Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од личниот блог на М.Лајтман - laitman.com

Совети, како да станеме на вистинската нога

alt 07.10.2013г. Прашање: Шта да правам, ако за време на лекцијата ме окупираат споредни мисли и доживувања, кои го свртуваат моето внимание од лекцијата?  
Повеќе...
 

Од нечистотијата го воздигнува питачот

alt 29.09.2013,Главната молитва е за Шхина, Светоста, која лежи во правта, односно работата за давање на Создателот, се восприма од нас како ништожна и занемарлива. Затоа ние го молиме Создателот да ги просветли нашите очи и да го тргне мракот што нè разделува: „Крени го од правот сиромашниот, од нечистотијата воздигни го питачот“. Станува збор на оние, кои сакаат да се залепат за Шхина, но се чувствуваат толку ништожни, што немаат начин да излезат от тоа мочуриште.
Повеќе...
 

Создателот не може да се сфати и измери со умот

alt 18.09.2013,Во книгата Зохар е речено: „Во сите народи на светот не постои никој поумен од тебе“. Станува збор за особините, кои што се внатре во човекот.
Повеќе...
 

Човекот кој го отвори патот кон ослободувањето

alt 15.09.2013, Неодамна го одбележавме денот во спомен на Баал ХаСулам, нашиот голем учител, кој фрлил Светлина одозгора врз целото човештво денес. Тој ја открил науката кабала на нашата генерација, за ние да можеме да ја користиме, и со нејзина помош да се искачиме од животинското скалило на човечкото, да знаеме како да ги извршиме сите дејства, и да достигнеме отворање на нашите очи.
Повеќе...
 

Изградба врз урнатините од сомнежите

alt 13.09.2013, Од статијата на Рабаш „Уривањето кај старците е изградба”: Речено е: Уривањето кај старците е изградба, додека изградбата кај младите е уривање. Старците се они што се навикнати на работата на Создателот, додека младите се они што само што ја започнале работата. Уривањето е или спуштање или паѓање.
Повеќе...
 

Да се работи на подемот или да се живурка?

alt 03.09.2013г. Мојот однос кон реалноста го одредува моето скалило. Тој однос јас мора да го проверувам, да го развивам, бидејќи во спротивно ќе останам на „животинското” ниво, нема да стигнам до човечкото скалило. Токму оттука започнува неговото формирање – од прашањето како јас ја прифаќам реалноста.
 

Само обиди се, и сè ќе биде во ред

alt 22.05.2013. Прашање: Што значи да работам на себе со цел да ги сакам пријателите? Одговор: Треба да се замисли дека пријателот е важна личност, драг и посебен. Инаку, зошто треба да го сакаш? Прво, мора да ја пронајдеш причината. Која може да биде причината да се сака другиот, ако сега го мразиш? Да бидам искрен, тоа не е дури ниту рамнодушност, туку вистинска омраза.
Повеќе...
 

Љуби го Господ, твојот Бог, со сето свое срце

alt17.05.2013.Целта на создаденото суштество е да ужива во сите задоволства кои што Создателот сака да му ги даде, но за какви задоволства зборуваме? Создателот не може да му даде на создаденото суштество помалку од Неговото ниво, бидејќи, во спротивно, тоа не се смета за давање и љубов. Ставот на Создателот кон создаденото суштество е определено со законот „Љуби го својот пријател како себеси."
Повеќе...
 

Под власта на парите

alt17.05.2013,Прашање: Денес, целиот здравствен систем, во многу земји, се префрла на државна сметка и во голема мера потсетува на подвижна лента. Докторите се стремат да имаат што е можно повеќе пациенти и при тоа да минат што е можно помалку време со нив. Со цел да добијат дополнително внимание од нивните доктори, пациентите мораат да платат повеќе пари.
Повеќе...
 

Главниот закон на вселената

alt15.05.2013,Прашање:Зошто кабалата е скриена наука? Одговор: Кабалата не е скриена наука. Таа едноставно чека додека секој почувствува потреба за неа. Човештвото треба да разбере дека не постои ништо друго во светот, освен општиот закон на балансот, основниот закон на природата.
Повеќе...
 

Што е среќата?

alt 05.05.2013, Прашање: Ние сме родени да бидеме среќни, се стремиме кон тоа. Но системот во кој што живееме е егоистичен. „Американскиот сон” беше премногу фаворизиран во нашето општество. Суштински, тој не може да се постигне, бидејќи со цел да го постигнеме, ние мора да заработиме пари.
Повеќе...
 

Разликата меѓу Светлината и темнината

alt 18.04.2013, Има многу „бранови” на желби во нас. Од каде пристигнува подделбата на многу делови, нивоа, страни, облици? Факт е дека Светлината, која што е чисто давање, влегува во желба, чија природа е примање.  
Повеќе...
 

Депресијата се шири како инфекција

alt 16.04.2013, Од новостите на „Нотр Дам вестите”: Спрема новата студија на Нотердамскиот Универзитет, одреден стил на размислување, кој што ги прави луѓето ранливи на депресија, всушност може да биде „заразен,” за другите, и шест месеци подоцна, да ги зголеми нивните симптоми на депресија.
Повеќе...
 

Сè се стекнува со еднаквост на особините

alt 14.04.2013, Баал ХаСулам: „Вовед во книгата Зохар,” точка 41: „Имај на ум дека реалноста на сите светови е општо поделена на пет света наречени а) Адам Кадмон, б) Ацилут, в) Брија, д) Јецира, ѓ) Асија.
Повеќе...
 

Кого јас сакам да поправам?

alt09.04.2013г. „Што да се бара во собирот на пријателите.” Нема разлика во тоа дали пријателот некого клевети или го мрази. Наместо тоа, кога некој посакува да бара љубов од другите, нему му е потребна поправка - да ги сака другите!
Повеќе...
 

Така групата ќе впие сè

alt 03.04.2013 Прашање: Какво е значењето на „држење за групата“? Одговор: Да се држиш за групата е да бидеш со пријателите во целиот процес низ кој тие минуваат, да ги извршуваш задачите, да учествуваш во сите настани: во изучувањето, дисеминацијата, должностите, собирањето на пријателите, работилниците и плаќањето на масер.
Повеќе...
 

Барање до Создателот

alt29.03.2013.Прашање: Што значи да побараш да се поврзеш со Создателот кога си во тешка состојба, наместо да се обидуваш самиот да ја совладаш тешката состојба?
Повеќе...
 

Помеѓу плус и минус

alt24.03.2013.Прашање: Постојат две сили во создавањето: плусот и минусот, желбата да се прими и желбата да се дава, машката сила и женската сила. Можеби поврзаноста помеѓу машките и женските сили недостасува со цел да се открие една сила која што е наречена „Еден?“ Ако тоа е вистина, тогаш како може да се поврземе?
Повеќе...
 

Понесен од Светлината

alt18.03.2013.Прашање: Вие велите дека „духовноста“ е кога другиот ми е повеќе важен отколку што јас сум важен самиот на себеси. Како некој може да го сака ова? Зарем нема нешто друго во тоа?
Повеќе...
 

Врската што го уништува злото

alt16.03.2013.Баал ХаСулам, „Мир“: И ти ќе откриеш дека сите семки од кои добрите состојби растат се навистина само расипани дела, со значење дека сите изложени зла кои што пристигнуваат од рацете на злите, од генерацијата, се здужуваат и акумулираат до голем збир, сè додека толку не натежнат што јавноста веќе не ќе може да ги поднесе. Потоа, таа се крева, ги уништува и ја создава повеќе посакуваната состојба.
Повеќе...
 
Повеќе Артикли...

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica