Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од личниот блог на М.Лајтман - laitman.com

Што се раѓа во центарот на групата?

alt  - 22.05.2012 Прашање: Што раѓаме заедно во центарот на групата?

Одговор: Секој пат во центарот на групата, даваме живот на силата на поврзувањето, единството, гаранцијата, давањето и љубов над нашиот егоизам, во нејзината основа, но издигајќи се над неа. И така, го создаваме условот за откривање на Вишата Светлина, кое е место за откривање на Создателот. Се нарекува Шехина, бидејќи е Шохен, Создателот, таму го издигнал својот престол.

Центарот на групата, од гледна точка на желбите, е чувство до таа мера што сакаме да ги поврземе сите овие желби заедно. Човекот гледа дека целиот свет зависи од него, и од друга страна, го гледа степенот до кој тој зависи од целиот свет. Тоа е двонасочно чувство. Еден миг, чувствувам дека стојам пред совршен систем; следниот миг, гледам дека системот е расипан заради моето недоволно учество во него. Секогаш откриваме два спротивни квалитети. Но помирувајќи ги со урамнотежување со Вишата Светлина, ја достигнуваме средната линија.

Оваа средна линија во себе вклучува мноштво составни делови; не мора да значи дека е директен пат, туку нешто во средината меѓу десната и левата линија. Не е само нивниот просек, туку нивно урамнотежување до 100%. - 100% крадец и 100% алтруист – филантроп се поврзуваат во средната точка и ги користат двата квалитети во сета нивна сила, а не половина.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 5/22/12, „Разговор за работилницата“

 

Што е поважно: Заедничката согласност или заедничкиот впечаток?

 - 20.05.2012 Прашање: alt

Одговор: Секој пријател кој веќе учествувал во семинарите, чувствува и сфаќа дека нивната суштина и значење се способни за тоа. Групата може да одбере тема на разговор пред време и личноста која е одговорна за редот може да седи надвор од групата и да го надгледува редот за време на дискусијата. Најважно е ние да постигнеме заеднички впечаток на крајот на дискусијата, а не заедничка согласност. Не мора да делиме мислење.

Сите ние, заедно со нашите мислења, сакаме да постигнеме единство над овие мислења, што може да биде сосема различно. Не мора ниту да се разбираме меѓу себе, но секој од нас претпоставува дека посебно ова ќе ни помогне да се обединиме и тоа е тоа: тоа е доволно. Никогаш не треба да се убедуваме еден со друг! Можеби зборуваме за одреден проблем и сите ќе го изразат своето гледиште, тие сосема ќе бидат различни и неповрзани, но на крајот сакаме нашето заедничко „Јас“ да се обедини, за да може да го постигнеме ова.

Прашање: Имаме испитано многу нијанси, но сето тоа исчезнува за време на семинарот. Каде може да прочитаме и видиме листа од овие правила и прашања пред семинарот?

Одговор: Во вашите срца. Ова никаде не постои; не може да се подреди во листа. Ако почнеш да го подредуваш, ќе никнат други илјада прашања и ова ќе се случува до бесконечност.

Прашањата мора да се појават во срцето, а одговорот мора да биде примен таму без дискусија.

Прашање: Некои пријатели не можат да го поднесат интензитетот за време на работилницата бидејќи е физички тежок за човекот.

Одговор: Не е само физички, туку и психички стрес бидејќи мора да слушаат, одговараат, проценуваат. Тука си вовлечен и задржан, и ова е високо – квалитетна акција.

Прашање: Колку е важно да се остане и да се направи овој напор, наместо да се ослободиме од напнатоста со пауза за цигара?

Одговор: Не, во никој случај! Без паузи за цигара! Човекот мора да се надмине себеси и да не биде загрижен за неговото срце или глава. Ништо нема да му се случи. Напнатоста е навистина голема, но се случува под влијание на Вишата Светлина, па не може да има непријатни и несакани последици.

 

Од виртуелната лекција 20/05/12 „Основите на кабалата“

 

Живот во постојана обнова

alt - 22.05.2012 Прашање: Дали центарот на групата постојано се менува сé до крајот на поправањето, или откако еднаш ќе го откриеме, продолжуваме да работиме со него каков што е?

Одговор: Ништо не останува постојано. Мораш да го фатиш, и веднаш се губи. Си сфатил нешто и наеднаш повторно ништо не е јасно. Меѓутоа, ти си среќен заради ова; само тогаш можеш да откриеш нови детали. Човек треба постојано да вложува напор. Тој почнува да ужива во тоа што го постигнал, пријатното чувство на самодоверба и исполнување, и не сака тоа да го изгуби.

Меѓутоа, ова не е во корист на развојот. Ако сакаш да го задржиш пријатниот момент, тогаш ќе се претвориш во столб од сол, како жената на Лот. Ова не треба да се прави според духовните закони, од нас се бара постојано да додаваме дополнително разјаснување и разбирање. Затоа постојано мора да се стремиме кон зајакнување на значењето на центарот на групата, а не да го смируваме она што веќе е постигнато.

Не треба да се стремиме кон тоа да се вратиме во минатиот момент. Не треба да се потсетувам сега како порано сум се чувствувал и сфаќал. Напротив, треба да ги избришам сите стари впечатоци и да целам кон нови!

Од првиот дел на дневната кабала лекција 22/05/12, „Разговор за работилницата“

 

Промени кои водат до еднаквост

alt - 21.05.2012 Прашање: Што е центар на групата?

Одговор: Центарот на групата е центар на нашата реалност, највисоката духовна точка. Реалноста не постои сама по себе, но постои во однос на личноста која ја постигнува. Реалноста може да се постигне само во центарот на групата каде го поништувам моето его и еднакво се поврзувам со другите за да се стабилизира во мене. Во исто време, намерно ја менувам врската меѓу нас и се потчинувам пред моите пријатели со тоа што ги гледам како најдобрите во генерацијата, а во друго време се издигам над нив со цел да дарувам нешто од себе. Најпосле, гледајќи ја групата еднаш одозгора, еднаш одоздола, пронаоѓам еднаков однос кон неа. Оваа еднаквост не постои на почетокот; таа е резултат на мојот напор.

Од една страна, копнеам колку што можам да бидам над пријателите за да можам да им помогнам, но од друга страна, се поставувам под нив со цел да живеам и да бидам оној кој прима преку нив. Преку овие два столба, наеднаш откривам што значи да бидеш еднаков, иако претходно не сум целел кон тоа и не сум ја гледал оваа точка. Се гледам себеси во Ејн Соф (Бесконечност) повисоко од сите други (+∞), и во исто време во Ејн Соф пониско од пријателите (–∞). Одеднаш го наоѓам центарот на групата каде што сите се еднакви и откривам дека навистина постои. Мојот телесен живот го оставам назад и останува само посветеноста, заедничката гаранција, поврзувањето со сите.

Чувствувам дека повеќе ја повикувам Светлината која поправа, опкружувачката Светлина, која го исполнува целиот „простор“ на моите атрибути. Откривајќи повеќе моќи, поголема поддршка, поголема грижа од надвор, чувствувам дека се стабилизирам и дека ова е центарот на групата. Во центарот на групата навистина ја откривам групата, пријателите и без разлика што тие ќе откријат, во мојата реалност сé е сосема прецизно. Така е затоа што светот на Ејн Соф веќе постои и симнувањето во овој свет значело само градење на скалилата од скалата на духовното откривање, препознавањето, сфаќањето и чувствувањето во нас.

Кога овие скалила се појавуваат во човекот, тој почнува да се качува по нив, не зависи од никој: Сите се во Гмар Тикун (крајот на поправањето). Јас сум пред местото каде што постои Светлината на Ејн Соф и сé зависи од мене, сета реалност е во мене, и таму ја откривам вистината. Но оваа вистина зависи од моето залагање, мојата верност кон групата, кон учителот и кон изворите, и треба да ја откријам во пракса.

Нема ништо друго освен центарот на групата. Откривам дека мора да стане центар на целиот свет, местото каде што се составуваат сите души, сите неправилности и сите поправки. Ова е Малхут на Ејн Соф со сé што ќе се собере и вклучи во неа. Со други зборови, кога човекот ќе се посвети на Малхут од Ејн Соф, Божественоста, сакајќи да биде нераскинлив дел од неа, тој самиот станува Малхут од Ејн Соф, и на тој начин ја поврзува со првите девет Сефирот, што значи со сите светови до Ејн Соф, и така напредуваме.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 22/05/12, „Разговор за работилницата“

 

Напад врз префинетоста на чувствата

alt - 21.05.2012 Прашање: Каков напор ни е потребен за време на семинарот? Треба да биде излив како на напад, или префинета внатрешна потрага?

Одговор: Семинарот и нашиот пат воглавно се целосно засновани на чувства, бидејќи појаснуваме сé што е внатре во нашиот материјал, желбата да се ужива. Желбата се согледува преку чувствување, но за да се сфатат различните состојби кои се искусени, потребен ни е умот. Умот ни доаѓа само на возвишените нивоа, кога почнуваме да ги обединуваме желбите со надеж дека ќе постигнеме поправен сад. И тогаш почнуваме да го создаваме нашиот духовен ум. Пред тоа на располагање ни е само земниот, животински ум кој ни помага да бидеме подобри слуги на егоизмот. Овој ум не се искачува повисоко од нивото на овој свет бидејќи робот се приспособува на својот господар. Затоа тие чувства и умот со кој постоиме сега се целосно ограничени од нивото на овој свет и не содржат ништо што се однесува на духовниот. И тука, не е важно колку е паметен човекот.

Ова воопшто не се поврзува со духовното. Со новите чувства и ум, со кои се поврзуваме со духовното, ние сега почнуваме да се развиваме во потрагата по заедничката точка. Оваа чувствителност мора да се локализира во областа каде што сме поврзани еден со друг, во центарот на групата. Умот ќе се појави со цел да ја открие префинетоста на ова и да ни помогне да се обединиме. Ова се духовните чувства и ум, кои ѝ припаѓаат на духовната скала. Затоа на семинарот мора да преовладува инспирацијата за единство, а не едноставен ентузијазам со надеж дека ќе се прими ново знаење и дека ќе се развиеме самите ние.

Ако го посакувам моето будење и подготовка за семинарот за да се придружам на оваа работа, тогаш од самиот почеток морам да се фокусирам само на единство. Ова значи фокусирање на важноста на единството, важноста на групата и пријателите, не посакување само да се постигне нешто сам и за себе. Штета е за оние кои безнадежно се трудат, бидејќи ќе бидат изоставени надвор од кругот.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 5/21/12 „Разговор за семинарот“

 

Секој човек „готви“ според сопствениот рецепт

altПрашање: На собирот открив дека немам желба да се поврзувам со другите. Како да ја добијам оваа желба?

Одговор: Природно е да немаме желба да се поврзуваме. Живееме во свет каде што неповрзаноста и неединството растат од ден на ден. Луѓето се кријат зад компјутерските екрани и мобилните телефони, и сите други средства кои создаваат илузија на поврзување наместо вистинско обединување.

Но нам тоа повеќе ни се допаѓа! 99% од направите кои се произведуваат се со цел да му помогнат на човекот да избегне поврзување со другите. Создаваат илузија дека немаме потреба да се сретнеме во живо за да се погледнеме во очи, дека доволно е да гледаме во мал екран и да притискаме копчиња. Никој не се погледнува со другите. Луѓето одат по улица како зомби насочени кон целната точка и практично не ни зборуваат меѓу себе. Целиот свет сé повеќе и повеќе се одалечува.

Моето его ме тера максимално да го ограничам поврзувањето со другите, и затоа ми треба посебен стан и посебна храна. Го градам моето живеалиште така што ги имам сите домаќински уреди во мојот дом и не морам да зависам од некој. Наскоро роботите ќе ги извршуваат сите наши домашни задачи и нема да ни биде потребен никој друг. Човекот се чувствува најдобро кога е сам. И ако одеднаш му стане досадно, му се јавува некому или му праќа електронска пошта.

Со овој облик на развој на нашиот егоизам, стремежот за обединување е едноставно спротивен на нашата материјална природа. И јасно е дека луѓето кои доаѓаат на Собирот да се обединат се чувствуваат незгодно. Освен тоа, колку е поразвиен човекот, толку поголем отпор чувствува, како што е запишано, „Оној кој е поголем од својот пријател има поголем егоизам.“

Ова одбива многу нови луѓе, како и долгогодишни, добри, силни студенти, фрлајќи ги надвор од нивните граници. Мора да разбереме дека ова е природната реакција на секој човек. И ако некој си замине, тоа не значи дека тој е подготвен за духовен напредок, туку тој едноставно не добил доволна поддршка и трпелив однос од другите. Секој човек треба да добие можност да работи на Собирот и на некој начин да учествува, и постепено, времето ќе го стори своето. Ако човекот има голема егоистичка желба, тој не може веднаш да го прифати фактот дека мора да се поврземе.

Просечниот човек лесно ќе се согласи да седи заедно со другите и да пее. Но за индивидуалист кој има силни желби – егоизам, гордост и љубов кон моќта – ова е неприфатливо и неподносливо, и тој бега. Затоа, мора да им дадеме шанса на овие луѓе да „готват на тивок оган“. Тоа е како подготвување на јадење во кое секоја состојка се готви посебно и во различно време, и потоа сé се комбинира заедно во еден сад. Исто така, има секакви видови на луѓе во групата, и секој човек има сопствено време на готвење! Но на крајот сите ќе се обединат и ќе готват заедно.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција на Каб. Тв 18/05/12 „Прашања и одговори за минатите собири“.

 

125 степени

altПрашање: Што се всушност 125 степени?

Одговор: Целата твоја желба да примаш е поделена на 125 степени на густина: колку суров и цврст можеш да бидеш на нултото ниво кое ретко се открива, како комарец, сé до див ѕвер на нивото на минус Еин Соф (Бесконечност).

Овие се 125 – те степени кои ги броиме од нашата состојба сé до светот на Еин Соф. 5 светови помножено со 5 Парцуфим, помножено со 5 Сфирот, на овој начин е поделена Ха-Ва-Ја. Треба да ја поправиме целата оваа желба за примање. Се буди во друг дел од 125 – те степени секој пат со тоа што ти се додава, и ти мораш да ја поправиш.

Затоа, постојано чувствуваш растечка темнина и ја поправаш, и од оваа темнина ја стекнуваш „облеката на Хасадим“ каде што ја откриваш Светлината. Темнината е истата Светлина, но без облеката на Хасадим. Прво, во светот на Еин Соф, на Светлината не ѝ е потребно облекување од Хасадим. Примањето на Светлината зависи од степенот на облекување. Тоа е како да имаш одредена светилка и според нејзината сила ја откриваш моќта на Светлината која ја примаш.

Од вториот дел на дневната кабала лекција на Каб. Тв - 16/05/12, Книгата Зохар

 

Внатрешна промена

alt - 15.05.2012  Самиот факт што човекот учи според методот на интегралното образование, го менува на таков начин што неговата парадигма и чувства го менуваат светот во кој живее, и тој го чувствува светот како сосема различно место. Може да речеме дека со создавање на замислен свет за човекот, ги менуваме неговите природни, психолошки, внатрешни параметри. Во целост, денес развиваме апсолутно ѕверски манири и гледаме дека не може да продолжиме вака да постоиме. Ова значи дека можеме да го промениме светот само преку нашата перцепција, и тоа и го правиме.

Тука веќе почнуваме да чувствуваме дека во човекот се случува вистинска, длабока внатрешна промена, и можеме да видиме како тој внатрешно се менува и целиот свет станува поразличен. Животот во суштина е чувство на нешто што не постои; тој е едноставно како што го чувствуваш. Затоа мораме постојано да извршуваме многу сериозна психолошка работа, во работилници, запознавајќи луѓе, во нашите чувства, во дефинициите: Што значи реалноста, релативно и објективно, што е општеството, кој сум јас и кој е статусот до кој мора да се држиме бидејќи сé постојано се менува и е многу нејасно?

Одеднаш светот и јас стануваме нешто што е неодредено, зависно, каде што можеш да го водиш човека во сите насоки: Каде ќе бидеме?

Мора да го имаме ова чувство бидејќи од една страна е поврзано со опциите кои ги има човекот. Од друга страна, овие чувства треба да бидат слободни и човекот мора да почувствува дека може да го промени светот и себеси и да се врзе себеси со другите. И другите ќе го согледуваат овој свет кој всушност е мала слика која се замрзнала во нашата имагинација, во нашите впечатоци, и може да се промени.

Најважно е да се отслика вистинската слика за човекот и што треба да биде: целосен излез од себеси надвор и чувството на една сила во природата, односно силата на дарување и љубов, на добрина и заедничка соработка. Кога ќе ја стабилизираме оваа слика, ова чувство, во умот на човекот и кога општеството ќе ја поддржи, ќе почнеме бестрашно да се менуваме, и дури ќе има внатрешен премин од егоистична перцепција на реалноста (во мене), до надворешна перцепција (од мене).

Од „Разговор за интегрално воспитување“ 15/05/12

 

Како да ја побараме Светлината?

alt

 -15.05.2012 Прашање: Се обидувам да ја побарам Светлината преку поврзување со групата, но како поточно треба да ја барам?

Одговор: Барај поврзување. Никогаш не знаеме како да ја побараме Светлината, не знаеме како да се молиме. Секогаш кога се обраќаме на вишото, треба да имаме прецизна молба. Сé што човекот треба да дознае е што тој сака од Вишото. Дури и ако сакаш најлоши работи, упати ги кон Вишото. Ако ги упатиш кон Вишото, почнуваш постепено да ја поправаш твојата молба и да ја исправаш.

Ова се нарекува „појаснување“, како целата скала на духовни чекори. Почнуваме сакајќи да ги „проголтаме“ сите. Па обрати се на Вишото со тоа, биди доследен, и благодарение на Светлината што поправа ќе сфатиш што е добро и сé ќе се промени. Немој да мислиш дека барањето на нешто веќе те направило праведник, туку обрати се кон Вишото.

Така го почнуваме животот на овој свет. Погледни го бебето, колку е нечисто кога се раѓа, како ги валка пелените. Но речено е: „Мајката ќе дојде и ќе го исчисти својот син.“

Прави го само она што можеш. Но упорно и постојано! Тогаш ќе напреднеш! Односот на Вишото може да биде благ и нежен, и може да биде строг и цврст. Но само на овој начин се случуваат промени во нижото. Најважно е да се продолжи понатаму.

Од првиот дел на Дневната кабала лекција 15/05/12, Писанија на Рабаш

 

Претворање на доброто во зло

alt - 12.05.2012-Прашање: Создателот ја создаде склоноста кон зло и кон добро. Запишано е, „Ја создадов склоноста кон зло.“ Од каде тогаш доаѓа склоноста кон добро?

Одговор: Во реалноста, не постои склоност кон добро. Постои само склоноста кон зло, која првично била создадена од Создателот. Затоа тој нè известува дека ја создал склоноста кон злото. Но ние ја поправаме со помошта на Тората и ја претвораме во склоност кон добро. „Склоност“ е желба. Желбата останува.

Но „зло“ значи дека јас постојано сакам да примам за сопствено добро, и тогаш тоа ме повредува бидејќи се затворам себеси од светот како мало животно, живеејќи ги годините што ги имам за живот. Ова е најмизерниот вид на живот што може да постои во реалноста. Склоноста кон добро значи дека се обидуваме да се обединиме во групата и да видиме дека не сме способни за тоа, и да почнеме да врискаме во заедничка молитва. Тогаш доаѓа Светлината која преуредува и создава единство меѓу нас, и внатре во таа унија, во намерата за дарување, се открива Светлината. Тогаш, наместо склоноста кон зло, имаме склоност кон добро, истата желба, но со намера да се обединиме со соседот.

Од третиот семинар на собирот во Њу Џерси, 12/05/12

 

Три услови за откривање на Светлината

alt- 12.05.2012-Прашање: Под кој услов можеме да ја бараме, црпиме и откриваме силата на Опркужувачката Светлина, Светлината што поправа, која ќе нè поврзе во заедничка гаранција за да можеме да го откриеме Создателот, духовниот свет? Како можеме да ја бараме оваа сила за да нè поправи? Што ни е потребно за тоа?

Одговор: Мора да се исполнат три услови:

1) големина на целта,
2) очај заради сопствените моќи,
3) поврзување со сите пријатели.

Тогаш, сите заедно ќе го постигнеме чувството наречено „молитва на мнозината“, откако сме направиле сé што можеме за да се поврземе. Светлината доаѓа и нè преуредува. Што значи да се преуреди? Значи вистинска молба. Вистинската молба ни ја носи Опкружувачката Светлина. Затоа, според мудроста на кабалата, постои разјаснувачката Светлина, наречена Светлина на АБ-САГ, и постои Светлината која поправа. И тука исто така сé се одвива во две фази. Прво, мораме да направиме сé што можеме. Одржуваме собири, работиме во група, се обидуваме да се поврземе, со тоа повикувајќи ја Светлината која разјаснува што всушност сме. Ни дозволува да ја почувствуваме големината на целта. Во исто време, ни покажува колку ниско се наоѓаме, во состојба каде што не превземаме ни еден чекор напред.

Меѓутоа, овие две точки, големината на целта и очајот од нашите сопствени моќи, создаваат два столба меѓу кои има десет Сфирот. Тогаш, потенцијалот меѓу нив ја активира Светлината која поправа. Оваа состојба се нарекува „молитва“ бидејќи во молитвата има две точки, големината на целта и дознавањето на нашата нискост. Овој внатрешен плач ни ја носи Светлината која поправа, која ги поврзува овие две точки преку Десетте Сфирот и ни го дава целиот сад.

Од собирот во Њу Џерси 12/05/12, Работилница 3

Екранот е многу едноставен..

Прашање: Може ли една личност да стекне анти – егоистичен екран ако тој може да се стекне само преку групата? Или само Создателот може да ни даде екран?

Одговор: Светлината доаѓа преку групата како одговор на мојата молба и гради екран во мене, кој ми помага да се кренам над моето его и да се поврзам со групата. Екранот е поврзувачка алка меѓу мене и групата, или меѓу мене и Создателот, што е едно исто. Ми помага да се кренам над егоизмот и, кога еднаш ќе се издигнам над себеси за да се поврзам со Светлината, со Создателот, со суштината на групата која се открива во центарот на групата. Не ни треба ништо друго освен екранот. Тука е мојата желба и тука е групата во која ги пронаоѓаме Светлината и Создателот, и екранот ми помага да се поврзам со нив. Така влегувам во духовниот свет: во центарот на групата.

Од четвртиот семинар на собирот во Њу Џерси, 13/05/12


 

Прашања за малите птици, религиите и кабалата

-alt 12.05.2012 -Прашање: Според коментарите ако некој земе мали птици од гнездото кога мајката не е таму, треба да има Мицва. Истражував малку повеќе на таа тема, и коментарите велат дека тоа е така бидејќи кога мајката птица ќе се врати во гнездото и нема да ги најде нејзините чеда, таа вриска до Ха Кадош Барух Ху и го привлекува атрибутот на сожалување (Рахамим) врз целиот свет. Што значи ова во кабалата? На ѕидот на мојата куќа има гнездо со мали птици, и ги гледаме мајката и таткото како влегуваат и излегуваат за да ги хранат децата. Не се осмелувам да ги допрам.

Одговор: Не смееш! Сé ова се одлучува во духовното ниво, не во материјалното. Има голема забуна во извршување на задачите во физичкиот свет; види го Рамбам.

Прашање: Ако религијата е за сите, зошто не ги прифаќа луѓето со нестандардни ориентации?
Одговор: Луѓето ги создаваат религиите и ги експлоатираат. Според тоа, религиите се менувани и манипулирани како што им одговара.

Прашање: Пораснав како христијанин, и од пред три години па досега, ја изучувам кабалата. Меѓутоа, пред неколку дена, еден мој пријател кој е евреин ми кажа дека кабалата била наменета да ја изучуваат само евреите, и дека навистина е грешно ние кои не сме евреи или нееврејска раса да ја изучуваме кабалата, дека така се отворале многу мрачни премини.

Меѓутоа, мене ми е многу пријатно да ја изучувам кабалата. Навистина ми помага да најдам поврзување со Создателот. Не сакам да престанам да ја практикувам религијата на моите родители, христијанството. Моето прашање е: Дали е можно да верувам во религијата на моите родители или барем да задржам одредена почит кон неа, и да можам да продолжам по патот на кабалата, или само тоа можам да го правам?

Одговор: Те молам продолжи, и кажи му на твојот пријател евреин дека не разбира ништо од јудаизмот.

Од собирот во Њу Џерси 5/12/12

 

Преминување во друга димензија

  - 01.04.2012

Прашање: Што се подразбира под постоење во друга форма: без тело или надвор од него?

Одговор: Постои информација, нејзин носител и некој кој ја чувствува оваа информација. Секој од нив може да се промени. Информацијата (интелектот итн.) не мора да постои само во протеин, силикон или друг носител, дури не мора да постои ни во материјален носител, ни во мозокот. Информацијата, сама по себе, не е материјална. Само ние ја примаме преку материјален носител. Веќе сме способни да пренесеме информација од протеин, жив носител (мозокот) до нежив. Сета наша еволуција нè води до постепени промени во носителот на информацијата, постепено оддалечување од неговата првична, природна форма: од говор до пишување на различни носители, па и до програмирање и складирање информации во виртуелниот простор. Денес стоиме пред прагот на друга состојба во која телото ќе ја изгуби својата важност, чувствата ќе се пренесат во нова димензија (својството на дарување, додека ја пренесуваме информацијата од мозокот – носителот или, да бидеме попрецизни, квалитетот на примањето, до другиот носител: квалитетот на давање.)

Од утринската лекција од 01.04.2012

 

Моето Его и Јас

-24.03.2012

Прашање: Мислам дека можам да се држам до помислата дека сé доаѓа од Создателот. Тоа што не можам да го разберам е како да ги прифатам со љубов немирите кои ми создаваат болка? Сфаќам дека се добри за мене со мојот ум. Но како можам да додадам љубов? Каде е оваа љубов?

Одговор: Не ја довршуваш активноста, затоа не чувствуваш љубов. Сфаќаш дека немирите веројатно доаѓаат од Создателот, и дека наводно, тоа е добро. Знаеш дека не можеш да му избегаш на немирот, па го прифаќаш. Не го завршуваш со љубов. Не го процесираш тој немир заедно со групата и не го вртиш наопаку, и со тоа да го примиш немирот како израз на љубов. Како кога родителите казнуваат дете, тоа треба да сфати дека тоа го прават затоа што го сакаат. Не го казнуваат него, туку неговото его. Дури сакаат да го издигнат детето над неговото его. Кога ќе се подели на два дела, „ова е моето его а ова сум јас“ и ќе сфати дека немирите се спротивност на егото, тогаш неговото „Јас“ е поблиску до Создателот и чувствува љубов.

Замисли дека си паметно дете кое сфаќа: „Моите родители треба да ме казнуваат за да ме спречат да се однесувам лошо. Не ме казнуваат мене, туку едноставно ми даваат шанса да го надминам моето его.“

Коментар: Кога јас бев дете немав никаква идеја дека некој се поврзувал со мене со љубов. Сé што гледав беше казна.

Одговор: Тогаш стани попаметен! На крајот на краиштата, треба да пораснеш! Треба да дојдеш до состојба кога ги примаш најголемите проблеми и немашности како огромна љубезност и љубов. Многу сум сериозен. Сé зависи само од твојата перцепција! Постоиме во поле на бескрајно добра Светлина. Ништо друго не постои во целиот свет освен ова. Само бесконечна љубов и бесконечна добрина! Но нашата перцепција има маани, и како резултат ги чувствуваме спротивните чувства. Ако се изградиме одново и научиме да разбираме, наместо омраза ќе чувствуваме љубов, наместо зло – добро, и наместо страдање – задоволство.

 

Заради желбата на жената

- 24.03.2012

Прашање: Сиот мој живот барам врска со Создателот. И сега ја чувствувам; сфаќам дека Создателот ми праќа сериозни немири. Има внатрешен дијалог со Создателот. Морам да разберам што Тој сака од мене. Како можам да го разберам тоа, како можам да го почувствувам?

Одговор: Сé што е поврзано со откривањето на единствената Виша Сила, Создателот, исто важи и за жените. Само жените немаат способност да создадат детектор, сензор, чувство на перцепција на Создателот.

Мажите не можат да го создадат тој детектор ако немаат поддршка од жените. Работиме заедно. Жените мора да создадат околина околу мажите: да ги туркаат, убедуваат, помагаат и поддржуваат во сé што можат, но главното нешто е нивната желба. Вашата желба треба да влијае врз мажите. Како сопруга која го праќа својот маж надвор од куќата, го остава да работи и да носи дома приход бидејќи семејството мора да преживее.

Без ова, мажите само би си играле со нивните „играчки“ целиот живот. Заради женската желба светот се развива во овој и во духовниот свет. На жената повеќе ѝ лежи дисеминација. Ако врши дисеминација, ова е нејзината функција: Раѓа, се шири. Правејќи го тоа, таа работи многу подобро од мажите. Верувам дека ова сфаќање е највистинито и точно. Освен тоа, мора да ја поддржува машката група, да се грижи за неа како што мајката се грижи за своите деца да не се караат и тепаат, да ги смири и успокои. Жените исто така мора да се согласуваат. Ако има добар, правилен договор меѓу нив, мажите внатре нема да можат да се караат. Обидете се.

Мажите секогаш чувствуваат мал дел на мајка во секоја жена; тоа останува со нив до крајот на животот. Ако создадете таква еднаква, добра атмосфера, мажите ќе чувствуваат дека во таа околина мора да се однесуваат поинаку. Ако го продлабочите нивното единство, вашата желба наеднаш ќе почне да работи во насока на нивно поврзување, односно, нивен духовен напредок. Замислете само, каква работа вршите и што предизвикувате!

Од конгрсот во Вилнус, Литванија - 24.03.2012

 

Играње со количка

-30.03.201

Прашање: За време на семинарот еден пријател рече дека кога бил дете, си играл со колички и таа игра за него била реалност. Што нè спречува денес да откриеме дека сé што правиме не е игра, туку реалност?

Одговор: Ако навистина си игравме, досега ќе го откриевме Создателот. Целата игра е во групата. До денешен ден се немаме собрано како што треба. Ги вршевме подготовките, и времето не помина залудно. Ја чекавме општата состојба и атмосфера во светот, како и нашата внатрешна подготвеност. Постепено дојдовме до точката каде што можеме да ја сфатиме оваа подготвеност во групата. Таквите групи ќе се множат низ светот. Не постои друг начин ова да се оствари освен во мали групи од десетина луѓе. Ако групата е голема, мора да се подели на десетини и да се ротира. Не е важно до кого седиш бидејќи ја откриваш твојата точка во срцето. Не обрнуваш внимание на животинската суштина на твојот пријател. Тој може да не ти се допаѓа заради неговите наследени квалитети – така е уште подобро. Така полесно се наоѓа контакт со неговата точка во срцето, наместо неговиот телесен дел. Вака треба да работиме, и ова се нарекува „играње со колички.“

Од Конгрсот во Вилнус - Литванија, 30.03.2012

 

Синџирот на генерации

12.03.2012

Прашање: Што се мисли со терминот „претходни реинкарнации“?

Одговор: Зборував за полето преку кое сме поврзани еден со друг. Реинкарнација значи дека генетската информација се пренесува од една генерација на друга, но засега го откриваме само материјалниот аспект од тоа. Меѓутоа, исто така содржи сензорни и рационални информации за светогледот на претходните генерации кој се пренесува на потомците.

Затоа дури малите деца од новата генерација се резултат на претходната, и во себе имаат сé низ што поминала претходната генерација. Значи, развојот на човештвото се одвива преку синџир на генерации. И како што од една генерација на друга ги предаваме материјалните достигнувања во технологијата, науката и уметноста, така го пренесуваме и нашиот внатрешен емоционален и интелектуален развој.

Ова може да се потврди кај новороденчињата. Гледаме дека денес, децата имаат перцепција која одговара на онаа на нашата генерација. Но ако можеме да родиме бебе што припаѓа на период, да речеме, десет генерации пред нас, ќе видиме колку е различно од модерното новороденче во својот потенцијал и способност за развој.

Овој феномен може да се нарече реинкарнација бидејќи личноста пренесува информации од претходниот живот во сегашниот. А што е претходен живот? Тоа е животот кој му се пренесува од претходната генерација.

Да речеме дека пред сто години луѓето имале одредено ниво на интелект и чувства. Се развивале во рамките на својата генерација и починувале. Нивните деца сега припаѓаат на различно ниво на развој. Зошто? Бидејќи една генерација и пренесува на другата не само физичка материја формирана од клетките на таткото и мајката, туку и извесна внатрешна човечка порака. Оваа прогресија на генерации ние ја нарекуваме реинкарнација.

Од КабТВ „Нов живот“ епизода 3,

 

Создавање на светот

Како да ја изедначиме генезата (постанокот) со Биг Бенг

11.03.2012

Прашање: Јас сум наставник и сега ја работиме темата „Создавањето на светот“. Само што завршивме со дискутирање за првиот дел од Библијата, „Постанокот“, и сега почнуваме да зборуваме за Биг Бенг. Како да ја објаснам очигледната противречност меѓу создавањето на светот пред 5772 години и Биг Бенг кој се случил пред милијарди години?

Одговор: Биг Бенг се случил пред 14 милијарди години. Бил предизвикан од искра во Горната Светлина, која стигнала до своето најниско ниво и се облекла во егоизам. Искрата ја содржела сета материја и енергија од нашиот свет, од кои подоцна се развил целиот универзум.

Тогаш, отприлика пред 4 милијарди години, нашата планета се појавила од згуснувањето на честичките. Се ладела милијарди години сé додека не се создала атмосферата и животот. Ништо од ова не било случајност. Сите акции и настани се остварување на информациите кои ги содржи таа почетна искра на Светлината. Следни се појавиле неживите и растителните нивоа на природата, проследени со животинското ниво на природата а потоа и човечкото суштество. Сé се случувало последично, како што е објаснето во теоријата на Дарвин, освен тоа дека причината за појавувањето на секој вид била информацијата која првично била всадена во искрата на Светлината. Оваа искра првично ги содржела сите информации за целиот наш универзум.

Меѓутоа ние можеме да ја набљудуваме само надворешната појава на еден вид од друг, и ова неточно го толкуваме, мислејќи дека тој вид еволуирал од друг, кога всушност, тоа се случило заради остварувањето на информациските гени (Решимот).

Како што Ари напиша во неговата книга „Дрвото на животот“, човечкото суштество се појавило од мајмунот пред стотици илјадници години (види Дел 3 од Талмуд Есер Сефирот). Меѓутоа, првиот Човек, што значи првата личност што го постигнал Создателот пред 5772 години, бил Адам. Неговото име доаѓа од зборот Едаме, што значи „сличен на Создателот.“ Овој датум го славиме како Нова Година, оттука почнува нашата хронологија. Тоа е затоа што почнувајќи од тој датум, во текот на 6 илјади години сите луѓе мора да го достигнат нивото на Создателот – целосната корекција на нашиот егоизам.

 

Дали нашиот свет е конечен?

06.03.2012 -

Прашање: Постои ли надеж дека нашите стремежи и вредности кон кои сега се стремиме ќе бидат пренесени на нашите деца, а од нив на нивните деца? На крајот на краиштата, гледаме дека сé оди во надолна линија.

Одговор: Природата нема да умре, животот ќе продолжи. Ќе мора да живееме во нашата сегашна димензија, која ќе ја чувствуваме сé додека не завршиме со нашето поправање.

Затоа, не се грижи за крајот на светот, што ќе остане или нема да остане за нашите деца и внуци, и дали овој свет ќе постои за наредните генерации. Нашиот свет ќе престане само кога повеќе нема да ни е потребен. Односно, кога последните луѓе ќе завршат со поправањето, целото човештво што постои во тој момент истовремено ќе почувствува дека тоа е последната поправка која ги доближува заедно во една идеална глобална заедница и им овозможува да почнат да го чувствуваат постепеното исчезнување на овој свет.

Но уште порано, до степенот до кој човекот се поправа себе си и станува интегрален, нашиот свет исчезнува од неговите осети. Меѓутоа, не „исчезнува“ целосно, туку само како свет на управување, како светот кој има некаква важност, посебна намена, покрај тоа што ни овозможува да се искачиме повисоко.

Овој свет ќе исчезне од нашата перцепција само кога ќе завршиме со нашето поправање во него. Всушност не ни постои; постои во нашите сетила. Ние посакуваме да ја постигнеме оваа состојба.

Зошто зборуваме за нашите деца и внуци? Истото ги очекува и нив. Тоа е постојано движење, сé до последното поправање.

Значи нема од што да се плашиме, нема потреба да правиме планови. Уште многу малку сфаќаме од сé ова. Прави тоа што мораш денес – најдобро е така.

Од лекциите во недела

 

Последната капка напор

24.02.2010 - Арава конгрес

Прашање: Кога се спојуваш во групна дејност, понекогаш се чувствуваш обединет со пријателите дури и во твоите мисли, но во последен момент чувствуваш дека нешто недостасува, напор во напорот, последната капка. Како можеме да ја постигнеме оваа последна капка за да стигнеме до општиот плач, за да можеме да ги отвориме нашите срце еднаш и засекогаш?

Одговор: Последната капка е токму моментот на раѓањето, моментот на прогонот од Египет и е најтешка. Човекот е подготвен да оди скоро до самиот крај, и тогаш гледа ѕид пред него, нешто што не може да го надмине, и наеднаш наоѓа секакви изговори. Неговата склоност кон зло му вели, „Мораш да се погрижиш уште за ова и ова, уште не си ги научил сите Студии на десетте Сефирот, сé уште не ги знаеш сите Шамати написи, мораш да направиш уште многу работи,“ и така натаму.

Исто е и во однос на пријателите, што значи дека кога ќе дојдеш до точката каде што ќе можеш да го скршиш своето его и да се поврзеш, да направиш поврзувачка точка меѓу тебе и пријателите, не можеш да го направиш тоа. Да создадеш точка на поврзување значи дека оваа капка лепило сега ќе падне врз врската меѓу тебе и твоите пријатели, и ќе ве залепи заедно во единствена целина. Не можеш да го направиш тоа. Во последниот миг наеднаш се повлекуваш.

Само групен напор може да помогне. Затоа молитвата на поединецот не помага. Молитва треба да биде „молитва на многумината,“ кога се молиш за пријателите а не за себе, и кога целата група или поголемиот дел од групата се моли заедно. Но ти ни зборуваш за поединечен труд. Можеш да ми зборуваш за поединечен труд во наредните илјада години, и ништо нема да ти се случи. Насоката е позната но е погрешна бидејќи не се грижиш за поврзувањето со пријателите.

Од конгресот во Арава - 24.02.2012


 
Повеќе Артикли...

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica