогаш треба и да добиеме соодветни својства за тоа: наместо за примање – за давање, наместо апсорпција – давање. Бидејќи нашата постојана желба сè да апсорбираме „во себе" – е само една половина од природата, а другата половина е давање „надвор од себе". Затоа целата наша работа се состои во тоа, да се обидуваме да ја достигнеме втората половина на природата, да ја добиеме втората сила која постои во светот.

Ова време се нарекува период на подготовка. Во него се наоѓаме сега, обидувајќи се со помош на групата, учењето и секаквите средства да ја достигнеме таа состојба за да ја имаме и втората сила – давањето. И тогаш, користејќи ги овие две сили – примањето и давањето заедно, ние ќе ја спознаеме целата реалност во која живееме.

Луѓето кои веќе ја добиле оваа втора сила на природата и со нејзина помош ја перцепираат целата реалност, се нарекуваат кабалисти. А самата таа наука се нарекува „наука кабала" – „наука за примањето", затоа што човекот ја добива целата реалност целосно, а не само нејзин мал дел кој може да го апсорбира во себе во своите сегашни својства. И тогаш, како што велат кабалистите, човекот ќе достигне таква состојба што ќе се издигне над сегашната перцепција во вечна, совршена реалност.

Од утринската лекција според книгата Зохар - 12.08.2011
 

Сила добиена од спротивностите

12.08.2011 -
Прашање: Како да се насочуваме повеќе на внатрешно отколку на надворешно распространување?

Одговор: Ние треба да се стремиме кон единството над сите разлики и бездни меѓу нас. Некои луѓе ми изгледаат сосема антагонистички, други ме мразат, трети се многу далеку според погледите, верувањата, чувствата... Меѓутоа, на сето тоа јас ставам една линија, односно не ги искористувам сите свои негативни одгласи и над нив сакам да изградам чувство на единство, на сплотеност.

Кажано е: „Сите престапи ќе ги покрие љубовта". Тоа значи дека долу се наоѓа целата моја негативност (–), целиот егоизам, сите престапи, а горе сите нив ги покрива позитивното (+), љубовта. Разликата меѓу нив создава сила на отпор и надвладување или изразувајќи се со кабалистички термини, екран, одразена Светлина. Таа се појавува од спротивноста на двата пола во мене. Затоа не го отстрануваме својот егоизам како непотребен, туку го покриваме со љубовта.

Престапот останува, потребно е само да ја користиме методиката за поправање и да го покриеме.

Од утринската лекција по книгата Зохар 12.08.2011
 

Како да се измери забрзувањето во духовното

22.07.2011 -

Прашање: Во материјалниот свет знаеме како да го измериме забрзувањето. Како да го измериме во нашиот духовен развој, со помош на што?

Одговор: Забрзувањето го мериш оценувајќи ја својата врска со групата. Немаш ништо повеќе. Затоа едната заедничка душа е поделена на множество души, да имаш средство за мерење, место за работа и за давање напори, за да можеш да оцениш колку си оддалечен или близок со другите, не само кон луѓето, туку и со нивните желби за откривање на духовното, на Создателот, дали си меѓу тие желби заедно со нив, во правилна поврзаност, во гаранција меѓу вас дека ќе се открие Создателот.

Затоа можеш да ја оцениш својата духовна состојба само во однос на тие желби на другарите – колку си близок со нив заедно до Вишиот Свет.

Прашање: Но каде е овде забрзувањето?Со што да се измери тоа?

Одговор: Од ден на ден, од минута во минута ја оценуваш таа врска. Постои растојание меѓу тебе и другите, дали тоа се намалува или не, на кој начин, со постојана брзина или веќе со забрзување. Забрзување се нарекува брзината која се зголемува во секој момент.

Од утринската лекција по книгата Зохар од 22.07.2011
 

Кон светот со Светлина

21.07.2011 -
Прашање: Ако се обидувам да го насочам светот кон целта на битието, може ли да се каже дека јас гарантирам за луѓето? Можна ли е еднострана гаранција?

Одговор:
Да, бидејќи ги движиш луѓето напред. Тие сè уште не можат да изразат заемност како одговор, но тоа не дека не е прогрес, и тоа е многу важно. Ние треба да разбереме дека нашата определба е да го придвижиме светот и дека нашето придвижување зависи од неговите чекори. Се разбира, не на исто ниво, но овде се потребни сериозни обиди.

Ние не го правиме тоа за сметка на своите внатрешни напори, меѓутоа нема да можеме да се развиваме внатрешно ако не дадеме свој придонес во развојот на светот. Сè е подредено спрема интегралниот систем – јас, групата, светот и Создателот треба да бидеме една целина. Затоа ние сега треба да се погрижиме за сите. Како што пишува Баал ХаСулам, целиот свет е едно семејство и тука нема што да се прави. Ако се фокусираме на тесен спектар, останувајќи на некоја вдлабнатина, нема да го оствариме посакуваното. А од друга страна, излегувајќи во светот, треба да бидеме внимателни, бидејќи притоа може да ги изгубиме своите принципи и да отидеме во чисто психолошки приод: „Да се зближиме еден со друг, ајде да живееме сложно..." Не, нема да успееме така.

Како во Русија или во израелските кибуци, тоа ќе биде соединување без внатрешна сила. За обединување е потребна сила која нè обединува – Вишата Светлина. Треба да се обраќаш кон светот со материјалите од Баал ХаСулам, не мора со истите текстови, но со таа порака, со тие принципи. Малку по малку треба да им објаснуваш на луѓето дека произлегуваш од науката кабала. Патот сè уште е долг, но тоа уште сега треба да ти биде јасно. Самиот ти треба да бидеш задлабочен во методиката, да си нахранет со неа. Ако не го изучуваш кабалистичкиот материјал постојано, ако не го доживуваш навлегувајќи сè подлабоко, тогаш луѓето ги храниш со убави зборови, со њу-ејџ или со мистика. Ти самиот не забележуваш дека паѓаш.

Ако човекот не оддели неколку часови во денот во сериозно учење со сериозна група, ако не се занимава со тоа и наутро и навечер, тој се оттрга од патот. Оттука и произлегуваат религиите, разните верувања, мистични учења и слично. Сè тргнало од науката кабала. Нашиот егоизам, нашиот свет има потреба од отстапки: „Што ќе те чини – додади малку овде, измени малку таму. Не пресметувај сè, така ќе допреш до луѓето..." Не, нема да допреш. До нив ќе дојдеш без своите сили и без духовна сила, веќе расипан. Тоа е многу голем проблем. Затоа, кога учителот си заминува, силните, добри групи го губат правилниот курс, ги губат силите и пресушуваат.

Од утринската лекција 21.07.2011
 

Да се дава, не значи да се наметне

12.07.2011 -
Прашање: За да ја распространувам науката кабала, треба да ја зголемам својата желба. Колку поголема ќе биде мојата желба, толку повеќе ќе можам да давам на светот.?Како во нас да одгледаме таква желба што таа едноставно ќе се прелее надвор?

Одговор: За тоа е потребно во себе да се развие способност за сочувствување со луѓето, да се солидаризираш со нивните болки. Можеби ти „паднала" некаква идеја на Баал ХаСулам и си решил да го откриеш Создателот и да се соединиш со Него. И сега сакаш да ги принудиш сите кон тоа. Ќе биде ли тоа давање на светот?

Да се извршува давање на луѓето, значи да се исполнуваат нивните желби, а не сопствените. Ти не ги присилуваш да го прифатат она што ти е важно на тебе, туку напротив, нивната желба за тебе станува поважна од сè. Тоа е давање. Инаку, сакаш присилно да ги принудиш на нешто.
Тие сакаат да гледаат фудбал, но ти ги затвораш сите стадиони: „Ќе им покажам јас фудбал, ќе ги асфалтирам сите стадиони, ќе донесам закон кој го забранува фудбалот како хазардна игра". Ти мислиш дека тогаш ќе имаат време за внатрешно поправање. Што ти е?

Не сакаат тие никакво поправање, тие сакаат фудбал. И ова по тебе е љубов? Зарем мислиш дека на луѓето можеш да им дадеш нешто на сила? Да, ти едноставно им го уништуваш животот. Зарем е можно тоа?

Да се сака некого значи да се земе неговата желба и да се исполни. Затоа ни е потребен систем за воспитување, за да се дејствува постепено, нежно, без напаѓање. Ние треба да му објасниме на човекот дека сите негови несреќи се предизвикани од дисбалансот со Природата, од омразата кон другите. Всушност во тоа сме спротивни на Природата и затоа страдаме на разни нивоа. Ти објаснуваш колку што можеш и по малку воспоставуваш контакт со оние кои дури и само малку сфаќаат.

Кон човекот треба да се обраќаш со тоа дека му ветуваш благо. На пример, сега е сезона на одмори. Раздавај на аеродромите брошура со илустрации, со хумор и истовремено со идејата која сакаш да им ја доближиш. Нека се почувствува човекот пријатно додека ја отвара таа брошура во авионот или во фотелјата. Според формата, таа се совпаѓа со неговото расположение, а според содржината звучи примамливо, ветувајќи добро продолжение по враќањето дома. Можеме ли да направиме таква брошура? Ако до сега не сме направиле...

Од утринската лекција според статијата “Дарување на Тора“ од 12.07.2011

 

„Време е да се дејствува заради Создателот“

12.07.20011 -

Прашање: Што значи „да се зачува намерата"? Се создава впечаток дека во тоа нема никакво движење, нема никаков развој. Како е можно да се развива намерата.

Одговор: Читајќи го Зохар, јас играм игра со своите другари. Не е важно дали ги разбираме или не тие зборови, слушаме полуфрази, четвртина или цели реченици, сите зборови, одиме во голема или помала длабочина, секој колку што може. Но, играта се состои во тоа што сите тие зборови ги поврзувам со нас. Бидејќи книгата вели дека треба да бидеме поврзани меѓу нас. Јас не знам како, но тука тоа е напишано.


Затоа, за време на читањето, јас се обидувам да мислам како да бидеме поврзани на еден или друг начин, во една или друга форма. Да речеме, напишано е: „„Време е да се дејствува заради Создателот"... бидејќи „ја прекршиле тие Твојата Тора"". За што се зборува овде?

Ако човекот заборави на намерата заради давање, тоа значи дека тој „ја прекршил Тора". И дека тогаш е „време да се дејствува заради Создателот", односно треба да се вратиш одново на истата намера, на истата силна врска со другарите во меѓусебно давање, бидејќи со тоа посакуваш да изградиш „место" за откривање на Создателот. И ти го правиш тоа, за да Му овозможиш да се открие. Тоа е Неговата наслада, како кај Домаќинот кој приредува гоштевање на гостинот.

Зошто го читаш Зохар? Каде сакаш да го оствариш прочитаното, да го откриеш? – Во поправените односи меѓу нас. Нема друго „место". Ќе се открие исклучиво меѓу нас, но ако успееме да создадеме правилна врска во меѓусебното давање. Затоа јас се обидувам да пронајдам какви нитки, каква мрежа нè поврзува, каква треба да биде таа, во какви желби и мисли, во каква сила на стремежот меѓу нас, во какви појави, која е формулата на таа мрежа, какви сили треба да дејствуваат таму? Тоа сакам да го знам! А токму за тоа зборува Зохар.

Од лекцијата според книгата “Зохар“ од 12.07.2011

 

Сите врски на желбата

10.07.2011 -
Прашање: Како Светлината ќе ги реши проблемите на седум милијарди луѓе на Земјината топка? Затоа што секој си има свои проблеми и свое ниво на развој. Ние живееме во огромен систем. Секоја ситница ли ќе биде земена предвид?

Одговор: Претстави си дупка во земјата која ја полниш со вода. Токму така и во светот секој детал, секој елемент, секоја испакнатина и секоја вдлабнатина се исполнува со Светлина, согласно своите карактеристики. Светлината не се пресметува со желбата, туку едноставно ја исполнува, ја осветлува, се буди во неа. А желбата, соодветно на тоа, чувствува колку е блиску до Светлината или далеку во едни или други детали од перцепцијата.

На пример, Светлината која ја добивам се засилува за 10 вати. Соодветно на тоа, во секое мое својство, во секоја желба се појавува нова мисла, нова анализа на ситуацијата и јас правам нова пресметка.

Прашање: Значи, Светлината не е функција, а сè се определува само со желбата?

Одговор: Светлината изгледа непроменета. Сè зависи од мојата желба и нејзината форма. Кога таа се полни со Светлина, јас не ја чувствувам самата Светлина, туку реакцијата на желбата, сите нејзини врски. Тоа за мене и е Светлината.

Прашање: Што зависи овде од мене?

Одговор: Работата со намерата. Ние не ја менуваме желбата, туку намерата и само неа. Мене ми е сеедно какви испакнатини и вдлабнатини има во дупката која ја полнам со вода. Тие и ќе си останат такви, а мојата задача е да ја наполнам.

Од утринската лекција според статијата “ Дарување на Тора“ од 10.07.2011

 

И повторно за секојдневието

03.05.2011 -

Прашање: Вие рековте дека за решавање на проблемите од кризата потребно е да се намали побарувачката. По што се разликува минималната потреба од основната? Може ли, на пример, да се смета за потреба часовник од илјада евра?

Одговор: Прашањето не е едноставно, но, јас дури би рекол и дека е интригантно.

Има една кабалистичка приказна од пред две илјади години. Си живееле двајца другари. Едниот бил богат, а другиот обичен, но двајцата биле на духовно ниво. Се случило богатиот да се уништи и тогаш другарот почнал да му служи, како роб, сакајќи да му го обезбеди потребното, претходното ниво на живеење, бидејќи порано другарот имал робови и тој, губејќи ги нив, чувствувал загуба на потребното.

Примерот е интересен, иако не е соодветен за нашето време, бидејќи кон тоа нас нè принудува природата. Мораме да ја намалиме својата потреба, инаку ќе ја опустошиме Земјината топка.

Работата не е само во тоа дека треба да ги намалиме своите потреби. Треба да достигнеме состојба кога би биле радосни ако се ослободиме од непотребното, но принудени сме да го примаме за да постоиме во телото во овој свет.

Јас имам голема желба која во себе го вклучува нивото на мојот живот, каде што освен физичките потреби, постојат и социјални – образование, култура, одмори, патувања – никој не вели дека треба да се откажеш од нив. Тебе ти е потребен стан, сè што е потребно за станот, жена, деца... Проблемот е во нашите потреби над нормалното ниво.

Ако ја учиш науката кабала, несакајќи ќе го бараш само она што ти е потребно, затоа што за тебе е важно само духовното исполнување. Затоа си среќен бидејќи ги немаш непотребните желби и би бил среќен да се ослободиш дури и од нормалните желби, но тие ти се потребни за да го одржуваш своето постоење. Тоа се нарекува потреба.

Од лекцијата на конгресот “Унидас“ во Мадрид

 

Како да Го оправдаме Создателот?

03.05.2011 -
Прашање: Во науката кабала учиме дека „нема никој друг освен Него" и дека Создателот е добар и совршен. Но ако човек, отркивајќи го тоа, стане сведок на убиство, како треба да се однесува кон тоа?

Одговор: Кога гледаме зло во нашиот свет, си го поставуваме прашањето „Како може тоа, бидејќи Создателот е добар и совршен, добар и прави добрини?" Сè што зборува кабалата се однесува за состојбите на вишо ниво „махсом" (граница меѓу материјалниот и духовниот свет).

Само на ова ниво владее добрината. Добивајќи својство за давање, почнуваш да сфаќаш дека светот е прекрасен и дека Создателот е добар. Пониско од оваа граница еден се јаде со друг – и во буквална и во преносна смисла. Овде ние не треба да очекуваме добри постапки, туку напротив, сите ние, во целиот свет ќе се чувствуваме сè полошо и полошо, бидејќи тоа нè принудува да се ослободиме од своето его.

Ако ни беше удобно, Создателот со нас ќе беше добар и животот ќе беше добар, но ние ќе останевме мали егоисти кои се насладуваат од ситници. Само несреќите нè водат кон развој.

Но, кога ја преминуваш границата меѓу материјалниот и духовниот свет, се развиваш повеќе според својата желба и повеќе не ти се потребни проблеми, затоа што силата за својот развој ја генерираш сам.

Од лекцијата во Шпанија на конгресот “Унидос“

 

Знај го светот во кој живееш

27.05.2011 -
Прашање: Како да дојдеме до луѓето обземени од власт? Бидејќи ние сакаме да ги скршиме рамките кои тие ги прават цел живот.

Одговор: Воопшто не. Ние не војуваме со власта, не ја рушиме политиката и економијата, не го кршиме воспоставениот поредок. Ние се бориме само за воспитание на народот и ништо повеќе. Јас сум за тоа, да оставиме во светот сè како што е, само кон тоа да го додадеме принципот на љубовта кон ближниот како кон себе. Јас немам проблем со тоа што е изградено до сега. Нека градат и понатаму, на здравје.

За мене е важно само едно: човекот мора да знае во каков свет живее, зошто живее и како навистина може да се исполни за да ја достигне целта, не потпаѓајќи во лажење на самиот себе и да не се додворува самиот на себе со помош на секакви игри кои му даваат само повремено, невредно исполнување и паѓање во смрт. Јас ништо не поништувам, не истапувам против владините програми, банки, општини итн. За тоа не се интересирам. Правете што сакате. Сакате да крадете – крадете, занимавајте се со глупости. Тоа не е важно, сето тоа јас воопшто не го ни гледам. Јас само сакам да додадам воспитание.

Воспитание, за да се знае во каков свет живееме, како функционира тој, што го движи, која е неговата цел, што ќе се случи ако сите заедно тргнеме по таа програма, што ќе се случи ако се оттргнеме од неа или се насочиме во спротивна страна. Колку страдања ќе ни донесе тоа?Какви всушност страдања? Вредно ли е за тоа или не?

Јас сакам луѓето да знаат, да видат пред што стојат, за правилно да ја читаат картата и ништо повеќе. Сите други работи на светот се наоѓаат на друга површина и јас со нив воопшто немам допир, мојата канцеларија е еден кат погоре. Станува збор за тоа дека до што ќе дојдеме е сеедно. Бидејќи ние ги трошиме ресурсите на Земјата и ја загадуваме. Затоа треба да преминеме од побарувачко општество кон избалансирано, со други зборови, да престанеме да правиме глупости.

На луѓето им се потребни едноставни секојдневни работи: стан, работа, храна, облека итн. Тоа треба да се обезбеди на секого, а сето останато да се пресече, да се прекине со изработка на непотребни стоки, да се престане со мерење на својот успех според готовите производи. Затоа што тоа производство ја опустошува планетата и ја загадува животната средина.

Затоа половина ден ќе работиш за обезбедување на неопходното, а другата половина ќе седиш и ќе учиш, од време на време полагајќи испити. За тоа, и само за тоа ќе добиваш плата.

Затоа што човекот не знае во каков свет живее. Завршува школо и не е соодветен на условите во кои се наоѓа. Живее во својата илузија, одделен од светот, им се чуди на несреќите кои сам ги привлекува врз себе. Тие доаѓаат затоа што ние, како малите деца, си наштетуваме себеси. Затоа посакувам само едно – да ти дадам образование, и најважно, воспитание, кое е суштината за поправањето на меѓусебните односи на луѓето.

Тогаш ќе бидеш соодветен на светот, ќе бидеш избалансиран со него, ќе станете интегрална целина и тоа сега е временски императив. Сите елементи треба да бидат правилно соединети со заеднички механизам, со природни мрежи од меѓусебни поврзувања, а ти дури и да не знаеш за тоа. За тоа зборувам јас. Навистина, таквото воспитание ќе го промени човекот, но тоа ќе се случува постепено, само по себе. Јас не војувам со природните работи, јас само ти го објаснувам светот, ти покажувам каде живееш и како последица од тоа, ти се менуваш. Затоа што пред тебе се факти и што ќе правиш.

Нема што да правиме: ќе изготвиме непроменливи закони и ќе ги донесеме плански. Со брзање ништо нема да се поправи. Затоа што луѓето постапуваат според својата природа. Можеш ли неа да ја поправиш?

Уништувањето е составен дел од природата на човекот и додека не му дадеш правилно воспитание, додека не види со свои очи дека ризикува да го изгуби животот, нема да престане. При што, тој мора да го види тоа на најјасен можен начин, како смртта да му стои на прагот. Тоа и е образованието, воспитанието, кои ни е потребно. Инаку нема да преживееме на Земјата. Тоа го потврдуваат истражувањата. И нема други средства освен воспитанието.

Не треба да се морализира, не им кажувај на луѓето колку се добри или лоши. Тие се такви, какви што ги создала природата. Тие не можат помалку да крадат, помалку да лажат, едноставно не се способни за тоа. Кажано е за тоа: „Оди кај Создателот, Кој ме создаде мене". Создателот од самиот почеток ти вели: „Јас создадов лош почеток". Зарем ќе Му најдеш маани во Создаденото?

Има само еден лек: „Тора како зачин" – со други зборови, кабалистички метод на воспитание.

Од лекцијата според статијата “Слободна волја“ од 27.05.2011

 

Според науката, а не според сфаќањата

27.05.2011 -
Прашање: Можно ли е да се добие душа, да се открие духовниот свет и Создателот без науката кабала?

Одговор: Човек почнува да ја истражува природата и во неа открива определен закон, односно определена поврзаност меѓу појавите. На пример, испуштам на подот некаков предмет, сметам со какво забрзување паѓа и од таму изведувам закон. Притоа, другите не ги изучуваат природните појави, туку добиваат знаење за нив на готово. Има луѓе кои ги откриваат природните закони и луѓе кои учат и на тој начин откриваат – секогаш е индивидуално, лично. Појавите кои ги откриле научниците постоеле во природата и порано.

Зарем не паѓале јаболки врз главите и пред Њутн да го открие законот за гравитација? Така, нема ништо ново, ние го откриваме она што веќе постои, што се случува. Меѓутоа има пронаоѓачи и има такви кои учат од нив и се обидуваат правилно да го искористат добиеното знаење. Таква е работата и со науката кабала, со физиката на поширокиот свет, кој не се чувствува во нашите сетила. За него мора да развиеме дополнително сетило, наречено „својство на давање", во кое ќе ги откриеме духовните појави: сфирот, светови, парцуфим. Но, претходно работиме како научниците.

Кажано е: „од Твоите дејствија те препознавам Тебе". Оттука е јасно дека сè произлегува од дејствијата, од истражувањата. „Човек суди само по она што го гледаат неговите очи". „Верата" е силата на давањето која ја добиваш. Не ги затвораш очите за слепо да прифатиш како факт нечие туѓо мислење – тоа го нема во ниедна наука, го нема ни во кабалата. Токму напротив, кажано е: „Знај Го Создателот и служи Му". Во основата на сè лежи знаењето, анализата, откривањето.

Така значи, има луѓе кои го оствариле тоа откривање, виделе определени законитости и ти предаваат знаење за тие закони, за методот на истражување за да го олеснат твојот пат. Бидејќи едни исти закони дејствуваат врз сите, ние се наоѓаме во еден свет.

Така што, не треба да се гледа на кабалата како на непознато животно. Таа е корен на сите науки од нашиот свет, бидејќи ни го открива коренот на битието и кон неа всушност треба да се однесува како кон наука. Кабалата нема односи кон религиите.

Паѓајќи од нивото на љубов кон ближниот во егоизам и меѓусебна омраза, ние ја изгубивме и престанавме да го чувствуваме Вишиот, духовниот свет, а тогаш се родила и религијата. Така, „религијата" е науката кабала, останата во прогон, одделена од Создателот, одделена од Вишиот свет, одделена од предметот на изучување. Надвор од реално чувствување, без знаење и разбирање, обработка на духовните дејствија и меѓусебни односи со поголемата реалност, со Вишата Сила, се претвори во Јудаизам. Тој постои во делот од времето од разрушувањето на Храмот до избавувањето, по што одново се враќаме кон науката кабала.

Затоа е кажано: „Сите Ме познаваат Мене, од мал до голем". Се разбира, ништо не треба да се презира. Ние напредуваме со помош на средствата кои ги имаме, но секое од нив си има своја сфера на примена.

Од лекцијата според статијата “Слобода на волјата“ од 27.05.2011

 
Повеќе Артикли...

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica